Тања Каракамишева Archives - Република https://republika.mk/tema/tanja-karakamisheva/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 07:34:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тања Каракамишева Archives - Република https://republika.mk/tema/tanja-karakamisheva/ 32 32 Каракамишева: Изборниот законик го содржи текстот на свечената изјава што Претседателката на Македонија требаше да го каже во својата заклетва https://republika.mk/vesti/makedonija/karakamisheva-izborniot-zakonik-go-sodrzhi-tekstot-na-svechenata-izjava-shto-pretsedatelkata-na-makedonija-trebashe-da-go-kazhe-vo-svojata-zakletva/ Sun, 12 May 2024 19:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=777400

„Член 123 од важечкиот Изборен законик го содржи текстот на свечената изјава што Претседателката на Македонија Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова требаше да го каже во својата заклетва, и го кажа, а тој гласи...“, напиша професорката по уставно право Тања Каракамишева на Фејсбук и во прилог го додаде делот со свечената изјава од Изборниот законик.

The post Каракамишева: Изборниот законик го содржи текстот на свечената изјава што Претседателката на Македонија требаше да го каже во својата заклетва appeared first on Република.

]]>

Каракамишева: Преамбулата на Уставот не може да се промени со амандман https://republika.mk/vesti/makedonija/karakamisheva-preambulata-na-ustavot-ne-mozhe-da-se-promeni-so-amandman/ Thu, 18 May 2023 08:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=642138

Професорката Тања Каракамишева излезе со предлог текст за нова Преамбула за уставните измени кој треба да ја штити самобитноста на македонскиот народ и продолжување на континуитетот од Крушевската република, АСНОМ и 8-септември 1991 година.

Ние, припадниците на Македонската нација, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на својата татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорна пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднаква во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучивме да ја конституираме Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав.... се наведува во нејзиниот предлог.

Таа објаснува дека Преамбулата во Уставот на Македонија не е составен дел на Уставот на Македонија, бидејќи Преамбулата се наоѓа над насловот Устав на Македонија, ова значи дека нејзината измена не е во согласност со член 129 од Уставот каде што стои дека Уставот на Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани.Со оглед дека Преамбулата не е составен дел на Уставот, таа не може да се изменува и дополнува со уставни амандмани, туку само во постапка на донесување нов Устав.Оттука, мојот предлог-текст на новата Преамбула на Уставот на Македонија би можел да се примени само ако се отвори постапка за донесување нов Устав во кој би требало да се исправат сите досегашни грешки и фалинки во Уставот, а работата на сегашната комисија за измена на Преамбулата ја сметам за беспредметна, бидејќи Преамбулата не може да се промени со амандман од веќе споменатата причина.

The post Каракамишева: Преамбулата на Уставот не може да се промени со амандман appeared first on Република.

]]>

Професорката Тања Каракамишева излезе со предлог текст за нова Преамбула за уставните измени кој треба да ја штити самобитноста на македонскиот народ и продолжување на континуитетот од Крушевската република, АСНОМ и 8-септември 1991 година.  
Ние, припадниците на Македонската нација, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на својата татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорна пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднаква во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучивме да ја конституираме Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав.... се наведува во нејзиниот предлог. Таа објаснува дека Преамбулата во Уставот на Македонија не е составен дел на Уставот на Македонија, бидејќи Преамбулата се наоѓа над насловот Устав на Македонија, ова значи дека нејзината измена не е во согласност со член 129 од Уставот каде што стои дека Уставот на Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани.Со оглед дека Преамбулата не е составен дел на Уставот, таа не може да се изменува и дополнува со уставни амандмани, туку само во постапка на донесување нов Устав.Оттука, мојот предлог-текст на новата Преамбула на Уставот на Македонија би можел да се примени само ако се отвори постапка за донесување нов Устав во кој би требало да се исправат сите досегашни грешки и фалинки во Уставот, а работата на сегашната комисија за измена на Преамбулата ја сметам за беспредметна, бидејќи Преамбулата не може да се промени со амандман од веќе споменатата причина.
 
The post Каракамишева: Преамбулата на Уставот не може да се промени со амандман appeared first on Република.

]]>
Промоција на учебник Уставно процесно право https://republika.mk/vesti/makedonija/promotsija-na-uchebnik-ustavno-protsesno-pravo/ Fri, 28 Apr 2023 09:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=634910

Во период кога општеството е преокупирано со прашањето за промената на Уставот на Република Македонија, Катедрата по уставно право и политички систем на најдобриот Правен факултет во земјата, Правен факултет “Јустинијан Први” од Скопје, на јавноста и’ го претстави учебникот Уставно процесно право.

