требиње Archives - Република https://republika.mk/tema/trebinje/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 19:31:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png требиње Archives - Република https://republika.mk/tema/trebinje/ 32 32 „12 мртви, 23 ранети“: Тинејџер подготвувал масакр во средно училиште во Требиње https://republika.mk/vesti/balkan/12-mrtvi-23-raneti-tinejdher-podgotvuval-masakr-vo-sredno-uchilishte-vo-trebine/ Fri, 15 Mar 2024 19:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=755252

Седумнаесетгодишник од Билеќа е уапсен во Требиње откако објавил видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое наведува дека во Средното медицинско училиште во Требиње треба да бидат убиени 12 лица, а 23 повредени, објави „Глас Српске“ од Бања Лука.

Тој синоќа е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело „тероризам“, а утринава е изведен во Републичкото обвинителство каде ќе биде сослушан во присуство на неговите родители и вештаци, по што ќе се преземат дополнителни мерки против него.

Извор близок до истрагата изјавил дека видеото во полиција го пријавил маж од Босна и Херцеговина кој живее во Холандија.

„Веднаш по пријавата реагирале надлежните и малолетникот бил пронајден преку IP адресата и со тоа е спречена евентуална трагедија“, се наведува во текстот.

Полициската управа на Требиње соопшти дека денеска до Републичкото ОЈО е предаден малолетник од Билеќа, осомничен за сторено кривично дело „тероризам“.

„Полициските службеници дојдоа до оперативни сознанија дека едно или повеќе лица подготвуваат терористички акт во средно училиште во Требиње. Веднаш по сознанието е известено Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран криминал и најтежок облик на економски криминал, под чиј надзор се извршени одредени истражни дејствија“, се вели во соопштението.

Истражните дејствија ја довеле полицијата до малолетникот од Билеќа, изјави началникот на полициската управа Требиње, Синиша Лакета.

Медиумите јавуваат дека младиот човек го објавил својот план за напад за време на разговор во живо на ТикТок. Објавил и список од 12 учении кои планира да ги ликвидира, а 23 би повредил.

На видеото се гледа дека тој во тетратка нацртал скица од училиштето со прецизен распоред на просториите, како и список на убиените по соба. Медиумите јавуваат дека полицијата при претресот на куќата го пронашла тефтерот. За време на најавата во живо, тој го покажал и пиштолот со кој го планирал нападот.

17-годишникот планирал да го изврши нападот утрово, а по масакрот најавил дека ќе се самоубие. Медиумите наведуваат и дека младиот човек признал дека го направил контроверзниот план за масакрот и дека објавил се на социјалната мрежа, но дека сето тоа било само шега.

The post „12 мртви, 23 ранети“: Тинејџер подготвувал масакр во средно училиште во Требиње appeared first on Република.

]]>

Седумнаесетгодишник од Билеќа е уапсен во Требиње откако објавил видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое наведува дека во Средното медицинско училиште во Требиње треба да бидат убиени 12 лица, а 23 повредени, објави „Глас Српске“ од Бања Лука. Тој синоќа е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело „тероризам“, а утринава е изведен во Републичкото обвинителство каде ќе биде сослушан во присуство на неговите родители и вештаци, по што ќе се преземат дополнителни мерки против него. Извор близок до истрагата изјавил дека видеото во полиција го пријавил маж од Босна и Херцеговина кој живее во Холандија. „Веднаш по пријавата реагирале надлежните и малолетникот бил пронајден преку IP адресата и со тоа е спречена евентуална трагедија“, се наведува во текстот. Полициската управа на Требиње соопшти дека денеска до Републичкото ОЈО е предаден малолетник од Билеќа, осомничен за сторено кривично дело „тероризам“. „Полициските службеници дојдоа до оперативни сознанија дека едно или повеќе лица подготвуваат терористички акт во средно училиште во Требиње. Веднаш по сознанието е известено Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран криминал и најтежок облик на економски криминал, под чиј надзор се извршени одредени истражни дејствија“, се вели во соопштението. Истражните дејствија ја довеле полицијата до малолетникот од Билеќа, изјави началникот на полициската управа Требиње, Синиша Лакета. Медиумите јавуваат дека младиот човек го објавил својот план за напад за време на разговор во живо на ТикТок. Објавил и список од 12 учении кои планира да ги ликвидира, а 23 би повредил. На видеото се гледа дека тој во тетратка нацртал скица од училиштето со прецизен распоред на просториите, како и список на убиените по соба. Медиумите јавуваат дека полицијата при претресот на куќата го пронашла тефтерот. За време на најавата во живо, тој го покажал и пиштолот со кој го планирал нападот. 17-годишникот планирал да го изврши нападот утрово, а по масакрот најавил дека ќе се самоубие. Медиумите наведуваат и дека младиот човек признал дека го направил контроверзниот план за масакрот и дека објавил се на социјалната мрежа, но дека сето тоа било само шега.

