танкери Archives - Република https://republika.mk/tema/tankeri/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 18:08:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png танкери Archives - Република https://republika.mk/tema/tankeri/ 32 32 Танкери со нафта се запалиле по судир во близина на Сингапур, екипажот спасен https://republika.mk/vesti/svet/tankeri-so-nafta-se-zapalile-po-sudir-vo-blizina-na-singapur-ekipazhot-spasen/ Fri, 19 Jul 2024 18:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=798567

Два големи танкерa со нафта се запалија откако се судрија во близина на Сингапур, најголемото пристаниште за горива во светот, а двајца членови на екипажот со хеликоптер се пренесени во болница, а другите се спасени со чамците за спасување, соопштија властите и еден од сопствениците на танкерот.

Сингапур е најголемиот трговски центар за нафта во Азија и најголемото пристаниште за складирање гориво во светот. Околните води се клучни водни патишта меѓу Азија и Европа и Блискиот исток и припаѓаат на една од најпрометните глобални поморски патишта.

Танкерот „Hafnia Nile“, кој плови под знамето на Сингапур, и танкерот „Ceres I“, кој плови под знамето на Сао Томе и Принципе, се лоцирани на околу 55 километри североисточно од островот Педра Бранка во Сингапур во источниот пристап кон Сингапурскиот теснец, соопшти Поморската и пристанишната управа на Сингапур (MPA).

Пронајдени се 22 членови на екипажот на бродот „Hafnia Nile“ и 40 членови на екипажот на бродот „Ceres I“, објави MPAА.

Сопственикот на „Hafnia Nile“ потврди дека бродот учествувал во судир со кинескиот „Ceres I“.

На фотографиите од морнарицата на Сингапур, може да се види густ црн чад како се издига од еден танкер. Еколошките власти во соседна Малезија соопштија дека им било кажано да се подготват за потенцијално излевање на нафта.

Норвешката компанија „Gard“, еден од осигурителите на „Hafnia Nile“, изјавила за Reuters дека е премногу рано да се процени какво влијание ќе има судирот врз животната средина.

„Немаше пречки во навигацискиот сообраќај, иако моментално не се знае статусот на бродовите или загадувањето“, изјавил портпаролот на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO) додавајќи дека спасувачката екипа е на пат кон местото на несреќата.

Товарниот танкер „Hafnia Nile“, со капацитет од 74.000 тони, превезувал околу 300.000 барели нафта, според податоците за следење на бродовите на „Kplera“ и LSEG.

Бротот „Ceres I“ е огромен супертанкер што носи сурова нафта, а според компаниите за следење на бродови, тој носел околу два милиона барели иранска сурова нафта.

The post Танкери со нафта се запалиле по судир во близина на Сингапур, екипажот спасен appeared first on Република.

]]>

Два големи танкерa со нафта се запалија откако се судрија во близина на Сингапур, најголемото пристаниште за горива во светот, а двајца членови на екипажот со хеликоптер се пренесени во болница, а другите се спасени со чамците за спасување, соопштија властите и еден од сопствениците на танкерот. Сингапур е најголемиот трговски центар за нафта во Азија и најголемото пристаниште за складирање гориво во светот. Околните води се клучни водни патишта меѓу Азија и Европа и Блискиот исток и припаѓаат на една од најпрометните глобални поморски патишта. Танкерот „Hafnia Nile“, кој плови под знамето на Сингапур, и танкерот „Ceres I“, кој плови под знамето на Сао Томе и Принципе, се лоцирани на околу 55 километри североисточно од островот Педра Бранка во Сингапур во источниот пристап кон Сингапурскиот теснец, соопшти Поморската и пристанишната управа на Сингапур (MPA). Пронајдени се 22 членови на екипажот на бродот „Hafnia Nile“ и 40 членови на екипажот на бродот „Ceres I“, објави MPAА. Сопственикот на „Hafnia Nile“ потврди дека бродот учествувал во судир со кинескиот „Ceres I“. На фотографиите од морнарицата на Сингапур, може да се види густ црн чад како се издига од еден танкер. Еколошките власти во соседна Малезија соопштија дека им било кажано да се подготват за потенцијално излевање на нафта. Норвешката компанија „Gard“, еден од осигурителите на „Hafnia Nile“, изјавила за Reuters дека е премногу рано да се процени какво влијание ќе има судирот врз животната средина. „Немаше пречки во навигацискиот сообраќај, иако моментално не се знае статусот на бродовите или загадувањето“, изјавил портпаролот на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO) додавајќи дека спасувачката екипа е на пат кон местото на несреќата. Товарниот танкер „Hafnia Nile“, со капацитет од 74.000 тони, превезувал околу 300.000 барели нафта, според податоците за следење на бродовите на „Kplera“ и LSEG. Бротот „Ceres I“ е огромен супертанкер што носи сурова нафта, а според компаниите за следење на бродови, тој носел околу два милиона барели иранска сурова нафта.

