Томислав петернек Archives - Република https://republika.mk/tema/tomislav-peternek/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 09:26:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Томислав петернек Archives - Република https://republika.mk/tema/tomislav-peternek/ 32 32 Почина Томислав Петернек, фотографот што го овековечи Скопје по земјотресот во 1963 https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-tomislav-peternek-fotografot-shto-go-ovekovechi-skopje-po-zemjotresot-vo-1963/ Mon, 25 Mar 2024 09:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=758448

Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС.

Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува РТС.

Почнал да се занимава со новинска фотографија во Светлост од Крагуевац. Наскоро се преселил во Белград и ја продолжил својата работа во Борба, Младост, Југословенска ревија, Економска политика.

Цели 24 години, од 1970 година, тој беше уредник на фотографии во белградскиот неделник НИН, а на таа функција остана до пензионирањето во 1993 година. Неговите фотографии беа објавени на 700 насловни страници на тој неделник.

Посебно значаен момент во неговиот богат опус е фотографирањето на Скопје по земјотресот во 1963. Половина век подоцна, тој ги претстави овие фотографии на изложба во МАНУ.

Петернек се бавел и со модна, применета, рекламна и подводна фотографија, снимајќи во Црвено Море, Карипско Море и Индиски Океан.

The post Почина Томислав Петернек, фотографот што го овековечи Скопје по земјотресот во 1963 appeared first on Република.

]]>

Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува РТС. Почнал да се занимава со новинска фотографија во Светлост од Крагуевац. Наскоро се преселил во Белград и ја продолжил својата работа во Борба, Младост, Југословенска ревија, Економска политика. Цели 24 години, од 1970 година, тој беше уредник на фотографии во белградскиот неделник НИН, а на таа функција остана до пензионирањето во 1993 година. Неговите фотографии беа објавени на 700 насловни страници на тој неделник.

Посебно значаен момент во неговиот богат опус е фотографирањето на Скопје по земјотресот во 1963. Половина век подоцна, тој ги претстави овие фотографии на изложба во МАНУ.

Петернек се бавел и со модна, применета, рекламна и подводна фотографија, снимајќи во Црвено Море, Карипско Море и Индиски Океан.

The post Почина Томислав Петернек, фотографот што го овековечи Скопје по земјотресот во 1963 appeared first on Република.

]]>