ТВ Телма Archives - Република https://republika.mk/tema/telma/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 08:17:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ТВ Телма Archives - Република https://republika.mk/tema/telma/ 32 32 Зад изгор скапиот бугарски гас се крие поврзаноста на Ковачевски и Ахмети со уште еден руски тајкун – Александар Лебедев https://republika.mk/vesti/ekonomija/zad-izgor-skapiot-bugarski-gas-se-krie-povrzanosta-na-kovachevski-i-ahmeti-so-ushte-eden-ruski-tajkun-aleksandar-lebedev/ Sun, 05 Feb 2023 21:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=605139

Емисијата КОД на Снежана Лупевска открива дека владата на Ковачевски и Ахмети купува поскап руски гас од фирма чиј сопственик е под санкции на две земји на НАТО.

По скандалот со рускиот шпион Онишченко, изборот на хрватската фирма за надзор на автопатот кој треба да го гради американската фирма Бехтел која е на руски олигарси блиски на Путин и руската врска со фабриката за вода во селото Гари, КОД открива четврта врска на владини актери со бизниси на руски тајкуни.

https://republika.mk/vesti/svet/kanada-mu-vovede-sankcii-na-ruskiot-milijarder-lebedev-sopstvenikot-na-londonski-indipendent/

Александар Лебедев екс оперативец на КГБ и лице под санкции на Канада и САД е сопственик на Балкан ЈУТИЛИТИС – фирма регистрирана во Софија од која владата на Ковачевски и Ахмети купуваат поскап гас, а информациите ги кријат како државна тајна.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/balkan-jutilitis-koja-esm-ja-izbra-za-snabduvane-so-gas-povrzana-so-ruskiot-oligarh-lebedev/

КОД вечерва објавува информации за бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ чии банкарски гаранции дадени при набавка на гас, државната компанија ЕСМ ги прогласи за доверлива информација.

КОД истражува какви гаранции всушност се барале од фирмата од Софија поврзана со контроверзниот руски билионер Лебедев и какви политички конекции има ова мала бугарска фирма.

Сторијата на Код на Телма е во вториот дел од емисијата https://fb.watch/ivJbchOM7k/

The post Зад изгор скапиот бугарски гас се крие поврзаноста на Ковачевски и Ахмети со уште еден руски тајкун – Александар Лебедев appeared first on Република.

]]>

Емисијата КОД на Снежана Лупевска открива дека владата на Ковачевски и Ахмети купува поскап руски гас од фирма чиј сопственик е под санкции на две земји на НАТО. По скандалот со рускиот шпион Онишченко, изборот на хрватската фирма за надзор на автопатот кој треба да го гради американската фирма Бехтел која е на руски олигарси блиски на Путин и руската врска со фабриката за вода во селото Гари, КОД открива четврта врска на владини актери со бизниси на руски тајкуни. https://republika.mk/vesti/svet/kanada-mu-vovede-sankcii-na-ruskiot-milijarder-lebedev-sopstvenikot-na-londonski-indipendent/ Александар Лебедев екс оперативец на КГБ и лице под санкции на Канада и САД е сопственик на Балкан ЈУТИЛИТИС – фирма регистрирана во Софија од која владата на Ковачевски и Ахмети купуваат поскап гас, а информациите ги кријат како државна тајна. https://republika.mk/vesti/ekonomija/balkan-jutilitis-koja-esm-ja-izbra-za-snabduvane-so-gas-povrzana-so-ruskiot-oligarh-lebedev/ КОД вечерва објавува информации за бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ чии банкарски гаранции дадени при набавка на гас, државната компанија ЕСМ ги прогласи за доверлива информација. КОД истражува какви гаранции всушност се барале од фирмата од Софија поврзана со контроверзниот руски билионер Лебедев и какви политички конекции има ова мала бугарска фирма. Сторијата на Код на Телма е во вториот дел од емисијата https://fb.watch/ivJbchOM7k/  

The post Зад изгор скапиот бугарски гас се крие поврзаноста на Ковачевски и Ахмети со уште еден руски тајкун – Александар Лебедев appeared first on Република.

