Тимчо Муцунски Archives - Република https://republika.mk/tema/timcho-mucunski/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 09:52:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тимчо Муцунски Archives - Република https://republika.mk/tema/timcho-mucunski/ 32 32 Муцунски во Њујорк се сретна со неговите колеги од Литванија и Мароко, во фокусот билатерелната и економската соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vo-nujork-se-sretna-so-negovite-kolegi-od-litvanija-i-maroko-vo-fokusot-bilaterelnata-i-ekonomskata-sorabotka/ Wed, 25 Sep 2024 09:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=819491

За време на одржувањето на 79-тото Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините од ГС, остварил одвоени средби со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита.

Фокусот на двете средби, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил ставен и на понатамошното продлабочување на билатерелната  соработка, со посебен акцент на зајакнување на економските релации помеѓу двете земји.

На средбата со литванскиот колега било искажано заемно задоволство од развојот на билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период.

Од двете страни, како што е наведено во соопштението, била нагласена подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебното пријателство и партнерските односи, преку продолжување на интензивниот политички дијалог на сите нивоа.

- Министерот Муцунски се заблагодари на континуираната и искрена поддршка на Литванија за евроинтегративните напори на Македонија, нагласувајќи дека земјава е целосно подготвена за започнување преговори за членство во ЕУ, при што тој ја поздрави одлуката за отворање на канцеларија на Литванија во Скопје, која е уште една силна потврда за блиските и пријателски билатерални односи и за заложбите за нивно натамошно унапредување, се наведува во соопштението.

Министерот Ландсбергис изразил уверување дека Литванија и во наредниот период ќе продолжи да биде силен поддржувач на нашите евроинтеграции.

На средбата со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита, бил нагласен позитивниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во тој контекст биле разменети и мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за регионалните теми, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.

The post Муцунски во Њујорк се сретна со неговите колеги од Литванија и Мароко, во фокусот билатерелната и економската соработка appeared first on Република.

]]>

За време на одржувањето на 79-тото Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на маргините од ГС, остварил одвоени средби со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита. Фокусот на двете средби, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил ставен и на понатамошното продлабочување на билатерелната  соработка, со посебен акцент на зајакнување на економските релации помеѓу двете земји. На средбата со литванскиот колега било искажано заемно задоволство од развојот на билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период. Од двете страни, како што е наведено во соопштението, била нагласена подготвеност за натамошно унапредување на меѓусебното пријателство и партнерските односи, преку продолжување на интензивниот политички дијалог на сите нивоа. - Министерот Муцунски се заблагодари на континуираната и искрена поддршка на Литванија за евроинтегративните напори на Македонија, нагласувајќи дека земјава е целосно подготвена за започнување преговори за членство во ЕУ, при што тој ја поздрави одлуката за отворање на канцеларија на Литванија во Скопје, која е уште една силна потврда за блиските и пријателски билатерални односи и за заложбите за нивно натамошно унапредување, се наведува во соопштението. Министерот Ландсбергис изразил уверување дека Литванија и во наредниот период ќе продолжи да биде силен поддржувач на нашите евроинтеграции. На средбата со министерот за надворешни работи, африканска соработка и иселеништво на Кралството Мароко, Насер Бурита, бил нагласен позитивниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во тој контекст биле разменети и мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за регионалните теми, вклучително и надворешно-политички приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.

The post Муцунски во Њујорк се сретна со неговите колеги од Литванија и Мароко, во фокусот билатерелната и економската соработка appeared first on Република.

]]>
Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vo-nujork-zloto-od-vojna-i-konflikti-mora-da-ostane-vo-minatoto/ Mon, 23 Sep 2024 08:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=818882

На маргините на 79-то Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.

Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени. Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.

Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот - истакна министерот Муцунски во обраќањето.

Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.

Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност, додаде тој, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.

На крајот, Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

The post Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото appeared first on Република.

]]>

На маргините на 79-то Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“. Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени. Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.
Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот - истакна министерот Муцунски во обраќањето.
Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото. Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност, додаде тој, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот. На крајот, Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

The post Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото appeared first on Република.

]]>
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-mutsunski-gerapetritis-utre-vo-nujork/ Sun, 22 Sep 2024 15:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=818765

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски утре ќе остварат билатерална средба во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата ќе се разговара за најактуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји.

Средбата ја соопштија од грчкото МНР во рамки на активностите и состаноците што министерот за надворешни работи на Грција ќе ги има во текот на денешниот и утрешниот ден, а ја потврдија и извори од македонското МНР за известувачот на МИА од Њујорк.

На маргините на Генералното собрание, господинот Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.

Муцунски и Герапетритис утре ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.

Ова ќе биде прва средба на шефовите на дипломатиите на двете земји,

На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас.

The post Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски утре ќе остварат билатерална средба во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина. На средбата ќе се разговара за најактуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји. Средбата ја соопштија од грчкото МНР во рамки на активностите и состаноците што министерот за надворешни работи на Грција ќе ги има во текот на денешниот и утрешниот ден, а ја потврдија и извори од македонското МНР за известувачот на МИА од Њујорк.
На маргините на Генералното собрание, господинот Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.
Муцунски и Герапетритис утре ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан. Ова ќе биде прва средба на шефовите на дипломатиите на двете земји, На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас.

The post Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Муцунски на Генералното собрание на ОН https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-na-generalnoto-sobranie-na-on/ Sun, 22 Sep 2024 11:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=818703

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе биде дел од македонската државна делегација на 79. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Покрај учеството во македонската делегација, министерот Муцунски ќе има значајни средби со земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции.

Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН.

Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.“

Во рамките на планираните активности, министерот ќе зема учество и на Министерскиот состанок на групата пријатели на Западен Балкан и на Појадокот со министрите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

The post Муцунски на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе биде дел од македонската државна делегација на 79. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Покрај учеството во македонската делегација, министерот Муцунски ќе има значајни средби со земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции. Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН. Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.“ Во рамките на планираните активности, министерот ќе зема учество и на Министерскиот состанок на групата пријатели на Западен Балкан и на Појадокот со министрите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

The post Муцунски на Генералното собрание на ОН appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ke-prodolzhime-da-rabotime-na-patot-kon-eu-i-da-isporachuvame-rezultati/ Thu, 19 Sep 2024 19:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=817951

На денешните средби со претставниците на ЕУ ја афирмиравме посветеноста на новата Влада за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински на крајот на работната посета на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Брисел.

- Ќе продолжиме да работиме афирмативно и позитивно и ќе продолжиме да испорачуваме резултати, бидејќи тоа е главната порака што ја даде ЕУ дека од нас очекуваат резултати во делот на владеењето на правото, борбата со корупцијата, доброто владеење и сите оние политики каде што имаме сериозни недостатоци во државата, истакна Муцунски.

Тој посочи дека во тој правец е сето она конкретно и опипливо што го има направено Владата во последните помалку од три месеци, насочено кон исполнување на највисоките стандарди на ЕУ, како и она што таа го нуди како излезно решение за предизвикот кој го кочи процесот за фактичко откочување на пристапните преговори на земјата со Унијата.

- Во таа смисла сметам дека денешниов ден беше многу успешен. Дијалогот со европските институции, а и со земјите членки ќе продолжи, додаде Муцунски.

