трајче пеливанов Archives - Република https://republika.mk/tema/trajche-pelivanov/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 14:11:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трајче пеливанов Archives - Република https://republika.mk/tema/trajche-pelivanov/ 32 32 Се потврдија пишувањата на „Република“: Пеливанов награден со Виш обвинител за сите скандали https://republika.mk/vesti/makedonija/se-potvrdija-pishuvanata-na-republika-pelivanov-nagraden-so-vish-obvinitel-za-site-skandali/ Tue, 13 Feb 2024 14:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=743674

Обвинителот Трајче Пеливанов, кој беше дел и од СЈО, денеска од Советот на јавните обвинители е избран за виш скопски обвинител.Место во Вишото обвинителство доби и обвинителката Наташа Сарамандова. Со ова се потврдија пишувањата на „Република“ дека Пеливанов ќе биден награден за сите скандали и малверазции кои се поврзуваат со него.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sovetot-na-javni-obviniteli-ke-go-unapredi-obvinitelot-pelivanov-kako-nagrada-za-site-skandali-i-malverzatsii/

Меѓу најголемите скандали со поранешниот обвинител на „славното СЈО е што си разменувал пораки со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури, пиењето кафесо тогашниот директор на Финансиската полиција Муаремер Арафат додека траел претресот во  оваа државна институција, како и исчезнувањето на докази од Обвинителството за организиран криминал додека Пеливанов привремено беше на местото на суспендираната Русковска.

The post Се потврдија пишувањата на „Република“: Пеливанов награден со Виш обвинител за сите скандали appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Трајче Пеливанов, кој беше дел и од СЈО, денеска од Советот на јавните обвинители е избран за виш скопски обвинител.Место во Вишото обвинителство доби и обвинителката Наташа Сарамандова. Со ова се потврдија пишувањата на „Република“ дека Пеливанов ќе биден награден за сите скандали и малверазции кои се поврзуваат со него. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sovetot-na-javni-obviniteli-ke-go-unapredi-obvinitelot-pelivanov-kako-nagrada-za-site-skandali-i-malverzatsii/ Меѓу најголемите скандали со поранешниот обвинител на „славното СЈО е што си разменувал пораки со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури, пиењето кафесо тогашниот директор на Финансиската полиција Муаремер Арафат додека траел претресот во  оваа државна институција, како и исчезнувањето на докази од Обвинителството за организиран криминал додека Пеливанов привремено беше на местото на суспендираната Русковска.

The post Се потврдија пишувањата на „Република“: Пеливанов награден со Виш обвинител за сите скандали appeared first on Република.

]]>
Дали Советот на јавни обвинители ќе го унапреди обвинителот Пеливанов како награда за сите скандали и малверзации?! https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sovetot-na-javni-obviniteli-ke-go-unapredi-obvinitelot-pelivanov-kako-nagrada-za-site-skandali-i-malverzatsii/ Mon, 12 Feb 2024 19:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=743364

Советот на Јавни обвинители за утре закажа седница за избор на јавни и виши обвинители. Извори на „Република“ од  Обвинителството тврдат дека утре ќе се расправа за унапредување на обвинителот Трајче Пеливанов за кого има соменжи за незаконско постапување. Според нашиот извор тој треба да биде избран за виш јавен обвинител, а местото кое го има сега во Обвинителството за организиран криминал и корупција да биде ставено во мирување.

Прашањето е со што Пеливанов залужи унапредување и дали е разгледана писмената информација од вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство а кое се однесува на соработката и комуникацијата со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури.

Според информациите кои ги имаме, од Вишото јавно обвинителство уште на 7 декември, е пратено известување со содржината на СМС комуникацијата меѓу Пеливанов и поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, обвинетиот Исмет Гури. Зошто Советот јавни обвинители не постапувал по известувањето а згора на тоа и го наградува обвинителот?! Која е заслугата за унапредувањето на Пеливанов и кој стои зад него?! Дали поранешен министер го штити и го наградува за „сработеното“.

