теарце Archives - Република https://republika.mk/tema/tearce/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Apr 2024 16:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png теарце Archives - Република https://republika.mk/tema/tearce/ 32 32 Мицкоски од Теарце: Измеќарите од СДС им ја подарија на тацна Македонија на ДУИ и Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-teartse-izmekarite-od-sds-im-ja-podarija-na-tatsna-makedonija-na-dui-i-ahmeti/ Tue, 09 Apr 2024 16:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=764342

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешното негово обраќање во Теарце потсети дека пред 6-7 година власта ветуваше дека ќе донесе живот за сите, но донесе живот само за малкумина односно за првите луѓе во власта на СДСМ и ДУИ.

Моето денешно обраќање ќе го започнам со спомените од пред 6-7 години кога претпоставувам ќе се сетиме оние обоени шарени револуционери кои шетаа со парола „Нема правда, нема мир“ и велеа дека ќе донесат живот за сите и дека ќе направат едно општество за сите. По тие 6-7 години резултатите од тие нивните прошетки се сеуште забележителни низ Македонија, сеуште остануваа објектите сопственост на граѓаните, на владата неисчистени ширум Македонија кои што ги бојадисуваа, штетите по идентитетот, по општеството и по стандардот на граѓаните се огромни, а од паролата ќе донесеме живот, донесоа живот за малкумина, за себе, за оние првенци во владата на СДС и ДУИ, а од паролата едно општество за сите се претвори во едно општество само за нас, рече Мицкоски.

Додаде дека таква парола имал и сегашниот кандидат за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.

Кога велам само за нас таква е и паролата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, наш претседател. Тој нема да биде претседател на сите граѓани, а вели дека не ги делел граѓаните на наши и ваши, туку ќе бил наш претседател т.е претседател на оние кои што ќе го гласаат, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека стратегијата на ДУИ е опишана со три зборови - „Како до сега“.

Денес Македонија е украдена држава или уште повеќе да бидам прецизен подарена држава. Неспособниот Ковачевски, измеќарот Ковачевски ја подари Македонија на тацна на Али Ахмети. Во изминатите повеќе од 20 години ја практикуваа паролата како до сега не направија ништо подобрувајќи го стандардот и квалитетот на граѓаните. Стратегија на ДУИ е опишана со три збора „Како го сега“. Таа стратегија подразбира Артан Груби да почнува да стекне имот за сопственото семејство и да купува недвижнини во центарот на градовите низ Македонија. „Како до сега“ начинот на владеење на ДУИ е начин да министерот за надворешни работи, Бујар Османи патува низ светот и распродава парче по парче дел од македонскиот идентитет, небаре го наследил од неговите дедовци. „Како до сега“ принципот на владеење на ДУИ подразбира да во Зајас никнуваат хациенди каде што живее Али Ахмети небаре е некој блискоисточен шеик. Тоа е принципот на владеење како до сега. Јас се борам додека сум жив против овој начин на пустошење, пљачкање, понижување и засрамување на нашата Македонија, порача Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ има друг принцип за Македонија, тоа е концепт позади кој стои тој и Гордана Силјановска Давкова.

Ние имаме друг принцип за горда Македонија. Нашиот концепт е за твоја Македонија. Тоа е концептот позади кој што застанувам јас и тоа е концептот кој што го застапува Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски од Теарце: Измеќарите од СДС им ја подарија на тацна Македонија на ДУИ и Ахмети appeared first on Република.

]]>

Димитриеска Кочоска: Граѓаните се разочарани од власта, бараат избори и нова влада https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-graganite-se-razocharani-od-vlasta-baraat-izbori-i-nova-vlada/ Sat, 03 Jun 2023 20:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=647520

Народот јасно гледа дека состојбата е неподнослива со уништената економија, доста е од националните предавства и порази кои што ги организира и во континуитет им ги приредува на народот владата на СДС и ДУИ, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска при денешната посета во општина Теарце во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите.

Според Димитриеска Кочоска нема потреба да се случуваат лидерски сресби само за маркетинг потреби, туку треба да се седни на маса и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случува по неуспехот од уставните измени, децидно повторувајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржува уставни измени.

