То вима Archives - Република https://republika.mk/tema/to-vima/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Jun 2022 13:53:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png То вима Archives - Република https://republika.mk/tema/to-vima/ 32 32 Архиепископот Стефан за То Вима: Единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност https://republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-stefan-za-to-vima-edinstveno-vselenskata-patrijarshija-izdava-tomos-za-avtokefalnost/ Sun, 05 Jun 2022 13:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=511436

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во ексклузивно интервју за грчка То Вима, вели дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната Црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија, затоа што таа е единствената црква која по традициите и каноните издава таков документ, објави религија.мк.

Архиепископот г. Стефан очекува дека тој Томос од Вселенската Патријаршија ќе го прифатат сите помесни православји цркви.

Во интервјуто тој потенцира дека целта на МПЦ-Охридската Архиепископоја не е да има експреснин решенија што ќе ја постават црквата на половина пат измеѓу, туку вистинска автокефалност призната од сите.

Во православното предание има ред на работите. Ние се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви. Нити бараме, нити посакуваме, нити заслужуваме експресни решенија, не сакаме нешто што ќе ја постави Охридската Архиепископија на половина пат и измеѓу. Во подготвителните заседанија, но и со разговорите во Шамбези, беше поставено прашањето за начинот на доделување на автокефалноста, односно тоа да се одвива по пат на некаков сеправославен консензус и да биде потврдено од сите претстојатели на Црквите. Вселенскиот Патријарх беше многу снисходлив, откажувајќи се и од своите права, за, сепак, да се дојде општо задоволство и мир во меѓуправославните односи. Но тоа што се предлагаше не се договори конечно и не беше усвоено и прогласено за важечко правило со сеправославно решение. Остана да важи традицијата загарантирана од каноните, дека единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност, а другите Цркви тоа со почит го прифаќаат, вели г.г Стефан во интервјуто за То Вима.

The post Архиепископот Стефан за То Вима: Единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во ексклузивно интервју за грчка То Вима, вели дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната Црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија, затоа што таа е единствената црква која по традициите и каноните издава таков документ, објави религија.мк. Архиепископот г. Стефан очекува дека тој Томос од Вселенската Патријаршија ќе го прифатат сите помесни православји цркви. Во интервјуто тој потенцира дека целта на МПЦ-Охридската Архиепископоја не е да има експреснин решенија што ќе ја постават црквата на половина пат измеѓу, туку вистинска автокефалност призната од сите.
Во православното предание има ред на работите. Ние се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви. Нити бараме, нити посакуваме, нити заслужуваме експресни решенија, не сакаме нешто што ќе ја постави Охридската Архиепископија на половина пат и измеѓу. Во подготвителните заседанија, но и со разговорите во Шамбези, беше поставено прашањето за начинот на доделување на автокефалноста, односно тоа да се одвива по пат на некаков сеправославен консензус и да биде потврдено од сите претстојатели на Црквите. Вселенскиот Патријарх беше многу снисходлив, откажувајќи се и од своите права, за, сепак, да се дојде општо задоволство и мир во меѓуправославните односи. Но тоа што се предлагаше не се договори конечно и не беше усвоено и прогласено за важечко правило со сеправославно решение. Остана да важи традицијата загарантирана од каноните, дека единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност, а другите Цркви тоа со почит го прифаќаат, вели г.г Стефан во интервјуто за То Вима.
 
The post Архиепископот Стефан за То Вима: Единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за „То вима“: Го ублаживме ценовниот шок и реализираме проекти за енергетска независност https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-to-vima-go-ublazivme-cenovniot-shok-i-realizirame-proekti-za-energetska-nezavisnost/ Sun, 17 Apr 2022 09:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=489506

За војната во Украина и последиците што ги носи, премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за „То вима“, вели дека силно ја осудува руската инвазија, а војната треба веднаш да запре истакнувајќи дека „во 21 век разликите се решаваат на цивилизиран начин“.  Ковачевски додава дека во време на глобализација и меѓусебна поврзаност „ниту една земја не е изолирана и сите сме повеќе или помалку поврзани и ги трпиме последиците“, а Македонија не е исклучок .

Ковачевски објаснува дека Владата подготвено и веднаш реагирала за справување со ценовните шокови со над 600 милиони евра мерки за помош на граѓаните и ранливите категории. Во однос на енергетската криза, вели дека  Македонија како и други земји од Западен Балкан ќе бидат вклучени во платформата за заедничка набавка на течен природен гас (LNG) и водород, по заедничкиот договор САД-ЕУ, истакнувајќи дека солидарноста во време на глобален предизвик за нас е исклучително важна.

Нашата соработка со Грција за диверзификацијата е уште едно важно прашање. Двете Влади потпишаа договор за развој на интерконектор за гасовод. Причината за изградбата е зајакнување на односите меѓу Грција, Македонија и ЕУ, олеснување на трговијата со природен гас меѓу двете земји и олеснување на натамошниот развој на мрежата за пренос на гас во нашата земја. Една од предностите на гасоводот е сигурноста на снабдувањето и ликвидноста на пазарот, како и снабдувањето со гас од Јужниот коридор. Изградбата ќе започне годинава, согласно процедурите. Дополнително, ќе се зајакне нашата енергетска инфраструктура и долгорочната стабилност на снабдувањето, а ќе се намалат трошоците за граѓаните и бизнисите, бидејќи ќе имаат пристап до поевтина енергија - вели Ковачевски за „То вима“.

The post Ковачевски за „То вима“: Го ублаживме ценовниот шок и реализираме проекти за енергетска независност appeared first on Република.

]]>

За војната во Украина и последиците што ги носи, премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за „То вима“, вели дека силно ја осудува руската инвазија, а војната треба веднаш да запре истакнувајќи дека „во 21 век разликите се решаваат на цивилизиран начин“.  Ковачевски додава дека во време на глобализација и меѓусебна поврзаност „ниту една земја не е изолирана и сите сме повеќе или помалку поврзани и ги трпиме последиците“, а Македонија не е исклучок . Ковачевски објаснува дека Владата подготвено и веднаш реагирала за справување со ценовните шокови со над 600 милиони евра мерки за помош на граѓаните и ранливите категории. Во однос на енергетската криза, вели дека  Македонија како и други земји од Западен Балкан ќе бидат вклучени во платформата за заедничка набавка на течен природен гас (LNG) и водород, по заедничкиот договор САД-ЕУ, истакнувајќи дека солидарноста во време на глобален предизвик за нас е исклучително важна.