тиктокер Archives - Република https://republika.mk/tema/tiktoker/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Dec 2023 09:52:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тиктокер Archives - Република https://republika.mk/tema/tiktoker/ 32 32 Млад босански тиктокер пронајден мртов: Дали со своето последно видео ја навести смртта? https://republika.mk/vesti/balkan/mlad-bosanski-tiktoker-pronajden-mrtov-dali-so-svoeto-posledno-video-ja-navesti-smrtta/ Sun, 17 Dec 2023 09:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=723875

Младиот балкански инфлуенсер и тиктокер „Erwin_Beg“ кој живееше во Австрија, пред неколку дена е пронајден мртов во Грац.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, Ервин Бегиќ (23), како што му е вистинското име, најверојатно се самоубил со бесење.

Бегиќ се прослави на социјалните мрежи како личност која сака луксуз, па во видеата кои ги објавуваше доминираа скапи автомобили, атрактивни локации и брендирана гардероба.

Засега нема никаква информација зошто би можел да посегне по сопствениот живот, но многумина се сомневаат дека Ервин имал љубовни проблеми.

По трагедијата, сега сите го коментираат последното видео кое го објавил на „Тик Ток“ - селфи, а во позадина се слуша рефренот „Лажеш ме љубави“. Снимката е објавена истиот ден кога Бегиќ е пронајден мртов во неговиот дом.

@erwin_beg♬ LAZES ME LJUBAVI X SWXY AND I KNOW IT DJ YvNG - yvng

 

 

The post Млад босански тиктокер пронајден мртов: Дали со своето последно видео ја навести смртта? appeared first on Република.

]]>

Младиот балкански инфлуенсер и тиктокер „Erwin_Beg“ кој живееше во Австрија, пред неколку дена е пронајден мртов во Грац. Како што пренесуваат регионалните медиуми, Ервин Бегиќ (23), како што му е вистинското име, најверојатно се самоубил со бесење. Бегиќ се прослави на социјалните мрежи како личност која сака луксуз, па во видеата кои ги објавуваше доминираа скапи автомобили, атрактивни локации и брендирана гардероба. Засега нема никаква информација зошто би можел да посегне по сопствениот живот, но многумина се сомневаат дека Ервин имал љубовни проблеми.
По трагедијата, сега сите го коментираат последното видео кое го објавил на „Тик Ток“ - селфи, а во позадина се слуша рефренот „Лажеш ме љубави“. Снимката е објавена истиот ден кога Бегиќ е пронајден мртов во неговиот дом.
@erwin_beg♬ LAZES ME LJUBAVI X SWXY AND I KNOW IT DJ YvNG - yvng
 
 

The post Млад босански тиктокер пронајден мртов: Дали со своето последно видео ја навести смртта? appeared first on Република.

]]>
Лиценцата му е одземена на седум години: Судот на честа при Лекарската комора донесе одлука за анестезиологот Тиктокер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/litsentsata-mu-e-odzemena-na-sedum-godini-sudot-na-chesta-pri-lekarskata-komora-donese-odluka-za-anesteziologot-tiktoker/ Mon, 24 Apr 2023 12:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=633586

Судот на честа при Лекарската комора на денешната седница привремено да му ја одземе одлучи лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши во период од седум години.

Судот на честа при Лекарската комора на Република  Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.
Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРМ како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика, велат од Лекарската комора.

Оттаму додадаваат дека докторот на медицина својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство. Тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци. Почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдевно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите. И најстручниот лекар не е доволно добар лекар ако не ги почитува етичките норми и правила.

Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја нема да дозволи дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата. Со денешната одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите веруваат во етичките вредности и правила и силно ќе се залагаат за нивно доследно почитување во работата, велат од Комората.

Обвинителен предлог против анестезиологот Валтон Дервиши од тетовската болница поднесе Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово кој на социјалната мрежа ТикТок снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

Тој е обвинет за кривични дела – Несовесно работење во службата како и Неовластено снимање.

Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права – велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Инаку веќе неколку дена вработените во тетовската болница функционираат под нови правила за однесување во тетовската болница, но и на социјалните мрежи по скандалот со ТикТок анестезиологот.

Дирекоторот на тетовската болница Плуб Вела подготви правилник според кој им е посочено на сите вработени во клиниката како треба да се однесуваат.

