тиквешко езеро Archives - Република https://republika.mk/tema/tikveshko-ezero/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 09:52:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тиквешко езеро Archives - Република https://republika.mk/tema/tikveshko-ezero/ 32 32 Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај Тиквешко Езеро https://republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povreden-mototsiklist-po-pad-na-kolovoz-kaj-tikveshko-ezero/ Sat, 03 Aug 2024 10:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=803008

Мотоциклист од кавадаречко Возарци се здобил со тешки телесни повреди по пад на коловоз, кај Тиквешко Езеро, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица - Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат, брана ХЕЦ Тиквеш - село Возарци, 31-годишниот Д.М., управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во кавадаречката Општа болница, појаснија од СВР - Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци.

The post Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>

Мотоциклист од кавадаречко Возарци се здобил со тешки телесни повреди по пад на коловоз, кај Тиквешко Езеро, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. -Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица - Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат, брана ХЕЦ Тиквеш - село Возарци, 31-годишниот Д.М., управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во кавадаречката Општа болница, појаснија од СВР - Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци.

The post Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>
За два месеца два пати е нападната рибочуварката на Тиквешко Езеро https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-dva-mesetsa-dva-pati-e-napadnata-ribochuvarkata-na-tikveshko-ezero/ Wed, 24 Jul 2024 18:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=799963

Во тек на вчерашниот ден на брана на хидроелектричната централа на Тиквешко Езеро, Кавадарци, 44-годишната М.П. била физички нападната од две лица, додека извршувала работни задачи.

Вчера во 11 часот во ОВР Кавадарци таа пријавила дека била нападната од Т.М. и А.М. до Возарци, кавадаречко.

The post За два месеца два пати е нападната рибочуварката на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>

Во тек на вчерашниот ден на брана на хидроелектричната централа на Тиквешко Езеро, Кавадарци, 44-годишната М.П. била физички нападната од две лица, додека извршувала работни задачи. Вчера во 11 часот во ОВР Кавадарци таа пријавила дека била нападната од Т.М. и А.М. до Возарци, кавадаречко.

The post За два месеца два пати е нападната рибочуварката на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>
Тројца мажи нападнаа жена рибочувар на Тиквешко Езеро https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-mazhi-napadnaa-zhena-ribochuvar-na-tikveshko-ezero/ Fri, 24 May 2024 16:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=781464

Вчера во ОВР Кавадарци биле повикани М.Д.(47), Р.Д.(48) и М.Д.(28) сите од село Пепелиште, неготинско, и со нив е извршен службен разговор, по претходна пријава од М.П. (44) од Кавадарци, дека на место викано „Пунктот“ на Тиквешко Езеро, додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната од М.Д., Р.Д. и М.Д..

По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Тројца мажи нападнаа жена рибочувар на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>

Вчера во ОВР Кавадарци биле повикани М.Д.(47), Р.Д.(48) и М.Д.(28) сите од село Пепелиште, неготинско, и со нив е извршен службен разговор, по претходна пријава од М.П. (44) од Кавадарци, дека на место викано „Пунктот“ на Тиквешко Езеро, додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната од М.Д., Р.Д. и М.Д.. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Тројца мажи нападнаа жена рибочувар на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>
Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-borova-shuma-nad-mesnosta-brushani-kaj-tikveshko-ezero/ Sun, 13 Aug 2023 16:54:53 +0000 https://republika.mk/?p=671710

Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро, оваа информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.

Оттаму нагласија дека по дојавата за пожар, на терен веднаш заминала една екипа од противпожарно возило со двајца пожарникари а во моментов тргнува уште едно возило со четворица пожарникари и доколку има потреба, уште возила и пожарникари ќе се упатат на лице место.

Според првичните информации што ги имаат, најверојатно станува збор за човечки фактор.

Од Противпожарната служба уште еднаш апелираа до населението за совесност и внимателност, со цел да не се предизвикуваат пожари.

