тепачки Archives - Република https://republika.mk/tema/tepachki/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Apr 2023 14:58:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тепачки Archives - Република https://republika.mk/tema/tepachki/ 32 32 Десетина тепачки и напади низ Македонија само во текот на вчерашниот ден https://republika.mk/vesti/crna-hronika/desetina-tepachki-i-napadi-niz-makedonija-samo-vo-tekot-na-vcherashniot-den/ Sat, 15 Apr 2023 15:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=631065

Десетина физички пресметки, напади, агресивни однесувања и нарушување на јавниот ред и мир биле регистрирани во текот на вчерашниот ден.

Како што соопштија од МВР, прво вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, вработена во Домот „25 Мај“ пријавила дека штитеник на домот, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица. Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 15.15 часот, пак, полициски службеници го привеле З.Х.(46) од с.Бојане, скопско, затоа што во 14 часот физички го нападнал М.А.(38) од Тетово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. За него по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 16.40 часот во СВР Скопје, С.М.(37) од Скопје пријавил дека во дваесетина минути претходно на ул.„Беласица“ бил физички нападнат од едно лице.

Околу 17.30 часот, полициски службеници ги привеле Љ.Д.(24) од Скопје и С.С.(33) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир на фудбалски натпревар на стадион „Борис Трајковски“.

Во 23.00 часот во СВР Велес, Л.А.(38) од Велес пријавила дека околу 22.00 часот во двор на средно училиште во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.

Ноќта во 00.40 часот во СВР Битола, A.А.(39) од с.Долно Оризари, битолско, пријавил дека околу 21.30 часот во угостителски објект во селото бил физички нападнат од Д.П. од с.Долно Оризари.

Во 01.00 часот, пак, во Полициската станица Ресен било пријавено дека во угостителски објект во Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. и М.Т., двајцата од Ресен, од една страна и Ѓ.Г. и С.Г., двајцата од Ресен, од друга страна.

Четириесетина минути подоцна во СВР Струмица, Н.Ч.(45) од Струмица пријвил дека околу 01.20 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од Р.Б. и неколку други лица.

Рано утрово во 03.50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Т.(18) од Кавадарци затоа што околу 03.20 часот пред угостителски објект во Кавадарци физички го нападнал С.Т.(19) од с.Марена, кавадаречко.

 

 

 

 

 

 

На 14.04.2023 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.С.(24) и М.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Десетина тепачки и напади низ Македонија само во текот на вчерашниот ден appeared first on Република.

]]>

Десетина физички пресметки, напади, агресивни однесувања и нарушување на јавниот ред и мир биле регистрирани во текот на вчерашниот ден. Како што соопштија од МВР, прво вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, вработена во Домот „25 Мај“ пријавила дека штитеник на домот, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица. Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 15.15 часот, пак, полициски службеници го привеле З.Х.(46) од с.Бојане, скопско, затоа што во 14 часот физички го нападнал М.А.(38) од Тетово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. За него по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Во 16.40 часот во СВР Скопје, С.М.(37) од Скопје пријавил дека во дваесетина минути претходно на ул.„Беласица“ бил физички нападнат од едно лице. Околу 17.30 часот, полициски службеници ги привеле Љ.Д.(24) од Скопје и С.С.(33) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир на фудбалски натпревар на стадион „Борис Трајковски“. Во 23.00 часот во СВР Велес, Л.А.(38) од Велес пријавила дека околу 22.00 часот во двор на средно училиште во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници. Ноќта во 00.40 часот во СВР Битола, A.А.(39) од с.Долно Оризари, битолско, пријавил дека околу 21.30 часот во угостителски објект во селото бил физички нападнат од Д.П. од с.Долно Оризари. Во 01.00 часот, пак, во Полициската станица Ресен било пријавено дека во угостителски објект во Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. и М.Т., двајцата од Ресен, од една страна и Ѓ.Г. и С.Г., двајцата од Ресен, од друга страна. Четириесетина минути подоцна во СВР Струмица, Н.Ч.(45) од Струмица пријвил дека околу 01.20 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од Р.Б. и неколку други лица. Рано утрово во 03.50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Т.(18) од Кавадарци затоа што околу 03.20 часот пред угостителски објект во Кавадарци физички го нападнал С.Т.(19) од с.Марена, кавадаречко.             На 14.04.2023 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.С.(24) и М.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Десетина тепачки и напади низ Македонија само во текот на вчерашниот ден appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-apeliram-do-mladite-bidete-razumni-napravenata-greshka-ne-se-isprava/ Sun, 25 Sep 2022 12:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=554037