Медиумите веќе објавија дека  Исмет Гури и Пеливанов разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО а поради ова мубеше покрената и дисциплинска постапка, која беше доставена до Советот на јавни обвинители.

Пеливанов ја заменуваше и поранешната обвинителка за Организиран криминал Вилма Русковска додека таа беше под суспензија.Медиумите тогаш пишуваа и дека Пеливанов додека траел претресот во Финансиската полиција пиел кафе со тогашниот директор Арафат Муареми.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chovekot-koj-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-se-odvival-pretresot-vo-finansova-sedel-vo-kafeana-so-arafat-muaremi/

Со Пеливанов се поврзува и друг случај со исчезнување на доверливи документи и докази.

Како што објави „Сведок.мк“,од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација. Случајно или не доказите исчезнале во периодот кога со обвинителството раководеше обвинителот Трајче Пеливанов.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prviot-predizvik-za-abazi-vo-vremeto-na-pelivanov-po-suspenzijata-na-ruskoska-ischeznale-dokazi-dostaveni-od-evropska-institucija-za-kriminal/

The post Дали Советот на јавни обвинители ќе го унапреди обвинителот Пеливанов како награда за сите скандали и малверзации?! appeared first on Република.

]]>

Советот на Јавни обвинители за утре закажа седница за избор на јавни и виши обвинители. Извори на „Република“ од  Обвинителството тврдат дека утре ќе се расправа за унапредување на обвинителот Трајче Пеливанов за кого има соменжи за незаконско постапување. Според нашиот извор тој треба да биде избран за виш јавен обвинител, а местото кое го има сега во Обвинителството за организиран криминал и корупција да биде ставено во мирување. Прашањето е со што Пеливанов залужи унапредување и дали е разгледана писмената информација од вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство а кое се однесува на соработката и комуникацијата со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури. Според информациите кои ги имаме, од Вишото јавно обвинителство уште на 7 декември, е пратено известување со содржината на СМС комуникацијата меѓу Пеливанов и поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, обвинетиот Исмет Гури. Зошто Советот јавни обвинители не постапувал по известувањето а згора на тоа и го наградува обвинителот?! Која е заслугата за унапредувањето на Пеливанов и кој стои зад него?! Дали поранешен министер го штити и го наградува за „сработеното“. Медиумите веќе објавија дека  Исмет Гури и Пеливанов разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО а поради ова мубеше покрената и дисциплинска постапка, која беше доставена до Советот на јавни обвинители. Пеливанов ја заменуваше и поранешната обвинителка за Организиран криминал Вилма Русковска додека таа беше под суспензија.Медиумите тогаш пишуваа и дека Пеливанов додека траел претресот во Финансиската полиција пиел кафе со тогашниот директор Арафат Муареми. https://republika.mk/vesti/makedonija/chovekot-koj-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-se-odvival-pretresot-vo-finansova-sedel-vo-kafeana-so-arafat-muaremi/ Со Пеливанов се поврзува и друг случај со исчезнување на доверливи документи и докази. Како што објави „Сведок.мк“,од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација. Случајно или не доказите исчезнале во периодот кога со обвинителството раководеше обвинителот Трајче Пеливанов. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prviot-predizvik-za-abazi-vo-vremeto-na-pelivanov-po-suspenzijata-na-ruskoska-ischeznale-dokazi-dostaveni-od-evropska-institucija-za-kriminal/

The post Дали Советот на јавни обвинители ќе го унапреди обвинителот Пеливанов како награда за сите скандали и малверзации?! appeared first on Република.

]]>
Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pelivanov-go-dodeli-sluchajot-za-muaremi-na-stefanova/ Fri, 02 Sep 2022 11:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=546741

Предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, а по кои до нејзината суспензија од функцијата постапуваше Вилма Русковска, се презаведени и дадени на надлежно постапување на обвинителката Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и обвинителата Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од Jавно обвинителство информираат дека назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, која извршила увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.

Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од ЈО.

