Тим Валц Archives - Република https://republika.mk/tema/tim-valts/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 06:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тим Валц Archives - Република https://republika.mk/tema/tim-valts/ 32 32 Дали двоецот Харис-Валц може да им донесе победата на Демократите? https://republika.mk/vesti/svet/dali-dvoetsot-haris-valts-mozhe-da-im-donese-pobedata-na-demokratite/ Wed, 07 Aug 2024 06:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=804094

Потпретседателката Камала Харис и гувернерот на Минесота, Тим Валц, синоќа за прв пат настапија заедно во рамките на предизборната кампања на Демократската партија за претседателските избори. Нивната повеќедневна турнеја започна во Пенсилванија и ќе продолжи во уште неколку клучни држави чии гласови тие се надеваат дека ќе ги освојат во ноември.

Харис и Валц одржаа митинг во Филаделфија, најголемиот град во оваа сојузна држава која се смета за критички важна за победа против републиканецот Доналд Трамп и неговиот партнер Џеј Ди Венс во тесната битка за гласовите на избирачите.

Обраќајќи се пред повеќе од десет илјадна публика на Универзитетот Темпл, Харис го опиша минатото на Валц како поранешен учител во средно училиште и тренер на фудбалскиот тим, ветеран на Националната гарда и поранешен конгресмен.

-Тој е од оние луѓе кои ги прават луѓето да се чувствуваат ‘свои’, а потоа ги инспирираат да сонуваат за поголеми работи.За мене нема поголема чест од тоа да бидам во овој тим, помагајќи и на Камала Харис да стане следниот претседател на Соединетите Американски Држави, се вели во изјавата на Валц дадена на почетокот на митингот.

-Истите вредности кои ги научив на семејната фарма и се трудев да им ги пренесам на моите студенти, ги донесов во Конгресот и главниот град, а сега потпретседателката Харис и јас сакаме да ги донесеме во Белата куќа, додаде тој.

Харис објави дека изборот на Валц за нејзин кандидат за потпретседател го направила рано во вторникот. Таа истакна дека Валц има управувачко искуство и може да ги привлече гласовите на белите избирачи кои живеат во руралните области, кои во последните години повеќе го поддржуваа Трамп.

Како гувернер, тренер, учител и ветеран, тој постигаше резултати за работничките семејства, како што е и неговото семејство, рече Харис во изјавата издадена од нејзината кампања.
Валц беше избран за член на Претставничкиот дом од про-републикански округ во 2006 година и служеше во Конгресот 12 години, пред да биде избран за гувернер на Минесота во 2018 година и реизбран во 2022 година

The post Дали двоецот Харис-Валц може да им донесе победата на Демократите? appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката Камала Харис и гувернерот на Минесота, Тим Валц, синоќа за прв пат настапија заедно во рамките на предизборната кампања на Демократската партија за претседателските избори. Нивната повеќедневна турнеја започна во Пенсилванија и ќе продолжи во уште неколку клучни држави чии гласови тие се надеваат дека ќе ги освојат во ноември. Харис и Валц одржаа митинг во Филаделфија, најголемиот град во оваа сојузна држава која се смета за критички важна за победа против републиканецот Доналд Трамп и неговиот партнер Џеј Ди Венс во тесната битка за гласовите на избирачите. Обраќајќи се пред повеќе од десет илјадна публика на Универзитетот Темпл, Харис го опиша минатото на Валц како поранешен учител во средно училиште и тренер на фудбалскиот тим, ветеран на Националната гарда и поранешен конгресмен.
-Тој е од оние луѓе кои ги прават луѓето да се чувствуваат ‘свои’, а потоа ги инспирираат да сонуваат за поголеми работи.За мене нема поголема чест од тоа да бидам во овој тим, помагајќи и на Камала Харис да стане следниот претседател на Соединетите Американски Држави, се вели во изјавата на Валц дадена на почетокот на митингот.
-Истите вредности кои ги научив на семејната фарма и се трудев да им ги пренесам на моите студенти, ги донесов во Конгресот и главниот град, а сега потпретседателката Харис и јас сакаме да ги донесеме во Белата куќа, додаде тој. Харис објави дека изборот на Валц за нејзин кандидат за потпретседател го направила рано во вторникот. Таа истакна дека Валц има управувачко искуство и може да ги привлече гласовите на белите избирачи кои живеат во руралните области, кои во последните години повеќе го поддржуваа Трамп.
Како гувернер, тренер, учител и ветеран, тој постигаше резултати за работничките семејства, како што е и неговото семејство, рече Харис во изјавата издадена од нејзината кампања. Валц беше избран за член на Претставничкиот дом од про-републикански округ во 2006 година и служеше во Конгресот 12 години, пред да биде избран за гувернер на Минесота во 2018 година и реизбран во 2022 година

