транспорт Archives - Република https://republika.mk/tema/transport/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 10:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png транспорт Archives - Република https://republika.mk/tema/transport/ 32 32 Јапонија планира да замени 25.000 камиони со автономна камионска линија од 500 километри https://republika.mk/vesti/svet/japonija-planira-da-zameni-25-000-kamioni-so-avtonomna-kamionska-linija-od-500-kilometri/ Fri, 02 Aug 2024 10:11:54 +0000 https://republika.mk/?p=794982

Јапонија планира да замени 25.000 камиони со автономна камионска линија од 500 километри.

Земјата на изгрејсонцето смисли начин да се ослободи од возачите и штетните емисии што камионите ги испуштаат преку автоматизирање на товарниот транспорт. Тоа значи и елиминирање на потребата од увоз на возачи имигранти. За таа цел, Јапонците сакаат да ги поврзат градовите со повеќекилометарски „подвижни транспортери“ кои ќе преместуваат товар.

Соодветниот проект е дискутиран од експертската група на Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам на Јапонија од февруари.

Во моментов, обемот на онлајн шопинг во Јапонија расте, а бројот на возачи во камионската индустрија се намалува. Како резултат на тоа, се предвидува дека до 2030 година, едноставно нема да има кој да ги транспортира приближно 30 отсто од стоките. Ова е проблемот што е дизајниран да го реши логистичката линија што сакаат да ја постават меѓу Токио и Осака.

Постојат неколку опции за овој проект, вклучително и 500 километри долга подвижна лента или тунели по кои би се патувало со беспилотни колички.

Ваквата линија би можела да премести исто толку товар колку 25.000 камиони. Во исто време, проектот ќе чини 23 милијарди долари без да се земат предвид подвижните ленти или количките со автопилот, а овие пари мора да бидат обезбедени до 2034 година.

The post Јапонија планира да замени 25.000 камиони со автономна камионска линија од 500 километри appeared first on Република.

]]>

Јапонија планира да замени 25.000 камиони со автономна камионска линија од 500 километри. Земјата на изгрејсонцето смисли начин да се ослободи од возачите и штетните емисии што камионите ги испуштаат преку автоматизирање на товарниот транспорт. Тоа значи и елиминирање на потребата од увоз на возачи имигранти. За таа цел, Јапонците сакаат да ги поврзат градовите со повеќекилометарски „подвижни транспортери“ кои ќе преместуваат товар. Соодветниот проект е дискутиран од експертската група на Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам на Јапонија од февруари. Во моментов, обемот на онлајн шопинг во Јапонија расте, а бројот на возачи во камионската индустрија се намалува. Како резултат на тоа, се предвидува дека до 2030 година, едноставно нема да има кој да ги транспортира приближно 30 отсто од стоките. Ова е проблемот што е дизајниран да го реши логистичката линија што сакаат да ја постават меѓу Токио и Осака. Постојат неколку опции за овој проект, вклучително и 500 километри долга подвижна лента или тунели по кои би се патувало со беспилотни колички. Ваквата линија би можела да премести исто толку товар колку 25.000 камиони. Во исто време, проектот ќе чини 23 милијарди долари без да се земат предвид подвижните ленти или количките со автопилот, а овие пари мора да бидат обезбедени до 2034 година.

The post Јапонија планира да замени 25.000 камиони со автономна камионска линија од 500 километри appeared first on Република.

]]>
Бизнис империјата на Заеви се проширува со компанија за транспорт https://republika.mk/vesti/makedonija/biznis-imperijata-na-zaevi-se-proshiruva-so-kompanija-za-transport/ Wed, 15 Mar 2023 17:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=619788

Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, за кратко време станал сопственик на уште една компанија - овој пат како основач на „Тотал Коп“. Компанијата е регистрирана на почетокот на месецов со дејност „товарен патен транспорт“, објави „Фактор“.

Панче Заев од октомври лани е сопственик на новоформирана компанија за производство на електрична енергија „Солар Грин Енерџи“, регистрирана на истата адреса како и „Тотал Коп“.

