Театар Комедија Archives - Република https://republika.mk/tema/teatar-komedija/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 12:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Театар Комедија Archives - Република https://republika.mk/tema/teatar-komedija/ 32 32 Во Театар Комедија почнаа подготовките за претставата „Арсеник и стара тантела“ во режија на Лидија Дедовиќ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatar-komedija-pochnaa-podgotovkite-za-pretstavata-arsenik-i-stara-tantela-vo-rezhija-na-lidija-dedovik/ Thu, 07 Nov 2024 12:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=835136

Во театар Комедија почнаа подготовките за новата претстава „Арсеник и стара тантела“ од Јозеф Кеселринг во режија и адаптација на Лидија Дедовиќ.

Во актерската екипа се: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Столе Мицов, Сергеј Димовски, Наталија Теодосиева, Григор Јовановски, Тони Денковски, Маја Љутков, Илија Илиоски и Виктор Арсов.

Асистент на режија е Жаклина Петровска, а драматург е Благица Секулоска. Костимите се на Ивана Каранфиловска, сценогафијата на Сергеј Светозарев, а композитор е Емин Џијан.

Премиерата се очекува во декември. 

 

The post Во Театар Комедија почнаа подготовките за претставата „Арсеник и стара тантела“ во режија на Лидија Дедовиќ appeared first on Република.

]]>

Во театар Комедија почнаа подготовките за новата претстава „Арсеник и стара тантела“ од Јозеф Кеселринг во режија и адаптација на Лидија Дедовиќ.

Во актерската екипа се: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Столе Мицов, Сергеј Димовски, Наталија Теодосиева, Григор Јовановски, Тони Денковски, Маја Љутков, Илија Илиоски и Виктор Арсов.

Асистент на режија е Жаклина Петровска, а драматург е Благица Секулоска. Костимите се на Ивана Каранфиловска, сценогафијата на Сергеј Светозарев, а композитор е Емин Џијан.

Премиерата се очекува во декември. 

 

The post Во Театар Комедија почнаа подготовките за претставата „Арсеник и стара тантела“ во режија на Лидија Дедовиќ appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Тарзан“ во Театар Комедија во режија на Александар Јовановски https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-tarzan-vo-teatar-komedija-vo-rezhija-na-aleksandar-jovanovski/ Sat, 02 Nov 2024 08:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=833374

Вечерва, на 2 ноември во Театар Комедија премиерно ќе се изведе претставата „Тарзан“ од словенечкиот драмски авто Рок Вилчник, во режија на Александар Јовановски.

Играат: Едмонд Сотир (Тарзан), Ева Скендеровска (Џејн) и Столе Мицов како Мајк.

Костимите се на Марија Ѓоргиевска, сценографијата на Милан Несторов, музиката на Лука Тошев.

Драмскиот текст „Тарзан“ од Вилчник е црна комедија, во која комичниот ефект се постигнува со комбинирање на типизирани ликови и неочекуваните ситуации во кои се сместени.

Спокојниот и идиличен брачен живот во џунглата на благородниот дивјак Тарзан и неговата жена Џејн почнува да доживува криза кога кај Џејн се јавува здодевноста од едноличните секојдневија и од ограниченоста на можностите. Во нивниот живот се појавува хиената Мајк. Мајк е елоквентен, забавен, духовит, но и манипулативен и успева да ја заведе и да ја заслепи Џејн, подгревајќи ги нејзините апетити за луксузен и удобен човечки живот што не може да го има со Тарзан. На повидок е љубовен триаголник, што е референца за современиот урбан човек, кој интимните прашања ги сведува на трансакциски односи. Идејата за инстинктот и за разумот добива нови нијанси и секој лик-теме од овој триаголник ги открива своите мрачни страни“, најавуваат од Театар Комедија.

 

The post Премиера на „Тарзан“ во Театар Комедија во режија на Александар Јовановски appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на 2 ноември во Театар Комедија премиерно ќе се изведе претставата „Тарзан“ од словенечкиот драмски авто Рок Вилчник, во режија на Александар Јовановски.

Играат: Едмонд Сотир (Тарзан), Ева Скендеровска (Џејн) и Столе Мицов како Мајк.

Костимите се на Марија Ѓоргиевска, сценографијата на Милан Несторов, музиката на Лука Тошев.

Драмскиот текст „Тарзан“ од Вилчник е црна комедија, во која комичниот ефект се постигнува со комбинирање на типизирани ликови и неочекуваните ситуации во кои се сместени.

Спокојниот и идиличен брачен живот во џунглата на благородниот дивјак Тарзан и неговата жена Џејн почнува да доживува криза кога кај Џејн се јавува здодевноста од едноличните секојдневија и од ограниченоста на можностите. Во нивниот живот се појавува хиената Мајк. Мајк е елоквентен, забавен, духовит, но и манипулативен и успева да ја заведе и да ја заслепи Џејн, подгревајќи ги нејзините апетити за луксузен и удобен човечки живот што не може да го има со Тарзан. На повидок е љубовен триаголник, што е референца за современиот урбан човек, кој интимните прашања ги сведува на трансакциски односи. Идејата за инстинктот и за разумот добива нови нијанси и секој лик-теме од овој триаголник ги открива своите мрачни страни“, најавуваат од Театар Комедија.

 

The post Премиера на „Тарзан“ во Театар Комедија во режија на Александар Јовановски appeared first on Република.

]]>
Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска керамика во срцето на Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/nov-mural-vo-teatar-komedija-shpanska-keramika-vo-srtseto-na-skopje/ Mon, 30 Sep 2024 07:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=820871

Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina.

Ова дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз. Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското модно здружение.

Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури. Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.

The post Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска керамика во срцето на Скопје appeared first on Република.

]]>

Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina. Ова дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз. Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското модно здружение. Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури. Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.

The post Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска керамика во срцето на Скопје appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија и „Перипетија продукција“ ќе реализираат ко-продукциски проект https://republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-i-peripetija-produktsija-ke-realiziraat-ko-produktsiski-proekt/ Tue, 02 Jul 2024 08:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=792639

На почетокот на следната година Театар Комедија во ко – продукција со Перипетија Продукција ќе реализира театарска претстава како дел од проектот ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии). ПРОСПЕР е мултидисциплинарен проект ко - финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Република Македонија кој го рализираат 5 партнерски организации: ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија), Ојун (Германија).

ПРОСПЕР има за цел зајакнување на меѓународната културна соработка и методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничките практики, создавање на нова публика и зајакнување на видливоста на европските уметници. Претставата ќе биде инспирирана од: истражувањата, практиките и делата на 8те уметници кои беа дел од меѓународната резиденција во Охрид, реализирана како дел од проектот во април оваа година, чиј приоритет беше истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина.

Претставата ќе ја реализира меѓународен тим на уметници, во соработка со ансамблот на Театар Комедија, а дополнителни детали околу насловот, актерската екипа и датумот за приемиерната изведба ќе бидат објавени на почетокот на следната театарска сезона.

 

The post Театар Комедија и „Перипетија продукција“ ќе реализираат ко-продукциски проект appeared first on Република.

