тиквешија Archives - Република https://republika.mk/tema/tikveshija/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 13:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тиквешија Archives - Република https://republika.mk/tema/tikveshija/ 32 32 Трипуновски на теренска посета во Тиквешијата, досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-na-terenska-poseta-vo-tikveshijata-dosega-se-otkupeni-30-milioni-kilogrami-vinsko-grozje/ Sat, 31 Aug 2024 13:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=811800

Денес заедно со Васе Анакиев, Директор на Државниот земјоделски инспекторат сме на теренска посета во Тиквешијата. Сакаме од лице место да видиме како се одвива откупот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Моментално се наоѓаме кај еден од лозарите, директно на терен да видиме како оди бербата. И од тука продолжуваме по откупните пунктови се со цел да направиме еден личен увид во делот на откупот, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека од тоа што досега го има како информација, смета дека откупот се одвива солидно, без поголеми забелешки од страна на лозарите и од винарските визби.

-Досега согласно податоците на Земјоделскиот инспекторат се откупени околу 30 милиони килограми. Сметаме дека наредниве десетина дена можеби ќе заврши најголем дел од бербата кај лозарите, со тоа што практично она што го договоривме пред почетокот на бербата гледаме дека се почитува, изјави Трипуновски.

Тој посочи дека дел од винарските визби дури даваат плус од тоа што веќе е договорено, заради тоа што има одличен квалитет на винското грозје од оваа реколта.

The post Трипуновски на теренска посета во Тиквешијата, досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје appeared first on Република.

]]>

Тиквешките џоломари подготвени за утрешното бркање лоши духови https://republika.mk/vesti/kultura/tikveshkite-dholomari-podgotveni-za-utreshnoto-brkane-loshi-duhovi/ Sat, 13 Jan 2024 12:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=732587

Тиквешките џоломари се подготвени за утрешното бркање на лоши духови, со клопотарци и страшни маски, долгогодишна традиција на секоја Василица, кажуваат за МИА, џоломарските групи од неколку села.

Со страшни маски и клопотарци врзани околу половините правејќи врева, џоломарите од тиквешките села низ ритуали со драмски и комични елементи со магиски дејства, бркаат лоши духови. Во џоломарската дружина се главно петнаесетина мажи со наметки и ќулафки, панталони шајачки, гумени опинци, волнени чарапи, со кожни ремени околу половината со 10-15 клопотарци и ѕвонци тешки над 15 килограми, мустаќи и брада од волна, вештачки грпки. Лицата им се исцрнети и маскирани со саѓи од огништата. Со себе носат реквизити како кросно од разбој, дрвени стапови заоблени на едниот крај, патерици, рачки од рало, лејки, кои означуваат стремеж за зголемување на плодноста и благослов за бериќет и општа благосостојба во новата година. Жени не учествуваат, појаснуваат организаторите.

Целата своевидна драма под отворено небо почнува вечерта на 13 јануари, кога сретсело се палат огнови на кои се собира и старо и младо.

Утредента се облекуваат маските. Меѓу џоломарите ќе забележите зет и невеста, дедо и баба, поп. Се прави обредна игра со врева со која се бркаат сите сеништа. Има и времени полови симулации врз невестата.  Тука е и симболичното ударање со стапови по задникот на случаен избраник, кое треба да му донесе среќа, а тој дава по некоја пара за благослов. Потоа, џоламарите со накитено магаре коледуваат од куќа во куќа и добиваат најразлични подароци во храна, која подоцна се јаде на заедничка гозба, објаснуваат џоломарите од Бегниште.

Мистичните џоломари, своевремено беа инспирација и за стиховите од песната „Џоломар“, напишани од познатиот кавадаречки хуморист Илија Неделков - Ограјски.

Господа и дами со и без чалами и галами, нека знае Интерпол и Ција, оти никогаш нема да се откажеме од оваа традиција. Се на светот да се фироса и сокине, џоломарското име нема да загине, се вели во песната.

The post Тиквешките џоломари подготвени за утрешното бркање лоши духови appeared first on Република.

Од утре лозарите од Тиквешијата на улица https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-lozarite-od-tikveshijata-na-ulica/ Sat, 14 May 2022 14:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=502229

Поради повеќе нерешени проблеми во лозарството, од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ за во недела најавија протест и блокада на патот Кавадарци – Неготино.

-Од 11 до 13 часот ќе имаме протест. Затоа сега ги поканувам сите лозари од Тиквешијата да дојдат бидејќи работата е за никаде. Нашите барања министерството ги знае, но ништо не преземаат. Имаме проблеми со наводнувањето, неисплатеното грозје, неисплатени средства за измрзнување на овошните насади, на некои исплатија, на некои не, имаме неисплатени средства за сушата…., посочија тие.

The post Од утре лозарите од Тиквешијата на улица appeared first on Република.

Трипуновски: Во Тиквешијата нема да се бере квалитетно грозје – за лозјата нема вода! https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-vo-tikveshijata-nema-da-se-bere-kvalitetno-grozje-za-lozjata-nema-voda/ Sat, 30 Apr 2022 13:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=495701

На барање на земјоделците од Тиквешкиот регион претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски оствари неколку средби, на кои се разговарало за наводнувањето на раноградинарските, овоштарството и на лозарството во овој регион.

