Танц фест 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/tants-fest-2023/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Apr 2023 09:06:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Танц фест 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/tants-fest-2023/ 32 32 Американската „Забрзување и вознесувања“ на танцовата компанија Далас Блек вечерва на Танц Фест https://republika.mk/vesti/kultura/amerikanskata-zabrzuvane-i-voznesuvana-na-tantsovata-kompanija-dalas-blek-vecherva-na-tants-fest/ Wed, 12 Apr 2023 09:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=630068

Американската „Забрзување и вознесувања“ на танцовата компанија Далас Блек ќе настапи вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 19. издание на Танц Фест 2023.

Гостувањето е со поддршка на Американската амбасада во Скопје.

Публиката ќе има можност да проследи пет извонредни кореографии: „Распарчување“ на Грегори Долбашиан, „Танц на срцето“ на Mи’Кал Стромил и „Како вода“, „Патот до еден“ и Погубување на чувството“ на Дарел Гранд Мултри во изведба на дванаесет спектакуларни танчери на компанијата.

Танцовата компанија Далас Блек е основана во 1976 година од Ен Вилијамс, со цел да создаде и произведе современ танц на највисоко уметничко ниво, преку претстави и едукативни програми кои ги премостуваат културите и допираат до различни заедници. Како најголема и најстара постојано оперативна професионална танцова компанија во Далас, ДБДТ е една од најзначајните афро-американска танцови компании во САД. Под раководство на уметничката директорка Мелиса М. Јанг, современата компанија изведува мешан репертоар на модерни, балетски, џез и етнички дела од национално и меѓународно познати кореографи.

[caption id="attachment_630078" align="alignnone" width="2286"] фото: Скопје Танц Фест[/caption]

Во рамки на вечерта, пред настапот на компанијата, ќе биде изведена кратката кореографија „Предност“ која е производ на работилниците кои се одржаа во соработка на ДБДТ и Скопје танцовиот театар, со поддршка на Американската амбасада во Скопје. Работилниците под наслов „Dance communication“ ги одржа Сиера Ноел Џонс (ДБДТ) и асистентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Стефанија Милевска Враниќ и Емилија Достинова.

Во работилниците учествуваат ученици од Музичко - балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ во класа на професорките Елена Антонова Петровиќ и Александра Кочовска Начева: Мила Ангелова, Екатерина Георгиева, Дора Пајдакова, Русанка Иваноска, Моника Ѓеоргиева, Лука Ѓеоргиевски, Јана Ѓоршова, Давор Милев, Теона Голчева; од Анастасија центар: Сања Лазаровска, Екатерина Мицевска, Надалина Талевска, Дејана Магденовска; од Танцовиот клуб Аква: Елена Тезиева, Ивона Маневска, Ивана Стратова, Анѓела Николовска, Вања Секуловска, Теона Димкова, Матеа Николовска, Ања Стојаноска, Џаст Даниелс и од Битркис културно уметнички центар: Надја Илијевски, Ивана Петровска, Теодора Атанасовска, Тамара Атансовска.

Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

 

The post Американската „Забрзување и вознесувања“ на танцовата компанија Далас Блек вечерва на Танц Фест appeared first on Република.

