Тетовски универзитет Archives - Република https://republika.mk/tema/tetovski-univerzitet/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 13:30:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тетовски универзитет Archives - Република https://republika.mk/tema/tetovski-univerzitet/ 32 32 Донатор на ДУИ станал доцент со минимален просек од 6,7 https://republika.mk/vesti/makedonija/donator-na-dui-stanal-dotsent-so-minimalen-prosek-od-6-7/ Wed, 13 Dec 2023 13:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=722580

Професор од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Тетово со минимален просек од 6,7 се стекнал со звање доцент, соопштија денеска од Форумот за образовни промени. Извршниот директор на Форумот за образовни промени Бленди Ходаи, во изјава за медиумите пред Министерството за образование и наука, рече дека во април годинава до нив пристигнала информација дека Агрон Алили кој предава на Природно-математичкиот факултет при Тетовскиот универзитет бил унапреден во доцент спротивно на законот.

Во јули по претходно поднесена претставка од наша страна до Државниот просветен инспекторат беше потврдено дека бил незаконски унапреден со минимален просек од 6,7 и со немање звање од соодветна научна област, рече Ходаи.

Според Ходаи, оформениот предмет за професорот веќе шест месеци се наоѓа во Министерството за образование и наука и се чека на постапување од страна на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, согласно Законот за високо образование, но до денес не е преземено ништо.

Не веруваме во случајности, посочениот незаконски избран доцент по унапредувањето донирал 180.000 денари во Демократската унија за интеграција. Во Форумот за образовни промени не знаеме колку може да чини унапредувањето на академски звања со пречекорувањето на законот. Но, едно е сигурно дека не може да се плати високата цена на деградација на образованието во државата, рече Ходаи, повикувајќи ги надлежните институции да преземат мерки за санкционирање на прикривањето на предметот.

The post Донатор на ДУИ станал доцент со минимален просек од 6,7 appeared first on Република.

]]>

Тетовскиот универзитет го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов https://republika.mk/vesti/makedonija/tetovskiot-univerzitet-go-ponishti-oglasot-za-izbor-na-rektor-i-ke-objavi-nov/ Mon, 29 May 2023 21:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=645928

Одделението за протокол и односи со јавноста Универзитет во Тетово соопшти дека на денешната седница на нивниот Сенат било одлучено да се поништи тековниот оглас за избор на ректор од 18 мај 2023 и да се распише нов. Според соопштението, причината е со намера изборот да се врши без притисоци од јавноста.

-Сенатот на Универзитетот во Тетово на ден 29.5.2023 г. одржа седница и донесе одлука за поништување на јавниот оглас за избор на ректор, објавен на 18.5.2023 г. и донесе одлука за објавување нов оглас за избор на ректор на Универзитетот во Тетово за мандатниот период 2023-2026 година. Причините поради кои се донесе таква одлука се единствено поради фактот постапката за избор на ректор да се врши без притисоци од јавноста и други трети страни поради кои се нарушува институционалниот интегритет на Универзитетот и се остава простор за заткулисни намери, се вели во соопштението.

Од Одделението за протокол и односи со јавноста велат дека понатамошната постапка за избор на ректор ќе ја спроведува Универзитетската изборна комисија, која е формирана од страна на Сенатот на Универзитетот.

-Иако, Сенатот има и уставно и законско и статутарно право на автономија во донесувањето одлуки во однос на изборот на ректорот, во случајов тоа е јасно утврдено со членот 9 став (4) од Законот за високото образование и членот 9 став (4) од Статутот на Универзитетот во Тетово, поради погоре нотираната причина, беше одлучено критериумите кои ќе бидат содржани во новиот јавен оглас да бидат единствено оние кои се дословно цитирани во Законот, се вели во соопштението.

The post Тетовскиот универзитет го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов appeared first on Република.

Шаќири: Тетовскиот универзитет е расадник на квалитетни кадри https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-tetovskiot-univerzitet-e-rasadnik-na-kvalitetni-kadri/ Fri, 16 Dec 2022 21:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=586704

Универзитетот во Тетово е расадник на квалитетни кадри кои успешно се интегрираат во сите сегменти на општеството и голем дел од нив покажувајќи лидерски способности, учествуваат во креирање на позитивни промени и придвижувањето на државата напред, истакна денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на манифестацијата по повод 28 години од основањето на Универзитетот.

На манифестацијата учествуваа претставници на академската и научната фела во државата, студенти претставници на извршната и законодавната власт во државата, како и претставници на дипломатскиот кор.

-Со основањето на Универзитетот во Тетово, првиот државен универзитет со настава на албански наставен јазик се оствари идејата на многу наши предци, интелектуалци и луѓе со мисија и визија да направат нешто за да се унапреди образованието на Албанците во Македонија. Нивниот некогашен сон денес е реалност во која сите живееме, рече Шаќири во своето обраќање.

Тој изрази благодарност до сите кои имаат придонес во основањето на Универзитетот во Тетово и до сите кои се трудат тој да напредува и да прераснува во еден од најсилните столбови на високообразовниот систем во државата.