]]>

На почетокот на следната година Театар Комедија во ко – продукција со Перипетија Продукција ќе реализира театарска претстава како дел од проектот ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии). ПРОСПЕР е мултидисциплинарен проект ко - финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Република Македонија кој го рализираат 5 партнерски организации: ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија), Ојун (Германија). ПРОСПЕР има за цел зајакнување на меѓународната културна соработка и методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничките практики, создавање на нова публика и зајакнување на видливоста на европските уметници. Претставата ќе биде инспирирана од: истражувањата, практиките и делата на 8те уметници кои беа дел од меѓународната резиденција во Охрид, реализирана како дел од проектот во април оваа година, чиј приоритет беше истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина. Претставата ќе ја реализира меѓународен тим на уметници, во соработка со ансамблот на Театар Комедија, а дополнителни детали околу насловот, актерската екипа и датумот за приемиерната изведба ќе бидат објавени на почетокот на следната театарска сезона.  

The post Театар Комедија и „Перипетија продукција“ ќе реализираат ко-продукциски проект appeared first on Република.

]]>
„Одбраната на сакатиот“ вечерва во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/odbranata-na-sakatiot-vecherva-vo-teatar-komedija/ Fri, 31 May 2024 13:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=783584

Во Театар Комедија во Скопје вечер ќе гостува актерот Симон Шербинек од Словенија, со претставата „Одбраната на сакатиот“.

Оваа претстава е продолжение на соработката на актерот Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа монодрамата „Кревкост“. „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози.

„Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала.

Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика е на Матјаж Латин, уредник на звучни записи е Марко Јакопанец, дизајн на куклата е на Петер Шкерл, автор на извадок од бајка е Светлана Макарович, продуцент е Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје.

Гостувањето на „Одбраната на сакатиот“ на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

The post „Одбраната на сакатиот“ вечерва во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Во Театар Комедија во Скопје вечер ќе гостува актерот Симон Шербинек од Словенија, со претставата „Одбраната на сакатиот“. Оваа претстава е продолжение на соработката на актерот Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа монодрамата „Кревкост“. „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала. Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика е на Матјаж Латин, уредник на звучни записи е Марко Јакопанец, дизајн на куклата е на Петер Шкерл, автор на извадок од бајка е Светлана Макарович, продуцент е Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје. Гостувањето на „Одбраната на сакатиот“ на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

The post „Одбраната на сакатиот“ вечерва во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Во Театар Комедија гостува Симон Шербинек од Словенија со „Одбраната на сакатиот“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatar-komedija-gostuva-simon-sherbinek-od-slovenija-so-odbranata-na-sakatiot/ Thu, 30 May 2024 08:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=783050

В петок, на 31 мај во Театар Комедија со почеток од 20 часот, од Словенија гостува Симон Шербинек со „Одбраната на сакатиот“.

Претставата „Одбраната на сакатиот“ е продолжение на соработката на актерот Симон Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа успешната монодрама „Кревкост“.

Монодрамата „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. Актерот ја раскажа својата лична приказна навидум опуштено, со голема доза социјална критика и самоиронија.

Во исто време, претставата отвора и крши различни табуа поврзани со попреченоста и допира болни лични и социјални теми. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала.
Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика: Матјаж Латин, уредник на звучни записи: Марко Јакопанец, дизајн на куклата: Петер Шкерл, автор на извадок од бајка: Светлана Макарович, продуцент: Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје.

Гостувањето на „Одбраната на сакатиот“ на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

The post Во Театар Комедија гостува Симон Шербинек од Словенија со „Одбраната на сакатиот“ appeared first on Република.

]]>

В петок, на 31 мај во Театар Комедија со почеток од 20 часот, од Словенија гостува Симон Шербинек со „Одбраната на сакатиот“. Претставата „Одбраната на сакатиот“ е продолжение на соработката на актерот Симон Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа успешната монодрама „Кревкост“. Монодрамата „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. Актерот ја раскажа својата лична приказна навидум опуштено, со голема доза социјална критика и самоиронија. Во исто време, претставата отвора и крши различни табуа поврзани со попреченоста и допира болни лични и социјални теми. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала. Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика: Матјаж Латин, уредник на звучни записи: Марко Јакопанец, дизајн на куклата: Петер Шкерл, автор на извадок од бајка: Светлана Макарович, продуцент: Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје. Гостувањето на „Одбраната на сакатиот“ на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

The post Во Театар Комедија гостува Симон Шербинек од Словенија со „Одбраната на сакатиот“ appeared first on Република.

]]>
Бесплатен влез за „Череп во Конемара“ во Театар Комедија на 6 април https://republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-za-cherep-vo-konemara-vo-teatar-komedija-na-6-april/ Tue, 26 Mar 2024 10:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=758839

Театар Комедија е дел од иницијативата „Театрите поблиску до публиката“ на Министерството за култура. Одбележувајќи го светскиот ден на театарот, покрај веќе планираната програма и премиера, Театар Комедија ја кани публиката на 6 април (сабота) на претставата „Череп во Конемара“ во режија на Јане Спасиќ. Изведбата е закажана во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Резервацијата и подигнувањето на бесплатните билети ќе се реализира преку билетарницата на Театар Комедија. Работно време на билетарница од понеделник до петок од 9:00-20:00 часот и 13:00-20:00 часот во сабота.

Автор на текстот е Мартин Мекдона (1970), препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.

Во претставата играат: Сергеј Димоски, Елена Кузманов, Виктор Арсов и Тони Денковски.

 

The post Бесплатен влез за „Череп во Конемара“ во Театар Комедија на 6 април appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија е дел од иницијативата „Театрите поблиску до публиката“ на Министерството за култура. Одбележувајќи го светскиот ден на театарот, покрај веќе планираната програма и премиера, Театар Комедија ја кани публиката на 6 април (сабота) на претставата „Череп во Конемара“ во режија на Јане Спасиќ. Изведбата е закажана во 20 часот, а влезот е бесплатен. Резервацијата и подигнувањето на бесплатните билети ќе се реализира преку билетарницата на Театар Комедија. Работно време на билетарница од понеделник до петок од 9:00-20:00 часот и 13:00-20:00 часот во сабота. Автор на текстот е Мартин Мекдона (1970), препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство. Во претставата играат: Сергеј Димоски, Елена Кузманов, Виктор Арсов и Тони Денковски.  