]]>
Ковачевски им се извини на „Телма“ и на „Алфа“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-im-se-izvini-na-telma-i-na-alfa/ Wed, 18 Jan 2023 11:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=598285

Премиерот Димитар Ковачевски им се извини на Телевизија Телма и Алфа ТВ, за тоа што Телма телевизија ја обвини дека зад уредувачката политика стои енергетска компанија, а за Алфа ТВ рече дека е гласило на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ.

Би сакал да повторам дека јас не посочив ниту еден медиум конкретно и тоа може да се потврди преку снимката, од прес конференцијата. Но сепак, ако некој се препозна во мојата изјава и ако е тоа вистина, и ако има потреба од извинување, тогаш го има моето извинување. Морам да сум многу јасен дека не постои професија која јас не ја почитувам и ценам, изјави премиерот.

The post Ковачевски им се извини на „Телма“ и на „Алфа“ appeared first on Република.

Граѓаните треба правилно да ги ориентираме, вели Ахмети, а „Алфа“ и „Телма“ им поттикнувале „други реакции“ https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-treba-pravilno-da-gi-orientirame-veli-ahmeti-a-alfa-i-telma-im-pottiknuvale-drugi-reaktsii/ Tue, 17 Jan 2023 11:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=597829

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека она што го кажа во Гостивар споменувајќи ги телевизиите „Алфа“ и „Телма“, не се однесувало кон телевизиите туку, како што рече, кон различните реакции кои постојат помеѓу граѓаните што се поттикнати.

Ова Ахмети го кажа на прашањето дали ќе им се извини на „Алфа“ и на „Телма“.

Сметам дека ова прашање е веќе објаснето. Тоа не се однесуваше значи кон телевизиите, туку кон различните реакции коишто постојат помеѓу граѓаните  и коишто се поттикнати. Сметам дека граѓаните треба да бидат правилно ориентирани, рече Ахмети. 

Ахмети исто така не смета дека на таков начин го загрозува правото на слобода на говор на граѓаните, повторувајќи дека „треба да се оринетираме правилно поточно да научиме од минатото“.

 Значи не е во прашање тоа значи што му одговара на некој да се каже, туку најважно е дека треба да бидеме, да се ориентираме правилно поточно да научиме од минатото, рече лидерот на ДУИ.  

На прашањето дека со тоа што го кажа го загрози интеритетот на медиумите и на вработените, тој рече дека сите имаме колективна одговорност.   

Тоа не се однесува на кажав и претходно на медиумите, туку имаме колективна одговорност  како значи да се справиме со општествените одговорности, рече Ахмети.

Имаме одговорност, вели тој, како „ги ориентираме граѓаните“.

Значи да ја кажеш вистината знам дека е болно. Но имаме одговорност како политички партии, како општествени  организации, како медиуми, како ги ориентираме граѓаните, рече Ахмети. 

ДУИ, без присуство на членовите на раководоството незадоволната група во партијата денеска во Скопје ја одбележа 555 годишнина од смртта на Скендербег, за кого Ахмети кажа дека е стратег и посебна историска личност важна за цела Европа.

