термин Archives - Република https://republika.mk/tema/termin/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 09:17:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png термин Archives - Република https://republika.mk/tema/termin/ 32 32 Тошковски: За еден ден се доаѓа до термин за фотографирање за пасош по итна постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-eden-den-se-doaga-do-termin-za-fotografirane-za-pasosh-po-itna-postapka/ Tue, 26 Mar 2024 09:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=758789

За еден ден може да се добие термин за фотографирање за вадење на пасош по итна постапка. Ова го објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден. Продолжуваме понатаму!, објави тој.

Претходно, беше реорганизирана работата и по пунктовите. Беа донесени повеќе пултови за фотографирање, а термините на лица кои веќе извадиле документи а не откажале закажан термин – беа дадени на други граѓани.

The post Тошковски: За еден ден се доаѓа до термин за фотографирање за пасош по итна постапка appeared first on Република.

]]>

Тие што се сликале во „Пролет“ и во „МТВ“ електронски можат да проверат дали им е изработен пасошот https://republika.mk/vesti/makedonija/tie-shto-se-slikale-vo-prolet-i-vo-mtv-elektronski-mozhat-da-proverat-dali-im-e-izraboten-pasoshot/ Sun, 25 Feb 2024 16:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=748198

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше најавено, а се однесува на можноста граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и „МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите кои се создаваа бидејќи граѓаните беа приморани да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен. Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти“, извести МВР.

Проверката може да се направи на следниот линк: https://termin.mvr.gov.mk/document_status

The post Тие што се сликале во „Пролет“ и во „МТВ“ електронски можат да проверат дали им е изработен пасошот appeared first on Република.

Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/ Thu, 10 Nov 2022 08:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=572133

Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на Мој Термин. На прашањето од МИА зошто нема термини и дали се работи на регулирање на овие важни прашања, Министерството за здравство не даде конкретен одговор и фокусот го стави на Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка. Во недостиг на термини, а со цел навремени проверки, жените се принудени решението да го бараат во приватните клиники.

Со цел да се олесни закажувањето, жените добиваат СМС порака со точно време, ден и здравствена установа за скрининг мамографија и нема потреба да се јавуваат кај матичен лекар за упат. За жени на кои ќе треба да се направат дополнителни прегледи како на пример ехо и биопсија, радиологот ќе ги повика телефонски и ќе креира упат за дополнителните прегледи, стои во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.

Оттаму информираа дека со Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, која започна овој месец, од 1 до 4 ноември се направени скрининг мамографии кај 156 жени.

Со оваа скрининг програма треба да бидат опфатени жените од 45 до 69 години кои не направиле мамографија во последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44 години кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор.

МИА го контактираше и Здружението на приватни лекари. На прашањето како матичните лекари се справуваат со термините и издавањето упат за мамографија, претседателката на здружението д-р Лилија Чолакова-Дервишова, вели дека Скопје е голем регион и тешко се наоѓаат термини, додека на пример во Велес после еден месец може да се најде термин.

Жените во најголем процент заради нивното здравје и брзата дијагноза мора да одат на приватни специјалисти за да може тоа брзо да се придвижи и да се дојде до отстранување на тие туморозни формации што ги откриваме во нашите ординации, истакнува д-р Чолакова-Дервишова.

Од друга страна, таа појаснува дека кога матичниот лекар, користејќи ги сите методи во однос на ниво на примарен доктор ќе забележи дека нешто не е во ред, веднаш се издава итен упат со цел брза реакција.

Решение за регулирање на термините, според д-р Чолакова-Дервишова е регулирањето на неограничениот број на услуги што ги нуди здравствениот систем со ограничени средства. Додава дека честопати сигнализираат до Министерството и потребно е да се воведе основен пакет на услуги.

Здравствениот систем ни е оптоварен, здравствен кадар има се помалку во внатрешноста на Македонија. Сите се во „брнаут“ и крајно време е да се воведе основен пакет и да се знае за колку пари, кој колку може да направи. Таква практика има секаде во светот и се знае колку пати треба да се направи преглед за одредена работа, апелира докторката.

Вината за овие проблематики не е само на едно место. Честопати се случува пациентот кој веќе има термин да не го искористи, земајќи го местото на друго лице.

Свеста останува колективно на општеството, но и на ресорните институции да одредат точно и конкретно колкупати едно лице и во колкав временски период може да закаже термин за одреден здравствен проблем, користејќи ги разумно здравствените услуги.

The post Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци appeared first on Република.

]]>

Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на Мој Термин. На прашањето од МИА зошто нема термини и дали се работи на регулирање на овие важни прашања, Министерството за здравство не даде конкретен одговор и фокусот го стави на Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка. Во недостиг на термини, а со цел навремени проверки, жените се принудени решението да го бараат во приватните клиники.
Со цел да се олесни закажувањето, жените добиваат СМС порака со точно време, ден и здравствена установа за скрининг мамографија и нема потреба да се јавуваат кај матичен лекар за упат. За жени на кои ќе треба да се направат дополнителни прегледи како на пример ехо и биопсија, радиологот ќе ги повика телефонски и ќе креира упат за дополнителните прегледи, стои во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.
Оттаму информираа дека со Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, која започна овој месец, од 1 до 4 ноември се направени скрининг мамографии кај 156 жени. Со оваа скрининг програма треба да бидат опфатени жените од 45 до 69 години кои не направиле мамографија во последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44 години кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор. МИА го контактираше и Здружението на приватни лекари. На прашањето како матичните лекари се справуваат со термините и издавањето упат за мамографија, претседателката на здружението д-р Лилија Чолакова-Дервишова, вели дека Скопје е голем регион и тешко се наоѓаат термини, додека на пример во Велес после еден месец може да се најде термин.
Жените во најголем процент заради нивното здравје и брзата дијагноза мора да одат на приватни специјалисти за да може тоа брзо да се придвижи и да се дојде до отстранување на тие туморозни формации што ги откриваме во нашите ординации, истакнува д-р Чолакова-Дервишова.
Од друга страна, таа појаснува дека кога матичниот лекар, користејќи ги сите методи во однос на ниво на примарен доктор ќе забележи дека нешто не е во ред, веднаш се издава итен упат со цел брза реакција. Решение за регулирање на термините, според д-р Чолакова-Дервишова е регулирањето на неограничениот број на услуги што ги нуди здравствениот систем со ограничени средства. Додава дека честопати сигнализираат до Министерството и потребно е да се воведе основен пакет на услуги.
Здравствениот систем ни е оптоварен, здравствен кадар има се помалку во внатрешноста на Македонија. Сите се во „брнаут“ и крајно време е да се воведе основен пакет и да се знае за колку пари, кој колку може да направи. Таква практика има секаде во светот и се знае колку пати треба да се направи преглед за одредена работа, апелира докторката.
Вината за овие проблематики не е само на едно место. Честопати се случува пациентот кој веќе има термин да не го искористи, земајќи го местото на друго лице. Свеста останува колективно на општеството, но и на ресорните институции да одредат точно и конкретно колкупати едно лице и во колкав временски период може да закаже термин за одреден здравствен проблем, користејќи ги разумно здравствените услуги.