трамп бајден Archives - Република https://republika.mk/tema/tramp-bajden/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 05:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трамп бајден Archives - Република https://republika.mk/tema/tramp-bajden/ 32 32 Tрамп бара Бајден да се повлече од претседател https://republika.mk/vesti/svet/tramp-bara-bajden-da-se-povleche-od-pretsedatel/ Tue, 23 Jul 2024 05:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=799369

Неколку републикански лидери, вклучително и претседателскиот кандидат Доналд Трамп, побараа од американскиот претседател Џо Бајден да си поднесе оставка од функцијата откако тој се повлече од изборите во ноември.

Кривиот Џо Бајден не беше способен да се кандидира за претседател, и секако не е способен да служи - и никогаш не бил, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Трамп го нарече Бајден „најлошиот претседател, убедливо, во историјата на нашата нација“.

Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и другите републикански законодавци лојални на Трамп ги повторија барањата на нивниот кандидат.

Ако Џо Бајден не е способен да се кандидира за претседател, тој не е способен да служи како претседател. Тој мора веднаш да поднесе оставка од функцијата. Има уште доволно време до 5 ноември, изјави во соопштение Џонсон, алудирајќи на денот на изборите.

Конгресменката Елис Стефаник, четврторангирана републиканка во Претставничкиот дом, додаде дека „ако Џо Бајден не може да се кандидира за реизбор, тој не е во состојба и не е способен да служи како претседател на САД“.

Тој мора веднаш да поднесе оставка.

Ако Демократската партија сметаше дека Џо Бајден не е способен да се кандидира за реизбор, тој секако не е способен да ги контролира нашите нуклеарни кодови. Бајден мора веднаш да се повлече од функцијата, рече на социјалните мрежи, третиот по ред републиканец во Претставничкиот дом Том Емер.
Законски, барањата на републиканците за оставка на Бајден немаат никакво значење, велат експертите.

Претседателот има овластување да го отслужи остатокот од својот мандат, рече Мајкл Торнинг, директор во Двопартиски политички центар. Во својата најава дека се повлекува од претседателската трка, Бајден прецизираше дека тој останува претседател на САД сѐ до истекувањето на неговиот мандат во јануари 2025 година.
Белата куќа не одговори на барањето за коментар во врска со барањата на републиканците. До синоќа никој од демократските лидери не коментираше на републиканските повици Бајден да поднесе оставка.

Наспроти тоа, врвот на Демократската партија ја поддржа одлуката на претседателот тој да остане до крајот на својот мандат, а излегувањето од изборите и давањето простор помладите демократи да се борат против Трамп беше наречено голем патриотски чин и несебична жртва за конечен пораз на републиканскиот кандидат.

The post Tрамп бара Бајден да се повлече од претседател appeared first on Република.

]]>

Неколку републикански лидери, вклучително и претседателскиот кандидат Доналд Трамп, побараа од американскиот претседател Џо Бајден да си поднесе оставка од функцијата откако тој се повлече од изборите во ноември.
Кривиот Џо Бајден не беше способен да се кандидира за претседател, и секако не е способен да служи - и никогаш не бил, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Трамп го нарече Бајден „најлошиот претседател, убедливо, во историјата на нашата нација“. Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и другите републикански законодавци лојални на Трамп ги повторија барањата на нивниот кандидат.
Ако Џо Бајден не е способен да се кандидира за претседател, тој не е способен да служи како претседател. Тој мора веднаш да поднесе оставка од функцијата. Има уште доволно време до 5 ноември, изјави во соопштение Џонсон, алудирајќи на денот на изборите.
Конгресменката Елис Стефаник, четврторангирана републиканка во Претставничкиот дом, додаде дека „ако Џо Бајден не може да се кандидира за реизбор, тој не е во состојба и не е способен да служи како претседател на САД“.
Тој мора веднаш да поднесе оставка.
Ако Демократската партија сметаше дека Џо Бајден не е способен да се кандидира за реизбор, тој секако не е способен да ги контролира нашите нуклеарни кодови. Бајден мора веднаш да се повлече од функцијата, рече на социјалните мрежи, третиот по ред републиканец во Претставничкиот дом Том Емер. Законски, барањата на републиканците за оставка на Бајден немаат никакво значење, велат експертите. Претседателот има овластување да го отслужи остатокот од својот мандат, рече Мајкл Торнинг, директор во Двопартиски политички центар. Во својата најава дека се повлекува од претседателската трка, Бајден прецизираше дека тој останува претседател на САД сѐ до истекувањето на неговиот мандат во јануари 2025 година. Белата куќа не одговори на барањето за коментар во врска со барањата на републиканците. До синоќа никој од демократските лидери не коментираше на републиканските повици Бајден да поднесе оставка. Наспроти тоа, врвот на Демократската партија ја поддржа одлуката на претседателот тој да остане до крајот на својот мандат, а излегувањето од изборите и давањето простор помладите демократи да се борат против Трамп беше наречено голем патриотски чин и несебична жртва за конечен пораз на републиканскиот кандидат.

The post Tрамп бара Бајден да се повлече од претседател appeared first on Република.

]]>
Анкетите покажуваат дека Бајден не може да го победи Трамп https://republika.mk/vesti/svet/anketite-pokazhuvaat-deka-bajden-ne-mozhe-da-go-pobedi-tramp/ Thu, 18 Jul 2024 07:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=797887

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, неодамна му рече на претседателот Џозеф Бајден дека анкетите покажуваат дека тој не може да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп.

Таа, исто така, посочи дека Бајден би можел да ги уништи шансите на демократите да го освојат Претставничкиот дом, ако продолжи со кампањата за втор мандат, потврдија четири извори запознаени со овој разговор, според Си-Ен-Ен.

Според еден извор, американскиот претседател се спротивставил на овој став, велејќи и на Пелоси дека видел анкети кои покажуваат дека може да победи, а друг извор го опиша Бајден како „дефанзивен“ во однос на анкетите. Се наведува дека во еден момент Пелоси го замолила Мајк Донилон, долгогодишен советник на Бајден, да се вклучи во разговорот за податоците од анкетите.

Ниту еден извор не потврди дека Пелоси му кажала на Бајден во разговорот дека верува дека претседателот треба да се откаже од трката во 2024 година. „На претседателот е да одлучи дали ќе се кандидира. Сите го охрабруваме да ја донесе таа одлука бидејќи времето истекува“, рече Пелоси минатата недела

The post Анкетите покажуваат дека Бајден не може да го победи Трамп appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, неодамна му рече на претседателот Џозеф Бајден дека анкетите покажуваат дека тој не може да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп. Таа, исто така, посочи дека Бајден би можел да ги уништи шансите на демократите да го освојат Претставничкиот дом, ако продолжи со кампањата за втор мандат, потврдија четири извори запознаени со овој разговор, според Си-Ен-Ен. Според еден извор, американскиот претседател се спротивставил на овој став, велејќи и на Пелоси дека видел анкети кои покажуваат дека може да победи, а друг извор го опиша Бајден како „дефанзивен“ во однос на анкетите. Се наведува дека во еден момент Пелоси го замолила Мајк Донилон, долгогодишен советник на Бајден, да се вклучи во разговорот за податоците од анкетите. Ниту еден извор не потврди дека Пелоси му кажала на Бајден во разговорот дека верува дека претседателот треба да се откаже од трката во 2024 година. „На претседателот е да одлучи дали ќе се кандидира. Сите го охрабруваме да ја донесе таа одлука бидејќи времето истекува“, рече Пелоси минатата недела

The post Анкетите покажуваат дека Бајден не може да го победи Трамп appeared first on Република.

]]>