The post Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>

Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро, оваа информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. Оттаму нагласија дека по дојавата за пожар, на терен веднаш заминала една екипа од противпожарно возило со двајца пожарникари а во моментов тргнува уште едно возило со четворица пожарникари и доколку има потреба, уште возила и пожарникари ќе се упатат на лице место. Според првичните информации што ги имаат, најверојатно станува збор за човечки фактор. Од Противпожарната служба уште еднаш апелираа до населението за совесност и внимателност, со цел да не се предизвикуваат пожари.

The post Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>
В сабота ќе има групна крштевска на Тиквешко езеро https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/v-sabota-ke-ima-grupna-krshtevska-na-tikveshko-ezero/ Mon, 10 Jul 2023 17:38:11 +0000 https://republika.mk/?p=659833

Групна крштевка на Тиквешко Езеро в сабота, е организирана со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополит Повардарски господин Агатангел, информираат од кавадаречкото архиерејско намесништво.

Сите оние возрасни лица, кои од различни причини до сега не се крстени, а сакаат да ја примат светата тајна Крштение и Миропомазание и да станат членови на Светата православна црква, можат да се пријават за крштевање во храмовите Свeта Петка и Свeти Димитрија во Кавадарци. Лицата кои ќе сакаат да ја примат Светата тајна крштение, потребно е да имаат и кум, кој е крстен. Христос е помеѓу нас! Е, и ќе биде!, соопштија од кавадаречкото архиерејско намесништво.

 

The post В сабота ќе има групна крштевска на Тиквешко езеро appeared first on Република.

]]>

Групна крштевка на Тиквешко Езеро в сабота, е организирана со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополит Повардарски господин Агатангел, информираат од кавадаречкото архиерејско намесништво.
Сите оние возрасни лица, кои од различни причини до сега не се крстени, а сакаат да ја примат светата тајна Крштение и Миропомазание и да станат членови на Светата православна црква, можат да се пријават за крштевање во храмовите Свeта Петка и Свeти Димитрија во Кавадарци. Лицата кои ќе сакаат да ја примат Светата тајна крштение, потребно е да имаат и кум, кој е крстен. Христос е помеѓу нас! Е, и ќе биде!, соопштија од кавадаречкото архиерејско намесништво.
 

The post В сабота ќе има групна крштевска на Тиквешко езеро appeared first on Република.

]]>
Како власта свесно и намерно го уништува Тиквешко Езеро https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-vlasta-svesno-i-namerno-go-unishtuva-tikveshko-ezero/ Mon, 30 Jan 2023 08:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=602470

Будни сведоци сме дека во последниве неколку години Тиквешкото Езеро полека но сигурно пропаѓа, нивото на водата свесно се намалува до точка на негово комплетно уништување, а последиците и штетите од ваквото недомаќинско однесување се трајни и непоправливи, алармираат од Левица, додавајќи дека прекумерното празнење доведе до тоа езерото повеќе да не е препознатливо, пред сѐ на штета на хидросистемот од кој зависи целиот Тиквешки регион!

Губењето на биодиверзитетот доведува до исчезнување на клучните видови во екосистемите, кои обезбедуваат суштински услуги на истите.
Локалното земјоделство и воопшто локалниот туризам се веќе маргинализирани.
Идеите и желбите за постојана миграција на граѓани и семејства од подрачјето на град Кавадарци кон викенд-населбите околу езерото, сега кога речиси се створени потребните услови за живеење (инфраструктура, вода за пиење и сл.) стануваат илузија.
Имотите на граѓаните кои редовно плаќаат даноци и уредно се легализирани се тотално вон функција поради лошиот пристап предизвикан од ниското ниво на вода, велат од Левица.

Според партијата, оскудната соработка помеѓу ресорните министерства и општина Кавадарци, надополнета со рекетарското менаџирање од страна на ЕСМ, кои се однесуваат небаре езерото е во нивна приватна сопственост, очигледно не ветуваат опстанок.

