тестенини Archives - Република https://republika.mk/tema/testenini/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 19:39:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тестенини Archives - Република https://republika.mk/tema/testenini/ 32 32 Брз и вкусен ручек https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/brz-i-vkusen-ruchek/ Tue, 06 Aug 2024 20:38:11 +0000 https://republika.mk/?p=804059

Брз ручек од состојки што сигурно ги имате во кујна

Состојки:
400 г тестенини
200 г димена сланина
4-5 чешниња лук
1-2 главици кромид
200 г доматен сос
4-5 јајца
100 г кашкавал
50 мл масло
зачини и сол по вкус

Приготвување:
Сварете ги тестенините и тргнете ги на страна. Потоа, во подлабоко тавче пропржете малку сланина, лук и кромид, па додајте доматен сос и јајца. Изматете и испржете, па изрендајте кашкавал и додајте зачини. Измешајте го сосот со тестенините. Добар апетит!

The post Брз и вкусен ручек appeared first on Република.

]]>

Брз ручек од состојки што сигурно ги имате во кујна Состојки: 400 г тестенини 200 г димена сланина 4-5 чешниња лук 1-2 главици кромид 200 г доматен сос 4-5 јајца 100 г кашкавал 50 мл масло зачини и сол по вкус Приготвување: Сварете ги тестенините и тргнете ги на страна. Потоа, во подлабоко тавче пропржете малку сланина, лук и кромид, па додајте доматен сос и јајца. Изматете и испржете, па изрендајте кашкавал и додајте зачини. Измешајте го сосот со тестенините. Добар апетит!

The post Брз и вкусен ручек appeared first on Република.

]]>
Биле премногу лути: Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска https://republika.mk/vesti/svet/bile-premnogu-luti-juzhnokorejski-zachineti-testenini-povlecheni-od-pazarot-vo-danska/ Wed, 12 Jun 2024 21:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=787044

Од пазарот во Данска повлечени се три луто зачинети производи од јужнокорејската компанија „Самијанг“. Данските власти ја донеле одлуката затоа што тврдат дека нивото на состојката капсаицин во тестенините со луто пилешко „може да ги отруе потрошувачите“, пренесе „Би-би-си“.

„Самијанг“, од своја страна, вели дека нема проблем со квалитетот на храната.

Разбираме дека данската Управа за храна ги повлече производите, но тоа не е поради проблеми со квалитетот, туку затоа што (тестенините) биле премногу зачинети... Нашите производи се извезуваат ширум целиот свет. Но, ова е првпат да бидат повлечени поради горенаведената причина“, се вели во соопштението на компанијата.

Тестенините претходно не биле претходно повлечени во ниедна друга земја, ниту пак, се издадени некакви безбедносни предупредувања.

Капсаицин,е хемиско соединение во лутите пиперки коешто го предизвикува лутиот вкус. Кога луѓето јадат пиперка, капсаицинот се ослободува во плунката и се врзува за рецепторите во устата...

„Самијанг“ е познат и угледен производител на храна од Јужна Кореја, што уште во 1960-тите, се наведува, била првата компанија во земјата што правела инстант-тестенини.

https://www.youtube.com/watch?v=M65DU-Albc4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Биле премногу лути: Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска appeared first on Република.

]]>

Од пазарот во Данска повлечени се три луто зачинети производи од јужнокорејската компанија „Самијанг“. Данските власти ја донеле одлуката затоа што тврдат дека нивото на состојката капсаицин во тестенините со луто пилешко „може да ги отруе потрошувачите“, пренесе „Би-би-си“. „Самијанг“, од своја страна, вели дека нема проблем со квалитетот на храната.
Разбираме дека данската Управа за храна ги повлече производите, но тоа не е поради проблеми со квалитетот, туку затоа што (тестенините) биле премногу зачинети... Нашите производи се извезуваат ширум целиот свет. Но, ова е првпат да бидат повлечени поради горенаведената причина“, се вели во соопштението на компанијата.
Тестенините претходно не биле претходно повлечени во ниедна друга земја, ниту пак, се издадени некакви безбедносни предупредувања. Капсаицин,е хемиско соединение во лутите пиперки коешто го предизвикува лутиот вкус. Кога луѓето јадат пиперка, капсаицинот се ослободува во плунката и се врзува за рецепторите во устата... „Самијанг“ е познат и угледен производител на храна од Јужна Кореја, што уште во 1960-тите, се наведува, била првата компанија во земјата што правела инстант-тестенини. https://www.youtube.com/watch?v=M65DU-Albc4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Биле премногу лути: Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска appeared first on Република.