The post „12 мртви, 23 ранети“: Тинејџер подготвувал масакр во средно училиште во Требиње appeared first on Република.

]]>
Изабела Новотни наградена со „Големата повелба на Леотар“ за најдобра улога во филмот „Обична Ели“ https://republika.mk/vesti/kultura/izabela-novotni-nagradena-so-golemata-povelba-na-leotar-za-najdobra-uloga-vo-filmot-obichna-eli/ Mon, 07 Aug 2023 09:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=669520

Синоќа во Требиње беше затворен 11. фестивал на европски и медитерански филм, а настанот беше заокружен со доделување на наградата Големата повелби на Леотар и проекција на филмот „Ова ќе оди“, во режија на Нина Огњановиќ,

Главните награди Леотар, според одлуката на жирито на публиката, и беа доделени на Изабела Новотни за најдобра улога во филмот „Обична Ели“, а потоа на Никола Лоренчин, за режија на филмот „Гргур и Љубица“, а најдобра Медитерански филм му беше доделен на грчкиот филм „Куалија“.

Актерот Светозар Цветковиќ на затворањето рече дека смислата на фестивалот, меѓу другото, е тоа што публиката во Требиње немаше да може да гледа некои филмови да не беше овој фестивал.

За време на фестивалот на европски и медитерански филмови беа прикажани 34 филмови со различни теми и добри фестивалски референци.

The post Изабела Новотни наградена со „Големата повелба на Леотар“ за најдобра улога во филмот „Обична Ели“ appeared first on Република.

]]>

Синоќа во Требиње беше затворен 11. фестивал на европски и медитерански филм, а настанот беше заокружен со доделување на наградата Големата повелби на Леотар и проекција на филмот „Ова ќе оди“, во режија на Нина Огњановиќ, Главните награди Леотар, според одлуката на жирито на публиката, и беа доделени на Изабела Новотни за најдобра улога во филмот „Обична Ели“, а потоа на Никола Лоренчин, за режија на филмот „Гргур и Љубица“, а најдобра Медитерански филм му беше доделен на грчкиот филм „Куалија“. Актерот Светозар Цветковиќ на затворањето рече дека смислата на фестивалот, меѓу другото, е тоа што публиката во Требиње немаше да може да гледа некои филмови да не беше овој фестивал. За време на фестивалот на европски и медитерански филмови беа прикажани 34 филмови со различни теми и добри фестивалски референци.

The post Изабела Новотни наградена со „Големата повелба на Леотар“ за најдобра улога во филмот „Обична Ели“ appeared first on Република.

]]>
Земјотрес ја погоди околината на Требиње https://republika.mk/vesti/balkan/zemjotres-ja-pogodi-okolinata-na-trebinje/ Mon, 21 Mar 2022 20:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=476298

Земјотрес со јачина од 2,98 степени според Рихтеровата скала денеска околу 15 часот ја потресе околината на Требиње, јавува ЕМСЦ.

Според нив, епицентарот бил на 13 километри од Требиње.

Добро се тресеше. Воопшто не беше пријатно – пишуваат жителите на Требиње.

Бидејќи се работи за слаб земјотрес, се претпоставува дека нема жртви и поголема материјална штета.

The post Земјотрес ја погоди околината на Требиње appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 2,98 степени според Рихтеровата скала денеска околу 15 часот ја потресе околината на Требиње, јавува ЕМСЦ. Според нив, епицентарот бил на 13 километри од Требиње.
Добро се тресеше. Воопшто не беше пријатно – пишуваат жителите на Требиње.
Бидејќи се работи за слаб земјотрес, се претпоставува дека нема жртви и поголема материјална штета.

The post Земјотрес ја погоди околината на Требиње appeared first on Република.

]]>