На точно една година по првичната иницијатива за спас на Тиквешкото Езеро и на неа донесените заклучоци, граѓаните и јавноста сѐ уште се во потрага по одговори од кавадаречките пратеници во власта, кои требаше да го актуелизираат прашањето за состојбата и опстанокот на Тиквешко езеро пред соодветнaта комисија за европски прашања и животна средина во Републичкиот Парламентот и да иницираат средба со Премиерот и Министерот за животна средина, од којашто требаше да се извлечат идејни решенија за излез од бездната.
Напротив, се чини дека единствената произлезена идеја оттаму е свесно да се доупропасти состојбата со езерото, за на потенцијалниот инвеститор на ХЕ Чебрен да се даде на мираз ХЕЦ Тиквеш со што истиот би се прикажал како единствен спасител.

Политичката Партија Левица како единствен субјект во состав на Собранието на Република Македонија кој ги застапува правата и интересите на граѓаните е згрозен од ваквиот во низа уште еден антидржавнички обид за распродавање на националното богатство на земјата и ветува дека со сите правни механизми сите ќе се бори докрај за спречување на отуѓувањето на Тиквешкото Езеро и негово враќање во полн сјај, бидејќи опстанокот на истото е од суштинско значење како за градот Кавадарци, така и за целиот Тиквешки регион и Република Македонија!, велат од Левица.

The post Како власта свесно и намерно го уништува Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>

Будни сведоци сме дека во последниве неколку години Тиквешкото Езеро полека но сигурно пропаѓа, нивото на водата свесно се намалува до точка на негово комплетно уништување, а последиците и штетите од ваквото недомаќинско однесување се трајни и непоправливи, алармираат од Левица, додавајќи дека прекумерното празнење доведе до тоа езерото повеќе да не е препознатливо, пред сѐ на штета на хидросистемот од кој зависи целиот Тиквешки регион!
Губењето на биодиверзитетот доведува до исчезнување на клучните видови во екосистемите, кои обезбедуваат суштински услуги на истите. Локалното земјоделство и воопшто локалниот туризам се веќе маргинализирани. Идеите и желбите за постојана миграција на граѓани и семејства од подрачјето на град Кавадарци кон викенд-населбите околу езерото, сега кога речиси се створени потребните услови за живеење (инфраструктура, вода за пиење и сл.) стануваат илузија. Имотите на граѓаните кои редовно плаќаат даноци и уредно се легализирани се тотално вон функција поради лошиот пристап предизвикан од ниското ниво на вода, велат од Левица.
Според партијата, оскудната соработка помеѓу ресорните министерства и општина Кавадарци, надополнета со рекетарското менаџирање од страна на ЕСМ, кои се однесуваат небаре езерото е во нивна приватна сопственост, очигледно не ветуваат опстанок.
На точно една година по првичната иницијатива за спас на Тиквешкото Езеро и на неа донесените заклучоци, граѓаните и јавноста сѐ уште се во потрага по одговори од кавадаречките пратеници во власта, кои требаше да го актуелизираат прашањето за состојбата и опстанокот на Тиквешко езеро пред соодветнaта комисија за европски прашања и животна средина во Републичкиот Парламентот и да иницираат средба со Премиерот и Министерот за животна средина, од којашто требаше да се извлечат идејни решенија за излез од бездната. Напротив, се чини дека единствената произлезена идеја оттаму е свесно да се доупропасти состојбата со езерото, за на потенцијалниот инвеститор на ХЕ Чебрен да се даде на мираз ХЕЦ Тиквеш со што истиот би се прикажал како единствен спасител. Политичката Партија Левица како единствен субјект во состав на Собранието на Република Македонија кој ги застапува правата и интересите на граѓаните е згрозен од ваквиот во низа уште еден антидржавнички обид за распродавање на националното богатство на земјата и ветува дека со сите правни механизми сите ќе се бори докрај за спречување на отуѓувањето на Тиквешкото Езеро и негово враќање во полн сјај, бидејќи опстанокот на истото е од суштинско значење како за градот Кавадарци, така и за целиот Тиквешки регион и Република Македонија!, велат од Левица.

The post Како власта свесно и намерно го уништува Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>
Тиквешко Езеро без вода, пустелија наместо убавина https://republika.mk/vesti/ekonomija/tikveshko-ezero-bez-voda-pustelija-namesto-ubavina/ Thu, 12 Jan 2023 09:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=596082

Вода нема, а струја увезуваме. Погледнете што се случува, Тиквешко Езеро го нема, се истакнува во видеото објавено од Земјоделие.мк.