The post Бесплатен влез за „Череп во Конемара“ во Театар Комедија на 6 април appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија ќе го прослави Светскиот ден на театарот со премиера на „Пар распар“ во режија на Нина Николиќ https://republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-ke-go-proslavi-svetskiot-den-na-teatarot-so-premiera-na-par-raspar-vo-rezhija-na-nina-nikolik/ Mon, 25 Mar 2024 09:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=758438

Театар Комедија ќе го прослави Светскиот ден на театарот со првата премиера за оваа година. На 27 март (среда), со почеток во 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија ќе биде премиерно изведена претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ и во превод на македонски јазик на Маја Трајаноска Ивановска.
Во претставата играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков. Костимографка на преставата е Ивана Каранфиловска Угуровска, сценографка Вишња Вујовиќ, композитор Оливер Јосифовски, соработник за сценски движења Димитриос Сотириу, дизајн на светло Крис Јегер, светло мајстор Слободан Илиоски.
Драмскиот текст „Пар распар“ на Нил Сајмон првпат е поставен на сцената на театарот „Бродвеј“ во 1965 година. Оттогаш е адаптиран во различни форми што вклучуваат еден успешен филм, телевизиска серија и голем број сценски поставки низ целиот свет, што го прави едно од најпознатите и најтрајни дела на Нил Сајмон.
Драматургот Тамара Барачков, за „Пар распар“ на Сајмон вели: „Базирани на спротивностите (редот против хаосот, законот против анархијата) и карактерните разлики, ликовите Оскар и Феликс се моќно дуо, архетипски пар кој ќе инспирира безброј серии и филмови на поджанрот buddy comedy (другарска комедија). Причината за ваквиот успех кај публиката ја пронаоѓаме во вештиот и остроумен хумор на Сајмон, како и неверојатната леснотија со која создава
впечатливи ликови“.
Оскар Медисон (Атанас Атанасовски) и Феликс Унгар (Валентин Костадиновски) се најдобри другари и имаат заедничко машко друштво со кое редовно се собираат на партии покер. Оскар е тазе разведен, а бракот на Феликс е пред распаѓање, но двајцата различно се справуваат со својот нов статус. Додека првиот води опуштен, неуреден и ергенски живот, вториот е претставен како чувствителен, хипохондричен, невротичен и претерано уреден човек. Кога сопругата на Феликс ќе го избрка од нивниот дом, Оскар го кани да живеат заедно во неговиот стан. Ваквиот спој на двете крајности, води до конфликт што се реализира низ мноштво комични ситуации.
„Пар распар“ користи хумор и духовитост за да ги истражи универзалните теми на пријателството, компатибилноста и личниот развој, и токму тоа го прави овој драмски текст безвременска и омилена класика во светот на комедијата.
Претпремиерата на претставата „Пар распар“ е закажана за 26 март (вторник), а првата реприза е на 29 март (петок) со почеток во 20 часот. За повеќе информации посетете ја веб страницата на Театар Комедија www.teatarkomedija.mк

The post Театар Комедија ќе го прослави Светскиот ден на театарот со премиера на „Пар распар“ во режија на Нина Николиќ appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија ќе го прослави Светскиот ден на театарот со првата премиера за оваа година. На 27 март (среда), со почеток во 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија ќе биде премиерно изведена претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ и во превод на македонски јазик на Маја Трајаноска Ивановска. Во претставата играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков. Костимографка на преставата е Ивана Каранфиловска Угуровска, сценографка Вишња Вујовиќ, композитор Оливер Јосифовски, соработник за сценски движења Димитриос Сотириу, дизајн на светло Крис Јегер, светло мајстор Слободан Илиоски. Драмскиот текст „Пар распар“ на Нил Сајмон првпат е поставен на сцената на театарот „Бродвеј“ во 1965 година. Оттогаш е адаптиран во различни форми што вклучуваат еден успешен филм, телевизиска серија и голем број сценски поставки низ целиот свет, што го прави едно од најпознатите и најтрајни дела на Нил Сајмон. Драматургот Тамара Барачков, за „Пар распар“ на Сајмон вели: „Базирани на спротивностите (редот против хаосот, законот против анархијата) и карактерните разлики, ликовите Оскар и Феликс се моќно дуо, архетипски пар кој ќе инспирира безброј серии и филмови на поджанрот buddy comedy (другарска комедија). Причината за ваквиот успех кај публиката ја пронаоѓаме во вештиот и остроумен хумор на Сајмон, како и неверојатната леснотија со која создава впечатливи ликови“. Оскар Медисон (Атанас Атанасовски) и Феликс Унгар (Валентин Костадиновски) се најдобри другари и имаат заедничко машко друштво со кое редовно се собираат на партии покер. Оскар е тазе разведен, а бракот на Феликс е пред распаѓање, но двајцата различно се справуваат со својот нов статус. Додека првиот води опуштен, неуреден и ергенски живот, вториот е претставен како чувствителен, хипохондричен, невротичен и претерано уреден човек. Кога сопругата на Феликс ќе го избрка од нивниот дом, Оскар го кани да живеат заедно во неговиот стан. Ваквиот спој на двете крајности, води до конфликт што се реализира низ мноштво комични ситуации. „Пар распар“ користи хумор и духовитост за да ги истражи универзалните теми на пријателството, компатибилноста и личниот развој, и токму тоа го прави овој драмски текст безвременска и омилена класика во светот на комедијата. Претпремиерата на претставата „Пар распар“ е закажана за 26 март (вторник), а првата реприза е на 29 март (петок) со почеток во 20 часот. За повеќе информации посетете ја веб страницата на Театар Комедија www.teatarkomedija.mк

The post Театар Комедија ќе го прослави Светскиот ден на театарот со премиера на „Пар распар“ во режија на Нина Николиќ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски денеска во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-komichnoto-i-humorot-od-ivan-dheparoski-deneska-vo-teatar-komedija/ Wed, 20 Mar 2024 08:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=755753

Месецот март во Театар Комедија носи две новости, по следниов редослед − промоција на нова книга и прва премиера во 2024 година.

На 20 март (среда), со почеток во 12 часот, на малата сцена во Театар Комедија ќе се одржи јавна промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Кон книгата ќе се осврнат и ќе ја претстават писателот и професор, Александар Прокопиев, и професорката и театролог, Ана Стојаноска.

Во својот предговор кон изданието, професорката Стојаноска забележува: „Да се пишува за комедијата, за комичното, па дури и за хуморот, значи да се пишува за човековото снаоѓање низ светот, особено во театарот. Еден од главните постулати на пишувањето е дека најтешко е да се напише комедија, а уште потешко е да се пишува за комедијата. Одговорот на едноставното прашање ’Зошто е тоа така?‘ лежи во основата на односот на човекот кон смеата, хуморот, игривоста. Затоа се ретки книгите што умешно говорат за комичното. За наша среќа, ја имаме пред себе книгата на професорот, поет, философ и преведувач, Иван Џепароски, ’Комичното и хуморот‘“.

Книгата е сочинета од девет поглавја, кои професорот Џепароски во прологот ги „групира“ во три групи: За комичното, За комедијата, За црниот хумор, За иронијата (своевидни книжевно-театролошки одредници),  За писателите – со мала помош на црниот хумор, За уметноста – со мала помош на еден ирониски дијалог (лесни книжевни монолози и дијалози), Хуморот и сатирата: културолошки пристап, Комичното и хуморот: естетички пристап и Комичното и комедијата: Плаут (посложени есеи поврзани со културолошкиот, естетичкиот и книжевно-историскиот пристап). Во однос на текстовите поместени во книгата, тој додава: „Застапени се неколку мои не толку стари, но и неколку нови и необјавени текстови. Сите тие се повторно прегледани, преработени и поставени во нов контекст, врз основа на барањата на ова издание наменето за една поширока публика“.

Професорот Џепароски, исто така, нотира дека критиката и хуморот во Македонија се во криза и дека единствено Театар Комедија „со својата успешна програма и многубројната публика претставува соодветна апологија (одбрана) на комичното и на хуморот“.

