Тбилиси Archives - Република https://republika.mk/tema/tbilisi/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Nov 2023 11:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тбилиси Archives - Република https://republika.mk/tema/tbilisi/ 32 32 За мене беше огромна чест што бев првата жена којашто диригираше со оркестарот на Тбилиси, вели маестра Дијана Имери https://republika.mk/vesti/kultura/za-mene-beshe-ogromna-chest-shto-bev-prvata-zhena-kojashto-dirigirashe-so-orkestarot-na-tbilisi-veli-maestra-dijana-imeri/ Fri, 10 Nov 2023 11:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=700238

Аплаузи, стоечки овации и позитивни коментари доживеа македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, по концертот којшто на 6 ноември се одржа во преполната сала на Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“ во Тбилиси, Грузија.

Маестра Имери Илкоска диригираше со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, а во Грузија отпатува на специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.

Финалниот концерт на фестивалот кој секоја година се одржува од 2 до 6 ноември, со нашата маестра значеше и блескава круна на културните случувања во главниот град на Грузија.
И за време на пробите кои се одвиваа фантастично, а особено после концертот, се слушаа изјави од типот: „...за нас е огромна чест што соработуваме со Вас...“, „...првпат диригира жена со нашиот оркестар...“, „...навистина направивме фантастичен концерт по Ваша заслуга...“ итн.
Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, и маестра Имери Илкоска, како солисти настапија тројцата пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија), а на програмата беа изведени делата: уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.

Се уште ме држат позитивните впечатоци од настанот и од целата соработка со престижниот оркестар, вели маестра Имери Илкоска.

„Оваа покана за мене лично беше огромна чест, но на некој начин претставува и историски чин, затоа што бев првата жена којашто диригираше со тој оркестар. Но, и воопшто првата жена во таа концертна сала каде што има настапувано и славниот Сергеј Рахмањинов“.

Таа додава и дека навистина посебно се чувствувала во салата каде што се одржувале пробите - „Палата на младоста“, местото во коешто е потпишан Уставот на Грузија.

И таму бев првата жена што застанала со оркестар како диригент. Всушност, огромна чест беше за мене и фактот што се работи за оркестар со огромни квалитети. Остваривме навистина прекрасна соработка, пробите течеа во креативна работна атмосфера и на крајот резултираа со многу успешен концерт, за којшто зборуваше целата грузиска јавност. Но, и самиот факт што салата беше распродадена до последното седиште. Плодна и успешна соработка остварив и со солистите коишто беа на ниво на задачата и сето ова резултираше со разговори за идни концертни проекти низ Европа“, вели Имери Илкоска.

The post За мене беше огромна чест што бев првата жена којашто диригираше со оркестарот на Тбилиси, вели маестра Дијана Имери appeared first on Република.

]]>

Аплаузи, стоечки овации и позитивни коментари доживеа македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, по концертот којшто на 6 ноември се одржа во преполната сала на Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“ во Тбилиси, Грузија. Маестра Имери Илкоска диригираше со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, а во Грузија отпатува на специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика. Финалниот концерт на фестивалот кој секоја година се одржува од 2 до 6 ноември, со нашата маестра значеше и блескава круна на културните случувања во главниот град на Грузија. И за време на пробите кои се одвиваа фантастично, а особено после концертот, се слушаа изјави од типот: „...за нас е огромна чест што соработуваме со Вас...“, „...првпат диригира жена со нашиот оркестар...“, „...навистина направивме фантастичен концерт по Ваша заслуга...“ итн. Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, и маестра Имери Илкоска, како солисти настапија тројцата пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија), а на програмата беа изведени делата: уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.
Се уште ме држат позитивните впечатоци од настанот и од целата соработка со престижниот оркестар, вели маестра Имери Илкоска.
„Оваа покана за мене лично беше огромна чест, но на некој начин претставува и историски чин, затоа што бев првата жена којашто диригираше со тој оркестар. Но, и воопшто првата жена во таа концертна сала каде што има настапувано и славниот Сергеј Рахмањинов“. Таа додава и дека навистина посебно се чувствувала во салата каде што се одржувале пробите - „Палата на младоста“, местото во коешто е потпишан Уставот на Грузија.
И таму бев првата жена што застанала со оркестар како диригент. Всушност, огромна чест беше за мене и фактот што се работи за оркестар со огромни квалитети. Остваривме навистина прекрасна соработка, пробите течеа во креативна работна атмосфера и на крајот резултираа со многу успешен концерт, за којшто зборуваше целата грузиска јавност. Но, и самиот факт што салата беше распродадена до последното седиште. Плодна и успешна соработка остварив и со солистите коишто беа на ниво на задачата и сето ова резултираше со разговори за идни концертни проекти низ Европа“, вели Имери Илкоска.

The post За мене беше огромна чест што бев првата жена којашто диригираше со оркестарот на Тбилиси, вели маестра Дијана Имери appeared first on Република.