Постапувањето по овие предмети, се вели во соопштението, ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави.

По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што уверувата од ОЈО – ГОКК, нема никаков застој во постапувањето.

Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во соопштението од ЈО.

Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

The post Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова appeared first on Република.

]]>

Предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, а по кои до нејзината суспензија од функцијата постапуваше Вилма Русковска, се презаведени и дадени на надлежно постапување на обвинителката Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и обвинителата Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од Jавно обвинителство информираат дека назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, која извршила увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.
Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од ЈО.
Постапувањето по овие предмети, се вели во соопштението, ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави. По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што уверувата од ОЈО – ГОКК, нема никаков застој во постапувањето.
Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во соопштението од ЈО.
Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

The post Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова appeared first on Република.

]]>
Човекот кој ќе ја менува Русковска додека се одвивал претресот во Финансова седел во кафеана со Арафат Муареми https://republika.mk/vesti/makedonija/chovekot-koj-kje-ja-menuva-ruskovska-dodeka-se-odvival-pretresot-vo-finansova-sedel-vo-kafeana-so-arafat-muaremi/ Wed, 31 Aug 2022 18:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=546207

Обвинителот на поранешното СЈО, Трајче Пеливанов, кој треба да ја менува Русковска, на денот на претресот во Финансова полиција бил во кафеана заедно со тогашниот директор на управата, Арафат Муареми, дознава „Инфомакс“.

Додека шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е под супсензија токму обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.

Како што дознава порталот, на дента на фамозниот претрес во Финансова полиција обвинителот Трајче Пеливанов бил во кафеана со тогашниот директор на Финансовата управа, Арафат Муареми и Љуљзим Јашари инспекторот на Финансова кој бил десна рака на директорот во рекетарската шема.

Споменатите биле забележани во ресторанот „Стара градска куќа“ истиот ден додека траел претресот.

„Инфомакс“ стапи во контакт со обвинителот Трајче Пеливанов кого директно го прашавме за што разговарал со Муареми и Јашари додека неговите колеги вршеле претрес во институцијата со која раководи токму Арафат.

На прашањето Пеливанов не одговори, а потоа го исконтактирале и по телефон, а во кус разговор тој на новинарите на „Инфомакс“ им кажал дека бил во гужва и дека не може да разговара.

Два дена по разговорот, „Инфомакс“ се уште не доби одговор за што се разговарало на средбата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kadrite-na-sjo-se-vrakjaat-na-golema-vrata-preku-obvinitelstvoto-na-vilma/

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година.

Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години.

Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе бидат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник.

По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

Колку заработија „специјалните обвинители“

По 87 илјади евра за 4 години надвор од редовната плата зеле Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, а илјада евра помалку зеле Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. Обвинителката Ленче Ристоска зела најмалку, 72 илјади евра

The post Човекот кој ќе ја менува Русковска додека се одвивал претресот во Финансова седел во кафеана со Арафат Муареми appeared first on Република.

]]>

Обвинителот на поранешното СЈО, Трајче Пеливанов, кој треба да ја менува Русковска, на денот на претресот во Финансова полиција бил во кафеана заедно со тогашниот директор на управата, Арафат Муареми, дознава „Инфомакс“. Додека шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е под супсензија токму обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција. Како што дознава порталот, на дента на фамозниот претрес во Финансова полиција обвинителот Трајче Пеливанов бил во кафеана со тогашниот директор на Финансовата управа, Арафат Муареми и Љуљзим Јашари инспекторот на Финансова кој бил десна рака на директорот во рекетарската шема. Споменатите биле забележани во ресторанот „Стара градска куќа“ истиот ден додека траел претресот. „Инфомакс“ стапи во контакт со обвинителот Трајче Пеливанов кого директно го прашавме за што разговарал со Муареми и Јашари додека неговите колеги вршеле претрес во институцијата со која раководи токму Арафат. На прашањето Пеливанов не одговори, а потоа го исконтактирале и по телефон, а во кус разговор тој на новинарите на „Инфомакс“ им кажал дека бил во гужва и дека не може да разговара. Два дена по разговорот, „Инфомакс“ се уште не доби одговор за што се разговарало на средбата. https://republika.mk/vesti/makedonija/kadrite-na-sjo-se-vrakjaat-na-golema-vrata-preku-obvinitelstvoto-na-vilma/