Иван Џепароски (1958) е писател и филозоф. Професор е по естетика и филозофија на културата на Филозофскиот факултет во Скопје, а предавал и на Факултетот за драмски уметности при УКИМ. Во неколку мандати бил раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на многубројни филозофски, естетички, поетски и есеистички дела, како и на неколку филозофски избори и поетски антологии. Добитник е на голем број награди и признанија. Негови поважни книги од областа на филозофијата се: Арго плови по Аксиј (1984), Во потрага по изгубениот тоталитет (1993), Уметничкото дело (1998), Отаде системот (2000), Филозофски приказни (2001), Естетика на возвишеното (2008), Став и суштина (2010), Дискурси на визуелното (2014), Култура и книжевност (2016), Естетика: Естетички категории (2020), Пандемија и постхуманизам (2022), Филозофија и книжевност (2023) и Два опита: Конески и Старделов (2023).

Книгата „Комичното и хуморот“ е трето остварување на Театар Комедија, во рамките на неговата благородна идеја за збогатување на својот библиотечен фонд и на книжната понуда со стручни и важни дела за театарската уметност на македонски јазик. Книгата е подарок од Театар Комедија и нема комерцијална вредност, а ќе биде достапна и за слободно преземање во електронска верзија на интернет-страницата на театарот, www.teatarkomedija.mk.

 

The post Промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски денеска во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Месецот март во Театар Комедија носи две новости, по следниов редослед − промоција на нова книга и прва премиера во 2024 година. На 20 март (среда), со почеток во 12 часот, на малата сцена во Театар Комедија ќе се одржи јавна промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Кон книгата ќе се осврнат и ќе ја претстават писателот и професор, Александар Прокопиев, и професорката и театролог, Ана Стојаноска. Во својот предговор кон изданието, професорката Стојаноска забележува: „Да се пишува за комедијата, за комичното, па дури и за хуморот, значи да се пишува за човековото снаоѓање низ светот, особено во театарот. Еден од главните постулати на пишувањето е дека најтешко е да се напише комедија, а уште потешко е да се пишува за комедијата. Одговорот на едноставното прашање ’Зошто е тоа така?‘ лежи во основата на односот на човекот кон смеата, хуморот, игривоста. Затоа се ретки книгите што умешно говорат за комичното. За наша среќа, ја имаме пред себе книгата на професорот, поет, философ и преведувач, Иван Џепароски, ’Комичното и хуморот‘“. Книгата е сочинета од девет поглавја, кои професорот Џепароски во прологот ги „групира“ во три групи: За комичното, За комедијата, За црниот хумор, За иронијата (своевидни книжевно-театролошки одредници),  За писателите – со мала помош на црниот хумор, За уметноста – со мала помош на еден ирониски дијалог (лесни книжевни монолози и дијалози), Хуморот и сатирата: културолошки пристап, Комичното и хуморот: естетички пристап и Комичното и комедијата: Плаут (посложени есеи поврзани со културолошкиот, естетичкиот и книжевно-историскиот пристап). Во однос на текстовите поместени во книгата, тој додава: „Застапени се неколку мои не толку стари, но и неколку нови и необјавени текстови. Сите тие се повторно прегледани, преработени и поставени во нов контекст, врз основа на барањата на ова издание наменето за една поширока публика“. Професорот Џепароски, исто така, нотира дека критиката и хуморот во Македонија се во криза и дека единствено Театар Комедија „со својата успешна програма и многубројната публика претставува соодветна апологија (одбрана) на комичното и на хуморот“. Иван Џепароски (1958) е писател и филозоф. Професор е по естетика и филозофија на културата на Филозофскиот факултет во Скопје, а предавал и на Факултетот за драмски уметности при УКИМ. Во неколку мандати бил раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на многубројни филозофски, естетички, поетски и есеистички дела, како и на неколку филозофски избори и поетски антологии. Добитник е на голем број награди и признанија. Негови поважни книги од областа на филозофијата се: Арго плови по Аксиј (1984), Во потрага по изгубениот тоталитет (1993), Уметничкото дело (1998), Отаде системот (2000), Филозофски приказни (2001), Естетика на возвишеното (2008), Став и суштина (2010), Дискурси на визуелното (2014), Култура и книжевност (2016), Естетика: Естетички категории (2020), Пандемија и постхуманизам (2022), Филозофија и книжевност (2023) и Два опита: Конески и Старделов (2023). Книгата „Комичното и хуморот“ е трето остварување на Театар Комедија, во рамките на неговата благородна идеја за збогатување на својот библиотечен фонд и на книжната понуда со стручни и важни дела за театарската уметност на македонски јазик. Книгата е подарок од Театар Комедија и нема комерцијална вредност, а ќе биде достапна и за слободно преземање во електронска верзија на интернет-страницата на театарот, www.teatarkomedija.mk.  

The post Промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски денеска во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Вечерва во Театар Комедија „Анатомија на неверството“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-teatar-komedija-anatomija-na-neverstvoto/ Wed, 28 Feb 2024 07:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=749101

Вечерва, со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“ во режија на Александра Кардалевска.

Автор на текстот е Валентин Красногоров, драматург е Дарко Јан Спасов, а во претставата играат Жаклина Петровска и Тони Денковски.

Ивана Каранфиловска е костимографка на претставата.

Низ неколку засебни едночинки во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко-женските љубовни односи. Ликовите во сите едночинки се поставени во парадоксални ситуации, а самото сиже, спојувајќи две противречни состојби, претставува оксиморон кој го изразува самото неверство како болно задоволство, односно пријатна сензација што создава проблеми. На тој начин претставата игра по тенката линија на сарказмот и апсурдот создавајќи истовремено хумористични и драматични ситуации, вели режисерката Кардалевска.

 

The post Вечерва во Театар Комедија „Анатомија на неверството“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток од 20 часот во Театар Комедија ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“ во режија на Александра Кардалевска. Автор на текстот е Валентин Красногоров, драматург е Дарко Јан Спасов, а во претставата играат Жаклина Петровска и Тони Денковски. Ивана Каранфиловска е костимографка на претставата.
Низ неколку засебни едночинки во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко-женските љубовни односи. Ликовите во сите едночинки се поставени во парадоксални ситуации, а самото сиже, спојувајќи две противречни состојби, претставува оксиморон кој го изразува самото неверство како болно задоволство, односно пријатна сензација што создава проблеми. На тој начин претставата игра по тенката линија на сарказмот и апсурдот создавајќи истовремено хумористични и драматични ситуации, вели режисерката Кардалевска.
 

The post Вечерва во Театар Комедија „Анатомија на неверството“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона во театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-cherep-vo-konemara-od-martin-mekdona-vo-teatar-komedija/ Sat, 30 Dec 2023 08:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=728101

Во Театар Комедија денеска ќе се одржи премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона.

Станува збор за пиесата „Череп во Конемара“ од светски познатиот драмски писател и филмски работник, Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ, кој е воедно и преведувач на драмите на Мекдона на македонски јазик, заедно со драматургот Горјан Милошевски.

Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.