Во однос на т.н. „француски предлог плус“, односно усвојување на уставните измени со одложено дејство, Муцински посочи дека со претставниците на ЕУ се дискутирало и за дел од овие прашања и дека дијалогот продолжува.

- Секако тоа што го зборуваме јавно, го зборуваме и на сите овие состаноци, а тоа е дека очигледно постои предизвик создаден од лоши одлуки носени во минатото. И ќе повторам, ние работиме прво на заштита на нашиот национален интерес за да имаме предвидлив пат кон полноправно членство, а второ и на заштита на политиката на проширување. Веруваме дека со добра верба, добра волја и конкретни решенија може да се најде излез од секој предизвик којшто постои, потенцира Муцински.

Шефот на македонската дипломатија, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, го придружуваа премиерот Мицкоски на денешните средби во Брисел со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Претходно, премиерот заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше и на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Муцински претпладнево имаше средба и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, на која како што рече, му се заблагодарил од името на нашата држава за неговата посветеност во последните години кон обезбедувањето глобална безбедност и кон повисоки стандарди на одбраната, како и за сето тоа што го има направено за нас како држава, но и за Алијансата.

- Нашата посветеност како кредибилна членка на НАТО ќе продолжи и ќе работиме само на надградување на сите оние позитивни процеси коишто Владата веќе ги покажува во своите први помалку од три месеци, додаде Муцунски.

The post Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати appeared first on Република.

]]>

На денешните средби со претставниците на ЕУ ја афирмиравме посветеноста на новата Влада за продолжување по патот кон полноправно членство на земјата во Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински на крајот на работната посета на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Брисел.
- Ќе продолжиме да работиме афирмативно и позитивно и ќе продолжиме да испорачуваме резултати, бидејќи тоа е главната порака што ја даде ЕУ дека од нас очекуваат резултати во делот на владеењето на правото, борбата со корупцијата, доброто владеење и сите оние политики каде што имаме сериозни недостатоци во државата, истакна Муцунски.
Тој посочи дека во тој правец е сето она конкретно и опипливо што го има направено Владата во последните помалку од три месеци, насочено кон исполнување на највисоките стандарди на ЕУ, како и она што таа го нуди како излезно решение за предизвикот кој го кочи процесот за фактичко откочување на пристапните преговори на земјата со Унијата.
- Во таа смисла сметам дека денешниов ден беше многу успешен. Дијалогот со европските институции, а и со земјите членки ќе продолжи, додаде Муцунски.
Во однос на т.н. „француски предлог плус“, односно усвојување на уставните измени со одложено дејство, Муцински посочи дека со претставниците на ЕУ се дискутирало и за дел од овие прашања и дека дијалогот продолжува.
- Секако тоа што го зборуваме јавно, го зборуваме и на сите овие состаноци, а тоа е дека очигледно постои предизвик создаден од лоши одлуки носени во минатото. И ќе повторам, ние работиме прво на заштита на нашиот национален интерес за да имаме предвидлив пат кон полноправно членство, а второ и на заштита на политиката на проширување. Веруваме дека со добра верба, добра волја и конкретни решенија може да се најде излез од секој предизвик којшто постои, потенцира Муцински.
Шефот на македонската дипломатија, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, го придружуваа премиерот Мицкоски на денешните средби во Брисел со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. Претходно, премиерот заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше и на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Муцински претпладнево имаше средба и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, на која како што рече, му се заблагодарил од името на нашата држава за неговата посветеност во последните години кон обезбедувањето глобална безбедност и кон повисоки стандарди на одбраната, како и за сето тоа што го има направено за нас како држава, но и за Алијансата.
- Нашата посветеност како кредибилна членка на НАТО ќе продолжи и ќе работиме само на надградување на сите оние позитивни процеси коишто Владата веќе ги покажува во своите први помалку од три месеци, додаде Муцунски.

The post Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-chlenstvoto-vo-nato-pridonesuva-za-zajaknuvane-na-kolektivnata-bezbednost/ Thu, 19 Sep 2024 11:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=817778

Нашето членство во НАТО претставува долгорочна стратешка определба и придонесува за зајакнувањето на колективната безбедност, порача синоќа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински во обраќање на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 Септември.

Тој се осврна и на предизвиците со кои се соочува земјава на својот европски пат, при тоа нагласувајќи дека посветеноста на реформите и нивната квалитетна имплементација се суштински за приближувањето на нашите стандарди кон оние на ЕУ.

Говорејќи за перспективите за зачленување во ЕУ, Муцински истакна дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата е од големо значење не само за нас, туку и за стабилноста на целиот регион.

Муцински во обраќањето ја повтори и нашата силна поддршка за Украина, додавајќи дека земјава како одговорен партнер, останува посветена на заедничките вредности на Алијансата и на глобалните напори за зачувување на мирот и безбедноста.

Шефот на дипломатијата престојува во Брисел како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, а во чиј состав е и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, која се наоѓа во работна во посета на белгискиот главен град.

За време на посетата Мицкоски денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан ќе присуствува на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

The post Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност appeared first on Република.

]]>

Нашето членство во НАТО претставува долгорочна стратешка определба и придонесува за зајакнувањето на колективната безбедност, порача синоќа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински во обраќање на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 Септември. Тој се осврна и на предизвиците со кои се соочува земјава на својот европски пат, при тоа нагласувајќи дека посветеноста на реформите и нивната квалитетна имплементација се суштински за приближувањето на нашите стандарди кон оние на ЕУ. Говорејќи за перспективите за зачленување во ЕУ, Муцински истакна дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата е од големо значење не само за нас, туку и за стабилноста на целиот регион. Муцински во обраќањето ја повтори и нашата силна поддршка за Украина, додавајќи дека земјава како одговорен партнер, останува посветена на заедничките вредности на Алијансата и на глобалните напори за зачувување на мирот и безбедноста. Шефот на дипломатијата престојува во Брисел како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, а во чиј состав е и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, која се наоѓа во работна во посета на белгискиот главен град. За време на посетата Мицкоски денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан ќе присуствува на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

The post Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност appeared first on Република.

]]>
Муцунски на средба со државната министерка за Европа и клима во германското МНР, Ана Лирман https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-na-sredba-so-drzhavnata-ministerka-za-evropa-i-klima-vo-germanskoto-mnr-ana-lirman/ Tue, 17 Sep 2024 17:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=817220

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман.

Двајцата соговорници го истакнаа задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатите години.

Особено беше нагласена важноста од зајакнување на меѓусебната соработка во рамките на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и континуираната поддршка од Германија на тој пат. Беше изразено и заемно задоволство од придобивките на Берлинскиот процес, во насока на забрзување на евроинтеграциите. Потенцирајќи ја потребата од поголема предвидливост на интегративниот процес, Министерот Муцунски потврди дека нашата земја останува стратешки посветена на забрзување на процесот за пристапување во ЕУ, со фокус на квалитетно спроведување на реформите.

Министерката Лирман го поздрави напредокот во реформските процеси, уверувајќи дека германската поддршка на интегративниот пат на нашата земја ќе продолжи и понатаму и потврдувајќи дека Германија останува сигурен партнер на патот кон Европската Унија.