The post Граѓаните треба правилно да ги ориентираме, вели Ахмети, а „Алфа“ и „Телма“ им поттикнувале „други реакции“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека она што го кажа во Гостивар споменувајќи ги телевизиите „Алфа“ и „Телма“, не се однесувало кон телевизиите туку, како што рече, кон различните реакции кои постојат помеѓу граѓаните што се поттикнати. Ова Ахмети го кажа на прашањето дали ќе им се извини на „Алфа“ и на „Телма“.
Сметам дека ова прашање е веќе објаснето. Тоа не се однесуваше значи кон телевизиите, туку кон различните реакции коишто постојат помеѓу граѓаните  и коишто се поттикнати. Сметам дека граѓаните треба да бидат правилно ориентирани, рече Ахмети. 
Ахмети исто така не смета дека на таков начин го загрозува правото на слобода на говор на граѓаните, повторувајќи дека „треба да се оринетираме правилно поточно да научиме од минатото“.
 Значи не е во прашање тоа значи што му одговара на некој да се каже, туку најважно е дека треба да бидеме, да се ориентираме правилно поточно да научиме од минатото, рече лидерот на ДУИ.  
На прашањето дека со тоа што го кажа го загрози интеритетот на медиумите и на вработените, тој рече дека сите имаме колективна одговорност.   
Тоа не се однесува на кажав и претходно на медиумите, туку имаме колективна одговорност  како значи да се справиме со општествените одговорности, рече Ахмети.
Имаме одговорност, вели тој, како „ги ориентираме граѓаните“.
Значи да ја кажеш вистината знам дека е болно. Но имаме одговорност како политички партии, како општествени  организации, како медиуми, како ги ориентираме граѓаните, рече Ахмети. 
ДУИ, без присуство на членовите на раководоството незадоволната група во партијата денеска во Скопје ја одбележа 555 годишнина од смртта на Скендербег, за кого Ахмети кажа дека е стратег и посебна историска личност важна за цела Европа.

The post Граѓаните треба правилно да ги ориентираме, вели Ахмети, а „Алфа“ и „Телма“ им поттикнувале „други реакции“ appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-premierot-da-se-vozdrzhi-od-iskazhuvane-lichni-stavovi-za-mediumite/ Tue, 17 Jan 2023 09:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=597742

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.

„Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување.

Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност – се наведува во соопштението на АВМУ.

Претходно изјавите на премиерот Ковачевски на адреса на Телма и Алфа ги критикуваа и здруженијата на новинарите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/liderite-na-dui-i-sdsm-etiketiraa-televizii-osuda-od-novinarski-zdruzhenija/

The post АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.
„Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување. Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност – се наведува во соопштението на АВМУ.
Претходно изјавите на премиерот Ковачевски на адреса на Телма и Алфа ги критикуваа и здруженијата на новинарите. https://republika.mk/vesti/makedonija/liderite-na-dui-i-sdsm-etiketiraa-televizii-osuda-od-novinarski-zdruzhenija/

The post АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите appeared first on Република.

]]>
Обвинителството ја повлече поканата за уредничката на ТВ Телма https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ja-povleche-pokanata-za-urednichkata-na-tv-telma/ Thu, 26 May 2022 11:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=507230

Обвинителството ја повлече поканата за уредничката на Телма телевизија Весна Јованосвска Дојчиновска, по силниот притисок од медиумските здрженија и јавноста, објави „Телма“.

Обвинителството го контатирало пропустот од надлежниот обвинител кој го водел предметот дека станува збор за техничка грешка, односно дека снимките во пријавата се однесувале на друг медиум.

Ваквите зачестени случаи на новинари кои се повикуваат на информативни разговри во полиција доведоа до тоа обвинителството и истражните органи да го прифаата предлогот на новинарските здруженија за формирање на посебни одделение со кои би се избегнале ваквите несмасни случаи.

Јовановска Дојчиновска, по наредба на обвинител, беше повикана на распит за информација која воопшто не е објавена на ТВ Телма и на дигиталните сервиси на телевизијата.

The post Обвинителството ја повлече поканата за уредничката на ТВ Телма appeared first on Република.

]]>

Обвинителството ја повлече поканата за уредничката на Телма телевизија Весна Јованосвска Дојчиновска, по силниот притисок од медиумските здрженија и јавноста, објави „Телма“. Обвинителството го контатирало пропустот од надлежниот обвинител кој го водел предметот дека станува збор за техничка грешка, односно дека снимките во пријавата се однесувале на друг медиум. Ваквите зачестени случаи на новинари кои се повикуваат на информативни разговри во полиција доведоа до тоа обвинителството и истражните органи да го прифаата предлогот на новинарските здруженија за формирање на посебни одделение со кои би се избегнале ваквите несмасни случаи. Јовановска Дојчиновска, по наредба на обвинител, беше повикана на распит за информација која воопшто не е објавена на ТВ Телма и на дигиталните сервиси на телевизијата.  

The post Обвинителството ја повлече поканата за уредничката на ТВ Телма appeared first on Република.

]]>