телевизија Archives - Република https://republika.mk/tema/televizija/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 13:26:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png телевизија Archives - Република https://republika.mk/tema/televizija/ 32 32 Одземени дозволи на две радија и една телевизија и изречени четири јавни опомени во третиот квартал https://republika.mk/vesti/ekonomija/odzemeni-dozvoli-na-dve-radija-i-edna-televizija-i-izrecheni-chetiri-javni-opomeni-vo-tretiot-kvartal/ Thu, 26 Sep 2024 13:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=819915

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во третиот квартал годинава донела три одлуки за одземање на дозволата за телевизиско/радио емитување и изрекла четири јавни опомени на радиодифузери.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски денеска соопшти дека одлуките за одземање на дозвола се за Радио Балкан, заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата; за радиото Про ФМ, заради недоставување податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање, приходи и расходи и просечна слушаност во 2023 година и за ТВ Канал Вис – заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата и неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола.

Во меѓувреме, посочи Трајчевски, ТВ Канал Вис, го платиле надоместот за дозволата и ги исполниле минималните кадровски услови, по што Советот на Агенцијата ја поништил Одлуката за одземање на дозволата .

На третиот јавен состанок на АВМУ Трајчевски соопшти и дека Агенцијата во јули до Министерството за дигитална трансформација испратила коментари и дополнувања на доставениот скрининг Извештај на Европската комисија за Кластерот 3 за Поглавјето 10, како и ажуриран придонес за Годишниот извештај на Европската комисија за земјава. До Министерството за правда, пак, доставени се забелешки и коментари на Нацрт- Извештајот за владеење на правото за 2024 година и на предлог-заклучоците на Европската комисија за 18-тиот Поткомитетот за правда, слобода и безбедност.

Советот на Агенцијата изминатите три месеци донел и две одлуки за одбивање на барања за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио и ТВ емитување.

– Едното Барање за објавување на јавен конкурс за непрофитно радио на регионално ниво, на подрачјето на град Скопје, е одбиено врз основа на Известување од АЕК дека за сервисната зона – град Скопје нема можност за определување на нова фреквенциска доделба. Второто Барање за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола на национално ниво преку дигитален терестријален мултиплекс беше одбиено врз основа на Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс чии наоди покажаа дека не постои оправданост да се објави конкурс за доделување дозвола за ТВ емитување на државно ниво за програмски сервиси со: претежно забавен општ формат, претежно информативен општ формат и општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции, рече Трајчевски.

Врз основа на доставено барање од заинтересирана страна за отворање непрофитно радио кое ќе емитува програма во подрачјето на Неготино, е изработена Студија за утврдување оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на ова подрачје, која покажа дека постои оправданост за објавување јавен конкурс.

Во третиот квартал годинава Советот на Агенцијата, заради констатирани непочитувања на законските одредби донел четири јавни опомени за радиодифузери од кои три за ТВ Гурра и едно за радио Про ФМ. Донесено е едно решение за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмскиот сервис за операторот Комбо 2003, поради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата. Врз операторите на јавни електронски комуникациски мрежи извршени се вкупно 46 редовни програмски надзори.

При редовни програмски и административни надзори врз петте национални радија и петте регионални радија, прекршување е констатирано само кај радиото Зона М1, поради не емитување на доброволно пријавениот процент македонска музика на дневно ниво, во периодот од 06:00 до 00:00 часот.

По добиени претставки од физички лица, извршени се два вонредни програмски надзори. Едната претставка се однесувала на серијалот „Приказната за Севда“ емитуван на ТВ Сител за која надзорот покажал дека нема прекршувања на правилата за заштита на малолетните лица. Втората претставка се однесувала на одредени телевизии кои несоодветно го применувале графичкиот приказ за предупредувачка сигнализација, што со увидот во програмата на телевизиите, како што соопшти Трајчевски, било потврдено. Агенцијата потоа испратила допис до сите медиуми со потсетување за правилната примена на предупредувачка сигнализација.