По неодамнешната групна тепачка на млади лица во Дебар Маало вчера вечер градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со помошник командирот на полициска станица Беко Игор Петровски направија обиколка на локациите кои беа посочени на социјалните мрежи како места на кои се договарале тепачки.
Низ Дебар Маало Герасимовски и Петровски забележаа групи на млади луѓе кои разговарат и се дружат но што по таа дружба може да се случи никој не може да предвиди.
Затоа Герасимовски апелираше до родителите и младите да бидат разумни и мислат на последиците кои може да произлезат.
„Апелирам до младите да бидат разумни и ги воздржат страстите, за да се случи најстрашното потребен е само миг кој не ќе може да се врати. Многу често сме сведоци на немили настани во кои се случуваат тешки повреди или најлошото, во прашање се фамилии и животи. Исто така упатувам апел и до родителите да внимаваат на однесувањето на своите деца и го насочат воспитувањето кон солидарните и животните вредности на секој поединец во државата. Полициската поддршка е тука но доколку немаме самосвест таа е залудна“, рече Герасимовски вечерва во Дебар Маало.
Помошник командирот Петровски при вчеравечерната обиколка го извести Герасимовски дека неколку полициски службеници патролираат на неколку точки во општината но за да се интензивираат патролите и да се зголеми бројноста на полициските службеници потребно е општината да поднесе иницијатива до Министерството за внатрешни работи.
„Полициски службеници веќе патролираат на неколку локации во централното градско подрачје но нив ги нема на секоја улица. Затоа ги повикувам младите да размислат за псоледиците затоа што многу често вербалната караница може да се претвори во масовна тепачка со несакани последици“, рече Петровски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги пријавуваат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир ги повикува институциите меѓу кои и образовните да пристапат кон зголемена едукација во училиштата за лична безбедност на учениците и намалување на сите облици на насилство.

The post Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа appeared first on Република.

]]>

По неодамнешната групна тепачка на млади лица во Дебар Маало вчера вечер градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со помошник командирот на полициска станица Беко Игор Петровски направија обиколка на локациите кои беа посочени на социјалните мрежи како места на кои се договарале тепачки. Низ Дебар Маало Герасимовски и Петровски забележаа групи на млади луѓе кои разговарат и се дружат но што по таа дружба може да се случи никој не може да предвиди. Затоа Герасимовски апелираше до родителите и младите да бидат разумни и мислат на последиците кои може да произлезат. „Апелирам до младите да бидат разумни и ги воздржат страстите, за да се случи најстрашното потребен е само миг кој не ќе може да се врати. Многу често сме сведоци на немили настани во кои се случуваат тешки повреди или најлошото, во прашање се фамилии и животи. Исто така упатувам апел и до родителите да внимаваат на однесувањето на своите деца и го насочат воспитувањето кон солидарните и животните вредности на секој поединец во државата. Полициската поддршка е тука но доколку немаме самосвест таа е залудна“, рече Герасимовски вечерва во Дебар Маало. Помошник командирот Петровски при вчеравечерната обиколка го извести Герасимовски дека неколку полициски службеници патролираат на неколку точки во општината но за да се интензивираат патролите и да се зголеми бројноста на полициските службеници потребно е општината да поднесе иницијатива до Министерството за внатрешни работи. „Полициски службеници веќе патролираат на неколку локации во централното градско подрачје но нив ги нема на секоја улица. Затоа ги повикувам младите да размислат за псоледиците затоа што многу често вербалната караница може да се претвори во масовна тепачка со несакани последици“, рече Петровски. Општина Центар ги повикува граѓаните да ги пријавуваат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир ги повикува институциите меѓу кои и образовните да пристапат кон зголемена едукација во училиштата за лична безбедност на учениците и намалување на сите облици на насилство.