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години. Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе бидат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник. По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

Колку заработија „специјалните обвинители“

По 87 илјади евра за 4 години надвор од редовната плата зеле Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, а илјада евра помалку зеле Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. Обвинителката Ленче Ристоска зела најмалку, 72 илјади евра

The post Човекот кој ќе ја менува Русковска додека се одвивал претресот во Финансова седел во кафеана со Арафат Муареми appeared first on Република.

]]>
Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kadrite-na-sjo-se-vrakjaat-na-golema-vrata-preku-obvinitelstvoto-na-vilma/ Tue, 30 Aug 2022 09:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=545521

Суспензијата на обвинителката Вилма Русковска и нејзините замени го вратија сеќавањето на помалку подзаборавеното Специјално јавно обвинителство.

Првата замена на Русковска, обвинителката Лиле Стефанова и новоназначениот Трајче Пеливанов беа во втората борбена линија, веднаш зад „Чарлиевите ангели“-Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Познато е дека Јанева и Стефанова не беа во добри односи и за своите некогашни колешки рече дека се „колешки по ракија“.

Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев-рече Јанева во април годинава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-za-poraneshnite-koleshki-od-sjo-reche-deka-se-koleshki-po-rakija/

По Стефанова, нова замена за Русковска во Обвинителството за организиран криминал е Трајче Пеливанов.

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година.

Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години.

Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе биdат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник.

По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

The post Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ appeared first on Република.

]]>

Суспензијата на обвинителката Вилма Русковска и нејзините замени го вратија сеќавањето на помалку подзаборавеното Специјално јавно обвинителство. Првата замена на Русковска, обвинителката Лиле Стефанова и новоназначениот Трајче Пеливанов беа во втората борбена линија, веднаш зад „Чарлиевите ангели“-Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Познато е дека Јанева и Стефанова не беа во добри односи и за своите некогашни колешки рече дека се „колешки по ракија“.
Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев-рече Јанева во април годинава.
https://republika.mk/vesti/makedonija/janeva-za-poraneshnite-koleshki-od-sjo-reche-deka-se-koleshki-po-rakija/ По Стефанова, нова замена за Русковска во Обвинителството за организиран криминал е Трајче Пеливанов.

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години. Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе биdат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник. По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.

The post Кадрите на СЈО се враќаат на голема врата преку „Обвинителството на Вилма“ appeared first on Република.

]]>
Пеливанов ќе ја менува Рускоска додека е под суспензија https://republika.mk/vesti/makedonija/pelivanov-kje-ja-menuva-ruskoska-dodeka-e-pod-suspenzija/ Mon, 29 Aug 2022 11:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=545240

Обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.

Изборот на Пеливанов доаѓа откако во петокот беше потврдена суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, која има мандат за да биде шефица на ова обвинителство.

Одлуката за поставување на Пеливанов била едногласно изгласана од присутните членови на седницата. Тој ќе ја обавува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември.

Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започнал во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде бил до 2015 година. Тој има стаж од 11 години. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше избран минатиот април, кога беше оценет со 25 поени за тоа како ја извршува својата работа.

The post Пеливанов ќе ја менува Рускоска додека е под суспензија appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција. Изборот на Пеливанов доаѓа откако во петокот беше потврдена суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, која има мандат за да биде шефица на ова обвинителство. Одлуката за поставување на Пеливанов била едногласно изгласана од присутните членови на седницата. Тој ќе ја обавува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември. Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започнал во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде бил до 2015 година. Тој има стаж од 11 години. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше избран минатиот април, кога беше оценет со 25 поени за тоа како ја извршува својата работа.

The post Пеливанов ќе ја менува Рускоска додека е под суспензија appeared first on Република.

]]>