Толкин Archives - Република https://republika.mk/tema/tolkin/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 07:28:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Толкин Archives - Република https://republika.mk/tema/tolkin/ 32 32 Кои се предизвиците на преведувањето на книжевниот великан Толкин? https://republika.mk/vesti/kultura/koi-se-predizvitsite-na-preveduvaneto-na-knizhevniot-velikan-tolkin/ Fri, 10 May 2024 07:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=776585

На 16 мај, четврток, од 19:19 часот, во Салон 19:19 во КИЦ, Издавачката куќа „Три“ организира несекојдневен настан посветен на преведувањето на енигматичниот „Силмарилион“. Со двете одлични и искусни преведувачки, авторки и познавачки на магичната литература – Ирена Јурчева и Мерсиха Исмајлоска, предводени од авторката и лекторка Виолета Танчева-Златева, ќе се расчистат јазичните и стилски дилеми и многуте предизвици што се испречуваат на патот на преведувачите кога ги пренесуваат на нашиот јазик и во нашиот културен контекст фантастичните идеи на големите книжевни великани каков што е Толкин.

Во фокусот на оваа своевидна работилница за преведување ќе биде преводот од Ирена Јурчева на култното дело „Силмарилион“. Токму поради Толкиновата богата имагинација, посебниот јазик и речник, заедно со цел свет измислени суштества, потребен е сериозен преведувачки и толкувачки пристап на ова фантастично и капитално дело на светската литература.

 

The post Кои се предизвиците на преведувањето на книжевниот великан Толкин? appeared first on Република.

]]>

На 16 мај, четврток, од 19:19 часот, во Салон 19:19 во КИЦ, Издавачката куќа „Три“ организира несекојдневен настан посветен на преведувањето на енигматичниот „Силмарилион“. Со двете одлични и искусни преведувачки, авторки и познавачки на магичната литература – Ирена Јурчева и Мерсиха Исмајлоска, предводени од авторката и лекторка Виолета Танчева-Златева, ќе се расчистат јазичните и стилски дилеми и многуте предизвици што се испречуваат на патот на преведувачите кога ги пренесуваат на нашиот јазик и во нашиот културен контекст фантастичните идеи на големите книжевни великани каков што е Толкин. Во фокусот на оваа своевидна работилница за преведување ќе биде преводот од Ирена Јурчева на култното дело „Силмарилион“. Токму поради Толкиновата богата имагинација, посебниот јазик и речник, заедно со цел свет измислени суштества, потребен е сериозен преведувачки и толкувачки пристап на ова фантастично и капитално дело на светската литература.  

The post Кои се предизвиците на преведувањето на книжевниот великан Толкин? appeared first on Република.

]]>