-Денеска студии на сите три циклуси се организираат во современ објект, модерни амфитеатри, читални, лаборатории. Универзитетот има добро развиена мрежа на соработка со други образовни установи, со бизнис секторот и разни организации. На располагање се различни видови стипендии за студентите, како и средства за спроведување на научно истражувачки проекти. Најважно, Универзитетот има добро подготвен наставно – научен кадар од кој чест е да се учи и акумулира знаење, нагласи Шаќири.

Тој потсети дека Министерството за образование и наука неодамна изгради нов студентски дом за потребите на студентите од овој Универзитет и по завршување на неколку формалности, тој ќе биде предаден на користење.

Како што рече, оваа нема да биде последна инвестиција на државата во Универзитетот.

-Државната поддршка од сите аспекти ќе продолжи и во иднина, не само за овој, туку и за сите други државни универзитети, затоа што, немаме друга алтернатива освен да им понудиме квалитетно образование на граѓаните, додаде Шаќири.

The post Шаќири: Тетовскиот универзитет е расадник на квалитетни кадри appeared first on Република.

]]>

Универзитетот во Тетово е расадник на квалитетни кадри кои успешно се интегрираат во сите сегменти на општеството и голем дел од нив покажувајќи лидерски способности, учествуваат во креирање на позитивни промени и придвижувањето на државата напред, истакна денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на манифестацијата по повод 28 години од основањето на Универзитетот. На манифестацијата учествуваа претставници на академската и научната фела во државата, студенти претставници на извршната и законодавната власт во државата, како и претставници на дипломатскиот кор.
-Со основањето на Универзитетот во Тетово, првиот државен универзитет со настава на албански наставен јазик се оствари идејата на многу наши предци, интелектуалци и луѓе со мисија и визија да направат нешто за да се унапреди образованието на Албанците во Македонија. Нивниот некогашен сон денес е реалност во која сите живееме, рече Шаќири во своето обраќање.
Тој изрази благодарност до сите кои имаат придонес во основањето на Универзитетот во Тетово и до сите кои се трудат тој да напредува и да прераснува во еден од најсилните столбови на високообразовниот систем во државата.
-Денеска студии на сите три циклуси се организираат во современ објект, модерни амфитеатри, читални, лаборатории. Универзитетот има добро развиена мрежа на соработка со други образовни установи, со бизнис секторот и разни организации. На располагање се различни видови стипендии за студентите, како и средства за спроведување на научно истражувачки проекти. Најважно, Универзитетот има добро подготвен наставно – научен кадар од кој чест е да се учи и акумулира знаење, нагласи Шаќири.
Тој потсети дека Министерството за образование и наука неодамна изгради нов студентски дом за потребите на студентите од овој Универзитет и по завршување на неколку формалности, тој ќе биде предаден на користење. Како што рече, оваа нема да биде последна инвестиција на државата во Универзитетот.
-Државната поддршка од сите аспекти ќе продолжи и во иднина, не само за овој, туку и за сите други државни универзитети, затоа што, немаме друга алтернатива освен да им понудиме квалитетно образование на граѓаните, додаде Шаќири.

The post Шаќири: Тетовскиот универзитет е расадник на квалитетни кадри appeared first on Република.

]]>
За Фуркан: Од синот на тетката до ќерката на баџанакот – ректорот на Тетовскиот универзитет „вработува“ https://republika.mk/vesti/makedonija/za-furkan-od-sinot-na-tetkata-do-kjerkata-na-badzanakot-rektorot-na-tetovskiot-univerzitet-vrabotuva/ Tue, 18 Oct 2022 06:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=562322

На социјалните мрежи кружи список на имиња кои, според она што пишува, се членови на две семејства вработени на Тетовскиот универзитет.

На списокот што е објавен наведени се 25 члена од семејството Амети, односно семејството на ректорот на Тетовскиот универзитет Вулнет Амети.

Сопругата, синот, братот, синот на тетката, братучетка, ќерка на баџанакот - застапени се сите роднински врски,

Вториот дел од листата го сочинуваат членовите на семејството Беадини, професор на Медицинскиот факултет. И кај него е широка лепезата на роднински врски во високообразовната институција: сопруга, братанец, брат, ќерка, син, зет....

На крајот, авторот на овој обемен список се извинува ако заборавил некого, сепак, застапени се 36 лица.

The post За Фуркан: Од синот на тетката до ќерката на баџанакот – ректорот на Тетовскиот универзитет „вработува“ appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи список на имиња кои, според она што пишува, се членови на две семејства вработени на Тетовскиот универзитет. На списокот што е објавен наведени се 25 члена од семејството Амети, односно семејството на ректорот на Тетовскиот универзитет Вулнет Амети. Сопругата, синот, братот, синот на тетката, братучетка, ќерка на баџанакот - застапени се сите роднински врски, Вториот дел од листата го сочинуваат членовите на семејството Беадини, професор на Медицинскиот факултет. И кај него е широка лепезата на роднински врски во високообразовната институција: сопруга, братанец, брат, ќерка, син, зет.... На крајот, авторот на овој обемен список се извинува ако заборавил некого, сепак, застапени се 36 лица.