Техком Archives - Република https://republika.mk/tema/tehkom/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 09:35:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Техком Archives - Република https://republika.mk/tema/tehkom/ 32 32 Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/kompanija-od-kochani-go-vkluchi-sopstvenoto-protivpozharno-vozilo-za-gasene-na-pozharite-vo-regionot/ Fri, 02 Aug 2024 09:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=802582

Компанијата „Техком“ од Кочани, во рамки на својата општествена одговорност, се вклучи со лица и техника во гасењето на пожарите во Источниот регион.

Со сопственото специјално опремено противпожарно возило од марката „Kronenburg mac 06“, кочанската компанија веќе им помогна на противпожарните екипи во Светиниколско, каде во изминатите денови од пожарите изгореа неколку илјади хектари со пасишта и шуми.

Возилото на компанијата „Техком“ има капацитет од 9.000 литри вода, а располага и со далечински управуван топ, чиј млаз исфрла вода во далечина до 100 метри. Исто така, има и противпожарни црева и друга опрема за гасење оган во полски и шумски услови. Со тоа се овозможува поефикасно интервенирање, намалена опасност и зголемена безбедност за лицата кои се вклучени во справувањето со огнената стихија.

Карактеристично е што ова возило има погон на сите тркала и може да се движи по т.н. офроуд терени, односно да пристапи и на терени каде што обичните противпожарни возила не можат да влезат.

The post Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Техком“ од Кочани, во рамки на својата општествена одговорност, се вклучи со лица и техника во гасењето на пожарите во Источниот регион. Со сопственото специјално опремено противпожарно возило од марката „Kronenburg mac 06“, кочанската компанија веќе им помогна на противпожарните екипи во Светиниколско, каде во изминатите денови од пожарите изгореа неколку илјади хектари со пасишта и шуми. Возилото на компанијата „Техком“ има капацитет од 9.000 литри вода, а располага и со далечински управуван топ, чиј млаз исфрла вода во далечина до 100 метри. Исто така, има и противпожарни црева и друга опрема за гасење оган во полски и шумски услови. Со тоа се овозможува поефикасно интервенирање, намалена опасност и зголемена безбедност за лицата кои се вклучени во справувањето со огнената стихија. Карактеристично е што ова возило има погон на сите тркала и може да се движи по т.н. офроуд терени, односно да пристапи и на терени каде што обичните противпожарни возила не можат да влезат.

The post Компанија од Кочани го вклучи сопственото противпожарно возило за гасење на пожарите во регионот appeared first on Република.

]]>