Мартин Мекдона (1970) е препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Неговите најуспешни пиеси се сместени во Западна Ирска и се напишани на ирски идиом. Комбинацијата од руралните ирски предели и изместениот урбан сензибилитет им дава мрачен, насилен и смешен призвук на неговите дела.

Следната изведба на „Череп во Конемара“ е предвидена на 26 јануари 2024 година.

The post Премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона во театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Во Театар Комедија денеска ќе се одржи премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона. Станува збор за пиесата „Череп во Конемара“ од светски познатиот драмски писател и филмски работник, Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ, кој е воедно и преведувач на драмите на Мекдона на македонски јазик, заедно со драматургот Горјан Милошевски. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство. Мартин Мекдона (1970) е препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Неговите најуспешни пиеси се сместени во Западна Ирска и се напишани на ирски идиом. Комбинацијата од руралните ирски предели и изместениот урбан сензибилитет им дава мрачен, насилен и смешен призвук на неговите дела. Следната изведба на „Череп во Конемара“ е предвидена на 26 јануари 2024 година.

The post Премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона во театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, за крај на годината во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-cherep-vo-konemara-od-martin-mekdona-za-kraj-na-godinata-vo-teatar-komedija/ Mon, 25 Dec 2023 12:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=726475

Последната премиера во Театар Комедија за 2023 година е закажана на 30 декември (сабота), со почеток во 20 часот, на големата сцена во театарот. Станува збор за пиесата „Череп во Конемара“ од светски познатиот драмски писател и филмски работник, Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ, кој е воедно и преведувач на драмите на Мекдона на македонски јазик, заедно со драматургот Горјан Милошевски.

Како и на сите претстави во продукција на Театар Комедија, така и во подготовката на „Череп во Конемара“ учествуваа докажани и врвни театарски работници: Валентин Светозарев (сценограф), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимограф), Дарија Андовска (автор на музиката), Марија Ѓоргиевска (асистент на костимографот), Нурјамет Рушити (инспициент) и Весна Куковска (суфлер). Во претставата играат актерите: Сергеј Димоски (во улогата на Мик Дауд), Елена Кузманов (како Мериџони Раферти), Виктор Арсов (како Мартин Хенлон) и Тони Денковски (полицаецот Томас Хенлон).

Мартин Мекдона (1970) е препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Неговите најуспешни пиеси се сместени во Западна Ирска и се напишани на ирски идиом. Комбинацијата од руралните ирски предели и изместениот урбан сензибилитет им дава мрачен, насилен и смешен призвук на неговите дела.
Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.
Мик Дауд е средовечен вдовец кој еднаш годишно, наесен, добива задача од локалниот свештеник да ги откопа останките од мртовците на гробиштата за да направи место за новите покојници. Заплетот се случува кога ќе добие задолжение да го ископа гробот на својата сопруга и кога ќе сфати дека гробот е празен. Мекдона го пародира паланечкиот дух користејќи морбиден хумор и гротескно карикирајќи ги негативните човечки особини. Неговите ликови се вулгарни, корумпирани, зависници, насилници... што кај читателите и гледачите на неговите пиеси попрво предизвикуваат сожалување, отколку осуда.

Режисерот Јане Спасиќ четврти пат работи на текст од Мартин Мекдона, а за последниот ангажман во Театар Комедија вели:

Сè што ќе кажам за оскаровецот Мартин Мекдона и еден од најбрилијантните драматурзи во моментов ќе биде излишно. Публиката веројатно веќе го познава неговиот сензибилитет по неговите филмови ’Трите билборди пред Ебинг, Мисури‘, ’Во Бриж‘, ’Седум психопати‘, како и последниот, ’Тажачките на Инишерин‘, кој од сите овие филмови има најслична атмосфера со ’Череп во Конемара‘.

И во оваа пиеса, како и во сите негови филмови и драмски текстови, има беспрекорно напишани карактери, пресврти и апсурден црн хумор, кој ќе им се допадне на оние со специфична смисла на хумор. Претставата постојано се движи помеѓу комичното, темното и апсурдното. Динамиката често преминува од бурни моменти на смеа до тензични откритија и закопани тајни.Ова ќе биде моја четврта средба со Мартин Мекдона и мило ми е што токму во Театар Комедија ќе ја комплетирам трилогијата ’Линејн‘. Претставата ја работев со млада и енергична екипа, со која се надеваме дека на публиката ќе ѝ приредиме еден одличен емотивен ’ролеркостер‘, кој им пркоси на традиционалните жанрови“.

Претпремиерата на „Череп во Конемара“ ќе се одржи на 29 декември, а следната изведба е предвидена на 26 јануари 2024 година.

Со премиерата на „Череп во Конемара“ Театар Комедија ја спушта завесата на својата повеќе од успешна 2023 година, во која реализира пет премиери [„Веќе не е ни смешно“, „Ревизор“, „Ало, ало!“, „Демнејќи го Годо“ (во копродукција со Турскиот театар од Скопје) и „Череп во Конемара“], угости повеќе од 28 илјади гледачи на 109 репертоарни изведби и ја објави и ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски, поставувајќи си повисоки цели за следната, 2024 година.

 

The post Премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, за крај на годината во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Последната премиера во Театар Комедија за 2023 година е закажана на 30 декември (сабота), со почеток во 20 часот, на големата сцена во театарот. Станува збор за пиесата „Череп во Конемара“ од светски познатиот драмски писател и филмски работник, Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ, кој е воедно и преведувач на драмите на Мекдона на македонски јазик, заедно со драматургот Горјан Милошевски. Како и на сите претстави во продукција на Театар Комедија, така и во подготовката на „Череп во Конемара“ учествуваа докажани и врвни театарски работници: Валентин Светозарев (сценограф), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимограф), Дарија Андовска (автор на музиката), Марија Ѓоргиевска (асистент на костимографот), Нурјамет Рушити (инспициент) и Весна Куковска (суфлер). Во претставата играат актерите: Сергеј Димоски (во улогата на Мик Дауд), Елена Кузманов (како Мериџони Раферти), Виктор Арсов (како Мартин Хенлон) и Тони Денковски (полицаецот Томас Хенлон). Мартин Мекдона (1970) е препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Неговите најуспешни пиеси се сместени во Западна Ирска и се напишани на ирски идиом. Комбинацијата од руралните ирски предели и изместениот урбан сензибилитет им дава мрачен, насилен и смешен призвук на неговите дела. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство. Мик Дауд е средовечен вдовец кој еднаш годишно, наесен, добива задача од локалниот свештеник да ги откопа останките од мртовците на гробиштата за да направи место за новите покојници. Заплетот се случува кога ќе добие задолжение да го ископа гробот на својата сопруга и кога ќе сфати дека гробот е празен. Мекдона го пародира паланечкиот дух користејќи морбиден хумор и гротескно карикирајќи ги негативните човечки особини. Неговите ликови се вулгарни, корумпирани, зависници, насилници... што кај читателите и гледачите на неговите пиеси попрво предизвикуваат сожалување, отколку осуда. Режисерот Јане Спасиќ четврти пат работи на текст од Мартин Мекдона, а за последниот ангажман во Театар Комедија вели:
Сè што ќе кажам за оскаровецот Мартин Мекдона и еден од најбрилијантните драматурзи во моментов ќе биде излишно. Публиката веројатно веќе го познава неговиот сензибилитет по неговите филмови ’Трите билборди пред Ебинг, Мисури‘, ’Во Бриж‘, ’Седум психопати‘, како и последниот, ’Тажачките на Инишерин‘, кој од сите овие филмови има најслична атмосфера со ’Череп во Конемара‘. И во оваа пиеса, како и во сите негови филмови и драмски текстови, има беспрекорно напишани карактери, пресврти и апсурден црн хумор, кој ќе им се допадне на оние со специфична смисла на хумор. Претставата постојано се движи помеѓу комичното, темното и апсурдното. Динамиката често преминува од бурни моменти на смеа до тензични откритија и закопани тајни.Ова ќе биде моја четврта средба со Мартин Мекдона и мило ми е што токму во Театар Комедија ќе ја комплетирам трилогијата ’Линејн‘. Претставата ја работев со млада и енергична екипа, со која се надеваме дека на публиката ќе ѝ приредиме еден одличен емотивен ’ролеркостер‘, кој им пркоси на традиционалните жанрови“.
Претпремиерата на „Череп во Конемара“ ќе се одржи на 29 декември, а следната изведба е предвидена на 26 јануари 2024 година. Со премиерата на „Череп во Конемара“ Театар Комедија ја спушта завесата на својата повеќе од успешна 2023 година, во која реализира пет премиери [„Веќе не е ни смешно“, „Ревизор“, „Ало, ало!“, „Демнејќи го Годо“ (во копродукција со Турскиот театар од Скопје) и „Череп во Конемара“], угости повеќе од 28 илјади гледачи на 109 репертоарни изведби и ја објави и ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски, поставувајќи си повисоки цели за следната, 2024 година.  