Ова е вистината за Тиквешко Езеро. Ние сме внатре, но нема вода, вели човекот кој снима.

На местото каде беше убавото езеро, денес има пустелија.

Како изгледа, погледнете во видеото

The post Тиквешко Езеро без вода, пустелија наместо убавина appeared first on Република.

]]>

Вода нема, а струја увезуваме. Погледнете што се случува, Тиквешко Езеро го нема, се истакнува во видеото објавено од Земјоделие.мк.
Ова е вистината за Тиквешко Езеро. Ние сме внатре, но нема вода, вели човекот кој снима.
На местото каде беше убавото езеро, денес има пустелија. Како изгледа, погледнете во видеото

The post Тиквешко Езеро без вода, пустелија наместо убавина appeared first on Република.

]]>
„Мистични риби” со големина на кит проголтувале цели бродови во Тиквешкото Езеро https://republika.mk/zivot/patuvanja/mistichni-ribi-so-golemina-na-kit-progoltuvale-celi-brodovi-vo-tikveshkoto-ezero/ Sun, 07 Aug 2022 14:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=537691

Убавините на Македонија се небројни. Тие убавини кријат многу мистерии поврзани со разни периоди од историјата, со народите кои се населувале и кои со себе ја носеле својата култура, традиција, обичаи.

Една од таквите мистерии е поврзана со Тиквешкото Езеро. Навидум за многумина тоа е само една обична измислена приказна од тиквешките рибари.

Се работи за „мистичните риби” во езерото кои многу личат на сомовите, но со големина на кит. Приказната се пренесува од генерации на генерации. Луѓето раскажуваат дека овие риби биле толку големи што проголтувале цели чамци со луѓе.

Во прилог на приказната оди тоа што, пред неколку години словенечки нуркачи биле запрепастени од тоа што го виделе на дното од езерото. Тие велат дека виделе сомови кои се премногу стари и со невидена до сега големина.

Сомовите по својата природа се мрзливи суштества кои само кога се гладни, излегуваат на површината на езерото, ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.

извор: Маркукуле.мк

The post „Мистични риби” со големина на кит проголтувале цели бродови во Тиквешкото Езеро appeared first on Република.

]]>

Убавините на Македонија се небројни. Тие убавини кријат многу мистерии поврзани со разни периоди од историјата, со народите кои се населувале и кои со себе ја носеле својата култура, традиција, обичаи. Една од таквите мистерии е поврзана со Тиквешкото Езеро. Навидум за многумина тоа е само една обична измислена приказна од тиквешките рибари. Се работи за „мистичните риби” во езерото кои многу личат на сомовите, но со големина на кит. Приказната се пренесува од генерации на генерации. Луѓето раскажуваат дека овие риби биле толку големи што проголтувале цели чамци со луѓе. Во прилог на приказната оди тоа што, пред неколку години словенечки нуркачи биле запрепастени од тоа што го виделе на дното од езерото. Тие велат дека виделе сомови кои се премногу стари и со невидена до сега големина. Сомовите по својата природа се мрзливи суштества кои само кога се гладни, излегуваат на површината на езерото, ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе. извор: Маркукуле.мк

The post „Мистични риби” со големина на кит проголтувале цели бродови во Тиквешкото Езеро appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро https://republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-kje-barame-od-vlada-zgolemuvanje-od-pet-procenti-na-minimalnata-kota-na-tikveshko-ezero/ Wed, 09 Feb 2022 12:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=456234

Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро. Во меѓувреме ќе соработуваме со сите засегнати страни. Се надевам дека ќе најдеме решение за подобра состојба со езерото, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во Кавадарци, по средбата со претставници на иницијативата за спас на Тиквешко Езеро.

Тој додаде дека сите сме свесни дека кога била изградена ХЕЦ „Тиквеш”, како и другите хидроцентрали, биле за производство на струја.

Во меѓувреме работите се менуваат. Сега има активности во земјоделството, туризмот. Не се исти приоритетите од пред 60 години и денес, нагласи министерот.