Новиот правилник го испративме до сите раководители на одделенијата и ќе го пренесат на сите лекари, медицински сестри, медицински техничари и хигиеничари. Главната причина е да се спречат неправилните дејствија што се случија во болницата пред неколку дена, за жал, да се спречат ваквите дела и нормално да се зголеми квалитетот на услугата на пациентите. Но, една од мерките што ќе ги преземеме е воведување компанија за обезбедување со што би ја зголемиле безбедноста на пациентите и вработените како и почитувањето на работното време – вели Пелумб Вела, директор на тетовската болница.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити изјави дека според негови информации уапсениот анестезиолог од тетовската болница, кој беше приведен откако снимал и емитувал пациенти во живо на ТикТок, се појавувал на работа под дејство на наркотици. Ова однесување на анестезиологот не било испитано и санкционирано од причина што во болницата не била формирана дисциплинска комисија.

Јас добив непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот од Тетово, но немаше ништо запишано и претходно не била покрената никаква постапка, дисциплинска или каква било друга – изјави денеска Меџити.

Веднаш по настанот од работа беше отпуштен тетовскиот анестезиолог за што информираше министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој изрази големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и рече дека ќе направат се’ за во иднина да не ни се случи вакво нешто.

И Вела го осуди непрофесионалното однесување на медициското лице, а осуда стигна и од лекарската комора.

Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки, рекоа од Лекарската комора.

Инаку за потсетување, анестезиологот од Тетово на 14 април се појави во живо на ТикТок во утринските часови од одделението на Гинекологија во Тетово. По емитувањето на видеото на мрежата и прилогот на ТВ21, директорот на болницата го пријавил случајот во полиција, по што анестезиологот бил приведен и на предлог на обвинителот, судија на претходна постапка му определи мерка од 8-дневен притвор.

The post Лиценцата му е одземена на седум години: Судот на честа при Лекарската комора донесе одлука за анестезиологот Тиктокер appeared first on Република.

]]>

Судот на честа при Лекарската комора на денешната седница привремено да му ја одземе одлучи лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши во период од седум години. Судот на честа при Лекарската комора на Република  Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето. Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРМ како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика, велат од Лекарската комора. Оттаму додадаваат дека докторот на медицина својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство. Тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци. Почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдевно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите. И најстручниот лекар не е доволно добар лекар ако не ги почитува етичките норми и правила. Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја нема да дозволи дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата. Со денешната одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите веруваат во етичките вредности и правила и силно ќе се залагаат за нивно доследно почитување во работата, велат од Комората. Обвинителен предлог против анестезиологот Валтон Дервиши од тетовската болница поднесе Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Тетово кој на социјалната мрежа ТикТок снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. Тој е обвинет за кривични дела – Несовесно работење во службата како и Неовластено снимање. Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права – велат од ОЈО. Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Инаку веќе неколку дена вработените во тетовската болница функционираат под нови правила за однесување во тетовската болница, но и на социјалните мрежи по скандалот со ТикТок анестезиологот. Дирекоторот на тетовската болница Плуб Вела подготви правилник според кој им е посочено на сите вработени во клиниката како треба да се однесуваат.
Новиот правилник го испративме до сите раководители на одделенијата и ќе го пренесат на сите лекари, медицински сестри, медицински техничари и хигиеничари. Главната причина е да се спречат неправилните дејствија што се случија во болницата пред неколку дена, за жал, да се спречат ваквите дела и нормално да се зголеми квалитетот на услугата на пациентите. Но, една од мерките што ќе ги преземеме е воведување компанија за обезбедување со што би ја зголемиле безбедноста на пациентите и вработените како и почитувањето на работното време – вели Пелумб Вела, директор на тетовската болница.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити изјави дека според негови информации уапсениот анестезиолог од тетовската болница, кој беше приведен откако снимал и емитувал пациенти во живо на ТикТок, се појавувал на работа под дејство на наркотици. Ова однесување на анестезиологот не било испитано и санкционирано од причина што во болницата не била формирана дисциплинска комисија.
Јас добив непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот од Тетово, но немаше ништо запишано и претходно не била покрената никаква постапка, дисциплинска или каква било друга – изјави денеска Меџити.
Веднаш по настанот од работа беше отпуштен тетовскиот анестезиолог за што информираше министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој изрази големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и рече дека ќе направат се’ за во иднина да не ни се случи вакво нешто. И Вела го осуди непрофесионалното однесување на медициското лице, а осуда стигна и од лекарската комора. Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки, рекоа од Лекарската комора. Инаку за потсетување, анестезиологот од Тетово на 14 април се појави во живо на ТикТок во утринските часови од одделението на Гинекологија во Тетово. По емитувањето на видеото на мрежата и прилогот на ТВ21, директорот на болницата го пријавил случајот во полиција, по што анестезиологот бил приведен и на предлог на обвинителот, судија на претходна постапка му определи мерка од 8-дневен притвор.

