трагедии Archives - Република https://republika.mk/tema/tragedii/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Jun 2022 11:01:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трагедии Archives - Република https://republika.mk/tema/tragedii/ 32 32 СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-ne-prisustvuvaat-na-sedincata-za-tragediite-vo-tetovo-i-vo-bugarija/ Thu, 09 Jun 2022 11:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=513118

Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса.

Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.

Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021 година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.

The post СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово. На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса. Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири. Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021 година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.

The post СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Koго штити Џафери и зошто трагедиите од Бугарија и Тетово никако да стигнат на дневен ред? https://republika.mk/vesti/makedonija/kogo-shtiti-dzaferi-i-zoshto-tragediite-od-bugarija-i-tetovo-nikako-da-stignat-na-dneven-red/ Wed, 06 Apr 2022 07:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=483859

Семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно прашуваат кого сака да заштити претседателот на Собранитео, Талат Џафери и зошто не дозволува собраниска истрага за случајот.

Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика претседателот на Комисијата, Халил Снопче, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажа, се наведува во дописот.

Семејствата на жртвите во трагичната несреќа нагласуваат дека пратениците се народни претставници во Собранието и тие треба да бидат глас и поддршка за граѓаните.

Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага, стои во дописот до медиумите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја откажа седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието. На дневен ред беа точките за тетовската модуларна болница, трагедијата во Бугарија и жалбата на вработен во Министерството за одбрана. Според првиот човек на комисијата, Халил Снопче, откажувањето на седницата е прекршок за кој ќе следи одговорност.

The post Koго штити Џафери и зошто трагедиите од Бугарија и Тетово никако да стигнат на дневен ред? appeared first on Република.