тања рајчева Archives - Република https://republika.mk/tema/tanja-rajcheva/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Jul 2022 19:21:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тања рајчева Archives - Република https://republika.mk/tema/tanja-rajcheva/ 32 32 Рајчева: Oд почетокот на војната во Украина, Бугарија блокираше 50.000 ИП адреси од Русија и Белорусија https://republika.mk/vesti/balkan/rajcheva-od-pochetokot-na-vojnata-vo-ukraina-bugarija-blokirashe-50-000-ip-adresi-od-rusija-i-belorusija/ Mon, 11 Jul 2022 21:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=527280

Заменик-министерката за внатрешни работи на Бугарија, Тања Рајчева, на неформалниот состанок на Советот „Правда и внатрешни работи“, кој се одржа во Прага, изјави дека од почетокот на конфликтот во Украина,бвугарските служби блокирале околу 50.000 ИП адреси и околу 500 домени од Русија и Белорусија, од кои се извршени обиди за хакерски напади во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на национално ниво во Бугарија се прават активни напори за спротивставување на дезинформациите и лажните вести.

Рајчева ја потврди и подготвеноста на Бугарија за размена на информации, добри практики и соработка за конкретни прашања и како пример го посочи директниот контакт меѓу раководителите на специјализираните единици за борба против компјутерскиот криминал во Бугарија и Украина.

Бугарската министерка порача дека Бугарија ги поддржува сите акции на ЕУ и европските агенции со нивните аналитички производи и оперативен капацитет за зајакнување на оперативната соработка за поддршка на Украина и Молдавија во руско-украинскиот конфликт.

The post Рајчева: Oд почетокот на војната во Украина, Бугарија блокираше 50.000 ИП адреси од Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерката за внатрешни работи на Бугарија, Тања Рајчева, на неформалниот состанок на Советот „Правда и внатрешни работи“, кој се одржа во Прага, изјави дека од почетокот на конфликтот во Украина,бвугарските служби блокирале околу 50.000 ИП адреси и околу 500 домени од Русија и Белорусија, од кои се извршени обиди за хакерски напади во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на национално ниво во Бугарија се прават активни напори за спротивставување на дезинформациите и лажните вести. Рајчева ја потврди и подготвеноста на Бугарија за размена на информации, добри практики и соработка за конкретни прашања и како пример го посочи директниот контакт меѓу раководителите на специјализираните единици за борба против компјутерскиот криминал во Бугарија и Украина. Бугарската министерка порача дека Бугарија ги поддржува сите акции на ЕУ и европските агенции со нивните аналитички производи и оперативен капацитет за зајакнување на оперативната соработка за поддршка на Украина и Молдавија во руско-украинскиот конфликт.

The post Рајчева: Oд почетокот на војната во Украина, Бугарија блокираше 50.000 ИП адреси од Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>