текнопанел Archives - Република https://republika.mk/tema/teknopanel/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 21:24:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png текнопанел Archives - Република https://republika.mk/tema/teknopanel/ 32 32 Потпишан Договорот со „Текнопанел“, ќе отвори 120 работни места во Бунарџик https://republika.mk/vesti/ekonomija/potpishan-dogovorot-so-teknopanel-kje-otvori-120-rabotni-mesta-vo-bunardzik/ Fri, 18 Nov 2022 21:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=575649

Инвестиција вредна 20 милиони евра која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“ што веќе се гради во ТИРЗ Скопје 1. Договорот за инвестицијата го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски и Орхан Кахвеџи, сопственик и член на Управниот одбор на „Текнопанел“.

Како што беше речено, во новиот капацитет со површина од 16.000 квадратни метри сместен на плац со површина од 55.000  квадратни метри во ТИРЗ Скопје 1, ќе се произведуваат најсовремени сендвич панели.

Ова е прв капацитет на компанијата надвор од Турција и според инвестицискиот план, се очекува вкупниот извоз за десет години да надмине 170 милиони евра.

-Денес е важен ден зашто влегува нова инвестиција и ова не е случајно. Како Влада овозможивме предности за инвестирање. Членка сме на НАТО, со почнати преговори за членство во ЕУ и затоа сме стабилен партнер за странските инвеститори, истакна Ковачевски пред потпишувањето на Договорот.

Според него, производството во новиот капацитет на „Текнопанел“ ќе почне идната година, а просечната нето плата ќе биде 600 евра.

-Согласно инвестицискиот план предвидено е континуиран раст на платите. „Текнопанел“ во ТИРЗ ќе произведува иновативни покривни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а се отпорни  и на пожар. Сето ова значи, нов стимул за домашната економија и зголемување на извоз од земјата. Групацијата има 460 вработени и е една од водечките компании во Европа со напредно технолошко производство и извоз во 102 земји во светот. Од тука во Скопје ќе се снабдува европскиот пазар и во следните девет години се очекува извозот да достигне над 170,5 милиони евра, рече Ковачевски.

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ, како што посочи, се отворени над 2 000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000.

-Во моментов, ТИРЗ има помеѓу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики кои што имаат потпишано договори со Владата. Дел од најновите инвеститори веќе имаат економски активности, а во следните два месеци до крајот на годината ќе презентираме уште четири нови инвестиции, најави премиерот.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски оцени дека „Текнопанел“ нема да застане на овие 20 милиони евра и дека во наредните месеци ќе почнат разговори за проширување на инвестицијата.

-Инвестицијата произлезе од скромниот разговор што го имавме минатиот јули со Орхан Кахвеџи во неговата канцеларија во Истанбул. Од таквиот скромен разговор стигнавме до нешто што веќе се случува во ТИРЗ Скопје 1, рече Деспотовски.

Нагласи дека во изминатите 18 месеци во технолошко-индустриските развојни зони има инвестиции од 620 милиони евра со кои се планира отворање на нови 5 000 работни места.

Сопственикот и член на Управниот одбор на „Текнопанел“ порача дека инвестицијата во ТИРЗ Скопје ќе се одвива во четири етапи.

-Нашиот петти објект во Скопје ќе биде со најсовремени технологии, ќе произведува 350.000 кубни метри продукти што ќе се извезуваат низ цела Евроа и ќе има годишен извоз од 35 милиони евра. Ќе биде лидер марка во македонската индустрија, рече Кахвеџи.

Нагласи дека имаат и ќе имаат индустриска и јавна соработка со многу фирми во земјава.

Турскиот амбасадор  Хасан Мехмед Секизкок рече дека турските компании многу инвестираат во земјава и додаде дека од денеска со доаѓањето на „Текнопанел“ ќе се поттикне нова вредност во македонската економија.

-Соработката ќе вроди со голем плод. Турција е пријателска и братска земја со вас и како и досега и отсега ќе се стремиме да продолжат нашите инвестиции и да ја поддржиме македонската економија. Идниот месец ќе се одржи состанок на Мешовитата економска комисија на кој ќе се разгледуваат можностите за економски развој и соработка, рече Секизкок.

„Технопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата од 500 водечки индустриски компании во земјата. Има четири фабрики во Турција во Мерсин, Измир, Сакарија и Истанбул.