The post Танкери со нафта се запалиле по судир во близина на Сингапур, екипажот спасен appeared first on Република.

]]>
Се заканува инфлација: Се повеќе танкери со нафта го избегнуваат Црвеното Море https://republika.mk/vesti/svet/se-zakanuva-inflatsija-se-poveke-tankeri-so-nafta-go-izbegnuvaat-tsrvenoto-more/ Mon, 15 Jan 2024 16:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=733356

Најмалку шест танкери со нафта скршнаа од курсот или застанаа пред да влезат во јужниот дел на Црвеното Море од викендот, со што бројот на прекини во снабдувањето се искачи на најмалку 15 од почетокот на нападите на јеменските Хути минатата недела, објави Ројтерс, цитирајќи податоци од лондонската агенција LSEG и бриселската Кплер.

Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги Алијанц, Мухамед Ел-Ериан, денеска за Би-Би-Си изјави дека поради конфликтот во Црвеното Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеки и помал економски раст.

Тој, сепак, изјави дека овој шок нема да биде толку голем како економскиот пад во 2021 и 2022 година, но дека секако е „неповолен“.

Уделот во светската трговија што се одвива преку Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб е меѓу 12 и 15 отсто, а јеменските бунтовници Хути почнаа да ги напаѓаат трговските бродови на крајот на минатата година.

The post Се заканува инфлација: Се повеќе танкери со нафта го избегнуваат Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест танкери со нафта скршнаа од курсот или застанаа пред да влезат во јужниот дел на Црвеното Море од викендот, со што бројот на прекини во снабдувањето се искачи на најмалку 15 од почетокот на нападите на јеменските Хути минатата недела, објави Ројтерс, цитирајќи податоци од лондонската агенција LSEG и бриселската Кплер. Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги Алијанц, Мухамед Ел-Ериан, денеска за Би-Би-Си изјави дека поради конфликтот во Црвеното Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеки и помал економски раст. Тој, сепак, изјави дека овој шок нема да биде толку голем како економскиот пад во 2021 и 2022 година, но дека секако е „неповолен“. Уделот во светската трговија што се одвива преку Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб е меѓу 12 и 15 отсто, а јеменските бунтовници Хути почнаа да ги напаѓаат трговските бродови на крајот на минатата година.

The post Се заканува инфлација: Се повеќе танкери со нафта го избегнуваат Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Израел одобри два танкери со дизел дневно да влегуваат во Газа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-odobri-dva-tankeri-so-dizel-dnevno-da-vleguvaat-vo-gaza/ Fri, 17 Nov 2023 13:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=702539

Израел одобри два танкери со дизел дневно да преминуваат од Египет во Појасот Газа за хуманитарни цели, потврди денеска висок израелски претставник.

Тој рече дека воениот кабинет ја одобрил соодветната препорака на војската и домашната разузнавачка служба.

Агенциите на ОН се пожалија дека недостигот на гориво ја попречува хуманитарната работа во Појасот Газа. Локалните здравствени власти, исто така, велат дека се принудени да затворат повеќето болници, ставајќи ги животите на пациентите во опасност.

Израелската војска изрази загриженост дека испораките на гориво би можела да ги користи милитантната палестинска организација Хамас за да изврши напади.

The post Израел одобри два танкери со дизел дневно да влегуваат во Газа appeared first on Република.

]]>

Израел одобри два танкери со дизел дневно да преминуваат од Египет во Појасот Газа за хуманитарни цели, потврди денеска висок израелски претставник. Тој рече дека воениот кабинет ја одобрил соодветната препорака на војската и домашната разузнавачка служба. Агенциите на ОН се пожалија дека недостигот на гориво ја попречува хуманитарната работа во Појасот Газа. Локалните здравствени власти, исто така, велат дека се принудени да затворат повеќето болници, ставајќи ги животите на пациентите во опасност. Израелската војска изрази загриженост дека испораките на гориво би можела да ги користи милитантната палестинска организација Хамас за да изврши напади.