The post Лиценцата му е одземена на седум години: Судот на честа при Лекарската комора донесе одлука за анестезиологот Тиктокер appeared first on Република.

]]>
Суспендиран докторот тиктокерот од Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/suspendiran-doktorot-tiktokerot-od-tetovo/ Sat, 15 Apr 2023 16:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=631087

Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме се за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога доктор анестезиолог од Тетовската болница снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „тик-ток“.

- Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.

Директорот на Клиничка болница, Вела исто така изрази жалење за настанот и појасни дека лично го пријавил случајот во полиција откако разбрал за објавената снимка.

-Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, кажа Вела.

Министерот Меџити зборуваше и за проблемот со набавка на лекот трикафта.

-Од првиот ден сме информирани за се. Веднаш се зафативме за овој проблем за да го решиме долгорочно и квалитетно за пациентите да добијат подобар лек. Ние тогаш, заедно со премиерот и Владата, обезбедивме лек за осум пациенти и за четири други пациенти. Нема да застанеме тука но верувајте дека нема комисија за цистична фиброза, нема протоколи, нема процедури, изјави Меџити.

Пред три-четири недели, нагласи, формиравме комисија за цистична фиброза и повикавме претставници од сите засегнати страни, а ќе има и претставник од организацијата за цистична фиброза за овој проблем еднаш за секогаш да го решиме.

-Но, не сме ние тие кои одлучуваат кој пациент ќе го прима лекот. За тоа го одлучуваат експертите во здравството и ние тука не можеме да се мешаме, посочи Меџити

The post Суспендиран докторот тиктокерот од Тетово appeared first on Република.

]]>

Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме се за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога доктор анестезиолог од Тетовската болница снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „тик-ток“.
- Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.
Директорот на Клиничка болница, Вела исто така изрази жалење за настанот и појасни дека лично го пријавил случајот во полиција откако разбрал за објавената снимка. -Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, кажа Вела. Министерот Меџити зборуваше и за проблемот со набавка на лекот трикафта.
-Од првиот ден сме информирани за се. Веднаш се зафативме за овој проблем за да го решиме долгорочно и квалитетно за пациентите да добијат подобар лек. Ние тогаш, заедно со премиерот и Владата, обезбедивме лек за осум пациенти и за четири други пациенти. Нема да застанеме тука но верувајте дека нема комисија за цистична фиброза, нема протоколи, нема процедури, изјави Меџити.
Пред три-четири недели, нагласи, формиравме комисија за цистична фиброза и повикавме претставници од сите засегнати страни, а ќе има и претставник од организацијата за цистична фиброза за овој проблем еднаш за секогаш да го решиме. -Но, не сме ние тие кои одлучуваат кој пациент ќе го прима лекот. За тоа го одлучуваат експертите во здравството и ние тука не можеме да се мешаме, посочи Меџити

The post Суспендиран докторот тиктокерот од Тетово appeared first on Република.

]]>
Јас сум најпаметниот политичар на светот: Берлускони стана ТикТокер и кажа виц за себе, Путин и Бајден https://republika.mk/vesti/svet/jas-sum-najpametniot-politichar-na-svetot-berluskoni-stana-tiktoker-i-kaza-vic-za-sebe-putin-i-bajden/ Fri, 02 Sep 2022 13:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=546787

Поранешниот италијански премиер и лидер на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони стана ѕвезда на ТикТок откако неговото прво видео беше прегледано повеќе од три милиони пати.

@silvio.berlusconi Salve ragazzi, ci siamo incontrati per la prima volta su #TikTok, che per quanto mi riguarda avrei preferito chiamare Tik Tok Tak. Cosi è più completo! Vi ho detto che vi avrei intrattenuti su argomenti che possono riguardarvi da vicino. Ma ho pensato anche che per mantenere i rapporti con gli altri bisogna tendere alla massima cordialità. Uno degli strumenti per arrivare a farlo sono le #barzellette, perchè sono terapeutiche. Poi penseremo a parlare di programmi. Tik Tok Tak! #silvioberlusconi #berlusconi #forzaitlia🇮🇹 ♬ suono originale - Silvio Berlusconi

Охрабрен од успехот на оваа социјална мрежа, харизматичниот Берлускони објави ново видео во кое раскажува шега за себе, за претседателите на САД и Русија и за Папата.

