Тера Мадре Archives - Република https://republika.mk/tema/tera-madre/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 09:37:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тера Мадре Archives - Република https://republika.mk/tema/tera-madre/ 32 32 Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/makedonija-so-15-pretstavnici-na-tera-madre-salone-del-gusto-vo-torino/ Tue, 30 Aug 2022 09:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=545545

Петнаесет претставници од земјава ќе бидат дел од балканската делегација на Слоу Фуд што ќе учествува на годинашниот 14. Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино.

Слоу Фуд Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се претстави со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации.

На Тера Мадре што ќе се одржува од 22 до 26 септември, ќе има над 3 000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи. Програмата предвидува голем број работилници и конференции кои ќе може да се проследат и онлајн.

Тера Мадре, најголемиот собир на Слоу Фуд мрежата, цели кон тоа да дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која зазема облик преку секојдневните избори на поединците, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и на приватните институции, наведуваат организаторите.

Балканската делегација ќе брои околу 130 члена: од Црна Гора 30, од Албанија 21 и од Бугарија 18. Ќе има и 12 делегати од Турција, осум од БиХ, седум од Романија, по шест од Хрватска и Грција, два од Косово и три од Србија.

Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот.

 

The post Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино appeared first on Република.

]]>

Петнаесет претставници од земјава ќе бидат дел од балканската делегација на Слоу Фуд што ќе учествува на годинашниот 14. Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино. Слоу Фуд Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се претстави со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации. На Тера Мадре што ќе се одржува од 22 до 26 септември, ќе има над 3 000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи. Програмата предвидува голем број работилници и конференции кои ќе може да се проследат и онлајн.
Тера Мадре, најголемиот собир на Слоу Фуд мрежата, цели кон тоа да дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која зазема облик преку секојдневните избори на поединците, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и на приватните институции, наведуваат организаторите.
Балканската делегација ќе брои околу 130 члена: од Црна Гора 30, од Албанија 21 и од Бугарија 18. Ќе има и 12 делегати од Турција, осум од БиХ, седум од Романија, по шест од Хрватска и Грција, два од Косово и три од Србија. Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот.  

The post Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино appeared first on Република.

]]>