Јасно е дека уставни измени нема да има и заради тоа нема потреба од лидерски средби доколку се прават само за маркетинг потреби. Потребно е да се седни и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случи по неуспехот од уставните измени, истакна таа.

The post Димитриеска Кочоска: Граѓаните се разочарани од власта, бараат избори и нова влада appeared first on Република.

]]>

Народот јасно гледа дека состојбата е неподнослива со уништената економија, доста е од националните предавства и порази кои што ги организира и во континуитет им ги приредува на народот владата на СДС и ДУИ, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска при денешната посета во општина Теарце во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите. Според Димитриеска Кочоска нема потреба да се случуваат лидерски сресби само за маркетинг потреби, туку треба да се седни на маса и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случува по неуспехот од уставните измени, децидно повторувајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не поддржува уставни измени. Јасно е дека уставни измени нема да има и заради тоа нема потреба од лидерски средби доколку се прават само за маркетинг потреби. Потребно е да се седни и сериозно да се разговара за тоа што ќе се случи по неуспехот од уставните измени, истакна таа.

The post Димитриеска Кочоска: Граѓаните се разочарани од власта, бараат избори и нова влада appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-izgasnat-edniot-krak-od-pozharot-nad-teartse-drugiot-se-ushte-aktiven-no-so-pomal-intenzitet/ Sun, 08 Jan 2023 18:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=594663

Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е се уште активен, но со помал интезитет од вчера.

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од пожарот да се самоизгасне во текот на ноќта со оглед на ниските температури. Ако тоа не се случи, утре, по утринското извидување, е планирано повторно да се оди на терен за пожарот да се доизгасне.

Екипата попладнево се повлекла откако почнало да се стменува, но и поради непристапниот терен.

Од вчера до денеска, како што наведува ЦУК, се изгорени околу седум до девет хектари површина.

Како резултат на воздушниот притисок, чадот се спушта надолу и им создава големи проблеми во дишењето на вработените поради што тие се повлечени. Пожарот на една од страните е изгаснат во целост, а од другата страна не се можело да се дејствува, бидејќи се намалила видливоста – се стемнувало, па затоа пожарот на тој крак е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Во 15:15 часот е стапено во контакт со директорот на Националниот парк, кој бил на лице место со осум вработени од Паркот од утрово, кога појдоа од село Теарце кон пожарот каде од вчера гори букова шума и пасиште. По кординација со директорот на ДЗС Скопје и Директорот на Национален парк „Шар Планина“, авион од ДЗС учествувал сo дејствување на една од страните на пожарот, но само со еден налет согласно условите на терен и се вратил во базата во Скопје. Одлучено е да се сочека до утре да се види дали ќе има потреба или не со оглед на ниските температури во ноќта и можноста да се самоизгасне.
Потоа, во 16:25 часот е стапено во контакт со ренџерот што го пријавил вчерашниот пожар и тој извести дека екипата се повлекува во Теарце бидејќи, почнува да се стемнува, а патот е непристапен за движење, бидејќи до местото на пожарот се пешачи два часа, информира ЦУК.

The post ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет appeared first on Република.

]]>

Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од пожарот да се самоизгасне во текот на ноќта со оглед на ниските температури. Ако тоа не се случи, утре, по утринското извидување, е планирано повторно да се оди на терен за пожарот да се доизгасне. Екипата попладнево се повлекла откако почнало да се стменува, но и поради непристапниот терен. Од вчера до денеска, како што наведува ЦУК, се изгорени околу седум до девет хектари површина.
Како резултат на воздушниот притисок, чадот се спушта надолу и им создава големи проблеми во дишењето на вработените поради што тие се повлечени. Пожарот на една од страните е изгаснат во целост, а од другата страна не се можело да се дејствува, бидејќи се намалила видливоста – се стемнувало, па затоа пожарот на тој крак е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Во 15:15 часот е стапено во контакт со директорот на Националниот парк, кој бил на лице место со осум вработени од Паркот од утрово, кога појдоа од село Теарце кон пожарот каде од вчера гори букова шума и пасиште. По кординација со директорот на ДЗС Скопје и Директорот на Национален парк „Шар Планина“, авион од ДЗС учествувал сo дејствување на една од страните на пожарот, но само со еден налет согласно условите на терен и се вратил во базата во Скопје. Одлучено е да се сочека до утре да се види дали ќе има потреба или не со оглед на ниските температури во ноќта и можноста да се самоизгасне. Потоа, во 16:25 часот е стапено во контакт со ренџерот што го пријавил вчерашниот пожар и тој извести дека екипата се повлекува во Теарце бидејќи, почнува да се стемнува, а патот е непристапен за движење, бидејќи до местото на пожарот се пешачи два часа, информира ЦУК.