The post Израел одобри два танкери со дизел дневно да влегуваат во Газа appeared first on Република.

]]>
Танкери полни со течен гас заглавени чекаат крај брегот на Европа поради немање капацитети за складирање https://republika.mk/vesti/svet/tankeri-polni-so-techen-gas-zaglaveni-chekaat-kraj-bregot-na-evropa-poradi-nemanje-kapaciteti-za-skladiranje/ Tue, 25 Oct 2022 14:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=565506

Огромни танкери полни со течен природен гас (ЛНГ) се заглавени во близина на бреговите на Шпанија, Португалија, Велика Британија и други европски земји во моменти кога Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи и се врти кон увоз на течен гас, пишува Би-Би-Си.

Западот воведе опсежни санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина, а официјална Москва одговори со декрет за плаќања во рубљи и намалени пратки во текот на летото.

Првично имаше проблем со поправката на турбината за испорака на руски гас преку гасоводот Северен тек 1, а потоа и експлозии во Балтичкото Море, кои европските земји ги припишуваа на саботажа. Русија не е вклучена во истрагата, а виновникот се уште не е познат.

Цените на гасот нагло пораснаа, а Европа го засили увозот на течен гас за да обезбеди снабдување во текот на зимата. Бродовите со ЛНГ се веќе пред европските брегови, но товарот се уште не е истоварен.

Бројот на бродови пред пристаништата се зголемува изминативе пет до шест недели. Јасно е како ден дека тоа е голема приказна, вели за „Би-Би-Си“ Аугустин Прејт, потпретседател за енергетски и стоковни пазари во Кајрос, кој е еден од многуте набљудувачи кои го следат развојот на ситуацијата.

Аналитичарот на „Wood Mackenzie“, Фрејзер Карсон, изброил 268 од нив во водите ширум светот во октомври, што е значително повеќе од годишниот просек од 241 брод. Од оние кои моментално се на море, 51 брод се во близина на европските брегови.

Европските земји купуваа многу гас во текот на летото за да ги наполнат складиштата и да обезбедат покриеност на зимската побарувачка, објаснува Карсон.

Според првичната цел, до 1 ноември нивото на гас во магацините требаше да биде 80 проценти. Целта беше исполнета и надмината далеку пред планираниот рок и најновите податоци покажуваат дека капацитетот за складирање е исполнет 95 проценти.

Увезениот ЛНГ одигра клучна улога во постигнувањето на таа цел во Европа.

Сепак, бидејќи ЛНГ продолжува да пристигнува, побарувачката за капацитети за складирање на течен гас останува висока. Нема многу од нив во Европа, делумно затоа што континентот долго време се потпира на гас што доаѓа преку гасоводи од Русија.

Поради тоа бродовите стојат во ред пред терминалите за гасификација. Германија и Холандија инвестираа во нови капацитети и се очекува дел од нив да почнат со работа за неколку месеци.

Истовремено, Европа во моментов троши помалку гас од вообичаено поради невообичаено високите температури за октомври. На тоа треба да се додаде и пониското ниво на индустриски активности кои се потпираат на гас. Производството на цемент и челик во Европа е драматично намалено, забележува ко-основачот на Kaјрос, Антоан Халф.

Во таква ситуација, цената на течниот гас кај терминските договори со подолги рокови на испорака е повисока отколку кај договорите со термини за испорака веќе во ноември.

Можете да добиете повисока цена за испорака во јануари отколку во ноември, вели Халф.

Дури и да доцни испораката за само еден месец, до декември, тоа може да значи и до неколку десетици милиони долари поголема заработка по пратка, објаснува уредничката на специјализираното издание „Lloyd’s List“, Мишел Визе Бокман.

Иако купувачите во другите делови на светот би можеле да преземат дел од товарот, Европа би можела да има корист и од вишокот снабдување со ЛНГ што буквално плута пред нејзините брегови. Добро е што бродовите чекаат затоа што рационално сакате да имате гас при рака доколку ви треба, објаснуваат некои аналитичари.

Единствениот проблем е што во прашање се огромни суми. Поради побарувачка за гас, некои земји веќе платија исклучително високи суми за да го добијат.

Германија на тој начин потрошила 49,5 милијарди евра за увоз на гас од јануари до август, објави „Би-Би-Си“ цитирајќи го „Ројтерс“. Во истиот период лани нејзиниот увоз чинел 17,1 милијарди евра.

Така функционира пазарот, вели Бокман, додавајќи дека европските земји „се во најдобра позиција во која можат да бидат, со оглед на геополитичката ситуација“.