Пред неколку години братот на Зоран Заев, Вице Заев, беше обвинет од опозицијата дека наводно негови камиони биле тајно ангажирани за сосема трета компанија за оперативните градежни работи во РЕК Битола, односно за превоз на јаглен со товарни возила кои се со струмички регистерски таблици. Според обвинувањата, тие камиони биле во сопственост на градежната компанија „Тотал Инжинеринг Струмица“, на што Вице Заев возврати со демант.

Освен во прехранбениот сектор, за Заеви познато е дека имаат бизниси во ископот на глина, одгледувањето на канабис за медицински цели, градежниот сектор, малопродажбата и трговија.

Повеќе на „Фактор“.

The post Бизнис империјата на Заеви се проширува со компанија за транспорт appeared first on Република.

]]>

Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, за кратко време станал сопственик на уште една компанија - овој пат како основач на „Тотал Коп“. Компанијата е регистрирана на почетокот на месецов со дејност „товарен патен транспорт“, објави „Фактор“. Панче Заев од октомври лани е сопственик на новоформирана компанија за производство на електрична енергија „Солар Грин Енерџи“, регистрирана на истата адреса како и „Тотал Коп“. Пред неколку години братот на Зоран Заев, Вице Заев, беше обвинет од опозицијата дека наводно негови камиони биле тајно ангажирани за сосема трета компанија за оперативните градежни работи во РЕК Битола, односно за превоз на јаглен со товарни возила кои се со струмички регистерски таблици. Според обвинувањата, тие камиони биле во сопственост на градежната компанија „Тотал Инжинеринг Струмица“, на што Вице Заев возврати со демант. Освен во прехранбениот сектор, за Заеви познато е дека имаат бизниси во ископот на глина, одгледувањето на канабис за медицински цели, градежниот сектор, малопродажбата и трговија. Повеќе на „Фактор“.

The post Бизнис империјата на Заеви се проширува со компанија за транспорт appeared first on Република.

]]>
МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки на почината Македонка во Јужна Африка https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-kje-go-organizira-transportot-na-posmrtnite-ostanki-na-pochinata-makedonka-vo-juzna-afrika/ Mon, 05 Dec 2022 13:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=582239

По добиените информации за почината државјанка на Република Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска од МНР.

Како што објавија дел од медиумите, Јанеска позната како Маја Миа била пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје.

 

The post МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки на почината Македонка во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>

По добиените информации за почината државјанка на Република Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.
Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска од МНР.
Како што објавија дел од медиумите, Јанеска позната како Маја Миа била пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје.  

The post МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки на почината Македонка во Јужна Африка appeared first on Република.

]]>
Со порталите „admin.transport“ и „etransport“ ќе се користат податоци од базата на транспортери https://republika.mk/vesti/ekonomija/so-portalite-admin-transport-i-etransport-kje-se-koristat-podatoci-od-bazata-na-transporteri/ Wed, 02 Nov 2022 06:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=568486

Владата на седница ја разгледа информацијата од Министерството за транспорт и врски за објава на сервис на платформата за интероперабилност и јавен портал за користење на податоци од базата на транспортери во Министерството, при вршење контрола од страна на контролните органи и граѓаните, соопшти владината прес-служба.

Министерството за транспорт и врски информираше дека со цел постигнување на поголема транспарентност и подигнување на свеста кај сите учесници во патниот сообраќај, пристапено e кон регистрирање сервис на платформата за интероперабилност и посебен јавен портал „admin.transport” наменет за дел од институциите, преку којшто ќе може да се проверат податоците внесени во базата на Министерството, од страна на контролните органи како и јавен портал „etransport”, преку којшто граѓаните ќе имаат можност за пристап до одредени податоци.

Со можностите што ги дава новата платформа, се овозможува електронска контрола на постоењето и веродостојноста на издадените сертификати и лиценци кои ги проверуваат контролните органи. Со електронската проверка на веродостојноста на приложените документи, се заменува процедурата за нивна хартиена проверка, како и побрзо и поефикасно извршување на проверките на надлежните контролни органи.