Претставници од иницијативата за спас на Тиквешкото Езеро, побараа порационално да се троши водата од езерото, со цел нивото да биде повисоко, за да не бидат доведени во прашање биодиверзитетот и туризмот. На средбата беше кажано дека целта може да биде постигната, со брзи решенија и законски измени околу тоа, до кое ниво може да се користи водата од Тиквешко.

Директорот на ХЕЦ ,,Тиквеш” Кавадарци, Ѓоко Ташев појасни дека работат според план. Тој информираше дека поради суша, неколку години не се произведувало над планот. Тој соопшти дека се работи според водостопанска основа, со која се утврдува начинот на користење на водата, при што во одреден период од годината, приоритет има наводнувањето. Тој нагласи дека, исто така, се работи според диспечерските центри, за потребите на електроенергетскиот систем на државата.

На средбата, присуствуваа и пратениците Даниела Колева, Зоран Јованчев и Панчо Минов, градоначалникот Митко Јанчев, раководителот на подружницата ,,Тиквеш” на Водостопанство, како и други учесници и комисии, меѓу кои и претседателите на еколошкото друштво ,,Еко-живот” и планинарско спортското друштво ,,Орле”, Роберто Паризов и Никола Минчоров, како и претставници од Движењето на екологисти.

Беше најавен и нов состанок на оваа тема.

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев рече дека министерот ќе побара од Влада определување на минимална кота на нивото на езерото. Понатаму, да се изработи анализа за понатамошно работење на ХЕЦ ,,Тиквеш”.

Верувам во овој министер дека транспарентно и објективно ќе си ја заврши неговата надлежност и дека будно ќе ја алармира Владата во делот на животната средина, нагласи Јанчев.

The post Нуредини: Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>

Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро. Во меѓувреме ќе соработуваме со сите засегнати страни. Се надевам дека ќе најдеме решение за подобра состојба со езерото, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во Кавадарци, по средбата со претставници на иницијативата за спас на Тиквешко Езеро. Тој додаде дека сите сме свесни дека кога била изградена ХЕЦ „Тиквеш”, како и другите хидроцентрали, биле за производство на струја.
Во меѓувреме работите се менуваат. Сега има активности во земјоделството, туризмот. Не се исти приоритетите од пред 60 години и денес, нагласи министерот.
Претставници од иницијативата за спас на Тиквешкото Езеро, побараа порационално да се троши водата од езерото, со цел нивото да биде повисоко, за да не бидат доведени во прашање биодиверзитетот и туризмот. На средбата беше кажано дека целта може да биде постигната, со брзи решенија и законски измени околу тоа, до кое ниво може да се користи водата од Тиквешко. Директорот на ХЕЦ ,,Тиквеш” Кавадарци, Ѓоко Ташев појасни дека работат според план. Тој информираше дека поради суша, неколку години не се произведувало над планот. Тој соопшти дека се работи според водостопанска основа, со која се утврдува начинот на користење на водата, при што во одреден период од годината, приоритет има наводнувањето. Тој нагласи дека, исто така, се работи според диспечерските центри, за потребите на електроенергетскиот систем на државата. На средбата, присуствуваа и пратениците Даниела Колева, Зоран Јованчев и Панчо Минов, градоначалникот Митко Јанчев, раководителот на подружницата ,,Тиквеш” на Водостопанство, како и други учесници и комисии, меѓу кои и претседателите на еколошкото друштво ,,Еко-живот” и планинарско спортското друштво ,,Орле”, Роберто Паризов и Никола Минчоров, како и претставници од Движењето на екологисти. Беше најавен и нов состанок на оваа тема. Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев рече дека министерот ќе побара од Влада определување на минимална кота на нивото на езерото. Понатаму, да се изработи анализа за понатамошно работење на ХЕЦ ,,Тиквеш”.
Верувам во овој министер дека транспарентно и објективно ќе си ја заврши неговата надлежност и дека будно ќе ја алармира Владата во делот на животната средина, нагласи Јанчев.

The post Нуредини: Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>