]]>

Американската „Забрзување и вознесувања“ на танцовата компанија Далас Блек ќе настапи вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 19. издание на Танц Фест 2023. Гостувањето е со поддршка на Американската амбасада во Скопје. Публиката ќе има можност да проследи пет извонредни кореографии: „Распарчување“ на Грегори Долбашиан, „Танц на срцето“ на Mи’Кал Стромил и „Како вода“, „Патот до еден“ и Погубување на чувството“ на Дарел Гранд Мултри во изведба на дванаесет спектакуларни танчери на компанијата. Танцовата компанија Далас Блек е основана во 1976 година од Ен Вилијамс, со цел да создаде и произведе современ танц на највисоко уметничко ниво, преку претстави и едукативни програми кои ги премостуваат културите и допираат до различни заедници. Како најголема и најстара постојано оперативна професионална танцова компанија во Далас, ДБДТ е една од најзначајните афро-американска танцови компании во САД. Под раководство на уметничката директорка Мелиса М. Јанг, современата компанија изведува мешан репертоар на модерни, балетски, џез и етнички дела од национално и меѓународно познати кореографи. [caption id="attachment_630078" align="alignnone" width="2286"] фото: Скопје Танц Фест[/caption] Во рамки на вечерта, пред настапот на компанијата, ќе биде изведена кратката кореографија „Предност“ која е производ на работилниците кои се одржаа во соработка на ДБДТ и Скопје танцовиот театар, со поддршка на Американската амбасада во Скопје. Работилниците под наслов „Dance communication“ ги одржа Сиера Ноел Џонс (ДБДТ) и асистентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Стефанија Милевска Враниќ и Емилија Достинова. Во работилниците учествуваат ученици од Музичко - балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ во класа на професорките Елена Антонова Петровиќ и Александра Кочовска Начева: Мила Ангелова, Екатерина Георгиева, Дора Пајдакова, Русанка Иваноска, Моника Ѓеоргиева, Лука Ѓеоргиевски, Јана Ѓоршова, Давор Милев, Теона Голчева; од Анастасија центар: Сања Лазаровска, Екатерина Мицевска, Надалина Талевска, Дејана Магденовска; од Танцовиот клуб Аква: Елена Тезиева, Ивона Маневска, Ивана Стратова, Анѓела Николовска, Вања Секуловска, Теона Димкова, Матеа Николовска, Ања Стојаноска, Џаст Даниелс и од Битркис културно уметнички центар: Надја Илијевски, Ивана Петровска, Теодора Атанасовска, Тамара Атансовска. Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.  

The post Американската „Забрзување и вознесувања“ на танцовата компанија Далас Блек вечерва на Танц Фест appeared first on Република.

]]>
Танц Фест вечерва во МКЦ претставува современи кореографи од Италија, Романија и Словачка https://republika.mk/vesti/kultura/tants-fest-vecherva-vo-mkts-pretstavuva-sovremeni-koreografi-od-italija-romanija-i-slovachka/ Wed, 05 Apr 2023 15:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=627596

Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се изведат три кореографии на автори од Италија, Романија и Словачка.

Првата кореографија под наслов „Дали е реално?“ е во кореографија на Гилда Федерика Цесарио, од Италија, видео материјалите се на Андреа Базиле, а настапуваат: Мартина Тондо, Росела Донато, Данило Скалинчи, Антонио Панарити и Дениз Камаса.

Следната короеграфија „OPUS I-IV„ во продукција на УНАГЕ од Романија е во режија и кореографија на Сандра Мавхима, дизајн на светло на Емилијан Андреи , на музика на Богдан Маринески, костими на Анастасија Банаја и Александру Флореа, а настапуваат танчерите Хуан Круз Луке, Алина Постолаче, Бјанка Секриеру, Илинка Агафитеи,
Ана Ван Харен.

„OPUS I-IV“ е инспириран од кратките апстрактни анимирани филмови создадена од сликарот и режисер Волтер Ратман (1887 1941), како кореографија на потсвесното искуство, поврзано со неговиот реален живот. „ОПУС I“, првото дело што го создал како филмаџија, кратко по неговото оправување од посттрауматски стрес, е аналогија на неговото учество како артилериски поручник во Првата светска војна. Следните делови ОПУС II, III и IV се создадени во годините што следуваат по неговото закрепнување, и тие исто како и првото, се поврзани со неговата биографија и четирите жени на неговиот животот. Претставата „OPUS I-IV“ е создадена по практично истражување на кореографски јазик во експерименталните филмови создадени на почетокот на XX век, симболични за историјата на апстрактна уметност.

Трета кореографија „Lud:Us“ е со концепт и кореографија на Јакуб Черулик, гостин од Словачка, а тој е и изведувач на кореографијата. Драматургијата е на Александра Пазгу и Јурај Корец, а дизајнот на светлото е на Мартин Пушкар.

„Lud:Us е онтолошко уметничко дело, каде основните елементи, методите, тактиките, стратегиите итн. на современиот танц (заснована на анализата на движењето на Лабан) и танцовата изведба се поделени на карти за игра, кои му даваат на играчот опции или прашања што го водат до инструкции изведувачот за тоа што треба да прави и како треба да го направи тоа,“ вели кореографот Черулик.

 

The post Танц Фест вечерва во МКЦ претставува современи кореографи од Италија, Романија и Словачка appeared first on Република.