]]>
Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-inspektorite-ke-vrshat-kontroli-vrz-trgovtsite-za-toa-dali-gi-pochituvaat-merkite-za-poevtini-prehranbeni-proizvodi/ Wed, 15 Mar 2023 14:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=619945

Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата соопштија од Државниот Пазарен Инспекторат.

Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постпуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик, велат од ДПИ.

Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно:

тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и jогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Од ДПИ напоменуваат дека пазарна ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.

The post Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи се донесоа пред речиси една седмица, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила, и трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките на Владата соопштија од Државниот Пазарен Инспекторат.
Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постпуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик, велат од ДПИ.
Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно: тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и jогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%. Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Од ДПИ напоменуваат дека пазарна ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.
Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.
 
The post Од утре инспекторите ќе вршат контроли врз трговците за тоа дали ги почитуваат мерките за поевтини прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Се ограничуваат цените на тестенините и млечните производи, следни се шеќерот, јајцата и оризот https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-ogranichuvaat-tsenite-na-testeninite-i-mlechnite-proizvodi-sledni-se-shekerot-jajtsata-i-orizot/ Sat, 11 Mar 2023 07:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=618367

Oд 16 март тестенините ќе треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти, додека за идната недела најавено е можно замрзнување на цените и на шеќерот, јајцата и оризот. Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка, а во спротивно можни се нови построги мерки, најави Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски, вчера на прес-конференција во Владата информираше дека со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспектор

Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март  до  31 мај 2023 година, рече Ковачевски.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека ако компаниите од прехранбената индустрија одлучат да ги намалат цените повеќе од процентот предвиден со одлуката за замрзнување, ќе се разгледа опцијата да добијат поддршка од државата, но доколку на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени, најави дека ќе се донесат други одлуки кои, како што рече, може да бидат построги или полиберални.

Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, на пример, ќе разговараме за тие дополнителни 10 проценти да им дадеме поддршка. Ако одреден сектор, наместо за 10 отсто, ги намали цените на 15 - 20 проценти, тогаш ќе разговараме за да им се излезе во пресрет. Нашата цел е грѓаните да плаќаат пониски цени, потенцира Бектеши.

Тој смета дека компаниите нема да го чекаат 16 март, туку пред тоа, уште овие денови, ќе ги намалат цените на тестенините и млечните производи.

Отстапка од овие одлуки нема да има. На 16 март цените мора да бидат намалени. Но, нема да останеме само со овие одлуки. Следат нови, затоа сите да ги почитуваат постоечките. Може новите одлуки да се построги или полиберални, но заедничката цел треба да биде заштита на граѓаните, подвлече Бектеши.

Негова оценка е дека млечната индустрија со ваквата одлука нема да претрпи никакви штети, особено не во снабдувањето на маркетите.

Бектеши, исто така, најави дека идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот. Како што рече, цените најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат.

Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити.

Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јацата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат, објасни Бектеши.

Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Влада

Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека ќе излезе на терен и ќе постапува. Порача дека казните за непочитување на одлуките ќе изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Одлуките се донесени во интерес на граѓаните и нивните потреби и ќе стапат во сила на 16 март 2023 година. Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи. Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат, велат од ДПИ.

Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во споредба со 2020 година

ДПИ, како што посочуваат, ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15 отсто.

Со одлуката се опфатени и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјo бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан), кисело млеко, павлака и јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 отсто.

The post Се ограничуваат цените на тестенините и млечните производи, следни се шеќерот, јајцата и оризот appeared first on Република.