The post Потпишан Договорот со „Текнопанел“, ќе отвори 120 работни места во Бунарџик appeared first on Република.

]]>

Инвестиција вредна 20 милиони евра која треба да отвори 120 работни места, вака денеска е најавен новиот производствен капацитет на турската високотехнолошка компанија „Текнопанел“ што веќе се гради во ТИРЗ Скопје 1. Договорот за инвестицијата го потпишаа премиерот Димитар Ковачевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски и Орхан Кахвеџи, сопственик и член на Управниот одбор на „Текнопанел“. Како што беше речено, во новиот капацитет со површина од 16.000 квадратни метри сместен на плац со површина од 55.000  квадратни метри во ТИРЗ Скопје 1, ќе се произведуваат најсовремени сендвич панели. Ова е прв капацитет на компанијата надвор од Турција и според инвестицискиот план, се очекува вкупниот извоз за десет години да надмине 170 милиони евра.
-Денес е важен ден зашто влегува нова инвестиција и ова не е случајно. Како Влада овозможивме предности за инвестирање. Членка сме на НАТО, со почнати преговори за членство во ЕУ и затоа сме стабилен партнер за странските инвеститори, истакна Ковачевски пред потпишувањето на Договорот. Според него, производството во новиот капацитет на „Текнопанел“ ќе почне идната година, а просечната нето плата ќе биде 600 евра. -Согласно инвестицискиот план предвидено е континуиран раст на платите. „Текнопанел“ во ТИРЗ ќе произведува иновативни покривни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а се отпорни  и на пожар. Сето ова значи, нов стимул за домашната економија и зголемување на извоз од земјата. Групацијата има 460 вработени и е една од водечките компании во Европа со напредно технолошко производство и извоз во 102 земји во светот. Од тука во Скопје ќе се снабдува европскиот пазар и во следните девет години се очекува извозот да достигне над 170,5 милиони евра, рече Ковачевски. Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ, како што посочи, се отворени над 2 000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. -Во моментов, ТИРЗ има помеѓу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики кои што имаат потпишано договори со Владата. Дел од најновите инвеститори веќе имаат економски активности, а во следните два месеци до крајот на годината ќе презентираме уште четири нови инвестиции, најави премиерот.
Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски оцени дека „Текнопанел“ нема да застане на овие 20 милиони евра и дека во наредните месеци ќе почнат разговори за проширување на инвестицијата. -Инвестицијата произлезе од скромниот разговор што го имавме минатиот јули со Орхан Кахвеџи во неговата канцеларија во Истанбул. Од таквиот скромен разговор стигнавме до нешто што веќе се случува во ТИРЗ Скопје 1, рече Деспотовски. Нагласи дека во изминатите 18 месеци во технолошко-индустриските развојни зони има инвестиции од 620 милиони евра со кои се планира отворање на нови 5 000 работни места.
Сопственикот и член на Управниот одбор на „Текнопанел“ порача дека инвестицијата во ТИРЗ Скопје ќе се одвива во четири етапи. -Нашиот петти објект во Скопје ќе биде со најсовремени технологии, ќе произведува 350.000 кубни метри продукти што ќе се извезуваат низ цела Евроа и ќе има годишен извоз од 35 милиони евра. Ќе биде лидер марка во македонската индустрија, рече Кахвеџи. Нагласи дека имаат и ќе имаат индустриска и јавна соработка со многу фирми во земјава.
Турскиот амбасадор  Хасан Мехмед Секизкок рече дека турските компании многу инвестираат во земјава и додаде дека од денеска со доаѓањето на „Текнопанел“ ќе се поттикне нова вредност во македонската економија. -Соработката ќе вроди со голем плод. Турција е пријателска и братска земја со вас и како и досега и отсега ќе се стремиме да продолжат нашите инвестиции и да ја поддржиме македонската економија. Идниот месец ќе се одржи состанок на Мешовитата економска комисија на кој ќе се разгледуваат можностите за економски развој и соработка, рече Секизкок. „Технопанел“ е еден од најголемите извозници во Турција и на листата од 500 водечки индустриски компании во земјата. Има четири фабрики во Турција во Мерсин, Измир, Сакарија и Истанбул.

The post Потпишан Договорот со „Текнопанел“, ќе отвори 120 работни места во Бунарџик appeared first on Република.

]]>