текстилни работнички Archives - Република https://republika.mk/tema/tekstilni-rabotnichki/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 13:10:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png текстилни работнички Archives - Република https://republika.mk/tema/tekstilni-rabotnichki/ 32 32 Ампева: 69 текстилни работнички од Кавадарци на кои предметот им е вратен во Основниот суд се олицетворение на овој 8 март https://republika.mk/vesti/ekonomija/ampeva-69-tekstilni-rabotnichki-od-kavadartsi-na-koi-predmetot-im-e-vraten-vo-osnovniot-sud-se-olitsetvorenie-na-ovoj-8-mart/ Fri, 08 Mar 2024 13:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=752685

Шеесет и деветте текстилни работнички од конфекцијата „Сони“ во Кавадарци се олицетворение на овој 8 март, порача на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Апелациониот суд Скопје го врати предметот во Основен суд Кавадрци, со првостепената пресуда 69 работнички беа задолжени поради изгубен судски спор за неисплатени плати да платат 20.000 евра за судски трошоци.

-На 69 работнички не и биле исплатени три месечни нето плати како и прекувремена работа и други дотатоци кои следуваат по Законот за работни односи како и Општиот колективниот договор за приватниот сектор. Ние како Здружение за заштита на работнички права „Гласен Текстилец“ сме особено среќни и горди што првостепената пресуда која беше донесена од страна на Основниот суд во Кавадарци, истата беше укината од страна на Апелациониот суд во Скопје и вратена на повторно судење пред првостепениот суд во Кавадарци, изјави Ампева.

Таа истакна дека во април е закажано првото рочиште во Судот во Кавадарци на кое ќе бидат присутни, за да го мониторираат текот на постапката.

-Сакаме да им честитаме на работничките од поранешната СОНИ Кавадарци и на нивната адвокатка Даница Милкова, кои и покрај сите притисоци од разни центри на моќ, покрај неправдата која им беше нанесена, тие успеаја да ја докажат правдата. Од пресудата на скопска Апелација, се дадени јасни напатсвија, и потенцирана контрадикторноста, неразбирливоста, нејасноста во ценењето на одредбите на членови и закони и како ценеле за да донесат таква пресуда како првостепен суд, вели Ампева.

Лани во март откако Основниот суд во Кавадарци пресуди против работничките и наложи да платат 20.000 евра судски трошоци за загубениот спор , беа организирани неколку протести. По повод Меѓународниот празник на жената, Ампева на денешната прес-конференција истакна дека и по повеќе од еден век откако Клара Цеткин и Роза Луксембург повикаа за родова еднаквост, направен е значителен напредок, но сепак какошто вели Ампева сме далеку од првичната идеја за рамноправност помеѓу мажот и жената, објаснува Ампева.

-Се уште имаме откази на бремени жени, има работничките во приватниот сектор на кои се уште не им се исплпаќа редовно платата, придонеси, немаат здравствено осигурување поради некој што упопрно сака да биде газда, а не знае како да работи тоа значи дека ние се уште се соочуваме со непочитуваање и на работничките, но и на основните човекови права, рече Ампева.

Таа истакна дека со работа и притисок на невладиниот сектор се подобруваат работите во делот на правата на работничките и работниците, иако тешко ќе се постигне да има совршени работнички права.

The post Ампева: 69 текстилни работнички од Кавадарци на кои предметот им е вратен во Основниот суд се олицетворение на овој 8 март appeared first on Република.

]]>

Шеесет и деветте текстилни работнички од конфекцијата „Сони“ во Кавадарци се олицетворение на овој 8 март, порача на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Апелациониот суд Скопје го врати предметот во Основен суд Кавадрци, со првостепената пресуда 69 работнички беа задолжени поради изгубен судски спор за неисплатени плати да платат 20.000 евра за судски трошоци. -На 69 работнички не и биле исплатени три месечни нето плати како и прекувремена работа и други дотатоци кои следуваат по Законот за работни односи како и Општиот колективниот договор за приватниот сектор. Ние како Здружение за заштита на работнички права „Гласен Текстилец“ сме особено среќни и горди што првостепената пресуда која беше донесена од страна на Основниот суд во Кавадарци, истата беше укината од страна на Апелациониот суд во Скопје и вратена на повторно судење пред првостепениот суд во Кавадарци, изјави Ампева. Таа истакна дека во април е закажано првото рочиште во Судот во Кавадарци на кое ќе бидат присутни, за да го мониторираат текот на постапката. -Сакаме да им честитаме на работничките од поранешната СОНИ Кавадарци и на нивната адвокатка Даница Милкова, кои и покрај сите притисоци од разни центри на моќ, покрај неправдата која им беше нанесена, тие успеаја да ја докажат правдата. Од пресудата на скопска Апелација, се дадени јасни напатсвија, и потенцирана контрадикторноста, неразбирливоста, нејасноста во ценењето на одредбите на членови и закони и како ценеле за да донесат таква пресуда како првостепен суд, вели Ампева. Лани во март откако Основниот суд во Кавадарци пресуди против работничките и наложи да платат 20.000 евра судски трошоци за загубениот спор , беа организирани неколку протести. По повод Меѓународниот празник на жената, Ампева на денешната прес-конференција истакна дека и по повеќе од еден век откако Клара Цеткин и Роза Луксембург повикаа за родова еднаквост, направен е значителен напредок, но сепак какошто вели Ампева сме далеку од првичната идеја за рамноправност помеѓу мажот и жената, објаснува Ампева. -Се уште имаме откази на бремени жени, има работничките во приватниот сектор на кои се уште не им се исплпаќа редовно платата, придонеси, немаат здравствено осигурување поради некој што упопрно сака да биде газда, а не знае како да работи тоа значи дека ние се уште се соочуваме со непочитуваање и на работничките, но и на основните човекови права, рече Ампева. Таа истакна дека со работа и притисок на невладиниот сектор се подобруваат работите во делот на правата на работничките и работниците, иако тешко ќе се постигне да има совршени работнички права.

