Топанско Поле Archives - Република https://republika.mk/tema/topansko-pole/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Apr 2024 11:45:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Топанско Поле Archives - Република https://republika.mk/tema/topansko-pole/ 32 32 Прегазено дете во Топанско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pregazeno-dete-vo-topansko/ Mon, 22 Apr 2024 09:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=769234

Вчера во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштува МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Прегазено дете во Топанско appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштува МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Прегазено дете во Топанско appeared first on Република.

]]>
Го прегазиле, ограбиле и на крај го фрлиле во слепа улица да си умре https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-pregazile-ograbile-i-na-kraj-go-frlile-vo-slepa-ulica-da-si-umre/ Thu, 26 May 2022 18:30:44 +0000 https://republika.mk/?p=507379

70-годишниот Ахмед Кокица пред две недели излегол од работа, кога на пат кон дома и бил прегазен од автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле, пишува Алсат.  Според членовите на семејството, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена.

Ахмед работел во угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле.

Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го зеле и го фрлиле во слепата улица, изјави за Алсат неговиот роднина Шемун Амети.

Во потрага по траги, земени биле снимките од безбедносните камери од околината каде се случила несреќата, но надлежните не даваат информации дали возилото е идентификувано. Од јавното обвинителство велат дека се во почетна фаза на случајот.

Од МВР велат дека случајот во полиција бил пријавен околу два часот по полноќ. По доаѓањето на местото на настанот го нашле Ахмет со тешки телесни повреди и речиси без знаци на живот. Го однеле во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во разговор со медицинскиот персонал на Клиниката за токсикологија изјавил дека се здобил со повреди од удар на возило. Полициски службеници од единицата за сообраќајни незгоди при СВР Скопје извршиле разговор со медицинскиот персонал, по што бил известен Јавен обвинител кој дал упатства за понатамошно постапување. СВР Скопје работи на расчистување на случајот  велат од МВР.

Според извештајот од Судска медицина, обдукцијата покажала дека Ахмед Кокица имал траги од силни удари од страната на половината со скршени ребра и пршлени. Од здобиените повреди на виталните органи паднал во кома сè до 18 мај, кога починал во болницата.

Роднините ангажирале и адвокат, бидејќи се сомневаат дека има обиди настанот да се забошоти. Тие бараат итно да се откријат виновниците.

Има сомневања дека оние кои го прегазиле го фрлиле и му ги зеле парите, чантата, телефонот и сакале да го сокријат случајот. Сега велат дека имал шише во џебот, сега не разбирам. Ем го удрило возило, ем шишето не се скршило, а сè друго зеле. Немам друг коментар, изјави неговот роднина Шемун Амети.

The post Го прегазиле, ограбиле и на крај го фрлиле во слепа улица да си умре appeared first on Република.

]]>

70-годишниот Ахмед Кокица пред две недели излегол од работа, кога на пат кон дома и бил прегазен од автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле, пишува Алсат.  Според членовите на семејството, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена. Ахмед работел во угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле.
Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го зеле и го фрлиле во слепата улица, изјави за Алсат неговиот роднина Шемун Амети.
Во потрага по траги, земени биле снимките од безбедносните камери од околината каде се случила несреќата, но надлежните не даваат информации дали возилото е идентификувано. Од јавното обвинителство велат дека се во почетна фаза на случајот. Од МВР велат дека случајот во полиција бил пријавен околу два часот по полноќ. По доаѓањето на местото на настанот го нашле Ахмет со тешки телесни повреди и речиси без знаци на живот. Го однеле во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Во разговор со медицинскиот персонал на Клиниката за токсикологија изјавил дека се здобил со повреди од удар на возило. Полициски службеници од единицата за сообраќајни незгоди при СВР Скопје извршиле разговор со медицинскиот персонал, по што бил известен Јавен обвинител кој дал упатства за понатамошно постапување. СВР Скопје работи на расчистување на случајот  велат од МВР.
Според извештајот од Судска медицина, обдукцијата покажала дека Ахмед Кокица имал траги од силни удари од страната на половината со скршени ребра и пршлени. Од здобиените повреди на виталните органи паднал во кома сè до 18 мај, кога починал во болницата. Роднините ангажирале и адвокат, бидејќи се сомневаат дека има обиди настанот да се забошоти. Тие бараат итно да се откријат виновниците.