Тетекс Archives - Република https://republika.mk/tema/teteks/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Aug 2023 12:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тетекс Archives - Република https://republika.mk/tema/teteks/ 32 32 Митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф со поддршка за македонските фудбалски клубови Тетекс и Љуботен https://republika.mk/sport/fudbal/mitropolitot-tetovsko-gostivarski-josif-so-poddrshka-za-makedonskite-fudbalski-klubovi-teteks-i-luboten/ Thu, 17 Aug 2023 12:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=673031

Владиката на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква г. Јосиф испрати соопштение до јавноста со кое изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на фудбалските клубови Тетекс и Љуботен од Тетово.

Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како надлежен владика на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишна спортска традиција, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.

Од таму со повик до властите да обезбедат рамноправен третман.

Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен простор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност. Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман! Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот, се вели во соопштението на Тетовскиот-гостиварската епархија.

The post Митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф со поддршка за македонските фудбалски клубови Тетекс и Љуботен appeared first on Република.

]]>

На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони: Дали сме дискриминирани затоа што сме Македонци? https://republika.mk/vesti/makedonija/na-klubovite-teteks-i-luboten-ne-im-se-dozvoluva-da-gi-koristat-tetovskite-stadioni-dali-sme-diskriminirani-zatoa-shto-sme-makedontsi/ Wed, 16 Aug 2023 15:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=672802

Фудбалскиот клуб Тетекс јавно на Фејсбук обвини дека на неговите фудбалери, како и на фудбалерите и фудбалерките на Љуботен Општина Тетово не им дозволува да ги користат ниту стариот ниту новиот градски стадион во Тетово за тренинзи или за натпревари.

„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини!

Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија!

Се прашуваме дали во 21. век е нормално само поради тоа што сме Македонци, кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?

Со месеци, односно поточно од февруари досега, одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија, кога е спортот во прашање, очигледно некој работи на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта.

Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!

Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во заднина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен.

Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите“ – се вели во објавата на ФК Тетекс.

The post На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони: Дали сме дискриминирани затоа што сме Македонци? appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Тетекс јавно на Фејсбук обвини дека на неговите фудбалери, како и на фудбалерите и фудбалерките на Љуботен Општина Тетово не им дозволува да ги користат ниту стариот ниту новиот градски стадион во Тетово за тренинзи или за натпревари.
„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се прашуваме дали во 21. век е нормално само поради тоа што сме Македонци, кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева? Со месеци, односно поточно од февруари досега, одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања. Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија, кога е спортот во прашање, очигледно некој работи на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во заднина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите“ – се вели во објавата на ФК Тетекс.

The post На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони: Дали сме дискриминирани затоа што сме Македонци? appeared first on Република.

]]>