На контролните органи им се овозможува пристап до фирмите коишто се во евиденцијата на превозници, податоци за нивните лиценци, податоци за возила коишто ги поседуваат, податоци за изводи од лиценци коишто припаѓаат на одредено возило и податоци за вработени возачи – со што контролните служби ќе можат да проверат дали лицето е вработено или не во фирмата превозник, како и дали поседува сертификат за професионална компетентност на возач, што е неопходен документ при вршење меѓународен превоз на патници или стоки во патниот сообраќај.

Јавниот портал „etransport” ќе овозможи пристап на граѓаните до податоците што се однесуваат на поседувањето лиценци и изводи од лиценци за вршење на превоз на патници и стоки, како и капацитетот и еколошкиот стандард на возилата.

The post Со порталите „admin.transport“ и „etransport“ ќе се користат податоци од базата на транспортери appeared first on Република.

]]>

Владата на седница ја разгледа информацијата од Министерството за транспорт и врски за објава на сервис на платформата за интероперабилност и јавен портал за користење на податоци од базата на транспортери во Министерството, при вршење контрола од страна на контролните органи и граѓаните, соопшти владината прес-служба. Министерството за транспорт и врски информираше дека со цел постигнување на поголема транспарентност и подигнување на свеста кај сите учесници во патниот сообраќај, пристапено e кон регистрирање сервис на платформата за интероперабилност и посебен јавен портал „admin.transport” наменет за дел од институциите, преку којшто ќе може да се проверат податоците внесени во базата на Министерството, од страна на контролните органи како и јавен портал „etransport”, преку којшто граѓаните ќе имаат можност за пристап до одредени податоци. Со можностите што ги дава новата платформа, се овозможува електронска контрола на постоењето и веродостојноста на издадените сертификати и лиценци кои ги проверуваат контролните органи. Со електронската проверка на веродостојноста на приложените документи, се заменува процедурата за нивна хартиена проверка, како и побрзо и поефикасно извршување на проверките на надлежните контролни органи. На контролните органи им се овозможува пристап до фирмите коишто се во евиденцијата на превозници, податоци за нивните лиценци, податоци за возила коишто ги поседуваат, податоци за изводи од лиценци коишто припаѓаат на одредено возило и податоци за вработени возачи – со што контролните служби ќе можат да проверат дали лицето е вработено или не во фирмата превозник, како и дали поседува сертификат за професионална компетентност на возач, што е неопходен документ при вршење меѓународен превоз на патници или стоки во патниот сообраќај. Јавниот портал „etransport” ќе овозможи пристап на граѓаните до податоците што се однесуваат на поседувањето лиценци и изводи од лиценци за вршење на превоз на патници и стоки, како и капацитетот и еколошкиот стандард на возилата.

The post Со порталите „admin.transport“ и „etransport“ ќе се користат податоци од базата на транспортери appeared first on Република.

]]>
Патнички возила, автобуси и еден минибус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација https://republika.mk/vesti/crna-hronika/patnichki-vozila-avtobusi-i-eden-minibus-vrshele-megjunaroden-prevoz-na-patnici-bez-soodvetna-dokumentacija/ Mon, 12 Sep 2022 12:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=550039

На 10, 11 и 12.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација.

Така, на Граничен премин Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41) од Гостивар, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

На Граничен премин Табановце, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ.(60) од Желино, патничко возило комби „форд транзит“, управувано од В.Г.(44) од Струмица, патничко возило „опел вектра“, управувано од С.Д.(47) од Куманово, автобус управуван од С.Е.(49) од Тетово, автобус управуван од Ј.Г.(38) од Дебар и патничко возило комби управувано од Е.А.(55) од Куманово, сите со македонска национална ознака, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

The post Патнички возила, автобуси и еден минибус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>

На 10, 11 и 12.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација. Така, на Граничен премин Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41) од Гостивар, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. На Граничен премин Табановце, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ.(60) од Желино, патничко возило комби „форд транзит“, управувано од В.Г.(44) од Струмица, патничко возило „опел вектра“, управувано од С.Д.(47) од Куманово, автобус управуван од С.Е.(49) од Тетово, автобус управуван од Ј.Г.(38) од Дебар и патничко возило комби управувано од Е.А.(55) од Куманово, сите со македонска национална ознака, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

The post Патнички возила, автобуси и еден минибус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација appeared first on Република.