@silvio.berlusconi Ciao ragazzi, eccomi qua. Vi do il benvenuto sul mio canale ufficiale #Tiktok per parlare dei temi che più stanno a cuore a Forza Italia e al sottoscritto e che vi riguardano da vicino: parleremo e discuteremo del vostro #futuro Vi racconterò di come vogliamo rendere l'#Italia un Paese che possa darvi nuove opportunità e la possibilità di realizzare i vostri sogni. Ci rivediamo presto su TikTok ! #silvioberlusconi #berlusconi #elezioni #forzaitalia🇮🇹💪❤️ #politica #giovani ♬ suono originale - Silvio Berlusconi

Авион лета преку Атлантикот, а во авионот се Џо Бајден, Владимир Путин, Силвио Берлускони, Папата и неговиот млад помошник. Во еден момент пилотите сфаќаат дека ќе останат без гориво и дека авионот ќе се урне за пет минути, ја почнува својата шега Берлускони.

Тој понатаму продолжува со шегата.

Тогаш дознаваат дека во авионот има само четири падобрани за петте патници. Џо Бајден го фаќа првиот и вели: „Овој е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Запад“. Владимир Путин зема друг и вели: „Ова е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Истокот“. Силвио Берлускони чекори и вели: „Овој е за мене затоа што сите знаат дека сум најпаметниот политичар на светот!“

 

Младиот помошник на Папата се врти кон папата и му го дава преостанатиот падобран. Папата, го отфрла со коментар дека живеел долг и среќен живот и му вели на помошникот да го земе.

 

На тоа неговиот помошник одговара: „Останаа два падобрана затоа што најпаметниот политичар на светот се фрли со мојот ранец - смеејќи се Берлускони ја заврши својата шега.

 

The post Јас сум најпаметниот политичар на светот: Берлускони стана ТикТокер и кажа виц за себе, Путин и Бајден appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер и лидер на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони стана ѕвезда на ТикТок откако неговото прво видео беше прегледано повеќе од три милиони пати.
@silvio.berlusconi Salve ragazzi, ci siamo incontrati per la prima volta su #TikTok, che per quanto mi riguarda avrei preferito chiamare Tik Tok Tak. Cosi è più completo! Vi ho detto che vi avrei intrattenuti su argomenti che possono riguardarvi da vicino. Ma ho pensato anche che per mantenere i rapporti con gli altri bisogna tendere alla massima cordialità. Uno degli strumenti per arrivare a farlo sono le #barzellette, perchè sono terapeutiche. Poi penseremo a parlare di programmi. Tik Tok Tak! #silvioberlusconi #berlusconi #forzaitlia🇮🇹 ♬ suono originale - Silvio Berlusconi
Охрабрен од успехот на оваа социјална мрежа, харизматичниот Берлускони објави ново видео во кое раскажува шега за себе, за претседателите на САД и Русија и за Папата.
@silvio.berlusconi Ciao ragazzi, eccomi qua. Vi do il benvenuto sul mio canale ufficiale #Tiktok per parlare dei temi che più stanno a cuore a Forza Italia e al sottoscritto e che vi riguardano da vicino: parleremo e discuteremo del vostro #futuro Vi racconterò di come vogliamo rendere l'#Italia un Paese che possa darvi nuove opportunità e la possibilità di realizzare i vostri sogni. Ci rivediamo presto su TikTok ! #silvioberlusconi #berlusconi #elezioni #forzaitalia🇮🇹💪❤️ #politica #giovani ♬ suono originale - Silvio Berlusconi
Авион лета преку Атлантикот, а во авионот се Џо Бајден, Владимир Путин, Силвио Берлускони, Папата и неговиот млад помошник. Во еден момент пилотите сфаќаат дека ќе останат без гориво и дека авионот ќе се урне за пет минути, ја почнува својата шега Берлускони.
Тој понатаму продолжува со шегата.
Тогаш дознаваат дека во авионот има само четири падобрани за петте патници. Џо Бајден го фаќа првиот и вели: „Овој е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Запад“. Владимир Путин зема друг и вели: „Ова е за мене затоа што јас сум најмоќниот човек на Истокот“. Силвио Берлускони чекори и вели: „Овој е за мене затоа што сите знаат дека сум најпаметниот политичар на светот!“   Младиот помошник на Папата се врти кон папата и му го дава преостанатиот падобран. Папата, го отфрла со коментар дека живеел долг и среќен живот и му вели на помошникот да го земе.   На тоа неговиот помошник одговара: „Останаа два падобрана затоа што најпаметниот политичар на светот се фрли со мојот ранец - смеејќи се Берлускони ја заврши својата шега.
 

The post Јас сум најпаметниот политичар на светот: Берлускони стана ТикТокер и кажа виц за себе, Путин и Бајден appeared first on Република.

]]>