The post Муцунски на средба со државната министерка за Европа и клима во германското МНР, Ана Лирман appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман. Двајцата соговорници го истакнаа задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатите години. Особено беше нагласена важноста од зајакнување на меѓусебната соработка во рамките на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и континуираната поддршка од Германија на тој пат. Беше изразено и заемно задоволство од придобивките на Берлинскиот процес, во насока на забрзување на евроинтеграциите. Потенцирајќи ја потребата од поголема предвидливост на интегративниот процес, Министерот Муцунски потврди дека нашата земја останува стратешки посветена на забрзување на процесот за пристапување во ЕУ, со фокус на квалитетно спроведување на реформите. Министерката Лирман го поздрави напредокот во реформските процеси, уверувајќи дека германската поддршка на интегративниот пат на нашата земја ќе продолжи и понатаму и потврдувајќи дека Германија останува сигурен партнер на патот кон Европската Унија.

The post Муцунски на средба со државната министерка за Европа и клима во германското МНР, Ана Лирман appeared first on Република.

]]>
Муцунски и Агелер разговараа за актуелните предизвици https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-i-ageler-razgovaraa-za-aktuelnite-predizvitsi/ Tue, 17 Sep 2024 12:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=817112

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.

Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата. Разменети беа мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог.

На средбата беше реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

The post Муцунски и Агелер разговараа за актуелните предизвици appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата. Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата. Разменети беа мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог. На средбата беше реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

The post Муцунски и Агелер разговараа за актуелните предизвици appeared first on Република.

]]>
Муцунски очекува Бугарија да ни се извини https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ochekuva-bugarija-da-ni-se-izvini/ Mon, 16 Sep 2024 20:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=816920

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски очекува извинување од соседна Бугарија оти беше изоставено поставувањето на македонското знаме при посетата на претседателката Гордана Силјановска Давкова во Софија, кај нејзиниот колега Радев.

Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, вели шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

The post Муцунски очекува Бугарија да ни се извини appeared first on Република.

Муцунски: Француски предлог плус е стопирање на билатерализацијата во пристапните преговори со ЕУ, Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира она за што сме разговарале во последниот период https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-frantsuski-predlog-plus-e-stopirane-na-bilateralizatsijata-vo-pristapnite-pregovori-so-eu-mitskoski-vo-brisel-ke-go-povtori-i-prezentira-ona-za-shto-sme-razgovarale-vo-posledniot-period/ Mon, 16 Sep 2024 20:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=816916

Француски предлог плус е надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба на таков начин, да ние ќе бидеме апсолутно сигурни, без никаква дилема, дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, дека понатаму нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат. Што не значи дека некоја земја членка по тој пат нема да може да не блокира по однос на неиспорачување реформи во делот на јавни финансии, по однос на неиспорачување на реформи во делот на владеење на правото, но да престанат овие билатерални барања кои што повеќе од 30 години не влечат нас, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, појаснува дека тоа може да се постигне преку институциите на ЕУ, доколку Унијата е сериозно посветена на нас и регионот.

Гаранцијата примарно ја бараме преку институциите на Европската Унија, на начин што ќе има сериозна посветеност не само кон нас, туку и кон регионот. И сметаме дека покрај одложената примена на уставните измени, примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и воспоставување на некој систем помеѓу нашата држава и европските институции, може да биде праведлив пат напред, изјави Муцунски.

Според негои, кога има желба кај земјите членки ќе се најде начин да се убеди членка којашто прави проблем, доколку е стратешко прашањето. Прашањето е, како што вели тој, дали ЕУ е искрена дека сака да се прошири кон Западниот Балкан, а тој „верува дека е искрена“.

Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети на нас, ќе ви штети и на вас, дајте да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение... Поборници сме на концептот дека брзоплети одлуки во надворешната политика носат добри решенија. Видовме како една претходна власт, по неколку месеци формирање на Владата, сакаше да наметне дека таа ги наоѓа најсоодветните решенија во надворешната политика, па не доведе до оваа ситуација со протоколи, со уставни промени, со милион проблеми од техничка природа, со наводно подобрување на меѓусебните односи, но потоа се што ќе им побараа – прифаќаа. И сега ние сме доведени до таква ситуација да треба работата од многу подредена состојба да ја извадиме на ситуација каде што имаме барем минимално достоинство и интегритет да ја движиме државата напред, изјави Муцунски.

Не сметам, подвлекува министерот, дека треба да располагаме со рокови, туку дека треба да бидеме, конструктивни, проактивни и фокусирани на реформската агенда.

За патувањето на премиерот Христијан Мицкоски во Брисел неделава, Муцунски вели дека „премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период“.

Тоа што ќе го каже Мицкоски е тоа што го кажуваме подолг период на средбите со нашите меѓународни партнери. Ние сакаме решение, сакаме конструктивни и добри односи, но истовремено не сме за решение по секоја цена, затоа што такво решение не е ниту во наш интерес, ниту во интерес на европските чинители. Граѓаните треба да бидат сигурни дека имаат влада што сето тоа што го зборува во јавност, го зборува на сите наши средби. Ние, секако по овие прашање, се консултираме и со сите наѓи клучни стратешки партнери, и ќе повторам сме земја членка на НАТО, а претендираме да станеме земја членка на ЕУ. Сакаме да бидеме земја што ќе биде симбол за стабилност. Од таа гледна точка, премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период, изјави Муцунски.

Во однос на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, Муцунски вели дека очекува извинување од Бугарија и не би сакал да се разочара од соседот.

Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, изјави Муцунски.

Според министерот, отсуството на реакција веднаш по средбата се должи на авионската несреќа која се случи во Бугарија неколку часа претходно.

Бидејќи гледаме дека има прозивки, единствен начин да реагирате за вакво нешто, кога гледате дека се случила институционална протколарна грешка од другата страна е начинот на којшто ние реагиравме денеска како МНР. Усна реакција на лице место не е формална рекација и дипломатскиот протокол многу строго ги регулира овие прашања, вели Муцунски.

На прашање што доколку Бугарија остане на објаснувањето дека не станува збор ниту за официјална ниту за работна средба и дека поради тоа не се следел вообичаениот протокол, Муцунски вели дека во тој случај се навлегува во прашањето за билатералните односи.

The post Муцунски: Француски предлог плус е стопирање на билатерализацијата во пристапните преговори со ЕУ, Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира она за што сме разговарале во последниот период appeared first on Република.