]]>
Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи https://republika.mk/vesti/ekonomija/prevozot-na-stoka-megju-makedonija-i-ukraina-kje-moze-da-se-vrshi-bez-dozvoli/ Tue, 23 Aug 2022 20:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=543410

Владата ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

На владината седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји - информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови и гориво кон крајните потрошувачи.

The post Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи appeared first on Република.

]]>

Владата ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.
На владината седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји - информира владината прес-служба.
Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови и гориво кон крајните потрошувачи.

The post Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе може да се врши без дозволи appeared first on Република.

]]>
Бугарија ќе го подобрува прекуграничниот сообраќај: Министерот Сабев на средби со колегите од Македонија, Турција и Романија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-kje-go-podobruva-prekugranichniot-soobrakjaj-ministerot-sabev-na-sredbi-so-kolegite-od-makedonija-turcija-i-romanija/ Mon, 24 Jan 2022 17:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=448877

Подобрувањето на прекуграничниот сообраќај, како еден од главните приоритети на Владата, е водечка тема на претстојните средби на министерот за транспорт и врски на Бугарија, Николај Сабев со неговите колеги од Македонија, Турција и Романија.

Од прес-центарот на Министерството соопштија дека целта е побрзо движење на патниците и стоките на запад, југ и север.

Првата средба е со министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски, на 25 јануари. Тоа ќе биде дел од заедничката средба на владите на двете земји во Софија.

На 27 јануари 2022 година во Свиленград ќе се разговара за мерките за подобрување на патниот сообраќај меѓу Бугарија и Турција, особено за граничните пунктови „Капитан Андреево“ – „Капакуле“ и „Лесово“ – „Хамзабејли“.

Забрзаното движење на луѓе и стоки ќе биде тема и на средбата со вицепремиерот и министер за транспорт и инфраструктура на Романија, Сорин Михаи Гриндиану на 28 јануари во Русе. На средбата се очекува да се разговара за можностите за подобрување на поврзаноста меѓу двете земји.

The post Бугарија ќе го подобрува прекуграничниот сообраќај: Министерот Сабев на средби со колегите од Македонија, Турција и Романија appeared first on Република.

]]>

Подобрувањето на прекуграничниот сообраќај, како еден од главните приоритети на Владата, е водечка тема на претстојните средби на министерот за транспорт и врски на Бугарија, Николај Сабев со неговите колеги од Македонија, Турција и Романија. Од прес-центарот на Министерството соопштија дека целта е побрзо движење на патниците и стоките на запад, југ и север. Првата средба е со министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски, на 25 јануари. Тоа ќе биде дел од заедничката средба на владите на двете земји во Софија. На 27 јануари 2022 година во Свиленград ќе се разговара за мерките за подобрување на патниот сообраќај меѓу Бугарија и Турција, особено за граничните пунктови „Капитан Андреево“ – „Капакуле“ и „Лесово“ – „Хамзабејли“. Забрзаното движење на луѓе и стоки ќе биде тема и на средбата со вицепремиерот и министер за транспорт и инфраструктура на Романија, Сорин Михаи Гриндиану на 28 јануари во Русе. На средбата се очекува да се разговара за можностите за подобрување на поврзаноста меѓу двете земји.

The post Бугарија ќе го подобрува прекуграничниот сообраќај: Министерот Сабев на средби со колегите од Македонија, Турција и Романија appeared first on Република.

]]>