]]>

Oд 16 март тестенините ќе треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти, додека за идната недела најавено е можно замрзнување на цените и на шеќерот, јајцата и оризот. Ако компаниите ги намалат цените на производите повеќе од предвидениот процент, ќе се разговара да добијат државна поддршка, а во спротивно можни се нови построги мерки, најави Владата. Премиерот Димитар Ковачевски, вчера на прес-конференција во Владата информираше дека со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспектор
Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март  до  31 мај 2023 година, рече Ковачевски.
Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека ако компаниите од прехранбената индустрија одлучат да ги намалат цените повеќе од процентот предвиден со одлуката за замрзнување, ќе се разгледа опцијата да добијат поддршка од државата, но доколку на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени, најави дека ќе се донесат други одлуки кои, како што рече, може да бидат построги или полиберални.
Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, на пример, ќе разговараме за тие дополнителни 10 проценти да им дадеме поддршка. Ако одреден сектор, наместо за 10 отсто, ги намали цените на 15 - 20 проценти, тогаш ќе разговараме за да им се излезе во пресрет. Нашата цел е грѓаните да плаќаат пониски цени, потенцира Бектеши.
Тој смета дека компаниите нема да го чекаат 16 март, туку пред тоа, уште овие денови, ќе ги намалат цените на тестенините и млечните производи.
Отстапка од овие одлуки нема да има. На 16 март цените мора да бидат намалени. Но, нема да останеме само со овие одлуки. Следат нови, затоа сите да ги почитуваат постоечките. Може новите одлуки да се построги или полиберални, но заедничката цел треба да биде заштита на граѓаните, подвлече Бектеши.
Негова оценка е дека млечната индустрија со ваквата одлука нема да претрпи никакви штети, особено не во снабдувањето на маркетите. Бектеши, исто така, најави дека идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот. Како што рече, цените најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат. Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити.
Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јацата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат, објасни Бектеши.
Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Влада Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека ќе излезе на терен и ќе постапува. Порача дека казните за непочитување на одлуките ќе изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.
Одлуките се донесени во интерес на граѓаните и нивните потреби и ќе стапат во сила на 16 март 2023 година. Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи. Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат, велат од ДПИ.
Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во споредба со 2020 година ДПИ, како што посочуваат, ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Владата донесе одлука за замрзнување на цените на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15 отсто. Со одлуката се опфатени и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјo бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан), кисело млеко, павлака и јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 отсто.

The post Се ограничуваат цените на тестенините и млечните производи, следни се шеќерот, јајцата и оризот appeared first on Република.

]]>
Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/testeninite-poevtinuvaat-za-15-otsto-a-mlechnite-proizvodi-za-10-protsenti/ Fri, 10 Mar 2023 10:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=618061

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март - 31 мај 2023 година, рече Ковачевски.

Според него, Владата ќе проодлжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните.

На прес-конференцијата одлуките ќе ги објасни министерот за економија Крешникм Бектеши.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

The post Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти appeared first on Република.

]]>

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.
Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март - 31 мај 2023 година, рече Ковачевски.
Според него, Владата ќе проодлжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните. На прес-конференцијата одлуките ќе ги објасни министерот за економија Крешникм Бектеши. Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.  

The post Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините https://republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-se-znae-dali-ke-zamrznat-mlekoto-i-testeninite/ Fri, 10 Mar 2023 07:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=617952

Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна на 33 денари, денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи.

Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,...

Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.

- Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.

За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија.

Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја

Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на прес-конференција рече дека нема да дозволи неоправдано зголемување на цените.

- Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од 7 до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во февруари.

По ова пекарите ја спроведоа најавата дека нема да произведуваат леб и два дена не дистрибуираа бел и полубел леб по што Владата донесе одлука со која ги обврза производителите на леб и трговците да го произведуваат и продаваат лебот по 33 денари. Дистрибуцијата и продажбата на лебот продолжи, а пекарите најавија дека одговорноста ќе ја бараат по судски пат

The post Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините appeared first on Република.

]]>

Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна на 33 денари, денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи. Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,... Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.
- Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.
За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски. На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија. Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на прес-конференција рече дека нема да дозволи неоправдано зголемување на цените. - Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од 7 до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во февруари. По ова пекарите ја спроведоа најавата дека нема да произведуваат леб и два дена не дистрибуираа бел и полубел леб по што Владата донесе одлука со која ги обврза производителите на леб и трговците да го произведуваат и продаваат лебот по 33 денари. Дистрибуцијата и продажбата на лебот продолжи, а пекарите најавија дека одговорноста ќе ја бараат по судски пат

The post Денеска ќе се знае дали ќе замрзнат цените на млекото и тестенините appeared first on Република.

