Тетовски театар Archives - Република https://republika.mk/tema/tetovski-teatar/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 09:20:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тетовски театар Archives - Република https://republika.mk/tema/tetovski-teatar/ 32 32 „Тартиф“ во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар https://republika.mk/vesti/kultura/tartif-vo-rezhija-na-andrej-tsvetanovski-premierno-vo-tetovskiot-teatar/ Thu, 27 Jun 2024 09:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=791209

На 28 и 29 јуни во 20 часот во Тетовскиот театар премиерно ќе биде одиграна претставата „Тартиф“ според Молиер, а во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

Претставата изобилува со визуелни слики и емотивни конфликти меѓу ликовите. Самиот Молиер важи за еден од најзанчајните автори на класичната драматургија и е предизвик за целата екипа, која работеше на ова дело интензивно, вдахнувајќи креативен печат и убава енергија.

Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе. И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?“, изјави режисерот на претставата, Андреј Цветановски.

Во претставата играат: Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски; Оргон – Петрит Незири; Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска; Дорина – Марија Цветановска; Дамис – Марко Богдановски; Клеант – Арѓенд Хасани; Маријана – Ирена Мирческа; Валер – Абдула Османи; Пернел – Берат Салиу; Лојал – Шкумбин Зеќири.

Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се дело на Медина Хоџа, додека зад музиката стои Димитар Андоновски.

Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.

The post „Тартиф“ во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар appeared first on Република.

]]>

На 28 и 29 јуни во 20 часот во Тетовскиот театар премиерно ќе биде одиграна претставата „Тартиф“ според Молиер, а во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Претставата изобилува со визуелни слики и емотивни конфликти меѓу ликовите. Самиот Молиер важи за еден од најзанчајните автори на класичната драматургија и е предизвик за целата екипа, која работеше на ова дело интензивно, вдахнувајќи креативен печат и убава енергија.
Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе. И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?“, изјави режисерот на претставата, Андреј Цветановски.
Во претставата играат: Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски; Оргон – Петрит Незири; Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска; Дорина – Марија Цветановска; Дамис – Марко Богдановски; Клеант – Арѓенд Хасани; Маријана – Ирена Мирческа; Валер – Абдула Османи; Пернел – Берат Салиу; Лојал – Шкумбин Зеќири. Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се дело на Медина Хоџа, додека зад музиката стои Димитар Андоновски. Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.  

The post „Тартиф“ во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар appeared first on Република.

]]>
Единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани преку 42 милиони евра и кој, замислете уште не е готов https://republika.mk/vesti/kultura/edinstveniot-proekt-na-ovaa-vlada-na-dui-koj-teche-neprecheno-kako-dupka-bez-dno-e-tetovskiot-teatar-za-koj-za-8-godini-se-odleani-preku-42-milioni-evra-i-koj-zamislete-ushte-ne-e-gotov/ Tue, 13 Feb 2024 14:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=743670

И конечно зошто чесно и отворено не им кажете на граѓаните дека единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани преку 42 милиони евра. И кој, замислете уште не е готов исто како и патот Кичево - Охрид, пишува Љутков на фејсбук во обраќањето до министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Она кое на сите ни е јасно, дека оваа Влада не уназади, идентитетски не обезличи, не ограби, задолжи и не опустоши во секоја смисла на зборот!!!

Одговорност ќе има!

The post Единствениот проект на оваа Влада на ДУИ, кој тече непречено како дупка без дно е Тетовскиот театар, за кој за 8 години се одлеани преку 42 милиони евра и кој, замислете уште не е готов appeared first on Република.

Почнаа подготовки за претставата „Бог на масакрот“ прва премиера на Тетовски Театар за 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/pochnaa-podgotovki-za-pretstavata-bog-na-masakrot-prva-premiera-na-tetovski-teatar-za-2023-godina/ Wed, 22 Mar 2023 09:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=622339

Тетовски театар информира дека се започнати подготовките за првиот проект за 2023 година изведбата на претставата „Бог на масакрот“ по текст на француската драмска авторка Јасмина Реза. Режисер е Милош Андоновски, а улогите ќе ги толкуваат Ѓорѓи Нешкоски, Ирена Мирческа, Миа Кантарџиева и Марко Богдановски. Сценографијата е на Мартин Манев, а костимографија на Ирина Тошева.

Добивај вести на вибер
Од Тетовски Театар посочуваат дека „Бог на масакрот” е еден од најпознатите текстови на француската драмска авторка Јасмина Реза. Жанровски може да се одреди како мрачна комедија, напишана во 2008 година, но со тема која што е универзална и сè уште актуелна.