The post ЦУК: Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет appeared first on Република.

]]>
Во Теарце ќе се подигнува свеста да не се пука по свадби и веселби https://republika.mk/vesti/vo-tearce-kje-se-podignuva-svesta-da-ne-se-puka-po-svadbi-i-veselbi/ Tue, 15 Nov 2022 07:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=573912

Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Теарце денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО).

Настанот ќе се одржи во спортската сала на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во село Теарце.

Како што најавуваат од УНДП, ќе се обратат градоначалникот на општина Теарце Нухи Незири, началникот на СВР Тетово Амир Далипи и заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ.

The post Во Теарце ќе се подигнува свеста да не се пука по свадби и веселби appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Теарце денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО). Настанот ќе се одржи во спортската сала на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во село Теарце. Како што најавуваат од УНДП, ќе се обратат градоначалникот на општина Теарце Нухи Незири, началникот на СВР Тетово Амир Далипи и заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ.

The post Во Теарце ќе се подигнува свеста да не се пука по свадби и веселби appeared first on Република.

]]>
600 гости јадеа гравче во тетовско Теарце https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/600-gosti-jadea-gravche-vo-tetovsko-tearce/ Sat, 08 Oct 2022 14:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=558819

По две години пауза поради пандемијата, денеска во тетовско Теарце се одржа единаесеттото издание на манифестацијата „Денот на гравот” која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето.

Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.

Секоја година расте бројот на посетитители, годинава бележи некаде околу 600 гости. Основата на настанот и иста, сакаме гравот да го промовираме на повисокото ниво и на тој начин да им помогнеме на земјоделците, медарите, на училиштата кои одлучиле да посветат дел од работата на оваа култура. Одбележувањето на овој ден е значајно во нашиот обид да ја негуваме традицијата на одгледување на гравот – изјави Метин Муареми од ЦЕД.

Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Мирко Ѓорѓески.

The post 600 гости јадеа гравче во тетовско Теарце appeared first on Република.

]]>

По две години пауза поради пандемијата, денеска во тетовско Теарце се одржа единаесеттото издание на манифестацијата „Денот на гравот” која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.
Секоја година расте бројот на посетитители, годинава бележи некаде околу 600 гости. Основата на настанот и иста, сакаме гравот да го промовираме на повисокото ниво и на тој начин да им помогнеме на земјоделците, медарите, на училиштата кои одлучиле да посветат дел од работата на оваа култура. Одбележувањето на овој ден е значајно во нашиот обид да ја негуваме традицијата на одгледување на гравот – изјави Метин Муареми од ЦЕД.
Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Мирко Ѓорѓески.  

The post 600 гости јадеа гравче во тетовско Теарце appeared first on Република.

]]>
Во Теарце се одржува манифестацијата „Денот на гравот“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-tearce-se-odrzuva-manifestacijata-denot-na-gravot/ Sat, 08 Oct 2022 05:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=558641

Традиционалната манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи денеска во просториите на О.У „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, во организација на Центарот за едукација и развој.

Како што информираат организаторите, со 11-тото издание на оваа манифестација, Центарот за едукација и развој ја започнува новата деценија на организирање на оваа традиционална манифестација, по пауза поради состојбата со ковид пандемијата.

The post Во Теарце се одржува манифестацијата „Денот на гравот“ appeared first on Република.

]]>

Традиционалната манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи денеска во просториите на О.У „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, во организација на Центарот за едукација и развој. Како што информираат организаторите, со 11-тото издание на оваа манифестација, Центарот за едукација и развој ја започнува новата деценија на организирање на оваа традиционална манифестација, по пауза поради состојбата со ковид пандемијата.

The post Во Теарце се одржува манифестацијата „Денот на гравот“ appeared first on Република.

]]>