The post Танкери полни со течен гас заглавени чекаат крај брегот на Европа поради немање капацитети за складирање appeared first on Република.

]]>

Огромни танкери полни со течен природен гас (ЛНГ) се заглавени во близина на бреговите на Шпанија, Португалија, Велика Британија и други европски земји во моменти кога Европа се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи и се врти кон увоз на течен гас, пишува Би-Би-Си. Западот воведе опсежни санкции кон Русија поради нејзината воена операција во Украина, а официјална Москва одговори со декрет за плаќања во рубљи и намалени пратки во текот на летото. Првично имаше проблем со поправката на турбината за испорака на руски гас преку гасоводот Северен тек 1, а потоа и експлозии во Балтичкото Море, кои европските земји ги припишуваа на саботажа. Русија не е вклучена во истрагата, а виновникот се уште не е познат. Цените на гасот нагло пораснаа, а Европа го засили увозот на течен гас за да обезбеди снабдување во текот на зимата. Бродовите со ЛНГ се веќе пред европските брегови, но товарот се уште не е истоварен.
Бројот на бродови пред пристаништата се зголемува изминативе пет до шест недели. Јасно е како ден дека тоа е голема приказна, вели за „Би-Би-Си“ Аугустин Прејт, потпретседател за енергетски и стоковни пазари во Кајрос, кој е еден од многуте набљудувачи кои го следат развојот на ситуацијата.
Аналитичарот на „Wood Mackenzie“, Фрејзер Карсон, изброил 268 од нив во водите ширум светот во октомври, што е значително повеќе од годишниот просек од 241 брод. Од оние кои моментално се на море, 51 брод се во близина на европските брегови.
Европските земји купуваа многу гас во текот на летото за да ги наполнат складиштата и да обезбедат покриеност на зимската побарувачка, објаснува Карсон.
Според првичната цел, до 1 ноември нивото на гас во магацините требаше да биде 80 проценти. Целта беше исполнета и надмината далеку пред планираниот рок и најновите податоци покажуваат дека капацитетот за складирање е исполнет 95 проценти. Увезениот ЛНГ одигра клучна улога во постигнувањето на таа цел во Европа. Сепак, бидејќи ЛНГ продолжува да пристигнува, побарувачката за капацитети за складирање на течен гас останува висока. Нема многу од нив во Европа, делумно затоа што континентот долго време се потпира на гас што доаѓа преку гасоводи од Русија. Поради тоа бродовите стојат во ред пред терминалите за гасификација. Германија и Холандија инвестираа во нови капацитети и се очекува дел од нив да почнат со работа за неколку месеци.
Истовремено, Европа во моментов троши помалку гас од вообичаено поради невообичаено високите температури за октомври. На тоа треба да се додаде и пониското ниво на индустриски активности кои се потпираат на гас. Производството на цемент и челик во Европа е драматично намалено, забележува ко-основачот на Kaјрос, Антоан Халф.
Во таква ситуација, цената на течниот гас кај терминските договори со подолги рокови на испорака е повисока отколку кај договорите со термини за испорака веќе во ноември.
Можете да добиете повисока цена за испорака во јануари отколку во ноември, вели Халф.
Дури и да доцни испораката за само еден месец, до декември, тоа може да значи и до неколку десетици милиони долари поголема заработка по пратка, објаснува уредничката на специјализираното издание „Lloyd’s List“, Мишел Визе Бокман. Иако купувачите во другите делови на светот би можеле да преземат дел од товарот, Европа би можела да има корист и од вишокот снабдување со ЛНГ што буквално плута пред нејзините брегови. Добро е што бродовите чекаат затоа што рационално сакате да имате гас при рака доколку ви треба, објаснуваат некои аналитичари. Единствениот проблем е што во прашање се огромни суми. Поради побарувачка за гас, некои земји веќе платија исклучително високи суми за да го добијат. Германија на тој начин потрошила 49,5 милијарди евра за увоз на гас од јануари до август, објави „Би-Би-Си“ цитирајќи го „Ројтерс“. Во истиот период лани нејзиниот увоз чинел 17,1 милијарди евра.
Така функционира пазарот, вели Бокман, додавајќи дека европските земји „се во најдобра позиција во која можат да бидат, со оглед на геополитичката ситуација“.

The post Танкери полни со течен гас заглавени чекаат крај брегот на Европа поради немање капацитети за складирање appeared first on Република.

]]>