Татјана Патиц Archives - Република https://republika.mk/tema/tatjana-patits/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Jan 2023 22:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Татјана Патиц Archives - Република https://republika.mk/tema/tatjana-patits/ 32 32 На 56 години почина славната Татјана Патиц, една од петте легендарни супермодели од 90-те https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/na-56-godini-pochina-slavnata-tatjana-patits-edna-od-pette-legendarni-supermodeli-od-90-te/ Wed, 11 Jan 2023 17:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=595897

На 56 години почина Германката Татјана Патиц, една од петте легендарни супермодели од 90-те години, објави „Вог“.

Патиц заедно со Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон ја сочинуваа легендарната петорка на првите супермодели кои во 1990 година ги повика светски познатиот моден креатор Џани Версаче.

Таа во 90-те години ги освојуваше светските модни писти, а поради својата убавина, мачкастиот облик на очите, невообичаено совршениот облик на лицето стана заштитно лице на многу кампањи, меѓу кои и на Шанел, Келвин Клајн и Версаче.

Беше родена во Германија, во 1966 година, а детството го поминала во Шведска. На 17 години влегла во финалето на натпреварот Елит Модел Лук, а потоа потпиша договор со светска компанија и се пресели во Париз.

Често беше на насловните страници на американското издание на „Вог“, но и на интернационалните изданија. Во времето кога Ана Винтур беше главен уредник на „Вог“, таа имаше две насловни страници едно по друго.

Се прослави по соработката со славните фотографи, меѓу кои и Херб Риц.

Никогаш не си ја прододадов душата, изјави манекенката во интервју во 2020.

Живееше повлечено во Калифорнија со синот и сопругот, каде се грижеше за своите животни.

 

The post На 56 години почина славната Татјана Патиц, една од петте легендарни супермодели од 90-те appeared first on Република.

]]>

На 56 години почина Германката Татјана Патиц, една од петте легендарни супермодели од 90-те години, објави „Вог“. Патиц заедно со Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон ја сочинуваа легендарната петорка на првите супермодели кои во 1990 година ги повика светски познатиот моден креатор Џани Версаче. Таа во 90-те години ги освојуваше светските модни писти, а поради својата убавина, мачкастиот облик на очите, невообичаено совршениот облик на лицето стана заштитно лице на многу кампањи, меѓу кои и на Шанел, Келвин Клајн и Версаче. Беше родена во Германија, во 1966 година, а детството го поминала во Шведска. На 17 години влегла во финалето на натпреварот Елит Модел Лук, а потоа потпиша договор со светска компанија и се пресели во Париз. Често беше на насловните страници на американското издание на „Вог“, но и на интернационалните изданија. Во времето кога Ана Винтур беше главен уредник на „Вог“, таа имаше две насловни страници едно по друго. Се прослави по соработката со славните фотографи, меѓу кои и Херб Риц.
Никогаш не си ја прододадов душата, изјави манекенката во интервју во 2020.
Живееше повлечено во Калифорнија со синот и сопругот, каде се грижеше за своите животни.  

The post На 56 години почина славната Татјана Патиц, една од петте легендарни супермодели од 90-те appeared first on Република.

]]>