The post Ампева: 69 текстилни работнички од Кавадарци на кои предметот им е вратен во Основниот суд се олицетворение на овој 8 март appeared first on Република.

]]>
Околу илјада текстилни работници добија плата под минималната https://republika.mk/vesti/makedonija/okolu-iljada-tekstilni-rabotnici-dobija-plata-pod-minimalnata/ Sat, 30 Apr 2022 07:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=495600

Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.

Таа појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.

Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд, вели Ампева.

Забележува дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење.

Таа порача дека пријавите да не се за редовно работење не би ги спомнала, а веќе се и информирани и странските брендови, како и дали знаат дека мартовската плата за разботниците треба да е минимум 18.000 денари.

Ампева останува на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора.

The post Околу илјада текстилни работници добија плата под минималната appeared first on Република.

]]>

Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната. Таа појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.
Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд, вели Ампева.
Забележува дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење. Таа порача дека пријавите да не се за редовно работење не би ги спомнала, а веќе се и информирани и странските брендови, како и дали знаат дека мартовската плата за разботниците треба да е минимум 18.000 денари. Ампева останува на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора.

The post Околу илјада текстилни работници добија плата под минималната appeared first on Република.

]]>
Текстилна работничка на суд го доби спорот против поранешната газдарица, прва ваква победа во македонското судство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tekstilna-rabotnichka-na-sud-go-dobi-sporot-protiv-poraneshnata-gazdarica-prva-vakva-pobeda-vo-makedonskoto-sudstvo/ Wed, 02 Mar 2022 18:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=466612

Текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против поранешната работодавачка, која треба да ѝ исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924 денари.

Здружението „Гласен Текстилец“ кое ја поднесе кривичната пријава, соопшти дека ја поздравува судската одлука и дека сака да се воспостави конечна пракса во однос на кривичните дела за работните односи.

Од здружението наведуваат дека пријавата против сопственичката на делчевската текстилна фабрика е за „повреда на права од работен однос“ и „фалсификување на исправа”.

Основното јавно обвинителство Делчево поднесе обвинение против осомничените лица за горенаведените лица бидејќи лицето како управител на Аледам Фешн од Делчево не се придржувала кон член 97 од Законот за работни однос за престанок на работен однос од деловни причини и не ѝ исплатила испратнина на работничката-оштетена на постапка и како управител на правното лице Палтекс АД од Делчево во име и за сметка на правното лице направила лажна исправа договор за вработување со оштетената работничка, кој договор непотпишан од страна на работничката го употребила пред инстититуциите во државата, се вели во соопштението на „Гласен Текстилец“.

Здружението наведува и дека е потребна поголема сензибилност за јавното обвинителството и судовите во државата за кривични дела застапени против работните односи, како и да почне да се практикува Кривичниот законик, а не како што велат, како досега само да биде запишано на лист хартија и да се третираат како прекршување на работни односи.

Ова се кривични дела предвидени согласно Кривичниот Законик и време е во пракса да се третираат како такви, се со цел да се намалат овие девијантни појави и злоупотреби на грбот на работниците, велат во соопштението од „Гласен Текстилец“

The post Текстилна работничка на суд го доби спорот против поранешната газдарица, прва ваква победа во македонското судство appeared first on Република.

]]>

Текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против поранешната работодавачка, која треба да ѝ исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924 денари. Здружението „Гласен Текстилец“ кое ја поднесе кривичната пријава, соопшти дека ја поздравува судската одлука и дека сака да се воспостави конечна пракса во однос на кривичните дела за работните односи. Од здружението наведуваат дека пријавата против сопственичката на делчевската текстилна фабрика е за „повреда на права од работен однос“ и „фалсификување на исправа”.
Основното јавно обвинителство Делчево поднесе обвинение против осомничените лица за горенаведените лица бидејќи лицето како управител на Аледам Фешн од Делчево не се придржувала кон член 97 од Законот за работни однос за престанок на работен однос од деловни причини и не ѝ исплатила испратнина на работничката-оштетена на постапка и како управител на правното лице Палтекс АД од Делчево во име и за сметка на правното лице направила лажна исправа договор за вработување со оштетената работничка, кој договор непотпишан од страна на работничката го употребила пред инстититуциите во државата, се вели во соопштението на „Гласен Текстилец“.
Здружението наведува и дека е потребна поголема сензибилност за јавното обвинителството и судовите во државата за кривични дела застапени против работните односи, како и да почне да се практикува Кривичниот законик, а не како што велат, како досега само да биде запишано на лист хартија и да се третираат како прекршување на работни односи.
Ова се кривични дела предвидени согласно Кривичниот Законик и време е во пракса да се третираат како такви, се со цел да се намалат овие девијантни појави и злоупотреби на грбот на работниците, велат во соопштението од „Гласен Текстилец“

The post Текстилна работничка на суд го доби спорот против поранешната газдарица, прва ваква победа во македонското судство appeared first on Република.

]]>