]]>
Се замрзнуваат цените: Ќе јадеме поевтини тестенини и млечни производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-zamrznuvaat-tsenite-ke-jademe-poevtini-testenini-i-mlechni-proizvodi/ Thu, 09 Mar 2023 12:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=617708

Владата утре ќе го соопшти ограничувањето на цените на тестенините и млечните производи, по пример на лебот. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека ќе се интервенира и во цените на други производи, односно секаде каде има „има профити или маржи од тоа што е редовно“.

Утре наутро ќе имаме одлука за тестенините и млечните производи, по што со премиерот ќе информираме на брифинг. Како што и претходно изјавив, граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, туку ние во континуитет ќе продолжиме со намалување на цените таму каде анализите ќе ни покажат дека има профити или маржи од тоа што е редовно - изјави Бектеши.

Како што дополни, се очекува намалување на цената за 10%, што уште од денеска може да се забележат промени на цените од страна на некои од производителите. Бектеши ги повика и другите компании да го следат овој пример.

По најавата на пекарите дека ќе ја тужат државата поради замрзнатите цени на лебот, Бектеши беше саркастичен и рече „очекувам две тужби“.

Намалувањето на цените се должи на одлуката на Владата да се намалат царинските давачки за увоз на тестенини, а средствата се обезбедени по укинувањето на мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија. Износот од 500 илјади евра, кои се издвојуваа за струја се пренаменети за директно намалување на цените на основните прехранбени производи.

The post Се замрзнуваат цените: Ќе јадеме поевтини тестенини и млечни производи appeared first on Република.

]]>

Владата утре ќе го соопшти ограничувањето на цените на тестенините и млечните производи, по пример на лебот. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека ќе се интервенира и во цените на други производи, односно секаде каде има „има профити или маржи од тоа што е редовно“.
Утре наутро ќе имаме одлука за тестенините и млечните производи, по што со премиерот ќе информираме на брифинг. Како што и претходно изјавив, граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, туку ние во континуитет ќе продолжиме со намалување на цените таму каде анализите ќе ни покажат дека има профити или маржи од тоа што е редовно - изјави Бектеши.
Како што дополни, се очекува намалување на цената за 10%, што уште од денеска може да се забележат промени на цените од страна на некои од производителите. Бектеши ги повика и другите компании да го следат овој пример. По најавата на пекарите дека ќе ја тужат државата поради замрзнатите цени на лебот, Бектеши беше саркастичен и рече „очекувам две тужби“. Намалувањето на цените се должи на одлуката на Владата да се намалат царинските давачки за увоз на тестенини, а средствата се обезбедени по укинувањето на мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија. Износот од 500 илјади евра, кои се издвојуваа за струја се пренаменети за директно намалување на цените на основните прехранбени производи.

The post Се замрзнуваат цените: Ќе јадеме поевтини тестенини и млечни производи appeared first on Република.

]]>
Укинати царинските давачки за тестенините, цените на храната ќе продолжат да се намалуваат, најави Битиќи https://republika.mk/vesti/ekonomija/ukinati-tsarinskite-davachki-za-testeninite-tsenite-na-hranata-ke-prodolzhat-da-se-namaluvaat-najavi-bitiki/ Wed, 08 Mar 2023 19:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=617471

Инфлацијата бележи опаѓање, тренд што започна во октомври и тоа е убава новина што сите ја гледаме, а во следниот период очекуваме и намалување и цените на млекото и млечните производи, изјави вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Економските движења укажуваат дека има активности со кои инфлацијата паѓа и што е добра информација за сите. Во овој период и покрај сите одредени мерки за помош и на стопанството и на граѓаните, за жал тенденцијата за раст на цени продолжи и рековме дека мора да се стави крај. Интересот на граѓанинот мора да биде на прво место. Затоа донесовме одлука за замрзнување на цената на основниот прехранбен производ- лебот, рече Битиќи во гостување во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека на вчерашната владина седница била донесена уште една одлука која дополнително ќе помогне во оваа насока.

