телевизиска дебата Archives - Република https://republika.mk/tema/televiziska-debata/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 05:23:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телевизиска дебата Archives - Република https://republika.mk/tema/televiziska-debata/ 32 32 Денеска е најважниот момент од претседателската кампања во САД – дебатата меѓу Харис и Трамп https://republika.mk/vesti/svet/deneska-e-najvazhniot-moment-od-pretsedatelskata-kampana-vo-sad-debatata-megu-haris-i-tramp/ Tue, 10 Sep 2024 05:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=814772

Вечерва претстои најважниот момент од претседателската кампања во САД – дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп.

Сцената во Националниот уставен ценар во Филаделфија е поставена за она што би можело да биде клучен момент во кампањата што води до победа на претседателските избори во САД на 5 ноември.

Ова ќе биде интервју за работа на Камала Харис, изјави синоќа за дебатата коментатор на Си-Ен-Ен.

Двајцата кандидати никогаш не се сретнале, ниту разговарале по телефон, но утре ќе стојат на кратко растојание еден од друг на сцената во Националниот уставен центар. Двајцата ќе разменуваат критики 90 минути додека одговараат на прашања поставени од двајца водители на „Еј-Би-Си њуз“, и во сала без публика.

Десетици милиони Американци веројатно ќе ја гледаат дебатата меѓу двајцата претседателски кандидати, која би можела да биде единствената во кампањата.

Анкета на „Си-Ен-Ен“ покажува дека Харис е за само еден процентен поен пред Трамп. Останатите национални анкети укажуваат на тесна трка со неизвесен крај, па затоа дебатата е важна – двајцата треба да се покажат во најдобро светло за малиот број гласачи кои се уште не решиле за кого ќе гласаат.

Дебатата се одржува осум недели пред официјалниот ден на изборите, но само неколку дена пред почетокот на предвременото гласање во некои од 50-те држави во земјата.

Засега само уште една дебата е закажана пред изборите. Кандидатите за потпретседател на САД, Тим Валц демократ и Џеј Ди Венс републиканец, ќе се соочат на 1 октомври во Њујорк на дебата модерирана од „Си-Би-Ес њуз“.

The post Денеска е најважниот момент од претседателската кампања во САД – дебатата меѓу Харис и Трамп appeared first on Република.

]]>

Вечерва претстои најважниот момент од претседателската кампања во САД – дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп. Сцената во Националниот уставен ценар во Филаделфија е поставена за она што би можело да биде клучен момент во кампањата што води до победа на претседателските избори во САД на 5 ноември.
Ова ќе биде интервју за работа на Камала Харис, изјави синоќа за дебатата коментатор на Си-Ен-Ен.
Двајцата кандидати никогаш не се сретнале, ниту разговарале по телефон, но утре ќе стојат на кратко растојание еден од друг на сцената во Националниот уставен центар. Двајцата ќе разменуваат критики 90 минути додека одговараат на прашања поставени од двајца водители на „Еј-Би-Си њуз“, и во сала без публика. Десетици милиони Американци веројатно ќе ја гледаат дебатата меѓу двајцата претседателски кандидати, која би можела да биде единствената во кампањата. Анкета на „Си-Ен-Ен“ покажува дека Харис е за само еден процентен поен пред Трамп. Останатите национални анкети укажуваат на тесна трка со неизвесен крај, па затоа дебатата е важна – двајцата треба да се покажат во најдобро светло за малиот број гласачи кои се уште не решиле за кого ќе гласаат. Дебатата се одржува осум недели пред официјалниот ден на изборите, но само неколку дена пред почетокот на предвременото гласање во некои од 50-те држави во земјата. Засега само уште една дебата е закажана пред изборите. Кандидатите за потпретседател на САД, Тим Валц демократ и Џеј Ди Венс републиканец, ќе се соочат на 1 октомври во Њујорк на дебата модерирана од „Си-Би-Ес њуз“.

The post Денеска е најважниот момент од претседателската кампања во САД – дебатата меѓу Харис и Трамп appeared first on Република.

]]>
„Ако Камала не дојде, ќе си направиме настан“ – Трамп договори дебата на „Фокс њуз“ https://republika.mk/vesti/svet/ako-kamala-ne-dojde-ke-si-napravime-nastan-tramp-dogovori-debata-na-foks-nuz/ Sat, 03 Aug 2024 06:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=802956

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кандидат за претседател на Републиканската партија, се договори со телевизијата „Фокс њуз“ за предизборна телевизиска дебата во нејзиното студио со актуелната потпретседателка на земјата, Камала Харис, негова соперничка за функцијата од страна на Демократската партија.

Трамп ова го соопшти на неговата платформа „Трут соушл“.

Ако по некоја причина Камала не сака или не може да дебатира на овој датум, се договорив со „Фокс њуз“ да направиме голем настан во градската сала на истиот тој четврти септември, пишува Трамп во објавата.

Централата на „Фокс њуз“ е во Њујорк.

Синоќа Харис ја обезбеди номинацијата на Демократската партија, добивајќи го потребниот број гласови од делегатите на националниот партиски конгрес во онлајн гласање пред форумот. Трамп веќе учествуваше во предизборни телевизиски дебати - со претседателот на САД, Џо Бајден, на 27 јуни во студиото на Си Ен Ен во Атланта, Џорџија. Лошото претставување на Бајден тогаш беше главната причина тој да ја повлече својата кандидатура.

The post „Ако Камала не дојде, ќе си направиме настан“ – Трамп договори дебата на „Фокс њуз“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кандидат за претседател на Републиканската партија, се договори со телевизијата „Фокс њуз“ за предизборна телевизиска дебата во нејзиното студио со актуелната потпретседателка на земјата, Камала Харис, негова соперничка за функцијата од страна на Демократската партија. Трамп ова го соопшти на неговата платформа „Трут соушл“.
Ако по некоја причина Камала не сака или не може да дебатира на овој датум, се договорив со „Фокс њуз“ да направиме голем настан во градската сала на истиот тој четврти септември, пишува Трамп во објавата.
Централата на „Фокс њуз“ е во Њујорк. Синоќа Харис ја обезбеди номинацијата на Демократската партија, добивајќи го потребниот број гласови од делегатите на националниот партиски конгрес во онлајн гласање пред форумот. Трамп веќе учествуваше во предизборни телевизиски дебати - со претседателот на САД, Џо Бајден, на 27 јуни во студиото на Си Ен Ен во Атланта, Џорџија. Лошото претставување на Бајден тогаш беше главната причина тој да ја повлече својата кандидатура.

The post „Ако Камала не дојде, ќе си направиме настан“ – Трамп договори дебата на „Фокс њуз“ appeared first on Република.

]]>