тегла Archives - Република https://republika.mk/tema/tegla/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 09:14:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тегла Archives - Република https://republika.mk/tema/tegla/ 32 32 Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/dushko-od-gevgelija-im-odgovori-na-site-shto-velat-deka-500-denari-za-tegla-domashen-ajvar-e-preskapo/ Sun, 10 Nov 2024 16:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=836139

Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница

Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата).

Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан.

Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол.

Дрвата исто така не се бесплатни.

За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар.

Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле.

Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата.

Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.

 

 

 

The post Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо appeared first on Република.

]]>

Земјоделецот Душко Ѓуров од Гевгелија во фејсбук-групата Земјоделие.мк објасни колкави се трошоците за правење на ајвар за оние што мислат дека 400 или 500 денари е превисока цена за тегла од оваа зимница Еве како изгледаат трошоците за еден ајвар: Пример да зедеме, 50 кила пиперки (цената се движи од 45 до 60 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). 10-15 кила модар патлиџан (цената се движи од 10-20 денари кило, зависи во кој регион сте во државата). Цените што ги наведувам се на големо, доколку ги купите истите работи во пилара или на пазар, цените би биле – пиперката 60-90 денари кило, модриот патлиџан 20-30 денари кило. Што значи вие од самиот старт вложувате од 2500 до 5000 денари (зависи до цените) само за пиперки и модар патлиџан. Додадете овде уште 500 денари за зејтин и сол. Дрвата исто така не се бесплатни. За таа количина ќе направете околу 15-20 тегли ајвар. За да го направете тој ајвар ви се потребни најмалку 2 дена доколку сами го направите. Автоматски тоа како трошок е 3000 денари. Што значи, 6000-8000 денари вие вложувате за да добиете 15-20 тегли ајвар. Доколку ајварот го продадете по 500 денари тегла, вие сте ќариле од 2000 до 4000 денари максимално за вашата макотрпна работа 2 дена што сте ја работеле. Ова ви е детален опис за оние кои говорат дека ајварот бил премногу скап доколку е 500 денари теглата. Под овој пост се нижеа бројни реакици и се разви жестока дебата во коментари.      

The post Душко од Гевгелија им одговори на сите што велат дека 500 денари за тегла домашен ајвар е прескапо appeared first on Република.

]]>
Поради подарок тегла од бабата, починал брачен пар: Дечињата три дена сами се снаоѓале https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poradi-podarok-tegla-od-babata-pochinal-brachen-par-dechinjata-tri-dena-sami-se-snaogjale/ Sun, 20 Feb 2022 10:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=461002

Петгодишно девојче и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставички.

Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, неколку дена не можеле да ги добијат на нивните телефони. Имено, тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици се јавила нивната петгодишна ќерка.

Девојчето рекло дека мама и тато заспале и дека веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата. Цело време се грижела за едногодишниот брат.

Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.

Кога ги видов паднав и почнав да врескам - изјавила Наталија.

По пристигнувањето на полицијата и брзата помош било констатирано дека причина за смртта е труење.

Александар и Викторија неколку дена пред несреќата добиле тегла домашни кисели краставички од неговата баба. Сомневањата се дека причина за смртта е ботулинскиот токсин од краставицата. Предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна инсуфициенција.

Соседот Микаил Комченко во полиција изјавил дека алкохолот не е причина за труењето бидејќи парот не го конзумирал.

За момчето и девојчето моментално се грижи таткото на Александар.

The post Поради подарок тегла од бабата, починал брачен пар: Дечињата три дена сами се снаоѓале appeared first on Република.

]]>

Петгодишно девојче и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставички. Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, неколку дена не можеле да ги добијат на нивните телефони. Имено, тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици се јавила нивната петгодишна ќерка. Девојчето рекло дека мама и тато заспале и дека веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата. Цело време се грижела за едногодишниот брат. Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.
Кога ги видов паднав и почнав да врескам - изјавила Наталија.
По пристигнувањето на полицијата и брзата помош било констатирано дека причина за смртта е труење. Александар и Викторија неколку дена пред несреќата добиле тегла домашни кисели краставички од неговата баба. Сомневањата се дека причина за смртта е ботулинскиот токсин од краставицата. Предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна инсуфициенција. Соседот Микаил Комченко во полиција изјавил дека алкохолот не е причина за труењето бидејќи парот не го конзумирал. За момчето и девојчето моментално се грижи таткото на Александар.

The post Поради подарок тегла од бабата, починал брачен пар: Дечињата три дена сами се снаоѓале appeared first on Република.

]]>