-Станува збор за два брачни пара чиишто деца се степале во парк, па така, родителите се среќаваат за да ги помират единаесетгодишните момчиња. Интересното е во тоа што ликовите на децата се присутни во дијалогозите исклучиво со своето отсуство. Тие никогаш не се појавуваат на сцена, па така, двата пара, без задршка, се расправаат за прашања од тоа чие дете е виновно до преиспитување на сопствените бракови. Во претставата „Бог на масакрот” ќе има промена на просторот во којшто се одвива дејството, па наместо во дневната соба на еден од паровите, дејството ќе биде сместено во замислен парк во Тетово, најавува режисерот Милош Андоновски.

Претставата треба премиерно да биде одиграна кон крајот на април или почетокот на мај годинава во Центарот за култура во „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

The post Почнаа подготовки за претставата „Бог на масакрот“ прва премиера на Тетовски Театар за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Тетовски театар информира дека се започнати подготовките за првиот проект за 2023 година изведбата на претставата „Бог на масакрот“ по текст на француската драмска авторка Јасмина Реза. Режисер е Милош Андоновски, а улогите ќе ги толкуваат Ѓорѓи Нешкоски, Ирена Мирческа, Миа Кантарџиева и Марко Богдановски. Сценографијата е на Мартин Манев, а костимографија на Ирина Тошева. Добивај вести на вибер Од Тетовски Театар посочуваат дека „Бог на масакрот” е еден од најпознатите текстови на француската драмска авторка Јасмина Реза. Жанровски може да се одреди како мрачна комедија, напишана во 2008 година, но со тема која што е универзална и сè уште актуелна. -Станува збор за два брачни пара чиишто деца се степале во парк, па така, родителите се среќаваат за да ги помират единаесетгодишните момчиња. Интересното е во тоа што ликовите на децата се присутни во дијалогозите исклучиво со своето отсуство. Тие никогаш не се појавуваат на сцена, па така, двата пара, без задршка, се расправаат за прашања од тоа чие дете е виновно до преиспитување на сопствените бракови. Во претставата „Бог на масакрот” ќе има промена на просторот во којшто се одвива дејството, па наместо во дневната соба на еден од паровите, дејството ќе биде сместено во замислен парк во Тетово, најавува режисерот Милош Андоновски. Претставата треба премиерно да биде одиграна кон крајот на април или почетокот на мај годинава во Центарот за култура во „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.  

The post Почнаа подготовки за претставата „Бог на масакрот“ прва премиера на Тетовски Театар за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Почина актерот Бранко Гечовски-Ѓеко, еден од основачите на Драмското студио во Тетово https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-akterot-branko-gechovski-geko-eden-od-osnovachite-na-dramskoto-studio-vo-tetovo/ Thu, 02 Mar 2023 18:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=615247

На 75-годишна возраст во Тетово вчера почина Бранко Гечовски-Ѓеко, кој целиот живот го помина како актер во Драмското студио во Тетово. Тој половина век настапуваше пред публиката на тетовскиот аматерски театар и претставите кои со децении ги изведуваше заедно со актерите од Драмското студио.

Ѓеко е дел од актерската екипа која уште во 60-тите години го основа Драмското студио пред да биде изграден Домот на култура „Иљо Антески-Смок“. Групата актери настапуваа во кино „19 Ноември“ , а потоа и во Домот на култура, предводени од режисерот Ацо Костоски-Гуштер. Настапуваше се до 2018 година на манифестацијата „И глумците поа“, информираа од Драмското студио Тетово.

Гечовски беше погребан денес во Тетово. Беше сопруг, татко и дедо.

The post Почина актерот Бранко Гечовски-Ѓеко, еден од основачите на Драмското студио во Тетово appeared first on Република.

Премиера на „Граѓанинот благородник“ по текст на Молиер вечерва во Тетовски театар https://republika.mk/vesti/premiera-na-gragjaninot-blagorodnik-po-tekst-na-molier-vecherva-vo-tetovski-teatar/ Thu, 16 Jun 2022 14:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=516022

Актерите од Тетовскиот театар вечерва (16 јуни) на сцената на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, премиерно ќе ја одиграат претставата „Граѓанинот благородник“ по текст на Молиер, во режија на Куштрим Бектеши.

Ова е втора премиера за 2022 година. По премиерата, реприза имаме во петок. Бетим Зеќири ја направи сценографијата, додека костимографијата е на Емира Имери, а Фатос Лумани е композитор на музиката во претставата. Играат актерите од Тетовскиот театар и гости од Гостиварскиот театар. Имаме и соло-пејачка Бесарта Муртезани, како и четири инструменталистки-студентки кои во живо ќе настапат за време на претставата – изјави Беким Смаили, директор на Тетовскиот театар на вечерашната прес-конференција.

The post Премиера на „Граѓанинот благородник“ по текст на Молиер вечерва во Тетовски театар appeared first on Република.