Театар Војдан Чернодински Archives - Република https://republika.mk/tema/teatar-vojdan-chernodinski/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 12:59:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Театар Војдан Чернодински Archives - Република https://republika.mk/tema/teatar-vojdan-chernodinski/ 32 32 Во театарот „Војдан Чернодрински“ започна подготовката на новата претстава на режисерот Борис Василески „Го викаа Господин“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatarot-vojdan-chernodrinski-zapochna-podgotovkata-na-novata-pretstava-na-rezhiserot-boris-vasileski-go-vikaa-gospodin/ Tue, 15 Oct 2024 12:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=827191

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп започна подготовката на новата претстава во режија на Борис Василески.

„Го викаа Господин“ или можеби се уште „Го викаат Господин“, тоа се двата главни кандидати за име на претставата во овој момент, вели режисерот.

Автор на драмскиот текст е Филип Леле, современ германски автор кој го напишал овој текст во 2008 на 30-годишна возраст. Претставата ќе ја следи приказната на Господин, човекот кој на донкихотски начин се решава да се бори против капитализмот, па така влегува во борба против целиот свет.

[caption id="attachment_827195" align="alignnone" width="2000"] Фото: Театар „Војдан Чернодрински“[/caption]

Текстот сам по себе е силно врзан за современите случувања во поглед на овој доцнокапиталистички начин на живот и каква форма завзеде светот кога безрезервно се остави парите да го диктираат темпото на живот, а сите вредности што некогаш постоеле станаа петтостепени. Токму и од овие размисли потекна потребата за поставување на оваа претстава, за да можеме да направиме еден чекор назад и да се погледнеме од далеку на што изгледаме кога сме под влијание на парите. Публиката ќе има можност да погледне една фарса овој пат на сцената, која како и секогаш е сестра на комедијата, вели Василевски.

Во претставата ќе играат актерите: Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска, додека сценографијата е на Ненад Тонкин, костимите на Марта Дојчиновска, а музиката на Томе Темелкоски.

[caption id="attachment_827199" align="alignnone" width="2000"] Фото: Театар „Војдан Чернодрински“[/caption]

Премиерата се очекува на крајот од ноември. Проектот е од годишната програма за работа на театарот за 2024 и е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post Во театарот „Војдан Чернодрински“ започна подготовката на новата претстава на режисерот Борис Василески „Го викаа Господин“ appeared first on Република.

]]>

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп започна подготовката на новата претстава во режија на Борис Василески.
„Го викаа Господин“ или можеби се уште „Го викаат Господин“, тоа се двата главни кандидати за име на претставата во овој момент, вели режисерот.
Автор на драмскиот текст е Филип Леле, современ германски автор кој го напишал овој текст во 2008 на 30-годишна возраст. Претставата ќе ја следи приказната на Господин, човекот кој на донкихотски начин се решава да се бори против капитализмот, па така влегува во борба против целиот свет. [caption id="attachment_827195" align="alignnone" width="2000"] Фото: Театар „Војдан Чернодрински“[/caption]
Текстот сам по себе е силно врзан за современите случувања во поглед на овој доцнокапиталистички начин на живот и каква форма завзеде светот кога безрезервно се остави парите да го диктираат темпото на живот, а сите вредности што некогаш постоеле станаа петтостепени. Токму и од овие размисли потекна потребата за поставување на оваа претстава, за да можеме да направиме еден чекор назад и да се погледнеме од далеку на што изгледаме кога сме под влијание на парите. Публиката ќе има можност да погледне една фарса овој пат на сцената, која како и секогаш е сестра на комедијата, вели Василевски.
Во претставата ќе играат актерите: Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска, додека сценографијата е на Ненад Тонкин, костимите на Марта Дојчиновска, а музиката на Томе Темелкоски. [caption id="attachment_827199" align="alignnone" width="2000"] Фото: Театар „Војдан Чернодрински“[/caption] Премиерата се очекува на крајот од ноември. Проектот е од годишната програма за работа на театарот за 2024 и е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post Во театарот „Војдан Чернодрински“ започна подготовката на новата претстава на режисерот Борис Василески „Го викаа Господин“ appeared first on Република.

]]>