 

The post Одземени дозволи на две радија и една телевизија и изречени четири јавни опомени во третиот квартал appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во третиот квартал годинава донела три одлуки за одземање на дозволата за телевизиско/радио емитување и изрекла четири јавни опомени на радиодифузери. Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски денеска соопшти дека одлуките за одземање на дозвола се за Радио Балкан, заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата; за радиото Про ФМ, заради недоставување податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање, приходи и расходи и просечна слушаност во 2023 година и за ТВ Канал Вис – заради неплаќање на годишниот надомест за дозволата и неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола. Во меѓувреме, посочи Трајчевски, ТВ Канал Вис, го платиле надоместот за дозволата и ги исполниле минималните кадровски услови, по што Советот на Агенцијата ја поништил Одлуката за одземање на дозволата . На третиот јавен состанок на АВМУ Трајчевски соопшти и дека Агенцијата во јули до Министерството за дигитална трансформација испратила коментари и дополнувања на доставениот скрининг Извештај на Европската комисија за Кластерот 3 за Поглавјето 10, како и ажуриран придонес за Годишниот извештај на Европската комисија за земјава. До Министерството за правда, пак, доставени се забелешки и коментари на Нацрт- Извештајот за владеење на правото за 2024 година и на предлог-заклучоците на Европската комисија за 18-тиот Поткомитетот за правда, слобода и безбедност. Советот на Агенцијата изминатите три месеци донел и две одлуки за одбивање на барања за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио и ТВ емитување. – Едното Барање за објавување на јавен конкурс за непрофитно радио на регионално ниво, на подрачјето на град Скопје, е одбиено врз основа на Известување од АЕК дека за сервисната зона – град Скопје нема можност за определување на нова фреквенциска доделба. Второто Барање за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола на национално ниво преку дигитален терестријален мултиплекс беше одбиено врз основа на Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс чии наоди покажаа дека не постои оправданост да се објави конкурс за доделување дозвола за ТВ емитување на државно ниво за програмски сервиси со: претежно забавен општ формат, претежно информативен општ формат и општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции, рече Трајчевски. Врз основа на доставено барање од заинтересирана страна за отворање непрофитно радио кое ќе емитува програма во подрачјето на Неготино, е изработена Студија за утврдување оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на ова подрачје, која покажа дека постои оправданост за објавување јавен конкурс. Во третиот квартал годинава Советот на Агенцијата, заради констатирани непочитувања на законските одредби донел четири јавни опомени за радиодифузери од кои три за ТВ Гурра и едно за радио Про ФМ. Донесено е едно решение за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмскиот сервис за операторот Комбо 2003, поради реемитување програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата. Врз операторите на јавни електронски комуникациски мрежи извршени се вкупно 46 редовни програмски надзори. При редовни програмски и административни надзори врз петте национални радија и петте регионални радија, прекршување е констатирано само кај радиото Зона М1, поради не емитување на доброволно пријавениот процент македонска музика на дневно ниво, во периодот од 06:00 до 00:00 часот. По добиени претставки од физички лица, извршени се два вонредни програмски надзори. Едната претставка се однесувала на серијалот „Приказната за Севда“ емитуван на ТВ Сител за која надзорот покажал дека нема прекршувања на правилата за заштита на малолетните лица. Втората претставка се однесувала на одредени телевизии кои несоодветно го применувале графичкиот приказ за предупредувачка сигнализација, што со увидот во програмата на телевизиите, како што соопшти Трајчевски, било потврдено. Агенцијата потоа испратила допис до сите медиуми со потсетување за правилната примена на предупредувачка сигнализација.  

The post Одземени дозволи на две радија и една телевизија и изречени четири јавни опомени во третиот квартал appeared first on Република.

]]>
Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина https://republika.mk/vesti/balkan/lazhni-povitsi-za-bombi-vo-sud-i-televizija-vo-atina/ Mon, 11 Mar 2024 10:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=753581

Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина.

И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани.

Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни.

The post Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина appeared first on Република.

]]>

Со два одделни анонимни телефонски повици, непознати лица претпладнево предупредиле за поставени бомби во Основниот суд во Атина и во студио на телевизијата Антена, а по спроведената проверка било констатирано дека станува збор за лажни дојави, јави дописничката на МИА од Атина. И во двата одвоени случаи, припадници на Единицита за деактивирање експлозивни направи ги проверија објектите, а вработените беа евакуирани. Во изминатиот период во Грција зачестија анонимните повици за поставени бомби, кои на крајот се покажува дека се лажни.

The post Лажни повици за бомби во суд и телевизија во Атина appeared first on Република.

]]>
Откриен и уапсен гостиварец кој за 100 евра годишно обезбедувал кабловска за 2.800 фамилии https://republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrien-i-uapsen-gostivarets-koj-za-100-evra-godishno-obezbeduval-kablovska-za-2-800-familii/ Thu, 02 Nov 2023 11:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=697388

Полициски службеници на СВР Тетово, на 1 ноември околу 13 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно.