]]>
Демонстрантите во Тбилиси ја прославуваат одлуката за повлекување на спорниот закон за странски агенти https://republika.mk/vesti/svet/demonstrantite-vo-tbilisi-ja-proslavuvaat-odlukata-za-povlekuvane-na-sporniot-zakon-za-stranski-agenti/ Thu, 09 Mar 2023 21:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=617920

Плоштадот пред зградата на парламентот во Тбилиси се уште е исполнет со демонстранти, кои ја слават одлуката на грузиските власти, донесена претпладнево, за  повлекување од процедура на контроверзниот законот за странски агенти,

Толпата од пред собраниската зграда е се уште таму, покрај поставената заштитна ограда,  бидејќи  демонстрантите немаат доверба во државните органи затоа што одлуката за повлекување на законот беше соопштена само усно, а не беше потврдена со гласање во Собранието.

Воедно, опозициските активисти ги повикуваат властите да ослободат повеќе од 130 лица кои беа приведени за време на протестите од 7 до 8 март, пренесуваат руските медиуми.

Веќе цела недела илјадници демонстранти се излезени на улиците на Тбилиси, откако пратениците во прво читање ја усвоија грузиската верзија на законот за странски агенти.

Предлог-законот за транспарентност на странското влијание предвидува формирање на регистар на невладини организации, медиуми и субјекти кои добиваат средства од странски држави.

Законот предвидува организациите што добиваат повеќе од 20 отсто од средствата од странство да бидат регистрирани како „странски агенти“ и ќе подлежат на надзор на грузиското Министерство за правда.

Иницијаторите на предлог-законот тврдат дека станува збор за помека верзија на американскиот закон, а опозицијата тврди дека предлог-законот нема никаква врска со американскиот закон и дека е аналоген на законот што е на сила во Русија.

Според грузиската верзија, за странски агент се дефинира правно лице, додека американската верзија се однесува и на правни и на физички лица и предвидува кривична одговорност.

The post Демонстрантите во Тбилиси ја прославуваат одлуката за повлекување на спорниот закон за странски агенти appeared first on Република.

Полицијата во Тбилиси со солзавец ги растера демонстрантите од центарот на градот https://republika.mk/vesti/svet/politsijata-vo-tbilisi-so-solzavets-gi-rastera-demonstrantite-od-tsentarot-na-gradot/ Wed, 08 Mar 2023 20:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=617486

Грузиската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите собрани пред зградата на парламентот во центарот на Тбилиси, откако претходно им нареди да си заминат, а тие не послушаа.

Француските медиуми пренесуваат дека претходно полицијата употребила водени топови за да се обиде да ја исплаши толпата.

Демонстрантите се противат на контроверзниот закон за „странски агенти“, што според критичарите е насочен кон медиумите и невладините организации.

The post Полицијата во Тбилиси со солзавец ги растера демонстрантите од центарот на градот appeared first on Република.

]]>

Грузиската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите собрани пред зградата на парламентот во центарот на Тбилиси, откако претходно им нареди да си заминат, а тие не послушаа. Француските медиуми пренесуваат дека претходно полицијата употребила водени топови за да се обиде да ја исплаши толпата. Демонстрантите се противат на контроверзниот закон за „странски агенти“, што според критичарите е насочен кон медиумите и невладините организации.

The post Полицијата во Тбилиси со солзавец ги растера демонстрантите од центарот на градот appeared first on Република.

]]>
Откако извисија за кандидатски статус во ЕУ масовен протест во Грузија https://republika.mk/vesti/svet/otkako-izvisija-za-kandidatski-status-vo-eu-masoven-protest-vo-gruzija/ Sat, 25 Jun 2022 06:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=519495

Десетици илјади луѓе протестираа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот.

Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја обвинуваат за авторитарност и влошување на односите со Брисел.

Ние, народот на Грузија, бараме (премиерот) Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ - изјави еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање..

Грузија поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската воена операција во Украина на 24 февруари. Сепак, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија и порачаа дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите.

Гарибашвили претходно изјави дека неговата влада е подготвена да ги исполни условите на ЕУ за што поскоро да добие кандидатски статус.

Европските власти како приоритети го наведоа прекин на политичката поларизација, напредок во слободата на медиумите и судски и изборните реформи.

The post Откако извисија за кандидатски статус во ЕУ масовен протест во Грузија appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади луѓе протестираа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот. Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја обвинуваат за авторитарност и влошување на односите со Брисел.
Ние, народот на Грузија, бараме (премиерот) Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ - изјави еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање..
Грузија поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската воена операција во Украина на 24 февруари. Сепак, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија и порачаа дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите. Гарибашвили претходно изјави дека неговата влада е подготвена да ги исполни условите на ЕУ за што поскоро да добие кандидатски статус. Европските власти како приоритети го наведоа прекин на политичката поларизација, напредок во слободата на медиумите и судски и изборните реформи.

The post Откако извисија за кандидатски статус во ЕУ масовен протест во Грузија appeared first on Република.

]]>