The post Премиера на „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, за крај на годината во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-etika-umetnosta-na-glumetsot-i-na-rezhiserot-od-konstantin-stanislavski-vo-teatar-komedija/ Thu, 21 Dec 2023 08:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=725097

Театар Комедија денеска ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во превод на Наташа Атанасова.

Како што соопшти театарот, македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја – „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ.

Театрологот Ангеловска во предговорот ќе забележи дека „во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски“.

-Станиславски ги поставува клучните прашања за „основните вредности“ и „мисијата“ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело, наведува Ангеловска.

Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Најпознат е по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител.

-Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, посочува Театар Комедија.

Изданието ќе го промовира Дарко Спасов, драматург и директор на Театар Комедија, кој работеше на неговото уредување и подготовка.

 

The post Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија денеска ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во превод на Наташа Атанасова. Како што соопшти театарот, македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја – „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ. Театрологот Ангеловска во предговорот ќе забележи дека „во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски“. -Станиславски ги поставува клучните прашања за „основните вредности“ и „мисијата“ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело, наведува Ангеловска. Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Најпознат е по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител. -Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, посочува Театар Комедија. Изданието ќе го промовира Дарко Спасов, драматург и директор на Театар Комедија, кој работеше на неговото уредување и подготовка.  

The post Промоција на „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски https://republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-ke-ja-promovira-knigata-etika-umetnosta-na-glumetsot-i-na-rezhiserot-od-konstantin-stanislavski/ Mon, 18 Dec 2023 07:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=724105

Театар Комедија ја заокружува својата исклучително успешна година со објавување на книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски, во превод на Наташа Атанасова. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 21 декември (четврток), со почеток во 12 часот, во „Бистро Комедија“ и ќе биде од отворен карактер. Изданието ќе го промовира драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, кој воедно работеше на уредувањето и подготовката на книгата.

Македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја, „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ.

За важноста на етиката на Станиславски во театарската уметност, Деспина Ангеловска во својот предговор ќе забележи: „Во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски, кој ги поставува клучните прашања за ’основните вредности‘ и ’мисијата‘ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело“.

Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Тој е најпознат по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител.

Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“.

Изданието „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ е некомерцијално и не може да се најде во слободна продажба.

The post Театар Комедија ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија ја заокружува својата исклучително успешна година со објавување на книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски, во превод на Наташа Атанасова. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 21 декември (четврток), со почеток во 12 часот, во „Бистро Комедија“ и ќе биде од отворен карактер. Изданието ќе го промовира драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, кој воедно работеше на уредувањето и подготовката на книгата. Македонското издание „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ содржи два есеја, „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“, и предговор од театрологот Деспина Ангеловска, а се заснова на зборникот „Etika: Umetnost glumca i reditelja” (Белград, 1996), приреден од Радослав Лазиќ. За важноста на етиката на Станиславски во театарската уметност, Деспина Ангеловска во својот предговор ќе забележи: „Во ерата на глобализацијата, комерцијализацијата и загубата на утопиите, се наметнува потребата од навраќање на будната мисла на Станиславски, кој ги поставува клучните прашања за ’основните вредности‘ и ’мисијата‘ на театарот и уметноста, соочувајќи нè со одговорноста што ја имаме кон нив. За Станиславски, етиката и естетиката се неразделно поврзани, и само спојот на двете го овозможува создавањето на вистинското уметничко дело“. Константин Станиславски (1863 − 1938) е руски актер, режисер и педагог, основач на Московскиот уметнички театар во 1898 година. Тој е најпознат по развивањето на теоријата на глумата, позната и како Системот на Станиславски. Според Станиславски, театарот е уметност од општествено значење. Тој верувал дека театарот има силно влијание врз луѓето и дека глумецот мора да служи како народен просветител. Станиславски сметал дека прашањето за етиката и моралот претставува многу важно начело на театарското уметничко творење. Моралниот чин на поединецот во сложениот театарски организам, личноста во ансамблот, нејзината задача и нејзината улога во битието на театарот, претставуваат суштински вредности во есеите „Етика“ и „Уметноста на глумецот и на режисерот“. Изданието „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ е некомерцијално и не може да се најде во слободна продажба.

The post Театар Комедија ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-demnejki-go-godo-od-drago-janchar-vo-teatar-komedija-3/ Tue, 12 Dec 2023 08:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=721992

На малата сцена на Театар Комедија вечерва во 20 часот премиерно ќе биде прикажана пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка меѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше три месеци.

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Јанчар.

Режисерката Сибел Авдиу изјави дека делото „Демнејќи го Годо“ на Драго Јанчар, коешто може да се каже дека е еден вид парафраза на апсурдната класика „Чекајќи го Годо“, прикажано во едно поинакво време и во поинаква средина, се занимава со стравот, сомнежот и контролата на општеството со помош на тие механизми и го обликува постоењето на човекот.

Во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.

Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.

Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

„Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

The post Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

На малата сцена на Театар Комедија вечерва во 20 часот премиерно ќе биде прикажана пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка меѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше три месеци.
Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Јанчар.
Режисерката Сибел Авдиу изјави дека делото „Демнејќи го Годо“ на Драго Јанчар, коешто може да се каже дека е еден вид парафраза на апсурдната класика „Чекајќи го Годо“, прикажано во едно поинакво време и во поинаква средина, се занимава со стравот, сомнежот и контролата на општеството со помош на тие механизми и го обликува постоењето на човекот. Во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.
Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.
Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“. „Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

The post Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
„Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/demnejki-go-godo-go-napishav-vo-vreme-koga-vo-evropa-pagaa-poslednite-diktaturi-veli-slovenetsot-drago-janchar-po-chij-tekst-se-podgotvuva-premierata-vo-teatar-komedija/ Thu, 07 Dec 2023 13:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=720747

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар по чиј текст „Деменјќи го Годо“ во Театар Комедија се подготува премиера на 12 декември.

Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Претставата ќе биде прикажана на малата сцена на Театар Комедија (20 часот).

Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.

Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.

Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

„Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

 

The post „Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар по чиј текст „Деменјќи го Годо“ во Театар Комедија се подготува премиера на 12 декември. Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Претставата ќе биде прикажана на малата сцена на Театар Комедија (20 часот). Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.
Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.
Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“. „Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.  

The post „Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија гостува во Белград со мјузиклот „Боливуд“ на режисерката Наташа Поплавска https://republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-gostuva-vo-belgrad-so-mjuziklot-bolivud-na-rezhiserkata-natasha-poplavska/ Mon, 27 Nov 2023 07:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=716506

Националната установа Театар Комедија од Скопје, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, оствари соработка со Народно позориште од Белград, каде што ќе гостува со мјузиклот „Боливуд“ од Маја Пелевиќ, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ќе се одигра на 5 декември, на сцената „Раша Плаовиќ“, со почеток во 20:30 часот. Со ова гостување Театар Комедија започнува културна соработка со Народно позориште од Белград, а следната година се очекува нивно гостување на сцената на Театар Комедија, со што се поттикнува иницијативата „Отворен Балкан“ и воспоставувањето идни културни соработки помеѓу Македонија и Србија.

„Боливуд“ е првиот мјузикл на Театар Комедија, работен по текст и сонгови на српската писателка Маја Пелевиќ, чијашто премиерна изведба се одржа во ноември 2019 година. Драмскиот текст „Боливуд“ е настанат во 2018 година и е инспириран од патувањето на авторката во Северна Кореја, а во истата година, Пелевиќ го поставува на сцената на Народно позориште во Белград. Една година подоцна, македонската режисерка Наташа Поплавска, инспирирана од делото, го поставува мјузиклот „Боливуд“ на Маја Пелевиќ како дел од годишната програма на Театар Комедија. За изборот на текстот и мотивот за негово поставување на македонската сцена, Поплавска своевремено изјавува: „Боливуд, како индустрија за забава и среќа, станува место за подем на солидарноста и хармонијата, вредности кои ги имаме заборавено во пост-комунистичкиот период, транзицијата и апсурдното време во кое живееме. Овој наш боливудски мјузикл гради своја кабаретско-боливудска форма која допира до нашите блиски колективни мемории“. „Боливуд“ е четврти мјузикл на Наташа Поплавска и прв на матичната сцена во Театар Комедија, по претходните исклучително успешни поставки на лиценцираните мјузикли: „Кабаре“ во 2006, „Чикаго“ во 2015 година и „Мама миа!“ во 2017 година.
Во двомесечната подготовка на „Боливуд“ е вклучен голем тим од професионалци, и тоа: Наташа Илиевска, преведувачка на текстот и сонговите, заедно со режисерката Поплавска, која се јавува и како костимограф и кореограф, композиторот Огнен Анастасовски – автор на музиката, Емил Петров – сценограф и видео аниматор, Милчо Александров – дизајнер на светло, Бојан Угриновски и Томи Анчов – дизјанери на звук и Сара Пројковска и Ана Костадиновска – вокални корепетитори.

Во мјузиклот играат актерите: Жаклина Стевковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.

Ова е второ гостување на „Боливуд“ надвор од границите на Македонија, по гостувањето на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, на 29 ноември 2021 година.

The post Театар Комедија гостува во Белград со мјузиклот „Боливуд“ на режисерката Наташа Поплавска appeared first on Република.

]]>

Националната установа Театар Комедија од Скопје, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, оствари соработка со Народно позориште од Белград, каде што ќе гостува со мјузиклот „Боливуд“ од Маја Пелевиќ, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ќе се одигра на 5 декември, на сцената „Раша Плаовиќ“, со почеток во 20:30 часот. Со ова гостување Театар Комедија започнува културна соработка со Народно позориште од Белград, а следната година се очекува нивно гостување на сцената на Театар Комедија, со што се поттикнува иницијативата „Отворен Балкан“ и воспоставувањето идни културни соработки помеѓу Македонија и Србија. „Боливуд“ е првиот мјузикл на Театар Комедија, работен по текст и сонгови на српската писателка Маја Пелевиќ, чијашто премиерна изведба се одржа во ноември 2019 година. Драмскиот текст „Боливуд“ е настанат во 2018 година и е инспириран од патувањето на авторката во Северна Кореја, а во истата година, Пелевиќ го поставува на сцената на Народно позориште во Белград. Една година подоцна, македонската режисерка Наташа Поплавска, инспирирана од делото, го поставува мјузиклот „Боливуд“ на Маја Пелевиќ како дел од годишната програма на Театар Комедија. За изборот на текстот и мотивот за негово поставување на македонската сцена, Поплавска своевремено изјавува: „Боливуд, како индустрија за забава и среќа, станува место за подем на солидарноста и хармонијата, вредности кои ги имаме заборавено во пост-комунистичкиот период, транзицијата и апсурдното време во кое живееме. Овој наш боливудски мјузикл гради своја кабаретско-боливудска форма која допира до нашите блиски колективни мемории“. „Боливуд“ е четврти мјузикл на Наташа Поплавска и прв на матичната сцена во Театар Комедија, по претходните исклучително успешни поставки на лиценцираните мјузикли: „Кабаре“ во 2006, „Чикаго“ во 2015 година и „Мама миа!“ во 2017 година. Во двомесечната подготовка на „Боливуд“ е вклучен голем тим од професионалци, и тоа: Наташа Илиевска, преведувачка на текстот и сонговите, заедно со режисерката Поплавска, која се јавува и како костимограф и кореограф, композиторот Огнен Анастасовски – автор на музиката, Емил Петров – сценограф и видео аниматор, Милчо Александров – дизајнер на светло, Бојан Угриновски и Томи Анчов – дизјанери на звук и Сара Пројковска и Ана Костадиновска – вокални корепетитори. Во мјузиклот играат актерите: Жаклина Стевковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски. Ова е второ гостување на „Боливуд“ надвор од границите на Македонија, по гостувањето на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, на 29 ноември 2021 година.

The post Театар Комедија гостува во Белград со мјузиклот „Боливуд“ на режисерката Наташа Поплавска appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар https://republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-i-turski-teatar-zaedno-ja-podgotvuvaat-pretstavata-demnejki-go-godo-od-drago-janchar/ Fri, 17 Nov 2023 08:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=702429

Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар.

Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет.

Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска- Начева.

Турски театар десетина година своите претстави ги игра на сцената на Театар Комедија, каде што е сместен и ансамлот и техничкиот персонал. Новиот објект Турски театар во Скопје уште е во градба.

