Теута Ајдини-Јегени Archives - Република https://republika.mk/tema/teuta-ajdini-jegeni/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Mar 2023 07:35:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Теута Ајдини-Јегени Archives - Република https://republika.mk/tema/teuta-ajdini-jegeni/ 32 32 Невозможно е за театарот да зборуваш спокојно, вели Теута Ајдини-Јегени во пораката по повод Светскиот ден на театарот https://republika.mk/vesti/kultura/nevozmozhno-e-za-teatarot-da-zboruvash-spokojno-veli-teuta-ajdini-jegeni-vo-porakata-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Mon, 27 Mar 2023 07:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=624053

Македонскиот центар ИТИ/Продукција секоја година го одбележува Светскиот ден на театарот – 27 март со избор на авторот на националната порака и превод на светската порака, кои се читаат пред секоја претстава што се изведува во македонските театри на тој ден.

Првенката на Албански театар во Скопје, Теута Ајдини-Јегени е авторка на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март. Ајдини - Јегени играла во триесетина театарски претстави (во матичниот театар во Скопје, во Националниот театар во Косово и во независни продукции), како и во десетина играни и телевизиски филмови и серии. Добитничка е на повеќе театарски и филмски награди.

Кога ја добив поканата од Македонскиот центар на Интернационален театарски институт, да ја пренесам годинешната порака за Светскиот ден на театарот, со што сум исклучително почестена, се сетив на една мисла која ја прочитав некаде, а која вели дека е невозможно за театарот да зборуваш спокојно. И мислам дека тоа е највистинскиот одговор на прашањето „што е за тебе театарот?“, посебно за некој кој што е со театарот буквално од кога знае за себе; некој кој што растел и старее со него. Накратко, јас не можам мирно и ладнокрвно да речам „знаете, театарот за мене е…“ тоа и тоа… Не можам, затоа што тоа прашање за мене е исто како да ме прашате „што е за тебе животот“? Дури и повеќе од тоа – како да ме прашате „што е за тебе љубовта“?
Љубов! Тоа е вистинскиот збор за театарот – кој ми доаѓа на ум кога мислам на театарот, кога сум во него, на сцената, во публиката, додека ја подготвувам улогата… А чувствата – е, тие не можат да се опишат така лесно со зборови… тука се испреплетени и срцето и душата, и умот и телото, тука се и потта и солзите, и смеата и лутината, и болката и радоста… Тоа е, сигурна сум, она што му се случува на секој театарски деец, затоа што без тие чувства не секој еден учесник во создавањето на идниот живот на една претстава, не ќе може да ја пренесе драмската магија до публиката. Секој еден од нас кој работи и живее со театарот, ја има таа љубов во себе.
Но, да не должам со емоциите…

Се разбира дека театарот не постои единствено за да ѝ ја пренесе на публиката магијата која ја создаваат драмските автори, заедно со режисерите, актерите и сите други театарски творци и работници. Неговата задача и мисија е и да го следи животот, да реагира на случувањата во општеството, во светот, да укаже на опасностите и девијациите во нормалноста и хуманоста, да ги соопшти пораките кои светот и човекот има потреба да ги слушне во времиња на кризи.
Затоа, ќе ја искористам оваа прилика за една порака по повод Светскиот ден на театарот, а за која сум сигурна дека ја испраќам во името на сите мои колеги, сите театарски творци и работници во Република Македонија:

Да ги оставиме драмите да се играат на театарските штици, во костуми, со сценографија, кореографија, под рефлекторите на сцена, со музика… со сето она што ја создава театарската магија пред театарската публика. Нека се смее таа публика, нека се замисли и загрижи, па и нека заплаче… но нека заплаче за судбините на Антигона и Офелија, за оние трагични ликови, кои ние актерите и другите театарски дејци им ги пренесуваме на сцена, од делата на драмските уметници… Да ги отстраниме драмите од нашето секојдневие, од улиците, градовите, селата, каде што поради болните амбиции на некои ликови со моќ и диктаторски амбиции; терористи, екстремисти и манипулатори со верските и етничкитете чувства, страдаат нечии деца, браќа и сестри, родители, љубени, блиски, соседи, сограѓани, сонародници… луѓе од крв и месо.
Драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвари; бидејќи секое наше противење се брои.