]]>

Француски предлог плус е надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба на таков начин, да ние ќе бидеме апсолутно сигурни, без никаква дилема, дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, дека понатаму нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат. Што не значи дека некоја земја членка по тој пат нема да може да не блокира по однос на неиспорачување реформи во делот на јавни финансии, по однос на неиспорачување на реформи во делот на владеење на правото, но да престанат овие билатерални барања кои што повеќе од 30 години не влечат нас, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, појаснува дека тоа може да се постигне преку институциите на ЕУ, доколку Унијата е сериозно посветена на нас и регионот.
Гаранцијата примарно ја бараме преку институциите на Европската Унија, на начин што ќе има сериозна посветеност не само кон нас, туку и кон регионот. И сметаме дека покрај одложената примена на уставните измени, примената на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и воспоставување на некој систем помеѓу нашата држава и европските институции, може да биде праведлив пат напред, изјави Муцунски.
Според негои, кога има желба кај земјите членки ќе се најде начин да се убеди членка којашто прави проблем, доколку е стратешко прашањето. Прашањето е, како што вели тој, дали ЕУ е искрена дека сака да се прошири кон Западниот Балкан, а тој „верува дека е искрена“.
Ние им велиме патот којшто сте го нацртале ни штети на нас, ќе ви штети и на вас, дајте да нацртаме нов пат. И не само тоа, туку нудиме и логично решение... Поборници сме на концептот дека брзоплети одлуки во надворешната политика носат добри решенија. Видовме како една претходна власт, по неколку месеци формирање на Владата, сакаше да наметне дека таа ги наоѓа најсоодветните решенија во надворешната политика, па не доведе до оваа ситуација со протоколи, со уставни промени, со милион проблеми од техничка природа, со наводно подобрување на меѓусебните односи, но потоа се што ќе им побараа – прифаќаа. И сега ние сме доведени до таква ситуација да треба работата од многу подредена состојба да ја извадиме на ситуација каде што имаме барем минимално достоинство и интегритет да ја движиме државата напред, изјави Муцунски.
Не сметам, подвлекува министерот, дека треба да располагаме со рокови, туку дека треба да бидеме, конструктивни, проактивни и фокусирани на реформската агенда. За патувањето на премиерот Христијан Мицкоски во Брисел неделава, Муцунски вели дека „премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период“.
Тоа што ќе го каже Мицкоски е тоа што го кажуваме подолг период на средбите со нашите меѓународни партнери. Ние сакаме решение, сакаме конструктивни и добри односи, но истовремено не сме за решение по секоја цена, затоа што такво решение не е ниту во наш интерес, ниту во интерес на европските чинители. Граѓаните треба да бидат сигурни дека имаат влада што сето тоа што го зборува во јавност, го зборува на сите наши средби. Ние, секако по овие прашање, се консултираме и со сите наѓи клучни стратешки партнери, и ќе повторам сме земја членка на НАТО, а претендираме да станеме земја членка на ЕУ. Сакаме да бидеме земја што ќе биде симбол за стабилност. Од таа гледна точка, премиерот Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира сето она за кое што сме разговарале во последниот период, изјави Муцунски.
Во однос на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, Муцунски вели дека очекува извинување од Бугарија и не би сакал да се разочара од соседот.
Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, изјави Муцунски.
Според министерот, отсуството на реакција веднаш по средбата се должи на авионската несреќа која се случи во Бугарија неколку часа претходно.
Бидејќи гледаме дека има прозивки, единствен начин да реагирате за вакво нешто, кога гледате дека се случила институционална протколарна грешка од другата страна е начинот на којшто ние реагиравме денеска како МНР. Усна реакција на лице место не е формална рекација и дипломатскиот протокол многу строго ги регулира овие прашања, вели Муцунски.
На прашање што доколку Бугарија остане на објаснувањето дека не станува збор ниту за официјална ниту за работна средба и дека поради тоа не се следел вообичаениот протокол, Муцунски вели дека во тој случај се навлегува во прашањето за билатералните односи.

The post Муцунски: Француски предлог плус е стопирање на билатерализацијата во пристапните преговори со ЕУ, Мицкоски во Брисел ќе го повтори и презентира она за што сме разговарале во последниот период appeared first on Република.

]]>
Македонија ќе понуди на ЕУ француски предлог плус за уставите измени https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ke-ponudi-na-eu-frantsuski-predlog-plus-za-ustavite-izmeni/ Mon, 16 Sep 2024 10:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=816733

Македонската делегација на 19 септември ќе биде во Брисел на средби со челниците на Европската унија. На средите ќе биде презентиран предлогот што веќе го најави премиерот Христијан Мицкоски за уставни измени со одложено дејство.

Како што велат извори од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, сега се бара начинот како предлогот да биде преставен. Нема дилеми дека треба да се разговара и оти со дијалог може да се најде решение.

Во дипломатијата нема гаранција за успех, но ќе бараме решение. Сметам дека Заклучоците не треба да се менуваат за да се применат уставните измени со одложено дејство. Но, потребно е менување на францускиот предлог, односно францускиот предлог плус. Премногу концесии се направени од наша страна и немаме доверба дека ова ќе биде последна отстапка, вели изворот.

Ова суштински би значело дека Македонија не ја избегнува обврската за уставни измени како што се бара со францускиот предлог но оти примената би била со одложено, односно пред приемот на земјата во ЕУ.

The post Македонија ќе понуди на ЕУ француски предлог плус за уставите измени appeared first on Република.

]]>

Македонската делегација на 19 септември ќе биде во Брисел на средби со челниците на Европската унија. На средите ќе биде презентиран предлогот што веќе го најави премиерот Христијан Мицкоски за уставни измени со одложено дејство. Како што велат извори од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, сега се бара начинот како предлогот да биде преставен. Нема дилеми дека треба да се разговара и оти со дијалог може да се најде решение.
Во дипломатијата нема гаранција за успех, но ќе бараме решение. Сметам дека Заклучоците не треба да се менуваат за да се применат уставните измени со одложено дејство. Но, потребно е менување на францускиот предлог, односно францускиот предлог плус. Премногу концесии се направени од наша страна и немаме доверба дека ова ќе биде последна отстапка, вели изворот.
Ова суштински би значело дека Македонија не ја избегнува обврската за уставни измени како што се бара со францускиот предлог но оти примената би била со одложено, односно пред приемот на земјата во ЕУ.

The post Македонија ќе понуди на ЕУ француски предлог плус за уставите измени appeared first on Република.

]]>
Муцунски за шпанска ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-za-shpanska-efe-integratsijata-vo-eu-e-glavniot-nadvoreshno-politichki-prioritet-i-kluchen-natsionalen-interes/ Fri, 13 Sep 2024 16:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=816158

Главниот надворешно-политички приоритет на новата македонска Влада е целосната интеграција во Европската Унија, и тој процес е клучен за остварување на националните интереси, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, соопшти МНР.

Во однос на блокадата од Бугарија, Муцунски нагласува дека Владата останува на ставот за одложена примена на уставните измени.

Остврнувајќи се на евроинтегративниот процес, тој забалежува дека има „неправедна билатерализација и двојни стандарди кои станаа дел од процесот на пристапување во Европската Унија“.

Потсетува дека земјава има направено повеќе од која било друга за пристапување кон Унијата, а блокадите од нашите соседи ги поврза со интересите на трети страни кои не сакаат европска иднина за Западен Балкан.

Ние сме земја која доби кандидатски статус во 2005 година и имаме многу позитивни препораки од Европската комисија за отворање на преговорите, но за жал сè уште не сме таму. Ова е нешто што го заслужуваме и се надеваме дека ќе го постигнеме што е можно поскоро, истакна Муцунски.

Тој додава дека како држава направивме многу отстапки за исполнување на европските барања, а новата Влада е подготвена да ги исполни и останатите услови за приближување кон стандардите на ЕУ.

Тоа се критериумите по кои сакаме да бидеме оценети. Не е фер да се оценува нашата земја врз основа на субјективни билатерални стандарди кои немаат врска со ЕУ. Кога ќе има историска книга за одлучувањето и проширувањето на ЕУ, ние ќе бидеме поглавје за неправедната билатерализација, вели Муцунски.

Интервјуто е направено за време на посетата на Муцунски во Мадрид, по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Шпанија. Тој и неговиот шпански колега ги оценија односите како пријателски, со акцент на силната поддршка од Шпанија за побрза интеграција на земјата во ЕУ.

The post Муцунски за шпанска ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес appeared first on Република.