]]>

Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се изведат три кореографии на автори од Италија, Романија и Словачка. Првата кореографија под наслов „Дали е реално?“ е во кореографија на Гилда Федерика Цесарио, од Италија, видео материјалите се на Андреа Базиле, а настапуваат: Мартина Тондо, Росела Донато, Данило Скалинчи, Антонио Панарити и Дениз Камаса. Следната короеграфија „OPUS I-IV„ во продукција на УНАГЕ од Романија е во режија и кореографија на Сандра Мавхима, дизајн на светло на Емилијан Андреи , на музика на Богдан Маринески, костими на Анастасија Банаја и Александру Флореа, а настапуваат танчерите Хуан Круз Луке, Алина Постолаче, Бјанка Секриеру, Илинка Агафитеи, Ана Ван Харен. „OPUS I-IV“ е инспириран од кратките апстрактни анимирани филмови создадена од сликарот и режисер Волтер Ратман (1887 1941), како кореографија на потсвесното искуство, поврзано со неговиот реален живот. „ОПУС I“, првото дело што го создал како филмаџија, кратко по неговото оправување од посттрауматски стрес, е аналогија на неговото учество како артилериски поручник во Првата светска војна. Следните делови ОПУС II, III и IV се создадени во годините што следуваат по неговото закрепнување, и тие исто како и првото, се поврзани со неговата биографија и четирите жени на неговиот животот. Претставата „OPUS I-IV“ е создадена по практично истражување на кореографски јазик во експерименталните филмови создадени на почетокот на XX век, симболични за историјата на апстрактна уметност. Трета кореографија „Lud:Us“ е со концепт и кореографија на Јакуб Черулик, гостин од Словачка, а тој е и изведувач на кореографијата. Драматургијата е на Александра Пазгу и Јурај Корец, а дизајнот на светлото е на Мартин Пушкар. „Lud:Us е онтолошко уметничко дело, каде основните елементи, методите, тактиките, стратегиите итн. на современиот танц (заснована на анализата на движењето на Лабан) и танцовата изведба се поделени на карти за игра, кои му даваат на играчот опции или прашања што го водат до инструкции изведувачот за тоа што треба да прави и како треба да го направи тоа,“ вели кореографот Черулик.  

The post Танц Фест вечерва во МКЦ претставува современи кореографи од Италија, Романија и Словачка appeared first on Република.

]]>
Со „Таленти во движење“ почнува „Танц фест 2023“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-talenti-vo-dvizhene-pochnuva-tants-fest-2023/ Tue, 04 Apr 2023 07:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=626980

Со претставата „Таленти во движење“ на танцовата компанија „Кодартс“ од Ротердам вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде отворено 19. издание на фестивалот „Танц фест“ кое се одржува под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“.

Таленти во движење“ е во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и Македонија.

На отоврањето ќе бидат доделени наградите „Менада“ за поддршка на современиот танц, на Универзитетот „Кодартс“  од Ротердам, Холандија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Интерарт културниот центар соработува со „Кодартс“ 15 години и со чија поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој во 2017 година се вдоми Катедрата за современ танц. Наградите ќе ги примат директорот на Кодаратс танцовата компанија, Кит Рандолф и проректорот за наука на универзитетот „Гоце Делчев“, професор д-р Зденка Стојановска.

Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

фото: Танц Фест Скопје

The post Со „Таленти во движење“ почнува „Танц фест 2023“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Таленти во движење“ на танцовата компанија „Кодартс“ од Ротердам вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде отворено 19. издание на фестивалот „Танц фест“ кое се одржува под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“. Таленти во движење“ е во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и Македонија. На отоврањето ќе бидат доделени наградите „Менада“ за поддршка на современиот танц, на Универзитетот „Кодартс“  од Ротердам, Холандија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Интерарт културниот центар соработува со „Кодартс“ 15 години и со чија поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој во 2017 година се вдоми Катедрата за современ танц. Наградите ќе ги примат директорот на Кодаратс танцовата компанија, Кит Рандолф и проректорот за наука на универзитетот „Гоце Делчев“, професор д-р Зденка Стојановска. Танц Фест Скопје е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери. фото: Танц Фест Скопје

The post Со „Таленти во движење“ почнува „Танц фест 2023“ appeared first on Република.

]]>