И, се разбира: повелете во театар, вели во пораката по повод Светскиот ден на театарот акттерката Ајдини-Јегени.

 

The post Невозможно е за театарот да зборуваш спокојно, вели Теута Ајдини-Јегени во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот центар ИТИ/Продукција секоја година го одбележува Светскиот ден на театарот – 27 март со избор на авторот на националната порака и превод на светската порака, кои се читаат пред секоја претстава што се изведува во македонските театри на тој ден. Првенката на Албански театар во Скопје, Теута Ајдини-Јегени е авторка на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март. Ајдини - Јегени играла во триесетина театарски претстави (во матичниот театар во Скопје, во Националниот театар во Косово и во независни продукции), како и во десетина играни и телевизиски филмови и серии. Добитничка е на повеќе театарски и филмски награди.
Кога ја добив поканата од Македонскиот центар на Интернационален театарски институт, да ја пренесам годинешната порака за Светскиот ден на театарот, со што сум исклучително почестена, се сетив на една мисла која ја прочитав некаде, а која вели дека е невозможно за театарот да зборуваш спокојно. И мислам дека тоа е највистинскиот одговор на прашањето „што е за тебе театарот?“, посебно за некој кој што е со театарот буквално од кога знае за себе; некој кој што растел и старее со него. Накратко, јас не можам мирно и ладнокрвно да речам „знаете, театарот за мене е…“ тоа и тоа… Не можам, затоа што тоа прашање за мене е исто како да ме прашате „што е за тебе животот“? Дури и повеќе од тоа – како да ме прашате „што е за тебе љубовта“? Љубов! Тоа е вистинскиот збор за театарот – кој ми доаѓа на ум кога мислам на театарот, кога сум во него, на сцената, во публиката, додека ја подготвувам улогата… А чувствата – е, тие не можат да се опишат така лесно со зборови… тука се испреплетени и срцето и душата, и умот и телото, тука се и потта и солзите, и смеата и лутината, и болката и радоста… Тоа е, сигурна сум, она што му се случува на секој театарски деец, затоа што без тие чувства не секој еден учесник во создавањето на идниот живот на една претстава, не ќе може да ја пренесе драмската магија до публиката. Секој еден од нас кој работи и живее со театарот, ја има таа љубов во себе. Но, да не должам со емоциите… Се разбира дека театарот не постои единствено за да ѝ ја пренесе на публиката магијата која ја создаваат драмските автори, заедно со режисерите, актерите и сите други театарски творци и работници. Неговата задача и мисија е и да го следи животот, да реагира на случувањата во општеството, во светот, да укаже на опасностите и девијациите во нормалноста и хуманоста, да ги соопшти пораките кои светот и човекот има потреба да ги слушне во времиња на кризи. Затоа, ќе ја искористам оваа прилика за една порака по повод Светскиот ден на театарот, а за која сум сигурна дека ја испраќам во името на сите мои колеги, сите театарски творци и работници во Република Македонија: Да ги оставиме драмите да се играат на театарските штици, во костуми, со сценографија, кореографија, под рефлекторите на сцена, со музика… со сето она што ја создава театарската магија пред театарската публика. Нека се смее таа публика, нека се замисли и загрижи, па и нека заплаче… но нека заплаче за судбините на Антигона и Офелија, за оние трагични ликови, кои ние актерите и другите театарски дејци им ги пренесуваме на сцена, од делата на драмските уметници… Да ги отстраниме драмите од нашето секојдневие, од улиците, градовите, селата, каде што поради болните амбиции на некои ликови со моќ и диктаторски амбиции; терористи, екстремисти и манипулатори со верските и етничкитете чувства, страдаат нечии деца, браќа и сестри, родители, љубени, блиски, соседи, сограѓани, сонародници… луѓе од крв и месо. Драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвари; бидејќи секое наше противење се брои. И, се разбира: повелете во театар, вели во пораката по повод Светскиот ден на театарот акттерката Ајдини-Јегени.
 

The post Невозможно е за театарот да зборуваш спокојно, вели Теута Ајдини-Јегени во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>