Ги посетивме пумпната станица „Марена“ на која што практично каналите се суви, таа покрива над 1.000 хектари површини кои што треба да ги задоволи со вода за наводнување, меѓутоа заради неспособноста на власта од 6 пумпи кои се во пумпната станица, ниту една не е во функција, а веќе законскиот рок за почеток на полевање, односно 15 април е одамна поминат.

Тоа значи дека лозовите насади, овошните насади на коишто во моментов им е најпотребна вода за наводнување бидејќи го формираат почетокот на родот за оваа година, ќе останат без наводнување, односно значи дека оваа година ќе имаме сериозно намалување и по квалитет и по квантитет на приносот и на грозје и на градинарски, односно овоштарските култури.

Втората локација која ја посетивме од каде што ја даваме оваа изјава е сифонот „Макарија“ кој покрива околу 3.500 хектари површина од овој дел на тиквешкиот регион. Исто така како што гледате од снимките и овој канал е речиси сув, односно нема вода којашто треба да биде достапна до сите земјоделци коишто имаат потреба.

Исто така овој сифон дел од водата која треба да ги снабдува земјоделците се оние кои произведуваат раноградинарски производи, поточно лук кој е доста познат во овој дел на нашата република, но и тие се соочуваат со сериозен недостаток на вода што значи нивната реколта ќе биде сериозно оштетена, констатира Трипуновски по посетата.

Тој упатува критика до властадека сувите канали и недостатокот на вода е само потврда дека македонскиот аграр е клекнат на колена.

АД Водостопанство кое што е најповикано и целата влада за да обезбедат услови во вакви тешки ситуации на светско ниво да обезбедат вода за наводнување, гледаме дека единствено приоритет имаат ископите на песок и сепарациите, а не и примарната намена на АД Водостопанство, а тоа е снабдување со вода на сите земјоделски површини.

Ова е уште еден показател дека власта се занимава со политиканство, а не со сериозни мерки коишто навистина ќе ги помогнат земјоделците во овие тешки денови.

Ова што сега се случува со недостаток на вода за полевање во овој дел на Тиквешијата кој е најпознат по производството на винското грозје, оваа година ќе претрпи сериозни штети и по квалитет и по квантитет, а тоа значи дека оние семејства и земјоделци кои егзистираат од оваа гранка едноставно оваа година ќе бидат до работ на егзистенција заради човечки фактор, а тоа е власта и АД Водостопанство кои не си ги завршуваат своите надлежности и законски активности кои треба да обезбедат сериозна количина на вода за полевање за оваа производна година.

The post Трипуновски: Во Тиквешијата нема да се бере квалитетно грозје – за лозјата нема вода! appeared first on Република.

]]>

На барање на земјоделците од Тиквешкиот регион претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски оствари неколку средби, на кои се разговарало за наводнувањето на раноградинарските, овоштарството и на лозарството во овој регион.
Ги посетивме пумпната станица „Марена“ на која што практично каналите се суви, таа покрива над 1.000 хектари површини кои што треба да ги задоволи со вода за наводнување, меѓутоа заради неспособноста на власта од 6 пумпи кои се во пумпната станица, ниту една не е во функција, а веќе законскиот рок за почеток на полевање, односно 15 април е одамна поминат. Тоа значи дека лозовите насади, овошните насади на коишто во моментов им е најпотребна вода за наводнување бидејќи го формираат почетокот на родот за оваа година, ќе останат без наводнување, односно значи дека оваа година ќе имаме сериозно намалување и по квалитет и по квантитет на приносот и на грозје и на градинарски, односно овоштарските култури. Втората локација која ја посетивме од каде што ја даваме оваа изјава е сифонот „Макарија“ кој покрива околу 3.500 хектари површина од овој дел на тиквешкиот регион. Исто така како што гледате од снимките и овој канал е речиси сув, односно нема вода којашто треба да биде достапна до сите земјоделци коишто имаат потреба. Исто така овој сифон дел од водата која треба да ги снабдува земјоделците се оние кои произведуваат раноградинарски производи, поточно лук кој е доста познат во овој дел на нашата република, но и тие се соочуваат со сериозен недостаток на вода што значи нивната реколта ќе биде сериозно оштетена, констатира Трипуновски по посетата.
Тој упатува критика до властадека сувите канали и недостатокот на вода е само потврда дека македонскиот аграр е клекнат на колена.
АД Водостопанство кое што е најповикано и целата влада за да обезбедат услови во вакви тешки ситуации на светско ниво да обезбедат вода за наводнување, гледаме дека единствено приоритет имаат ископите на песок и сепарациите, а не и примарната намена на АД Водостопанство, а тоа е снабдување со вода на сите земјоделски површини. Ова е уште еден показател дека власта се занимава со политиканство, а не со сериозни мерки коишто навистина ќе ги помогнат земјоделците во овие тешки денови. Ова што сега се случува со недостаток на вода за полевање во овој дел на Тиквешијата кој е најпознат по производството на винското грозје, оваа година ќе претрпи сериозни штети и по квалитет и по квантитет, а тоа значи дека оние семејства и земјоделци кои егзистираат од оваа гранка едноставно оваа година ќе бидат до работ на егзистенција заради човечки фактор, а тоа е власта и АД Водостопанство кои не си ги завршуваат своите надлежности и законски активности кои треба да обезбедат сериозна количина на вода за полевање за оваа производна година.

The post Трипуновски: Во Тиквешијата нема да се бере квалитетно грозје – за лозјата нема вода! appeared first on Република.

]]>