СВР Тетово соопшти дека во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.

The post Откриен и уапсен гостиварец кој за 100 евра годишно обезбедувал кабловска за 2.800 фамилии appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово, на 1 ноември околу 13 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б.. Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно. СВР Тетово соопшти дека во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.

The post Откриен и уапсен гостиварец кој за 100 евра годишно обезбедувал кабловска за 2.800 фамилии appeared first on Република.

]]>
За отворањето телевизија од страна на владиката Петар, се огласија од Комисијата за односи со верски заедници https://republika.mk/vesti/makedonija/za-otvoraneto-televizija-od-strana-na-vladikata-petar-se-oglasija-od-komisijata-za-odnosi-so-verski-zaednitsi/ Thu, 09 Mar 2023 10:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=617631

Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски не го коментира „отворањето телевизија од страна на владиката Петар“, но очекува тој да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис.

Немам став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата. Тоа е достапна можност. Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен. Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав, но треба да видиме. Немаме се уште детали, јас очекувам субјектот којшто добил дозволи од Агенцијата за медиуми да излезе и да ја запознае јавноста, затоа што во еден момент тој треба и да и се обрати на јавноста, треба да емитува сигнал токму за јавноста - рече Сотировски во одговор на новинарско прашање на настанот по повод формирањето на „Групата на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.

На барање од фирмата „Преобразба“, во сопственост на митрополит преспанско-пелагониски Петар, чие световно име е Петар Каревски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) даде дозвола за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат, кој ќе зрачи во регионот на скопското подрачје.

Согласно Одлуката, која е донесена на 28 февруари годинава од страна на Советот на АВМУ, телевизискиот програмски сервис на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс. Концесијата се доделува за временски период од девет години.

Владиката Петар досега се нема јавно изјаснето за плановите во однос на отворањето на телевизијата.

The post За отворањето телевизија од страна на владиката Петар, се огласија од Комисијата за односи со верски заедници appeared first on Република.

]]>

Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски не го коментира „отворањето телевизија од страна на владиката Петар“, но очекува тој да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис.
Немам став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата. Тоа е достапна можност. Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен. Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав, но треба да видиме. Немаме се уште детали, јас очекувам субјектот којшто добил дозволи од Агенцијата за медиуми да излезе и да ја запознае јавноста, затоа што во еден момент тој треба и да и се обрати на јавноста, треба да емитува сигнал токму за јавноста - рече Сотировски во одговор на новинарско прашање на настанот по повод формирањето на „Групата на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.
На барање од фирмата „Преобразба“, во сопственост на митрополит преспанско-пелагониски Петар, чие световно име е Петар Каревски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) даде дозвола за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат, кој ќе зрачи во регионот на скопското подрачје. Согласно Одлуката, која е донесена на 28 февруари годинава од страна на Советот на АВМУ, телевизискиот програмски сервис на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс. Концесијата се доделува за временски период од девет години. Владиката Петар досега се нема јавно изјаснето за плановите во однос на отворањето на телевизијата.

The post За отворањето телевизија од страна на владиката Петар, се огласија од Комисијата за односи со верски заедници appeared first on Република.

]]>
Владиката Петар отвора телевизија во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/vladikata-petar-otvora-televizija-vo-skopje/ Wed, 01 Mar 2023 07:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=614400

Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината, објави порталот Фактор.

Наводно, зад овој медиум стои митрополитот преспанско-пелагониски владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.

Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.

Дозволата се доделува на временски период од девет години, стои во одлуката.

The post Владиката Петар отвора телевизија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината, објави порталот Фактор. Наводно, зад овој медиум стои митрополитот преспанско-пелагониски владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“. Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.
Дозволата се доделува на временски период од девет години, стои во одлуката.

The post Владиката Петар отвора телевизија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Првпат во историјата прогласувањето на британски крал ќе се емитува на телевизија https://republika.mk/vesti/svet/prvpat-vo-istorijata-proglasuvanjeto-na-britanski-kral-kje-se-emituva-na-televizija/ Sat, 10 Sep 2022 09:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=549362

Кралот Чарлс денеска ќе ја подотвори кралската завеса, со оглед на тоа дека неговото прогласување за крал по првпат се емитува на телевизија. Тоа е огромен контраст на острите, само неколку, црно-бели фотографии од времето кога Елизабета беше прогласена за кралица пред 70 години, јави Би-Би-Си.