Ги укинавме царинските давачки за тестенини и одредени производи коишто влегуваат во палетата на основни прехранбени производи коишто сметаме дека дополнително ќе придонесе наредниот период да има намалување на цените, истакна Битиќи, додавајќи дека трендот на замрзнување на цени ќе продолжи.

Вицепремиерот очекува намалување и на цените на млекото и млечните производи, бидејќи, како што рече, за дел од производите цените се вештачки зголемени.

Се додека гледаме неморално и неетичко однесување на пазарот од било кој субјект, ние тоа не можеме да го дозволиме и граѓанинот мора да се заштити, кажа вицепремиерот.

Во однос на денешното потпишување на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д, Битиќи истакна дека тој настан ќе остане запишано во поновата историја на земјата, бидејќи се работи за проекти што значително ќе ги променат однесувањата и навиките на градење капитални инвестиции, особено инфраструктурни.

Јас не сум само оптимист, туку сум убеден дека тоа што денеска се потпиша и ќе се испорача во дадениот временски период, и веќе во почетокот на 2028 година ќе се возиме во сите делници кои се кажани. Тоа е целиот Коридор 8 по автопатско решение, Коридорот 10д, само за потсетување, Прилеп – Битола по модерно автопатско решение, и тоа ќе значи Скопје поврзано по целиот западен дел со модерно автопатско решение кое ќе донесе поголем економски развој, изјави Битиќи.

Тој нагласи дека за разлика од автопатските решенија кои ги одбрале поранешните власти како модели на спроведување, сегашните решенија за целиот Коридор 8 во Западна Македонија и за Коридорот 10д се со сосема нови правила.

Ова е првпат што вака се гради едно автопатско решение, каде имате и проектирање и изведба, со тоа што сите институции што треба законски да постапуваат, ќе постапуваат во одредените временски периоди кои се зададени. Сите недостатоци во проектите кои порано можеа да се соочат, сега се на товар на изведувачот и ова е увертира во нов пристап на градење на автопати, како докажан модел не само во регионот туку и пошироко во светот, рече вицепремиерот за економски прашања.

Битиќи објасни дека епитетот историски овој договор го добива поради финансиската големина, бидејќи изнесува 10 отсто од БДП, посочувајќи дека во него стои дека најмалку 51 проценти од изведувачите мора да бидат домашни, што ќе значи најмалку 1 отсто раст на БДП.

The post Укинати царинските давачки за тестенините, цените на храната ќе продолжат да се намалуваат, најави Битиќи appeared first on Република.

Италијанската Влада сака да го укине ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година https://republika.mk/vesti/svet/italijanskata-vlada-saka-da-go-ukine-ddv-to-za-leb-mleko-i-testenini-za-edna-godina/ Sun, 20 Nov 2022 16:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=576187

Новиот буџет на десничарската италијанска влада на Џорџа Мелони ќе изнесува 30 милијарди евра и ќе биде насочен кон ограничување на цените на енергијата. Во италијанскиот парламент утре ќе се расправа за предлог-буџетот, а се предлага и укинување на ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година.

Со овој потег италијанската Влада се обидува да испрати порака дека се грижи за најсиромашните граѓани за време на криза, но опозицијата и здруженијата за правата на потрошувачите предупредуваат дека тоа е популистички и многу генерален предлог кој не ги таргетира најсиромашните, туку ги таргетира и најбогатите.

Кодаконс, италијанска организација за заштита на животната средина и правата на потрошувачите, вели дека оваа мерка на Мелони е всушност блеф кој нема да им помогне на граѓаните. Тие наведуваат дека намалувањето на ДДВ за лебот и млекото би создало минимална заштеда за потрошувачите од 15,8 евра по семејство годишно, пишува италијанскиот портал Анса.

Според податоците на италијанскиот национален институт за статистика (Истат), просечно семејство во Италија годишно троши 261,72 евра за леб, 140,40 евра за тестенини и 142,08 евра за млеко. Во случај на укинување на ДДВ, вкупната годишна заштеда е 21,56 евра. Италијанците би заштедиле 10,7 евра за леб, 6,90 евра за млеко и 5,40 евра за тестенини, покажуваат податоците на Истат.

