Трајче Кацаров Archives - Република https://republika.mk/tema/trajche-kacarov/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 16:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трајче Кацаров Archives - Република https://republika.mk/tema/trajche-kacarov/ 32 32 Претставата „Веселинови“ на Скопско лето https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-veselinovi-na-skopsko-leto/ Mon, 22 Jul 2024 16:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=799285

Како дополнителна програма во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, утревечер, 23 јули, во вторник, ќе се одигра театарска претстава „Веселинови“ во Сули ан со почеток во 20:30 часот.

Претставата е комедија, во продукција на Драмско студио „Бронзена наметка“ - Штип.

Играат: Оле Поцкова (Весела) и Игор Стојанов - Баркли (Веселко). Претставата е авторски проект на Трајче Кацаров. Интерпретација на песна на Нела Гегова.

Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Не ретко тонат во проблеми што извираат од плитките џепови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни.

The post Претставата „Веселинови“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Како дополнителна програма во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, утревечер, 23 јули, во вторник, ќе се одигра театарска претстава „Веселинови“ во Сули ан со почеток во 20:30 часот. Претставата е комедија, во продукција на Драмско студио „Бронзена наметка“ - Штип. Играат: Оле Поцкова (Весела) и Игор Стојанов - Баркли (Веселко). Претставата е авторски проект на Трајче Кацаров. Интерпретација на песна на Нела Гегова. Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Не ретко тонат во проблеми што извираат од плитките џепови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни.

The post Претставата „Веселинови“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-uvoznikot-na-beli-noki-od-trajche-katsarov/ Thu, 18 May 2023 08:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=642140

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив, на 19 мај 2023 година во 12 часот ќе се одржи промоција на најновиот роман на современиот македонски писател, Трајче Кацаров. На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели.

За пораките на делото на Кацаров критички ќе се осврнат д-р Христо Петревски и д-р Марина Мијаковска, а извадоци од изданието ќе читаат Луна Миќевиќ и Кристијан Петковски.

Трајче Кацаров е автор на богат прозен, поетски и драмски опус, за кој е добитник на значајни национални книжевни награди, меѓу кои и на наградите Рациново признание, Григор Прличев, Прозни мајстори и др. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици.

 

The post Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив, на 19 мај 2023 година во 12 часот ќе се одржи промоција на најновиот роман на современиот македонски писател, Трајче Кацаров. На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели. За пораките на делото на Кацаров критички ќе се осврнат д-р Христо Петревски и д-р Марина Мијаковска, а извадоци од изданието ќе читаат Луна Миќевиќ и Кристијан Петковски. Трајче Кацаров е автор на богат прозен, поетски и драмски опус, за кој е добитник на значајни национални книжевни награди, меѓу кои и на наградите Рациново признание, Григор Прличев, Прозни мајстори и др. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици.  

The post Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров appeared first on Република.

]]>
Трајче Кацаров е добитник на престижната награда за најдобра поема „Григор Прличев“ https://republika.mk/vesti/kultura/trajche-kacarov-e-dobitnik-na-prestiznata-nagrada-za-najdobra-poema-grigor-prlichev/ Wed, 12 Jan 2022 08:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=443510

Трајче Кацаров  е автор на најдобрата поема во ракопис за 2021 година која ја доделува НУЦК „Григор Прличев“ Охрид . Кацаров со поемата „Цветко“  се здобива со  престижната награда „Григор Прличев“.

Имено, авторот на наградената поема е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Кацаров е вработен како драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Народен театар Штип. Тој е наставен доцент на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима“. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар“ и станува негов уредник. Во 1997 година со група автори, го основа весникот на ДПМ „Стожер“. Од 2017 година е главен и одговорен уредник на Списанието на ДПМ „СТОЖЕР“. Како издавач има објавено триесетина книги од науката, есеистиката, уметноста и публицистиката, меѓу кои се: „Маларме“ од Ги Мишо, „Вера и скпеска“ од Јиржи Менцел, „Системот на Антонен Арто“ од Вадим Максимов, „Актерската игра“ од Михаил Чехов.

Наградената поема „Цветко“ ја третира вечната тема за човековата ранливост и минливост, (не)исполентоста на очекувањата во дослух со самиот себеси, но и со традицијата, менталитетот, обичаите карактеристични за поднебјето под кое живееме, каде низ слободен стих се движи содржината на случувањата во ритам и стилска одржливост со помош на едноставен јазик, ставен во функција на пораката која треба да ја пренесе.

Поемата „Цветко“ пишувана во модернистички манир, претставува вешто компониран поетски исказ, сугестивен и хармоничен, згуснато сензитивен и напати спокоен, кој, преку навидум едноставниот лирски расказ за животот на Цветко, отвара суштински егзистенцијалистички прашања. Поемата има изградено цврста интегрирана приказна со структурна издиференцираност во мотивски поглавја , обединети околу одредени семантички јадра, кои го следат животот на главниот лик – Цветко, стои во образложението од НУЦК „Григор Прличев“.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ што се одржува на почетокот на февруари.

The post Трајче Кацаров е добитник на престижната награда за најдобра поема „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>

Трајче Кацаров  е автор на најдобрата поема во ракопис за 2021 година која ја доделува НУЦК „Григор Прличев“ Охрид . Кацаров со поемата „Цветко“  се здобива со  престижната награда „Григор Прличев“. Имено, авторот на наградената поема е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Кацаров е вработен како драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Народен театар Штип. Тој е наставен доцент на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима“. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар“ и станува негов уредник. Во 1997 година со група автори, го основа весникот на ДПМ „Стожер“. Од 2017 година е главен и одговорен уредник на Списанието на ДПМ „СТОЖЕР“. Како издавач има објавено триесетина книги од науката, есеистиката, уметноста и публицистиката, меѓу кои се: „Маларме“ од Ги Мишо, „Вера и скпеска“ од Јиржи Менцел, „Системот на Антонен Арто“ од Вадим Максимов, „Актерската игра“ од Михаил Чехов. Наградената поема „Цветко“ ја третира вечната тема за човековата ранливост и минливост, (не)исполентоста на очекувањата во дослух со самиот себеси, но и со традицијата, менталитетот, обичаите карактеристични за поднебјето под кое живееме, каде низ слободен стих се движи содржината на случувањата во ритам и стилска одржливост со помош на едноставен јазик, ставен во функција на пораката која треба да ја пренесе.
Поемата „Цветко“ пишувана во модернистички манир, претставува вешто компониран поетски исказ, сугестивен и хармоничен, згуснато сензитивен и напати спокоен, кој, преку навидум едноставниот лирски расказ за животот на Цветко, отвара суштински егзистенцијалистички прашања. Поемата има изградено цврста интегрирана приказна со структурна издиференцираност во мотивски поглавја , обединети околу одредени семантички јадра, кои го следат животот на главниот лик – Цветко, стои во образложението од НУЦК „Григор Прличев“.
Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ што се одржува на почетокот на февруари.

The post Трајче Кацаров е добитник на престижната награда за најдобра поема „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>