томас бах Archives - Република https://republika.mk/tema/tomas-bah/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 16:12:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png томас бах Archives - Република https://republika.mk/tema/tomas-bah/ 32 32 Бах најави посета на Македонскиот олимписки комитет https://republika.mk/sport/bah-najavi-poseta-na-makedonskiot-olimpiski-komitet/ Thu, 15 Aug 2024 16:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=806970

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски доби позитивен одговор од првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, на пролет 2025 година да дојде во работна посета на Скопје.

Како што соопшти попладнево МОК; приоритет на оваа средба ќе биде зголемената финансиска поддршка на Олимпискиот план и програмата на МОК за периодот 2025-2028 за кој МОК веќе доби зголемување од 10% во однос на финансиската поддршка од ИОК, за периодот 2020-2024.

„Многу важна тема ќе биде и поддршката, финансиска и логистичка, од страна на ИОК во насока на успешна организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025“, се наведува во соопштението на МОК.

Во рамки на најавената посета на Бах ќе биде разгледано и прашањето за поставувањето фотоволтаичниот систем во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ за кој МОК доби почетна финансиска помош од ИОК.

The post Бах најави посета на Македонскиот олимписки комитет appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски доби позитивен одговор од првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, на пролет 2025 година да дојде во работна посета на Скопје. Како што соопшти попладнево МОК; приоритет на оваа средба ќе биде зголемената финансиска поддршка на Олимпискиот план и програмата на МОК за периодот 2025-2028 за кој МОК веќе доби зголемување од 10% во однос на финансиската поддршка од ИОК, за периодот 2020-2024.
„Многу важна тема ќе биде и поддршката, финансиска и логистичка, од страна на ИОК во насока на успешна организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025“, се наведува во соопштението на МОК.
Во рамки на најавената посета на Бах ќе биде разгледано и прашањето за поставувањето фотоволтаичниот систем во Олимпискиот центар „Јане Сандански“ за кој МОК доби почетна финансиска помош од ИОК.

The post Бах најави посета на Македонскиот олимписки комитет appeared first on Република.

]]>
Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/bah-nema-da-se-kandidira-za-tret-mandat-na-chelo-na-iok/ Sun, 11 Aug 2024 18:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=805576

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење.

Бах е на чело на ИОК од 2013 година, но се откажа од нов мандат, што ќе повлече и промена на олимписката повелба.

„Пред сè сакам да го заштитам кредибилитетот на олимпиското движење. Долго размислував и дојдов до заклучок дека нема да се кандидирам за нов мандат“, рече Бах.

Неговиот наследник ќе биде избран на 143. седница на ИОК во Атина, што ќе се одржи од 18 до 21 март следната година. Бах ќе остане на функцијата до јуни следната година.

The post Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење. Бах е на чело на ИОК од 2013 година, но се откажа од нов мандат, што ќе повлече и промена на олимписката повелба.
„Пред сè сакам да го заштитам кредибилитетот на олимпиското движење. Долго размислував и дојдов до заклучок дека нема да се кандидирам за нов мандат“, рече Бах.
Неговиот наследник ќе биде избран на 143. седница на ИОК во Атина, што ќе се одржи од 18 до 21 март следната година. Бах ќе остане на функцијата до јуни следната година.

The post Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК appeared first on Република.

]]>
Томас Бах: Говорот на омраза кон боксерката Хелиф е неприфатлив https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tomas-bah-govorot-na-omraza-kon-bokserkata-helif-e-neprifatliv/ Sat, 03 Aug 2024 12:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=803041

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах реагираше по навредите кои пристигнаа кон контроверзна боксерка, Имане Хелиф од Алжир.

Бах посочи дека мора да се намали говорот на омраза кон боксерката Хелиф, откако беше обвинета и осудена во јавноста.

Имаме две боксерки кои се родени како жени, пораснале како жени и на кои во пасошот им пишува дека се жени. Некои сакаат да ја променат сликата на тоа. Говорот на омраза кон Хелиф е неприфатлив, кажа Бах.

The post Томас Бах: Говорот на омраза кон боксерката Хелиф е неприфатлив appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах реагираше по навредите кои пристигнаа кон контроверзна боксерка, Имане Хелиф од Алжир. Бах посочи дека мора да се намали говорот на омраза кон боксерката Хелиф, откако беше обвинета и осудена во јавноста. Имаме две боксерки кои се родени како жени, пораснале како жени и на кои во пасошот им пишува дека се жени. Некои сакаат да ја променат сликата на тоа. Говорот на омраза кон Хелиф е неприфатлив, кажа Бах.

The post Томас Бах: Говорот на омраза кон боксерката Хелиф е неприфатлив appeared first on Република.

]]>
Првиот човек на ИОК му го врачи медалот „Пјер де Кубертен“ на претседателот Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-iok-mu-go-vrachi-medalot-pjer-de-kuberten-na-pretsedatelot-pendarovski/ Thu, 09 Jun 2022 16:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=513253

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска го прими претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, со кого разговараше за заложбите и преземените активности на ИОК во насока на промоција на меѓународниот спорт и мирот во светот, во услови на новите околности и променетата геополитичка состојба, предизвикана од руската инвазија врз Украина, како и последиците од пандемијата на Ковид-19.

На средбата Бах на претседателот Пендаровски му го врачи престижното признание – медалот „Пјер де Кубертен“.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски бил запознат со поддршката од Меѓународниот олимписки комитет за Олимписката заедница во Украина која се заснова на солидарноста, како една од основните вредности за која се залага Олимпиското движење.

Соговорниците разговараа и за работата и ангажманот на Олимпискиот комитет на Македонија во насока на унапредување на Олимпизмот и спортот во нашата држава. Во тој контекст, претседателот Пендаровски беше информиран за отворање на првата Лабораторија за спортска медицина за постигнување на високи спортски резултати, донација од Меѓународниот олимписки комитет. На средбата стана збор и за кандидатурата на Република Македонија и градот Скопје за домаќин на Европските игри 2027 година, наведуваат од Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет престојува во нашата држава поради учеството на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети кое се одржува во Скопје, а на кое присуствуваат претседатели и генерални секретари на националните олимписки комитети од Европа. Оваа година, нашата држава одбележува 30 години од основањето на Македонскиот олимписки комитет. /

The post Првиот човек на ИОК му го врачи медалот „Пјер де Кубертен“ на претседателот Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска го прими претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, со кого разговараше за заложбите и преземените активности на ИОК во насока на промоција на меѓународниот спорт и мирот во светот, во услови на новите околности и променетата геополитичка состојба, предизвикана од руската инвазија врз Украина, како и последиците од пандемијата на Ковид-19. На средбата Бах на претседателот Пендаровски му го врачи престижното признание – медалот „Пјер де Кубертен“. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски бил запознат со поддршката од Меѓународниот олимписки комитет за Олимписката заедница во Украина која се заснова на солидарноста, како една од основните вредности за која се залага Олимпиското движење.