]]>

Главниот надворешно-политички приоритет на новата македонска Влада е целосната интеграција во Европската Унија, и тој процес е клучен за остварување на националните интереси, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, соопшти МНР. Во однос на блокадата од Бугарија, Муцунски нагласува дека Владата останува на ставот за одложена примена на уставните измени. Остврнувајќи се на евроинтегративниот процес, тој забалежува дека има „неправедна билатерализација и двојни стандарди кои станаа дел од процесот на пристапување во Европската Унија“. Потсетува дека земјава има направено повеќе од која било друга за пристапување кон Унијата, а блокадите од нашите соседи ги поврза со интересите на трети страни кои не сакаат европска иднина за Западен Балкан.
Ние сме земја која доби кандидатски статус во 2005 година и имаме многу позитивни препораки од Европската комисија за отворање на преговорите, но за жал сè уште не сме таму. Ова е нешто што го заслужуваме и се надеваме дека ќе го постигнеме што е можно поскоро, истакна Муцунски.
Тој додава дека како држава направивме многу отстапки за исполнување на европските барања, а новата Влада е подготвена да ги исполни и останатите услови за приближување кон стандардите на ЕУ.
Тоа се критериумите по кои сакаме да бидеме оценети. Не е фер да се оценува нашата земја врз основа на субјективни билатерални стандарди кои немаат врска со ЕУ. Кога ќе има историска книга за одлучувањето и проширувањето на ЕУ, ние ќе бидеме поглавје за неправедната билатерализација, вели Муцунски.
Интервјуто е направено за време на посетата на Муцунски во Мадрид, по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Шпанија. Тој и неговиот шпански колега ги оценија односите како пријателски, со акцент на силната поддршка од Шпанија за побрза интеграција на земјата во ЕУ.

The post Муцунски за шпанска ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Средбата со членовите на Комисијата за надворешна политика на шпанскиот Сенат, потврда за одличните политички релации меѓу двете земји https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-sredbata-so-chlenovite-na-komisijata-za-nadvoreshna-politika-na-shpanskiot-senat-potvrda-za-odlichnite-politichki-relatsii-megu-dvete-zemji/ Wed, 11 Sep 2024 19:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=815481

Денешната работна средба со членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија претставува нов момент во билатералните односи и уште една потврда за одличните политички релации меѓу двете земји, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страница.

-Имајќи ја предвид важноста на парламентарната соработка во градењето дипломатски релации, вистинска чест беше пред членовите на Комисијата да зборувам за нашето партнерство во рамките на ОБСЕ, НАТО Алијансата и други меѓународни организации, за проширувањето на Европската Унија, проблемот со илегалната миграција, како и за актуелните регионални безбедносни и политички прашања, напиша Муцунски, кој е во работна посета на Шпанија.

Истакнувајќи ја нашата домашна посветеност на евроинтегративниот пат и реформската агенда на новата влада, додава Муцунски, нагласив дека, и покрај предизвиците на процесот, ние остануваме цврсто посветени на имплементацијата на европските вредности на локално ниво.

-Се заблагодарив за поддршката од нивна страна и нагласив дека за зачувување на европскиот дух во земјите од Западен Балкан е неопходно процесот на интеграција да биде заснован на реални и мерливи критериуми, а не на билатерални прашања, наведе Муцунски на Фејсбук.

Муцунски, како што претходно објави МНР, остварил средба и со неговиот шпански колега Хозе Мануел Албарес Буено, на која била потврдена шпанската поддршка за евроинтеграциите, при што Буено ја потенцирал неопходноста за забрзување на интеграциите на државата во ЕУ.

The post Муцунски: Средбата со членовите на Комисијата за надворешна политика на шпанскиот Сенат, потврда за одличните политички релации меѓу двете земји appeared first on Република.

Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија – работна средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vo-rabotna-poseta-na-kralstvoto-shpanija-rabotna-sredba-so-shpanskiot-kolega-hoze-manuel-albares-bueno/ Wed, 11 Sep 2024 17:09:52 +0000 https://republika.mk/?p=815452

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во работна посета на Кралството Шпанија, каде оствари средба со неговиот домаќин, шпанскиот Министер за надворешни работи, Европска унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено, соопштија од министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На средбата биле поздравени пријателските врски меѓу двете земји кои оваа година одбележуваат значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и беше нагласено задоволството од досегашниот развој на билатералната соработка со истакнување на заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски и потребата од искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката.

Министерот Муцунски го запозна својот шпански колега со преструктуирање на министерството, новите надлежности, можностите за инвестирање во државата, како и потенцијалот за продлабочување на соработката во повеќе области.

Потенцирајќи ја важноста на политичката поддршка за интеграциите, министерот Муцунски изрази благодарност за недвосмислена заложба на Шпанија за евроинтеграциите на нашата држава, како и задоволство на цврстото партнерство во рамки на НАТО Алијансата. Говорејќи за евроинтеграциите на Република Македонија, тој нагласи дека новата влада ги знае обврските што следуваат со процесот на интеграција и посветено работи на спроведување на неопходните реформи.

Истакнувајќи го задоволството од посетата на министерот Муцунски и зборувајќи за реформите кои во изминатиот период ги спроведе земјава, министерот Албарес Буено ја потврди шпанската поддршка за евроинтеграциите, притоа ја потенцираше неопходноста за забрзување на интеграциите на државата во ЕУ. Од негова страна беше изразено задоволство за цврстото партнерство во рамки на НАТО и придонесот на Република Македонија во контекст на регионалната стабилност.

Двајцата министри се согласија дека политичките и дипломатски односи помеѓу двете земји и во иднина ќе продолжат да се градат во духот на разбирањето и пријателството. Во таа насока, во следниот период двете страни ќе работат на унапредување на економската и културната соработка, промоција на спортската дипломатија, а со посебно внимание ќе се разгледа и можноста за воведување директна авиолинија помеѓу двете земји.

На средбата стана збор и за организирање на бизнис форум на кој ќе се разгледаат можностите за економска соработка помеѓу двете земји. Министрите разменија мислења и за воениот конфликт во Украина, како и политичката состојба во регионот.

Во рамки на посетата на Кралството Шпанија предвидено е министерот Муцунски да се сретне и со членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, како и да има свое обраќање на Кралскиот Институт El Cano на тема “ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан”. Покрај тоа планирано е Министерот Муцунски да присуствува на Свечен прием организиран по повод 8 септември – Денот на независноста.