The post Герасимовски: Апелирам до младите, бидете разумни направената грешка не се исправа appeared first on Република.

]]>
Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovni-kazni-za-ushte-shestmina-obvineti-za-nastanite-pred-sobranieto/ Tue, 16 Aug 2022 11:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=540930

Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава.

Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2  в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ.

– Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околност, судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки – Условна осуда во траење од 2 години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 4 годни не сторат ново кривично дело, а  двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – Условна осуда од 1 година затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 3 години не сторат ново кривично, а воедно им определи и мерка – Засилен надзор, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие пресуди, во делот на казната, осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје

The post Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието appeared first on Република.

]]>

Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава. Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2  в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ.
– Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околност, судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки – Условна осуда во траење од 2 години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 4 годни не сторат ново кривично дело, а  двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – Условна осуда од 1 година затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 3 години не сторат ново кривично, а воедно им определи и мерка – Засилен надзор, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Против овие пресуди, во делот на казната, осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје

The post Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието appeared first on Република.

]]>
Две тепачки во локали во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-tepachki-vo-lokali-vo-centarot-na-skopje/ Fri, 20 May 2022 15:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=504901

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден се случи два, одвоени настани со физички напад во локали во центарот на Скопје.

Првиот настан се случил вчера околу 14.30 часот кога во Полициската станица Центар било пријавено дека на булевар „Св.Климент Охридски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(62) и И.Л.(39), двајцата од Скопје.

За вториот настан во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Љ.(20) и А.А., двајцата од Скопје, при што биле употребени и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата настани.

 

The post Две тепачки во локали во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден се случи два, одвоени настани со физички напад во локали во центарот на Скопје. Првиот настан се случил вчера околу 14.30 часот кога во Полициската станица Центар било пријавено дека на булевар „Св.Климент Охридски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(62) и И.Л.(39), двајцата од Скопје. За вториот настан во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Љ.(20) и А.А., двајцата од Скопје, при што биле употребени и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Полицијата презема мерки за расчистување на двата настани.  

The post Две тепачки во локали во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Скопјани најлесно се разбираат со клоци и тупаници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjani-najlesno-se-razbiraat-so-kloci-i-tupanici/ Thu, 07 Apr 2022 15:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=484884

Синоќа во 23:20 часот било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.Б.(39) и В.Б.(50), двајцата од Скопје. Сочинет бил записник по чл.11 од ЗППЈРМ.

Вчера во 15:10 часот М.З.(49) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Синоќа во 21:30 часот во Полициска станица Центар О.М.(48) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот пред продавница на подрачјето на Центар неколку лица физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/babi-se-stepale-na-zelen-pazar/

Вчера во 13:45 часот И.Т.(48) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од Б.М.(37) од Скопје и уште едно лице. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Вчера во 12:20 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на населба Лисиче, М.Т.(29) од Скопје, по претходна расправија со женско лице, била физички нападната од него и уште едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Скопјани најлесно се разбираат со клоци и тупаници appeared first on Република.

]]>

Синоќа во 23:20 часот било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.Б.(39) и В.Б.(50), двајцата од Скопје. Сочинет бил записник по чл.11 од ЗППЈРМ. Вчера во 15:10 часот М.З.(49) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. Синоќа во 21:30 часот во Полициска станица Центар О.М.(48) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот пред продавница на подрачјето на Центар неколку лица физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/babi-se-stepale-na-zelen-pazar/ Вчера во 13:45 часот И.Т.(48) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од Б.М.(37) од Скопје и уште едно лице. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ. Вчера во 12:20 часот во Полициска станица Аеродром е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на населба Лисиче, М.Т.(29) од Скопје, по претходна расправија со женско лице, била физички нападната од него и уште едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Скопјани најлесно се разбираат со клоци и тупаници appeared first on Република.

]]>