Драмата „Демнејќи го Годо“ првпат е поставена во сезоната 1988/89 година на сцената на Словенечкиот народен театар во Љубљана. Настанувањето на текстот на крајот на осумдесеттите години од минатиот век, ги рефлектира општествените промени во поранешната држава и на некој начин ги антиципира случувањата што ќе резултираат со крвав пир како крајна форма на апсурдот. Во оригиналниот текст на Јанчар, двата лика со индикативни имиња Франц и Јозеф, се некакви агенти чијашто мисија е да го демнат отсутниот Годо, а крајната цел е да ги уништат годоистите, следбениците на оваа идолизирана претстава (чиешто суштествување е сомнително и недокажано). Во македонската адаптација, двата лика се, всушност, удвоени и постојат и како женски верзии.

Драго Јанчар (1948) е светски познат словенечки романсиер, драмски писател и есеист. Тој е еден од најпреведуваните и најнаградуваните словенечки книжевници. Голем број дела на Јанчар се приопштени и на македонски јазик, а меѓу нив се: романите „Таа ноќ ја видов“, „И љубовта“, „Зуење во главата“, „Посакување за потсмев“, расказите „Џојсовиот ученик“, драмите „Тивко се ниша часовникот“ и други. Во драмите на Драго Јанчар основата е критичко, сатирично или алегориско прикажување на реалните настани и конкретната стварност, и загрозеноста на поединецот од насилството на власта. Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

The post Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар. Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска- Начева. Турски театар десетина година своите претстави ги игра на сцената на Театар Комедија, каде што е сместен и ансамлот и техничкиот персонал. Новиот објект Турски театар во Скопје уште е во градба. Драмата „Демнејќи го Годо“ првпат е поставена во сезоната 1988/89 година на сцената на Словенечкиот народен театар во Љубљана. Настанувањето на текстот на крајот на осумдесеттите години од минатиот век, ги рефлектира општествените промени во поранешната држава и на некој начин ги антиципира случувањата што ќе резултираат со крвав пир како крајна форма на апсурдот. Во оригиналниот текст на Јанчар, двата лика со индикативни имиња Франц и Јозеф, се некакви агенти чијашто мисија е да го демнат отсутниот Годо, а крајната цел е да ги уништат годоистите, следбениците на оваа идолизирана претстава (чиешто суштествување е сомнително и недокажано). Во македонската адаптација, двата лика се, всушност, удвоени и постојат и како женски верзии. Драго Јанчар (1948) е светски познат словенечки романсиер, драмски писател и есеист. Тој е еден од најпреведуваните и најнаградуваните словенечки книжевници. Голем број дела на Јанчар се приопштени и на македонски јазик, а меѓу нив се: романите „Таа ноќ ја видов“, „И љубовта“, „Зуење во главата“, „Посакување за потсмев“, расказите „Џојсовиот ученик“, драмите „Тивко се ниша часовникот“ и други. Во драмите на Драго Јанчар основата е критичко, сатирично или алегориско прикажување на реалните настани и конкретната стварност, и загрозеноста на поединецот од насилството на власта. Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

The post Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>
Премиера на Синиша Евтимов во Театар Комедија: „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-sinisha-evtimov-vo-teatar-komedija-alo-alo-e-duhovita-parodija-na-istoriskite-sluchuvana-i-na-chovekovite-slabosti/ Fri, 20 Oct 2023 07:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=693085

Во Театар Комедија во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Ало! Ало!“ во режија на режисерот Синиша Евтимов.

Како што информира Театар Комедија – Скопје, „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај Јорго“, во окупираното Скопје за време на Втората светска војна. „Кај Јорго“ е сврталиште на високите претставници на фашистичкиот окупатор во Скопје и на членовите на Отпорот, а сопственикот на кафеаната, Јорго, се труди да ги „менаџира“ односите со двете страни и да се одржи жив среде војната.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски.

Илина Ангеловска е сценограф, Александар Ношпал – костимограф, Борјан Стојков – асистент на режија, Марија Ѓорѓиевска – асистент на сценографот и Ивана Каранфиловска – асистент на костимографот. Одговорен зад сцената е инспициентот Александар Јорданов, текстуална поддршка на актерите им дава суфлерката Зорица Манаскова Станковиќ, а за тонот и светлото се задолжени тон-мајсторот Георгиј Полизов и светло-мајсторите Слободан Илиоски и Виктор Лазаревски.

Претставата ќе биде дел од редовниот репертоар на Театар Комедија.

 

The post Премиера на Синиша Евтимов во Театар Комедија: „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости appeared first on Република.

]]>

Во Театар Комедија во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Ало! Ало!“ во режија на режисерот Синиша Евтимов. Како што информира Театар Комедија – Скопје, „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај Јорго“, во окупираното Скопје за време на Втората светска војна. „Кај Јорго“ е сврталиште на високите претставници на фашистичкиот окупатор во Скопје и на членовите на Отпорот, а сопственикот на кафеаната, Јорго, се труди да ги „менаџира“ односите со двете страни и да се одржи жив среде војната. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски. Илина Ангеловска е сценограф, Александар Ношпал – костимограф, Борјан Стојков – асистент на режија, Марија Ѓорѓиевска – асистент на сценографот и Ивана Каранфиловска – асистент на костимографот. Одговорен зад сцената е инспициентот Александар Јорданов, текстуална поддршка на актерите им дава суфлерката Зорица Манаскова Станковиќ, а за тонот и светлото се задолжени тон-мајсторот Георгиј Полизов и светло-мајсторите Слободан Илиоски и Виктор Лазаревски. Претставата ќе биде дел од редовниот репертоар на Театар Комедија.  

The post Премиера на Синиша Евтимов во Театар Комедија: „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости appeared first on Република.

]]>
„Ревизор“ е гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум, вели режисерот Андреј Цветановски за премиерата во Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/revizor-e-groteska-na-odnosot-na-graganite-kon-vlasta-i-nivnata-zaslepenost-od-sjajniot-kostum-veli-rezhiserot-andrej-tsvetanovski-za-premierata-vo-komedija/ Fri, 05 May 2023 12:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=637296

Вечерва, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана претставата „Ревизор“ од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

„Ревизор“, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.

Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното... Сите ли сме си наши?

Во претставата играат: Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Стевковска Дрнасин,  Жаклина Петровска Милјановска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Столе Мицов, Јаков Спасов, Ангела Стојановска, Марија Кондовска, Христијан Поп Симонов.

Сценограф е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска.

 

The post „Ревизор“ е гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум, вели режисерот Андреј Цветановски за премиерата во Комедија appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 20 часот во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана претставата „Ревизор“ од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. „Ревизор“, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта. Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање. Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното... Сите ли сме си наши? Во претставата играат: Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Стевковска Дрнасин,  Жаклина Петровска Милјановска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, Столе Мицов, Јаков Спасов, Ангела Стојановска, Марија Кондовска, Христијан Поп Симонов. Сценограф е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска.  

The post „Ревизор“ е гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум, вели режисерот Андреј Цветановски за премиерата во Комедија appeared first on Република.

]]>