The post Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија – работна средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во работна посета на Кралството Шпанија, каде оствари средба со неговиот домаќин, шпанскиот Министер за надворешни работи, Европска унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено, соопштија од министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На средбата биле поздравени пријателските врски меѓу двете земји кои оваа година одбележуваат значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и беше нагласено задоволството од досегашниот развој на билатералната соработка со истакнување на заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски и потребата од искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката. Министерот Муцунски го запозна својот шпански колега со преструктуирање на министерството, новите надлежности, можностите за инвестирање во државата, како и потенцијалот за продлабочување на соработката во повеќе области. Потенцирајќи ја важноста на политичката поддршка за интеграциите, министерот Муцунски изрази благодарност за недвосмислена заложба на Шпанија за евроинтеграциите на нашата држава, како и задоволство на цврстото партнерство во рамки на НАТО Алијансата. Говорејќи за евроинтеграциите на Република Македонија, тој нагласи дека новата влада ги знае обврските што следуваат со процесот на интеграција и посветено работи на спроведување на неопходните реформи. Истакнувајќи го задоволството од посетата на министерот Муцунски и зборувајќи за реформите кои во изминатиот период ги спроведе земјава, министерот Албарес Буено ја потврди шпанската поддршка за евроинтеграциите, притоа ја потенцираше неопходноста за забрзување на интеграциите на државата во ЕУ. Од негова страна беше изразено задоволство за цврстото партнерство во рамки на НАТО и придонесот на Република Македонија во контекст на регионалната стабилност. Двајцата министри се согласија дека политичките и дипломатски односи помеѓу двете земји и во иднина ќе продолжат да се градат во духот на разбирањето и пријателството. Во таа насока, во следниот период двете страни ќе работат на унапредување на економската и културната соработка, промоција на спортската дипломатија, а со посебно внимание ќе се разгледа и можноста за воведување директна авиолинија помеѓу двете земји. На средбата стана збор и за организирање на бизнис форум на кој ќе се разгледаат можностите за економска соработка помеѓу двете земји. Министрите разменија мислења и за воениот конфликт во Украина, како и политичката состојба во регионот. Во рамки на посетата на Кралството Шпанија предвидено е министерот Муцунски да се сретне и со членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, како и да има свое обраќање на Кралскиот Институт El Cano на тема “ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан”. Покрај тоа планирано е Министерот Муцунски да присуствува на Свечен прием организиран по повод 8 септември – Денот на независноста.

The post Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија – работна средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено appeared first on Република.

]]>
Муцунски: За одложена примена на уставните измени не е потребна промена на преговарачката рамка https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-za-odlozhna-primena-na-ustavnite-izmeni-ne-e-potrebna-promena-na-pregovarachkata-ramka/ Tue, 10 Sep 2024 16:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=815065

Ќе бидеме афирмативни и ќе работиме во духот на добрата верба со сите наши соседи, а примарната наша цел е да бидеме фокусирани на домашните реформи, владеење на правото, борбата со корупцијата и сето она што е потребно, доколку сакаме автентично да го трансформираме нашето општество одвнатре, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.

Муцунски посочи дека доколку постои добра волја од страна на земјите - членки на Европската унија, нема предизвик на којшто не може да се најде решение, додека пак, во врска со моделот на одложна примена на уставните измени, тој рече дека смета дека не се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ.

– Не го делам целосно ставот дека за моделот на одложна примена на уставните измени се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците. Тоа е прашање на правно толкување, јас сум застапник на ставот дека тоа може да се направи без никаква промена, рече Муцунски.

Целта е, додаде, земјава да обезбеди предвидлив пат кон европските интеграции и второстепено да ја заштити и политиката на проширување на вредности и принципи.

– Имаме за цел прво да имаме предвидлив пат кон европските интеграции, а второстепено да ја заштитиме и политиката на проширување на вредности и приципи. Колку и да делувам репетативен ќе го повторувам тоа. Сметам дека со овој пристап на одложни примени, прво како и секоја влада го штитиме нашиот национален интерес, повторно како влада да не бидеме понижени, да не бидеме доведени во ситуации какви што бевме доведени од нашите соседи, а второстепено да обезбедиме дека патот напред кон полноправно членство ќе биде врз основа на стандарадите и критериумите, подвлече Муцунски.

Неговиот италијански колега, Тајани, нагласи дека Италија заедно со Европската унија работи за Македонија да биде ефективен член на Европската Унија во што е можно пократко време. Тој порача дека неговата посета не е само формална, туку е јасна порака за вложувањето на Италија за забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

– Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува... Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи. Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите, порача Тијани.

The post Муцунски: За одложена примена на уставните измени не е потребна промена на преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

Ќе бидеме афирмативни и ќе работиме во духот на добрата верба со сите наши соседи, а примарната наша цел е да бидеме фокусирани на домашните реформи, владеење на правото, борбата со корупцијата и сето она што е потребно, доколку сакаме автентично да го трансформираме нашето општество одвнатре, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани. Муцунски посочи дека доколку постои добра волја од страна на земјите - членки на Европската унија, нема предизвик на којшто не може да се најде решение, додека пак, во врска со моделот на одложна примена на уставните измени, тој рече дека смета дека не се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ.
– Не го делам целосно ставот дека за моделот на одложна примена на уставните измени се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците. Тоа е прашање на правно толкување, јас сум застапник на ставот дека тоа може да се направи без никаква промена, рече Муцунски.
Целта е, додаде, земјава да обезбеди предвидлив пат кон европските интеграции и второстепено да ја заштити и политиката на проширување на вредности и принципи.
– Имаме за цел прво да имаме предвидлив пат кон европските интеграции, а второстепено да ја заштитиме и политиката на проширување на вредности и приципи. Колку и да делувам репетативен ќе го повторувам тоа. Сметам дека со овој пристап на одложни примени, прво како и секоја влада го штитиме нашиот национален интерес, повторно како влада да не бидеме понижени, да не бидеме доведени во ситуации какви што бевме доведени од нашите соседи, а второстепено да обезбедиме дека патот напред кон полноправно членство ќе биде врз основа на стандарадите и критериумите, подвлече Муцунски.
Неговиот италијански колега, Тајани, нагласи дека Италија заедно со Европската унија работи за Македонија да биде ефективен член на Европската Унија во што е можно пократко време. Тој порача дека неговата посета не е само формална, туку е јасна порака за вложувањето на Италија за забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.
– Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува... Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи. Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите, порача Тијани.

The post Муцунски: За одложена примена на уставните измени не е потребна промена на преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>
Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-mutsunski-gi-primi-kopiite-od-akreditivnite-pisma-na-noviot-ambasador-na-bugarija-radukov/ Thu, 05 Sep 2024 18:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=813633

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, соговорниците го потврдиле заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, низ процес на меѓусебен дијалог кој подразбира негување на пријателство, добрососедство и заемно почитување меѓу двете држави кои воедно се и НАТО-сојузници.

На средбата, како што се наведува во соопштението, е зборувано и за заемните заложби за натамошно интензивирање на мултисекторската соработка, особено на економски план, но и во сите други области кои се од интерес за граѓаните на двете земји.

The post Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков. Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, соговорниците го потврдиле заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, низ процес на меѓусебен дијалог кој подразбира негување на пријателство, добрососедство и заемно почитување меѓу двете држави кои воедно се и НАТО-сојузници. На средбата, како што се наведува во соопштението, е зборувано и за заемните заложби за натамошно интензивирање на мултисекторската соработка, особено на економски план, но и во сите други области кои се од интерес за граѓаните на двете земји.

The post Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков appeared first on Република.

]]>
Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/fidan-mutsunski-turtsija-e-dokazhan-prijatel-i-nato-sojuznik-na-makedonija/ Thu, 05 Sep 2024 10:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=813450

Турција цврсто ја поддржува Македонија од осамостојувањето и ќе продолжи со тоа, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.

– Имавме интензивна агенда. Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме интерес да потпишеме Биш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милјарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава. Продолжуваме и со воената соработка, преку учество на заеднички вежби – изјави Фидан по средбата со Муцунски.

Македонија има посебно место за мене, нагласи Фидан, и верувам дека отоманското наследство е значаен дел од културното наследство на земјава и ќе продолжиме со соработка во таа област.

