товарни возила Archives - Република https://republika.mk/tema/tovarni-vozila/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 10:56:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png товарни возила Archives - Република https://republika.mk/tema/tovarni-vozila/ 32 32 АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури https://republika.mk/zivot/servisi/amsm-od-deneska-do-31-avgust-zabrana-za-dvizhene-na-teshki-tovarni-vozila-pri-ekstremno-visoki-temperaturi-2/ Mon, 01 Jul 2024 16:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=792370

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

- петок од 17:00 – 22:00 часот,

- сабота од 09:00 до 18:00 часот и

- недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

- петок од 15:00 – 22:00 часот,

- сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

- недела од 07:00 до 22:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин “Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 45 минути. На граничниот премин “Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури appeared first on Република.

]]>

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: - петок од 17:00 – 22:00 часот, - сабота од 09:00 до 18:00 часот и - недела од 09:00 до 22:00 часот. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: - петок од 15:00 – 22:00 часот, - сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и - недела од 07:00 до 22:00 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин “Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 45 минути. На граничниот премин “Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post АМСМ: Од денеска до 31 август забрана за движење на тешки товарни возила при екстремно високи температури appeared first on Република.

]]>
Товарни возила во колони чекаат за влез во Македонија: Заглавени се поради неисчистениот снег https://republika.mk/vesti/makedonija/tovarni-vozila-vo-koloni-chekaat-za-vlez-vo-makedonija-zaglaveni-se-poradi-neischisteniot-sneg/ Mon, 18 Dec 2023 18:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=724367

Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот од кога била формирана колона долга повеќе километри.

Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да преспиваат во возилата, по минати над илјада километри од Романија. Снегот е расчистен од патот и на бугарската страна, ама на вагата на Деве Баир се создава проблемот. Има километарска колона од другата страна на границата, превозници од Турција, Албанија, македонски превозници, кои реагираат што и денес, од утринава едвај се имаат придвижено кон терминалот. Моите камиони, како и бројни други, ги враќавме кон Ќустендил викендов и денес уште не поминаа, а како што ме информираат возачите, со оваа динамика на минување може ниту до полноќ нема да преминат, изјави Роберт Младеновски од Крива Паланка, сопственик на компанија превозник.

И дел од возачите кои контактираа со МИА се жалат дека иако не станува збор за обилни снежни врнежи, повторно како и години наназад, се соочуваат со истиот проблем.

Повеќе време минав во чекање, отколку возење од Романија до тука. Од 8 часот утрово колоната се движи минимално, а не верувам дека до крај на денот ќе влеземе во нашата држава. Јас сум од Крива Паланка, па ќе отидам дома, но тука има колеги од Турција, Албанија, кои ги чекаат десетина часа возење и непотребно губат време овде, вели превозник со долгогодишно искуство во областа на транспорт со тешки товарни возила.

Ниските температури во текот на ноќта кои достигнуваат и 7- 8 степени под нулата го оневозможуваат дејството на солот кој е фрлен заедно со абразивен материјал од страна на службите на ЈП Комуналец, Крива Паланка, информираа од претпријатието задолжено за зимско одржување. Оттаму велат дека и утре повторно ќе се расчистува.

The post Товарни возила во колони чекаат за влез во Македонија: Заглавени се поради неисчистениот снег appeared first on Република.

]]>

Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот од кога била формирана колона долга повеќе километри. Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да преспиваат во возилата, по минати над илјада километри од Романија. Снегот е расчистен од патот и на бугарската страна, ама на вагата на Деве Баир се создава проблемот. Има километарска колона од другата страна на границата, превозници од Турција, Албанија, македонски превозници, кои реагираат што и денес, од утринава едвај се имаат придвижено кон терминалот. Моите камиони, како и бројни други, ги враќавме кон Ќустендил викендов и денес уште не поминаа, а како што ме информираат возачите, со оваа динамика на минување може ниту до полноќ нема да преминат, изјави Роберт Младеновски од Крива Паланка, сопственик на компанија превозник. И дел од возачите кои контактираа со МИА се жалат дека иако не станува збор за обилни снежни врнежи, повторно како и години наназад, се соочуваат со истиот проблем. Повеќе време минав во чекање, отколку возење од Романија до тука. Од 8 часот утрово колоната се движи минимално, а не верувам дека до крај на денот ќе влеземе во нашата држава. Јас сум од Крива Паланка, па ќе отидам дома, но тука има колеги од Турција, Албанија, кои ги чекаат десетина часа возење и непотребно губат време овде, вели превозник со долгогодишно искуство во областа на транспорт со тешки товарни возила. Ниските температури во текот на ноќта кои достигнуваат и 7- 8 степени под нулата го оневозможуваат дејството на солот кој е фрлен заедно со абразивен материјал од страна на службите на ЈП Комуналец, Крива Паланка, информираа од претпријатието задолжено за зимско одржување. Оттаму велат дека и утре повторно ќе се расчистува.

The post Товарни возила во колони чекаат за влез во Македонија: Заглавени се поради неисчистениот снег appeared first on Република.

]]>