The post Дали двоецот Харис-Валц може да им донесе победата на Демократите? appeared first on Република.

]]>
Кој е Тим Валц, изборот на Харис за нејзин потпретседател https://republika.mk/vesti/svet/koj-e-tim-valts-izborot-na-haris-za-nejzin-potpretsedatel/ Tue, 06 Aug 2024 16:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=803985

Потпретседателката на САД и најверојатниот кандидат на Демократската партија за претседател, Камала Харис, денеска им потврди на своите поддржувачи дека го избрала гувернерот на Минесота, Тим Валц (60) за свој кандидат за потпретседател на ноемвриските претседателски избори.

Харис и Валц, доколку таа биде избрана за претседателски кандидат на Демократската партија, на ноемвриските избори ќе се соочат со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот потпретседател, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс.

Валц првпат беше избран за гувернер на американската држава Минесота во 2018 година, а беше реизбран во 2022 година. Под негово водство во Минесота во последните години се усвоени бројни прогресивни закони, како што се тие за универзалните школски оброци, легализација на марихуаната, заштитата на правата за абортус и мерки за контрола на оружјето, објави „Гардијан“.

Пред да стапи на јавна функција, Валц беше професор во Манкато во Минесота, предаваше географија на средношколци. Тој, исто така, служеше во Националната гарда 24 години и сега е шеф на Асоцијацијата на демократски гувернери.

Тој пораснал во гратче во Небраска, оженет е и има две деца. Според анкетата на „Њујорк Тајмс“/Колеџ Сиена, објавена на 25 јули, Трамп има предност од 48 отсто, додека Харис има 46 отсто.

Според анкетата на почетокот на јули, Трамп имал поддршка од 49 отсто, а американскиот претседател Џозеф Бајден, кој се повлече од кампањата за реизбор на 21 јули, имал поддршка од 41 отсто.

The post Кој е Тим Валц, изборот на Харис за нејзин потпретседател appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на САД и најверојатниот кандидат на Демократската партија за претседател, Камала Харис, денеска им потврди на своите поддржувачи дека го избрала гувернерот на Минесота, Тим Валц (60) за свој кандидат за потпретседател на ноемвриските претседателски избори. Харис и Валц, доколку таа биде избрана за претседателски кандидат на Демократската партија, на ноемвриските избори ќе се соочат со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот потпретседател, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс. Валц првпат беше избран за гувернер на американската држава Минесота во 2018 година, а беше реизбран во 2022 година. Под негово водство во Минесота во последните години се усвоени бројни прогресивни закони, како што се тие за универзалните школски оброци, легализација на марихуаната, заштитата на правата за абортус и мерки за контрола на оружјето, објави „Гардијан“. Пред да стапи на јавна функција, Валц беше професор во Манкато во Минесота, предаваше географија на средношколци. Тој, исто така, служеше во Националната гарда 24 години и сега е шеф на Асоцијацијата на демократски гувернери. Тој пораснал во гратче во Небраска, оженет е и има две деца. Според анкетата на „Њујорк Тајмс“/Колеџ Сиена, објавена на 25 јули, Трамп има предност од 48 отсто, додека Харис има 46 отсто. Според анкетата на почетокот на јули, Трамп имал поддршка од 49 отсто, а американскиот претседател Џозеф Бајден, кој се повлече од кампањата за реизбор на 21 јули, имал поддршка од 41 отсто.

The post Кој е Тим Валц, изборот на Харис за нејзин потпретседател appeared first on Република.

]]>