– Турската заедница во земјава силно не поврзува, како Камениот мост во центарот на градот. Посакуваме да имаме мир и стабилност на целиот Балкан и како Турција сме активно вклучени во тоа. Затоа активно ќе ја зголемиме соработката со Македонија – нагласи Фидан.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е домаќин на турскиот колега Фидан, на заедничка прес-конференција изјави дека Турција е наш докажан пријател и НАТО сојузник. Денешната посета, Муцунски ја оцени како значаен момент во билатералните односи, како и дека како прва посета на странски министер за надворешни работи од неговото стапување на функцијата, како што нагласи, е силна потврда за се посилното стратешко партнерство.

– Традиционално добрите односи позитивно влијаат на економската соработка. Со Турција споделуваме заеднички ставови и за безбедносни и регионални прашања. Посебно го запознав со нашиот евроинтеграцискиот пат, со посебен акцент дека предвидливост е многу важна – изјави Муцунски.

Од својата независност, посочи Муцунски, нашата држава можеше да се потпре на Турција како наш пријател и поддржувач за остварување на нашите стратешки цели.

Фидан, како што е најавено, ќе го посети и Собранието каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши.

The post Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Македонија appeared first on Република.

]]>

Турција цврсто ја поддржува Македонија од осамостојувањето и ќе продолжи со тоа, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.
– Имавме интензивна агенда. Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме интерес да потпишеме Биш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милјарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава. Продолжуваме и со воената соработка, преку учество на заеднички вежби – изјави Фидан по средбата со Муцунски.
Македонија има посебно место за мене, нагласи Фидан, и верувам дека отоманското наследство е значаен дел од културното наследство на земјава и ќе продолжиме со соработка во таа област.
– Турската заедница во земјава силно не поврзува, како Камениот мост во центарот на градот. Посакуваме да имаме мир и стабилност на целиот Балкан и како Турција сме активно вклучени во тоа. Затоа активно ќе ја зголемиме соработката со Македонија – нагласи Фидан.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е домаќин на турскиот колега Фидан, на заедничка прес-конференција изјави дека Турција е наш докажан пријател и НАТО сојузник. Денешната посета, Муцунски ја оцени како значаен момент во билатералните односи, како и дека како прва посета на странски министер за надворешни работи од неговото стапување на функцијата, како што нагласи, е силна потврда за се посилното стратешко партнерство.
– Традиционално добрите односи позитивно влијаат на економската соработка. Со Турција споделуваме заеднички ставови и за безбедносни и регионални прашања. Посебно го запознав со нашиот евроинтеграцискиот пат, со посебен акцент дека предвидливост е многу важна – изјави Муцунски.
Од својата независност, посочи Муцунски, нашата држава можеше да се потпре на Турција како наш пријател и поддржувач за остварување на нашите стратешки цели. Фидан, како што е најавено, ќе го посети и Собранието каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши.

The post Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Македонија appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Муцунски – Велдкамп – Главна тема евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи https://republika.mk/vesti/makedonija/telefonski-razgovor-mutsunski-veldkamp-glavna-tema-evrointegrativniot-protses-i-sproveduvaneto-na-kluchnite-reformi/ Wed, 04 Sep 2024 21:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=813257

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес попладне оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп. Главна тема на разговорот беше евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи.

Фокусот беше на реформите во правосудниот систем, кои се клучни за владеењето на правото и зајакнување на институциите. Министрите Муцунски и Велдкамп нагласија дека успешната реализација на овие реформи е суштинска за постигнување на европските стандарди и напредокот на нашата држава во ЕУ.

Двете страни потврдија дека борбата против корупцијата останува главен приоритет за нашата земја. Тие го истакнаа значењето на овој предизвик за градење доверба и стабилност во регионот.

The post Телефонски разговор Муцунски – Велдкамп – Главна тема евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес попладне оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп. Главна тема на разговорот беше евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи. Фокусот беше на реформите во правосудниот систем, кои се клучни за владеењето на правото и зајакнување на институциите. Министрите Муцунски и Велдкамп нагласија дека успешната реализација на овие реформи е суштинска за постигнување на европските стандарди и напредокот на нашата држава во ЕУ. Двете страни потврдија дека борбата против корупцијата останува главен приоритет за нашата земја. Тие го истакнаа значењето на овој предизвик за градење доверба и стабилност во регионот.

The post Телефонски разговор Муцунски – Велдкамп – Главна тема евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи appeared first on Република.

]]>
Министерот Муцунски на Бледскиот стратешки форум, остварени голем број билатерални средби https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-mutsunski-na-bledskiot-strateshki-forum-ostvareni-golem-broj-bilateralni-sredbi/ Tue, 03 Sep 2024 19:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=812887

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, при учеството на  Бледскиот стратешки форум,  каде се обратил на панел  на тема „Европа целосна и слободна: Возобновена заложба за европската безбедност“, ја нагласил важноста на проширувањето на ЕУ како најуспешна надворешна политика на Унијата.

Како што соопштија од МНР, Муцунски истакнал дека новата македонска Влада е посветена на дејствување како кредибилен европски партнер и на спроведување реформски процеси што ќе ги приближат стандардите до оние на земјите-членки.

На маргините на форумот, Муцунски остварил одделна билатерална средба со министерката за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тања Фајон.

Двете страни разменија мислења за актуелните состојби во земјите и регионот, изразувајќи задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка, потврдена преку заемната помош и солидарност во изминатиот период. Муцунски се заблагодари за досегашната силна поддршка на Словенија во евроинтегративниот процес, додека министерката Фајон потврди дека Словенија и понатаму ќе остане наш пријател и поддржувач на евроинтегративниот пат, стои во соопштението од МНР.

На покана од министерката Фајон, Муцунски присуствувал на работен појадок посветен на прашањето на сукцесијата на поранешната СФРЈ. На појадокот учествувале и останатите министри од наследничките земји, кои ја потврдиле својата решеност да го продолжат процесот на сукцесија, планирајќи редовни состаноци на министерско и оперативно ниво.

Во рамките на форумот, Муцунски учествувал и на работен состанок со министрите за надворешни работи и специјалните претставници за Западен Балкан, каде што се дискутирале актуелните состојби во регионот, со акцент на европските перспективи и напредокот во евроинтегративните процеси. Министрите едногласно се согласиле дека проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на регионот.

Муцунски остварил и други значајни средби, меѓу кои и со заменик-директорот за Европа во Европската служба за надворешна акција, Марко Маковец; претседавачот на Глобалниот Европски центар во САД, Филип Рикер; комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти; и специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич.