Чарлс Трети ќе биде именуван за крал од Советот за наследување, кој денеска ќе се состане во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот. Во платата веќе пристигнаа актуелната и поранешните премиери на Велика Британија Лиз Трас, Борис Џонсон, Гордон Браун и Тони Блер.

Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери.

Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт.

Поканети се сите членови на Тајниот совет, но не сите ќе можат да учествуваат на церемонијата за прогласување на новиот крал. Во 1952 година, на пример, по смртта на кралот Џорџ Шести, 191 советник учествувале на Советот за наследување, кој ја прогласил Елизабета за кралица.

Церемонијата за прогласување на новиот монарх се состои од два дела.

Во првиот дел, претседателот на Тајниот совет ќе ја објави смртта на кралицата, а службеникот на Советот, Ричард Тилбрук, на глас ќе го прочита прогласот за наследување на тронот.

Присуствувајќи на церемонијата, членовите на кралското семејство, премиерот, надбискупот од Кентербери и Ерл Маршал – наследна кралска функција со одговорност за организирање државни церемонии, ќе го потпишат документот што го содржи текстот на прогласот.

По потпишувањето на документот, претседателот на Советот ќе ги повика сите присутни да молчат додека Советот договара други работи поврзани со церемонијата, како што се споделувањето на Прогласот и давање насоки за пукање на топовски поздрави во Лондонскиот Хајд Парк и во лондонската кула.

По завршувањето на првиот дел од церемонијата, текстот на прогласот ќе се чита од еден од балконите на палатата Сент Џејмс.

Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф.

Вториот дел од церемонијата не секогаш веднаш следува по првиот дел. Вториот дел се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата.

Тој потоа ќе положи заклетва во врска со безбедноста на Црквата на Шкотска, како што се бара со Законот од 1707 година, кој ја обедини Шкотска со Англија и Велс и ја формираше Велика Британија. Оваа заклетва ја полагал секој монарх од 1714 година наваму.

Кралот ќе потпише две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата.

Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.

The post Првпат во историјата прогласувањето на британски крал ќе се емитува на телевизија appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс денеска ќе ја подотвори кралската завеса, со оглед на тоа дека неговото прогласување за крал по првпат се емитува на телевизија. Тоа е огромен контраст на острите, само неколку, црно-бели фотографии од времето кога Елизабета беше прогласена за кралица пред 70 години, јави Би-Би-Си. Чарлс Трети ќе биде именуван за крал од Советот за наследување, кој денеска ќе се состане во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот. Во платата веќе пристигнаа актуелната и поранешните премиери на Велика Британија Лиз Трас, Борис Џонсон, Гордон Браун и Тони Блер. Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери. Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт. Поканети се сите членови на Тајниот совет, но не сите ќе можат да учествуваат на церемонијата за прогласување на новиот крал. Во 1952 година, на пример, по смртта на кралот Џорџ Шести, 191 советник учествувале на Советот за наследување, кој ја прогласил Елизабета за кралица. Церемонијата за прогласување на новиот монарх се состои од два дела. Во првиот дел, претседателот на Тајниот совет ќе ја објави смртта на кралицата, а службеникот на Советот, Ричард Тилбрук, на глас ќе го прочита прогласот за наследување на тронот. Присуствувајќи на церемонијата, членовите на кралското семејство, премиерот, надбискупот од Кентербери и Ерл Маршал – наследна кралска функција со одговорност за организирање државни церемонии, ќе го потпишат документот што го содржи текстот на прогласот. По потпишувањето на документот, претседателот на Советот ќе ги повика сите присутни да молчат додека Советот договара други работи поврзани со церемонијата, како што се споделувањето на Прогласот и давање насоки за пукање на топовски поздрави во Лондонскиот Хајд Парк и во лондонската кула. По завршувањето на првиот дел од церемонијата, текстот на прогласот ќе се чита од еден од балконите на палатата Сент Џејмс. Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф. Вториот дел од церемонијата не секогаш веднаш следува по првиот дел. Вториот дел се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата. Тој потоа ќе положи заклетва во врска со безбедноста на Црквата на Шкотска, како што се бара со Законот од 1707 година, кој ја обедини Шкотска со Англија и Велс и ја формираше Велика Британија. Оваа заклетва ја полагал секој монарх од 1714 година наваму. Кралот ќе потпише две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.

The post Првпат во историјата прогласувањето на британски крал ќе се емитува на телевизија appeared first on Република.

]]>