Танц.Букер Archives - Република https://republika.mk/tema/tants-buker/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:31:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Танц.Букер Archives - Република https://republika.mk/tema/tants-buker/ 32 32 Телото и идентитетот во фокусот на новите танцови филмови во продукции на Танц.Бункер колективот https://republika.mk/vesti/kultura/teloto-i-identitetot-vo-fokusot-na-novite-tantsovi-filmovi-vo-produktsii-na-tants-bunker-kolektivot/ Thu, 21 Nov 2024 09:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=840223

Вчеравечер во неформалниот простор „Кафе и филм Котур“ се одржа проекција на нови танцови филмови, како дел на проектот на колективот „Танц Бункер - платформа за независен танц" под насловот „Поп Ап". Беа прикажани два краткометражни уметнички филмови како дел од проектот уметничка резиденција и филм на тема „Тело во фокус" и тоа: „Trespassing MKD“ во режија на Адријана Данчевска Ровчанин, која е автор на концептот во соработка со короеграфот Дејан Битровски и „ЛИМА“ - во режија на Батухан Ибрахим и кореографија Ивана Балабанова.

За „Trespassing MKD“ авторите ќе нагласат дека тоа е експериментален современ танцов филм кој ја истражува темата на trespassing— во буквална, но и метафорична смисла, не само преку физичките граници на телото туку и преку идентитетот на танчерите. Филмот ни открива како телото може да го предизвика строгото ограничување поставено од урбаниот амбиент, преминувајќи ги архитектонските и општествените лимити. Идеите на Данчевска стануваат форма на бунт против конвенционалното и очекувањата поставени кон неа како автор кој делува во областа на современиот танц. Симболите низ движење создаваат дијалог помеѓу човечкото изразување и изградениот амбиент. За „Trespassing MKD“ камерата е на Борис Ралев, постпродукцијата на Тео Ангеловски, музиката на Александар Гроздановски. Фотографија и постер изработи Ивана Мојсовска Головска, а во филмот настапуваат Дејан Битровски, Адријана Данчевска Ровчанин, Наташа Трендафилова Гицев, Антонија Димитриевска и Нина Петрушевска. Костимите се на Скопје танцов театар.

За „ЛИМА“ режијата е на Батухан Ибрахим, кореографија ната Ивана Балабанова, директор на фотографија е Стефан Ѓорѓиевски, костимите на Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ и Маја Ѓуреска, а шминката на Павел Маслов. Во филмот настапуваат танчарите Стефани Шаршмит, Тереза Лазарев и Софи Ларсон.

Проекциите на двата филма ќе се одржуваат во континуитет во следните два дена, така што сите заинтересирани можат да ги видат.

Танц.Бункер е колектив основан од истакнатите кореографи и танчари Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Ивана Балабанова, кој има за цел да ја редефинира современата танцова сцена во Македонија. Со децениско национално и меѓународно искуство, овие уметници се стремат да го оживеат локалниот танцов пејзаж преку поттикнување на креативноста, слободата на изразување и иновацијата надвор од традиционалните институционални рамки. Водени од заедничката визија, Танц.Бункер има за цел да ги предизвика постоечките норми и да го прошири вокабуларот на сценскиот израз, поставувајќи нови стандарди во кореографијата и изведбата. Преку комбинирање на своето богато уметничко и организациско искуство, колективот планира да развие одржлива платформа за негување на млади таленти и промовирање на разновидни, динамични продукции. Нивната крајна цел е да внесат нова енергија во локалната танцова сцена и да ја постават Македонија како значаен играч на глобалната сцена на современиот танц.

The post Телото и идентитетот во фокусот на новите танцови филмови во продукции на Танц.Бункер колективот appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во неформалниот простор „Кафе и филм Котур“ се одржа проекција на нови танцови филмови, како дел на проектот на колективот „Танц Бункер - платформа за независен танц" под насловот „Поп Ап". Беа прикажани два краткометражни уметнички филмови како дел од проектот уметничка резиденција и филм на тема „Тело во фокус" и тоа: „Trespassing MKD“ во режија на Адријана Данчевска Ровчанин, која е автор на концептот во соработка со короеграфот Дејан Битровски и „ЛИМА“ - во режија на Батухан Ибрахим и кореографија Ивана Балабанова. За „Trespassing MKD“ авторите ќе нагласат дека тоа е експериментален современ танцов филм кој ја истражува темата на trespassing— во буквална, но и метафорична смисла, не само преку физичките граници на телото туку и преку идентитетот на танчерите. Филмот ни открива како телото може да го предизвика строгото ограничување поставено од урбаниот амбиент, преминувајќи ги архитектонските и општествените лимити. Идеите на Данчевска стануваат форма на бунт против конвенционалното и очекувањата поставени кон неа како автор кој делува во областа на современиот танц. Симболите низ движење создаваат дијалог помеѓу човечкото изразување и изградениот амбиент. За „Trespassing MKD“ камерата е на Борис Ралев, постпродукцијата на Тео Ангеловски, музиката на Александар Гроздановски. Фотографија и постер изработи Ивана Мојсовска Головска, а во филмот настапуваат Дејан Битровски, Адријана Данчевска Ровчанин, Наташа Трендафилова Гицев, Антонија Димитриевска и Нина Петрушевска. Костимите се на Скопје танцов театар. За „ЛИМА“ режијата е на Батухан Ибрахим, кореографија ната Ивана Балабанова, директор на фотографија е Стефан Ѓорѓиевски, костимите на Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ и Маја Ѓуреска, а шминката на Павел Маслов. Во филмот настапуваат танчарите Стефани Шаршмит, Тереза Лазарев и Софи Ларсон. Проекциите на двата филма ќе се одржуваат во континуитет во следните два дена, така што сите заинтересирани можат да ги видат. Танц.Бункер е колектив основан од истакнатите кореографи и танчари Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Ивана Балабанова, кој има за цел да ја редефинира современата танцова сцена во Македонија. Со децениско национално и меѓународно искуство, овие уметници се стремат да го оживеат локалниот танцов пејзаж преку поттикнување на креативноста, слободата на изразување и иновацијата надвор од традиционалните институционални рамки. Водени од заедничката визија, Танц.Бункер има за цел да ги предизвика постоечките норми и да го прошири вокабуларот на сценскиот израз, поставувајќи нови стандарди во кореографијата и изведбата. Преку комбинирање на своето богато уметничко и организациско искуство, колективот планира да развие одржлива платформа за негување на млади таленти и промовирање на разновидни, динамични продукции. Нивната крајна цел е да внесат нова енергија во локалната танцова сцена и да ја постават Македонија како значаен играч на глобалната сцена на современиот танц.

The post Телото и идентитетот во фокусот на новите танцови филмови во продукции на Танц.Бункер колективот appeared first on Република.

]]>