The post Министерот Муцунски на Бледскиот стратешки форум, остварени голем број билатерални средби appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, при учеството на  Бледскиот стратешки форум,  каде се обратил на панел  на тема „Европа целосна и слободна: Возобновена заложба за европската безбедност“, ја нагласил важноста на проширувањето на ЕУ како најуспешна надворешна политика на Унијата. Како што соопштија од МНР, Муцунски истакнал дека новата македонска Влада е посветена на дејствување како кредибилен европски партнер и на спроведување реформски процеси што ќе ги приближат стандардите до оние на земјите-членки. На маргините на форумот, Муцунски остварил одделна билатерална средба со министерката за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тања Фајон.
Двете страни разменија мислења за актуелните состојби во земјите и регионот, изразувајќи задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка, потврдена преку заемната помош и солидарност во изминатиот период. Муцунски се заблагодари за досегашната силна поддршка на Словенија во евроинтегративниот процес, додека министерката Фајон потврди дека Словенија и понатаму ќе остане наш пријател и поддржувач на евроинтегративниот пат, стои во соопштението од МНР.
На покана од министерката Фајон, Муцунски присуствувал на работен појадок посветен на прашањето на сукцесијата на поранешната СФРЈ. На појадокот учествувале и останатите министри од наследничките земји, кои ја потврдиле својата решеност да го продолжат процесот на сукцесија, планирајќи редовни состаноци на министерско и оперативно ниво. Во рамките на форумот, Муцунски учествувал и на работен состанок со министрите за надворешни работи и специјалните претставници за Западен Балкан, каде што се дискутирале актуелните состојби во регионот, со акцент на европските перспективи и напредокот во евроинтегративните процеси. Министрите едногласно се согласиле дека проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на регионот. Муцунски остварил и други значајни средби, меѓу кои и со заменик-директорот за Европа во Европската служба за надворешна акција, Марко Маковец; претседавачот на Глобалниот Европски центар во САД, Филип Рикер; комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти; и специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич.

The post Министерот Муцунски на Бледскиот стратешки форум, остварени голем број билатерални средби appeared first on Република.

]]>
Муцунски од Загреб: Хрватска е наш пријател, НАТО сојузник и силен поддржувач за нашето ЕУ-интегрирање https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-od-zagreb-hrvatska-e-nash-prijatel-nato-sojuznik-i-silen-poddrzhuvach-za-nasheto-eu-integrirane/ Wed, 28 Aug 2024 13:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=810922

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес, на покана на министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Република Хрватска. Во рамки на посетата, тој оствари одвоена средба со својот домаќин и учествуваше на посебната сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, каде што се обрати на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус: Европа – локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“.

На средбата со хрватскиот министер за надворешни работи, двајцата министри ги поздравија одличните билатерални односи со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заеднички интерес, НАТО-сојузништво и пријателство кое се негува во изминатите 32 години. Притоа заеднички констатираа дека претстојното усвојување на Заедничката изјава меѓу премиерите Мицкоски и Пленковиќ е токму во тој правец – да се потврди европската иднина на земјата и заемната волја за натамошно интензивирање на билатералната соработка.

Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка на Хрватска во процесот на нашето ЕУ-интегрирање, што има значење за развојот на регионот и за стабилноста на Европа. Во оваа насока, министерот Радман ја потврди хрватската позиција за поддршка на ЕУ-проширувањето и реформскиот процес на нашата земја, со цел побрзо интегрирање во Унијата. Муцунски и Радман разменија мислења и ставови околу актуелните регионални и глобални предизвици, со цел поголема координација и засилена соработка на тој план.

Посебен фокус во разговорите беше ставен на економската соработка, при што беа разгледани можностите за нејзино интензивирање. Муцунски ја искористи оваа прилика да информира за новата надлежност на Министерството кое го предводи, и во таа смисла ja нагласи потреба од зајакнување на економските и надворешно-трговските потенцијали за соработка.

Во рамки на посетата на Загреб, министерот Тимчо Муцунски се обрати и на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, зборувајќи на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус: Европа – локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“.

Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека пријателството меѓу Македонија и Хрватска е одличен пример за тоа што може да се постигне кога народите работат заедно со дух на соработка и меѓусебно почитување.

„Нашата заедничка историја и аспирации поставија цврста основа за партнерство кое не само што им користи на нашите две земји, туку придонесува и за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Нашите билатерални односи се доказ за моќта на дипломатијата, покажувајќи како дијалогот и соработката можат да ги трансформираат предизвиците во можности. Во овие брзо променливи и сè понестабилни времиња, потребни се висока будност, стратешко размислување и проактивен ангажман во партнерство со што е можно повеќе земји-истомисленици. Тие бараат целосно искористување на нашиот надворешно-политички потенцијал, почнувајќи од традиционалната дипломатија до трговијата, хуманитарната помош и инвестициите“, истакна Муцунски.

Зборувајќи пред хрватските дипломати за нашите реформски чекори во процесот на ЕУ-интегрирање, Муцунски потенцира дека предвидливоста во процесот на пристапување во ЕУ не е само процедурална работа – таа е камен-темелник на нашата стабилност и напредок.

„На нашите граѓани им дава надеж и чувство за насока, ги мотивира нашите реформи и ги закотвува нашите аспирации во поширокото европско семејство. Во овие турбулентни времиња, каде што глобалните тензии и регионалните предизвици се постојано присутни, посветеноста на ЕУ за проширување мора да биде неуморна. Не се работи само за исполнување на дадените ветувања; станува збор за препознавање на стратешката важност на интегрирањето на Западен Балкан во обединета, безбедна и просперитетна Европа. Тоа е и стратешка неопходност и историска можност“, истакна министерот.

Во контекст на ЕУ-агендата, во завршниот дел од своето обраќање, тој нагласи дека поддршката од Хрватска е непроценлива.

„Како земја која последна успешно го помина патот кон членство во ЕУ, хрватското искуство и застапување во име на Западен Балкан се апсолутно клучни. Успешната хрватска приказна е инспирација за сите нас и потсетување дека со истрајност, единство и стратешка визија, членството во ЕУ сè уште е достапно“, додаде Муцунски.

Во рамки на работната посета, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре како член на државната делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе се вклучи во програмата на неговата прва официјална посета на Република Хрватска, која се реализира на покана на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

The post Муцунски од Загреб: Хрватска е наш пријател, НАТО сојузник и силен поддржувач за нашето ЕУ-интегрирање appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес, на покана на министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Република Хрватска. Во рамки на посетата, тој оствари одвоена средба со својот домаќин и учествуваше на посебната сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, каде што се обрати на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус: Европа – локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“. На средбата со хрватскиот министер за надворешни работи, двајцата министри ги поздравија одличните билатерални односи со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заеднички интерес, НАТО-сојузништво и пријателство кое се негува во изминатите 32 години. Притоа заеднички констатираа дека претстојното усвојување на Заедничката изјава меѓу премиерите Мицкоски и Пленковиќ е токму во тој правец – да се потврди европската иднина на земјата и заемната волја за натамошно интензивирање на билатералната соработка. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка на Хрватска во процесот на нашето ЕУ-интегрирање, што има значење за развојот на регионот и за стабилноста на Европа. Во оваа насока, министерот Радман ја потврди хрватската позиција за поддршка на ЕУ-проширувањето и реформскиот процес на нашата земја, со цел побрзо интегрирање во Унијата. Муцунски и Радман разменија мислења и ставови околу актуелните регионални и глобални предизвици, со цел поголема координација и засилена соработка на тој план. Посебен фокус во разговорите беше ставен на економската соработка, при што беа разгледани можностите за нејзино интензивирање. Муцунски ја искористи оваа прилика да информира за новата надлежност на Министерството кое го предводи, и во таа смисла ja нагласи потреба од зајакнување на економските и надворешно-трговските потенцијали за соработка. Во рамки на посетата на Загреб, министерот Тимчо Муцунски се обрати и на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, зборувајќи на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус: Европа – локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека пријателството меѓу Македонија и Хрватска е одличен пример за тоа што може да се постигне кога народите работат заедно со дух на соработка и меѓусебно почитување.