топлана Archives - Република https://republika.mk/tema/toplana/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 11:39:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлана Archives - Република https://republika.mk/tema/toplana/ 32 32 ЕСМ Снабдување со топлина ја презеде базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда https://republika.mk/vesti/skopje/esm-snabduvane-so-toplina-ja-prezema-bazata-na-podatotsi-za-potroshuvachite-vo-avtokomanda/ Mon, 27 Feb 2023 13:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=613781

ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презеде базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во Скопје.

– Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина, како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија, се наведува во соопштението.

ЕСМ Снабдување со топлина посочува и дека во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.

Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

The post ЕСМ Снабдување со топлина ја презеде базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презеде базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во Скопје. – Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина, како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија, се наведува во соопштението. ЕСМ Снабдување со топлина посочува и дека во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци. Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

The post ЕСМ Снабдување со топлина ја презеде базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда appeared first on Република.

]]>
ЕСМ молчи за тоа дали има дозвола за користење дизел, Скопје уште сега е меѓу најзагадените во светот https://republika.mk/vesti/skopje/esm-molchi-za-toa-dali-ima-dozvola-za-koristenje-dizel-skopje-ushte-sega-e-megju-najzagadenite-vo-svetot/ Mon, 07 Nov 2022 21:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=571152

Дождливото и малку ветровито време помогна Скопје на листата на најзагадени градови во светот од петто да падна за некое место но не и да се тргне од листата на 20 најзагадени градови според квалитетот на воздухот, објавува Канал 5.

Загадениот воздух во скопската котлина е од само неколку заладени денови кога се уште греењето на домаќинствата беше минимално. Екологистите се сериозно загрижени особено по најавите дека двете најголеми топланите Исток и Запад, Есм планира да ги грее со дизел гориво наместо со гас во тест перод од по 10 дена..

Телевизијата побара став од ЕСМ за тоа дали имаат еколошка дозвола и филтри за да можат да користат дизел во топланите, колку дизел ќе се троши дневно кога ќе паднат температурите ,дали се очекува по тест перидот Скопје да се загрева со дизел и зошто делови од градот се уште немаат греење – но одговор не добија.

Користењето дизел, без разлика дали како гориво за возила или за загревање, во воздухот го зголемува степенот на отровни ПМ-честички, но и на азотните оксиди кои се многу штетни за дишните патишта. Повеќе од 68.000 луѓе прерано умираат како резултат на загаден воздух во Европа, велат податоците на Европската агенција за заштита на животната средина.

Во Македонија, според истражување на Светска Банка, над 1.600 смртни случаи годишно можат да се припишат на екстремното загадување на воздухот.

The post ЕСМ молчи за тоа дали има дозвола за користење дизел, Скопје уште сега е меѓу најзагадените во светот appeared first on Република.

]]>

Дождливото и малку ветровито време помогна Скопје на листата на најзагадени градови во светот од петто да падна за некое место но не и да се тргне од листата на 20 најзагадени градови според квалитетот на воздухот, објавува Канал 5. Загадениот воздух во скопската котлина е од само неколку заладени денови кога се уште греењето на домаќинствата беше минимално. Екологистите се сериозно загрижени особено по најавите дека двете најголеми топланите Исток и Запад, Есм планира да ги грее со дизел гориво наместо со гас во тест перод од по 10 дена.. Телевизијата побара став од ЕСМ за тоа дали имаат еколошка дозвола и филтри за да можат да користат дизел во топланите, колку дизел ќе се троши дневно кога ќе паднат температурите ,дали се очекува по тест перидот Скопје да се загрева со дизел и зошто делови од градот се уште немаат греење – но одговор не добија. Користењето дизел, без разлика дали како гориво за возила или за загревање, во воздухот го зголемува степенот на отровни ПМ-честички, но и на азотните оксиди кои се многу штетни за дишните патишта. Повеќе од 68.000 луѓе прерано умираат како резултат на загаден воздух во Европа, велат податоците на Европската агенција за заштита на животната средина. Во Македонија, според истражување на Светска Банка, над 1.600 смртни случаи годишно можат да се припишат на екстремното загадување на воздухот.

The post ЕСМ молчи за тоа дали има дозвола за користење дизел, Скопје уште сега е меѓу најзагадените во светот appeared first on Република.

]]>
Скопје Север остана без греење: „Топлана“ не може да се справи со новата цена на гасот https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-sever-ostana-bez-greenje-toplana-ne-moze-da-se-spravi-so-novata-cena-na-gasot/ Thu, 06 Jan 2022 17:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=441386

Веќе неколку дена населбата Скопје Север нема парно греење. Во екот на зимата, на ниски температури, жителите од овој дел од градот останаа без греење, објави ТВ21.

Агим Лека, вели дека не е фер што немаат греење, иако имаат склучено договор.

Се однесуваат како што им е ќеифот, не се казнувани од никого, не поднесуваат сметка пред никого, а граѓаните остануваат без услугата која ја плаќаат за да биде квалитетна. И ова што се случува сега со покачувањето на цената на сред сезона не е во ред, бидејќи ние склучуваме договор со компанијата. Склучуваме договор по одредена цена, тие не ни ја кажуваат бидејќи во меѓувреме можат да се покачат цените… тогаш ќе мора да бараме алтернативни извори - вели Агим Лека, граѓанин на Скопје Север.

Граѓаните се обиделе да стапат во контакт со „Топлана Скопје Север“, но како што велат, телефонот бил исклучен, па поради тоа биле принудени да се јават на приватни броеви за да добијат одговор.

Се обидовме да контактираме со Топлана, но телефонот беше исклучен. Се јавивме на приватните броеви што ги имаме и ни рекоа дека најлошо е тоа што поради празниците нема да имаме греење до понеделник или вторник - велат граѓаните.

Од „Топлана Скопје Север“ велат дека проблемот е поголем отколку што изгледа. Објаснуваат дека побарале помош од надлежните органи поради недостигот на гас.

Врз основа на договорот за снабдување со природен гас за 2022 година со Макпетрол Пром Гас имаме обврска авансно да ги плаќаме месечните планирани количества природен гас. Поради енормно зголемените цени на природниот гас друштвото претрпе ненадоместлива штета и не беше во можност да ги обезбеди потребните финансиски средства за природен гас. Од страна на Макпетрол Пром Гас на ден 05.01.2022 година во 10 часот направен е прекин во испораката на природен гас, а со тоа и прекин во испораката на топлинска енергија до корисниците - пишува во одговорот што го испратиле до ТВ21.

Од „Топлана Скопје Север“ додаваат дека за да се надмине проблемот потребно е да се вклучат и надлежните институции за да се исплати заостанатиот дол за испорачаната топлинска енергија, со што истовремено би се обезбедила и дополнителна финансиска помош која би придонела за натамошното функционирање на Топланата.

The post Скопје Север остана без греење: „Топлана“ не може да се справи со новата цена на гасот appeared first on Република.

]]>

Веќе неколку дена населбата Скопје Север нема парно греење. Во екот на зимата, на ниски температури, жителите од овој дел од градот останаа без греење, објави ТВ21. Агим Лека, вели дека не е фер што немаат греење, иако имаат склучено договор.