– Намалувањето на ДДВ за лебот, тестенините и млекото е медиумска мерка која не носи вистински бенефит за потрошувачите. Доколку владата навистина сака да ја поддржи потрошувачката на домаќинствата и да се бори со негативните ефекти од инфлацијата, треба да се намали ДДВ за сите прехранбени производи и основните потреби. Тоа е интервенција што би довела до просечна годишна заштеда од 180 евра за двојка без деца и до над 300 евра за семејство со повеќе од едно дете, изјави за Анса, Карло Риенци, шеф на италијанското здружение на потрошувачи.

Од најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ниту пекарите во Италија. Поради високите трошоци за материјали, состојки и енергија тие веќе ја покачија цената на лебот за 10 до 12 отсто.

За да профункционира предложената мерка од буџетот, пекарите ќе треба да ја намалат цената на лебот за речиси четири отсто и покрај зголемените трошоци и инфлацијата. Активистите предлагаат владата да го намали и ДДВ-то за струја и гас.

Исто така, сметаат дека треба да се обнови и исплатата на бонусот од 200 евра, што е предлог на италијанскиот претседател Марио Драги. Тие наведуваат дека на овој начин може да се даде конкретна помош за најзагрозените граѓани.

The post Италијанската Влада сака да го укине ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година appeared first on Република.

]]>

Новиот буџет на десничарската италијанска влада на Џорџа Мелони ќе изнесува 30 милијарди евра и ќе биде насочен кон ограничување на цените на енергијата. Во италијанскиот парламент утре ќе се расправа за предлог-буџетот, а се предлага и укинување на ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година. Со овој потег италијанската Влада се обидува да испрати порака дека се грижи за најсиромашните граѓани за време на криза, но опозицијата и здруженијата за правата на потрошувачите предупредуваат дека тоа е популистички и многу генерален предлог кој не ги таргетира најсиромашните, туку ги таргетира и најбогатите. Кодаконс, италијанска организација за заштита на животната средина и правата на потрошувачите, вели дека оваа мерка на Мелони е всушност блеф кој нема да им помогне на граѓаните. Тие наведуваат дека намалувањето на ДДВ за лебот и млекото би создало минимална заштеда за потрошувачите од 15,8 евра по семејство годишно, пишува италијанскиот портал Анса. Според податоците на италијанскиот национален институт за статистика (Истат), просечно семејство во Италија годишно троши 261,72 евра за леб, 140,40 евра за тестенини и 142,08 евра за млеко. Во случај на укинување на ДДВ, вкупната годишна заштеда е 21,56 евра. Италијанците би заштедиле 10,7 евра за леб, 6,90 евра за млеко и 5,40 евра за тестенини, покажуваат податоците на Истат.
– Намалувањето на ДДВ за лебот, тестенините и млекото е медиумска мерка која не носи вистински бенефит за потрошувачите. Доколку владата навистина сака да ја поддржи потрошувачката на домаќинствата и да се бори со негативните ефекти од инфлацијата, треба да се намали ДДВ за сите прехранбени производи и основните потреби. Тоа е интервенција што би довела до просечна годишна заштеда од 180 евра за двојка без деца и до над 300 евра за семејство со повеќе од едно дете, изјави за Анса, Карло Риенци, шеф на италијанското здружение на потрошувачи.
Од најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ниту пекарите во Италија. Поради високите трошоци за материјали, состојки и енергија тие веќе ја покачија цената на лебот за 10 до 12 отсто. За да профункционира предложената мерка од буџетот, пекарите ќе треба да ја намалат цената на лебот за речиси четири отсто и покрај зголемените трошоци и инфлацијата. Активистите предлагаат владата да го намали и ДДВ-то за струја и гас. Исто така, сметаат дека треба да се обнови и исплатата на бонусот од 200 евра, што е предлог на италијанскиот претседател Марио Драги. Тие наведуваат дека на овој начин може да се даде конкретна помош за најзагрозените граѓани.

The post Италијанската Влада сака да го укине ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година appeared first on Република.

]]>