Ова дело е во авторство на проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, проф. д-р Александар Спасеновски, доц. д-р Денис Прешова и д-р Дејан Савески, а негов издавач е Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје.

Станува збор за пионерско дело кое покрива сосема нова научна дисциплина – Уставно процесно право. Поради својата уникатност и специфичност на материјата што ја проучува, оваа предметна содржина, заедно со Уставното право, многу брзо ќе го добие примарното место во наставните програми на Факултетот.

Европските интеграции неминовно ја засилија потребата од детални и најнови научни знаења од областа на уставното право на ЕУ, богатата пракса на Судот на правдата на ЕУ, сложените односи што постојат меѓу Судот за човековите права во Стразбур и Судот на правдата на ЕУ во Луксембург, како и влијанието на нивните судски пракси врз работата на нашите институции, посебно врз работата на редовното судство и македонскиот Уставен суд, информираат авторите. Според нив, денешните правници не смеат да си го дозволат „луксузот“ да останат „боси“ во знаењата поврзани со европското уставно право и европската судска пракса.

Правните стандарди и правила на ЕУ мора да станат и македонски стандарди и правила доколку сакаме побрзо да се движиме по европскиот пат. Уставната демократија е невозможно да функционира без материјалните и процесните претпоставки на заштитата на човековите права и принципите на уставност и законитост.

Нема уставна демократија без уставна правда, нема уставна правда без правно и процесно организирани активности и делување на уставните судови.

Вредноста на овој ракопис е голема, како од научен, така и од апликативен аспект.

Темите што се проучени во него се најважни прашања за функционирањето на еден правен систем.

Без нивно детално осознавање е невозможно да зборуваме за владеење на правото, за правна држава, за заштита на човековите права и за демократија.

The post Промоција на учебник Уставно процесно право appeared first on Република.

]]>

Во период кога општеството е преокупирано со прашањето за промената на Уставот на Република Македонија, Катедрата по уставно право и политички систем на најдобриот Правен факултет во земјата, Правен факултет “Јустинијан Први” од Скопје, на јавноста и’ го претстави учебникот Уставно процесно право. Ова дело е во авторство на проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, проф. д-р Александар Спасеновски, доц. д-р Денис Прешова и д-р Дејан Савески, а негов издавач е Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје.
Станува збор за пионерско дело кое покрива сосема нова научна дисциплина – Уставно процесно право. Поради својата уникатност и специфичност на материјата што ја проучува, оваа предметна содржина, заедно со Уставното право, многу брзо ќе го добие примарното место во наставните програми на Факултетот. Европските интеграции неминовно ја засилија потребата од детални и најнови научни знаења од областа на уставното право на ЕУ, богатата пракса на Судот на правдата на ЕУ, сложените односи што постојат меѓу Судот за човековите права во Стразбур и Судот на правдата на ЕУ во Луксембург, како и влијанието на нивните судски пракси врз работата на нашите институции, посебно врз работата на редовното судство и македонскиот Уставен суд, информираат авторите. Според нив, денешните правници не смеат да си го дозволат „луксузот“ да останат „боси“ во знаењата поврзани со европското уставно право и европската судска пракса. Правните стандарди и правила на ЕУ мора да станат и македонски стандарди и правила доколку сакаме побрзо да се движиме по европскиот пат. Уставната демократија е невозможно да функционира без материјалните и процесните претпоставки на заштитата на човековите права и принципите на уставност и законитост. Нема уставна демократија без уставна правда, нема уставна правда без правно и процесно организирани активности и делување на уставните судови.
Вредноста на овој ракопис е голема, како од научен, така и од апликативен аспект. Темите што се проучени во него се најважни прашања за функционирањето на еден правен систем. Без нивно детално осознавање е невозможно да зборуваме за владеење на правото, за правна држава, за заштита на човековите права и за демократија.

The post Промоција на учебник Уставно процесно право appeared first on Република.

]]>
Каракамишева: Ако ова не е страшно за Ковачевски, не знам што е пострашно https://republika.mk/vesti/makedonija/karakamisheva-ako-ova-ne-e-strashno-za-kovachevski-ne-znam-shto-e-postrashno/ Sat, 11 Jun 2022 19:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=513962

Јавноста е револтирана од очигледно лошиот хумот на Рама и Ковачевски. Додека Рама ја Наремува Македонија Западна Бугарија, Ковачевски се смее. Секако, Кабинетот на албанскиот премиер застана зад несолената шега и објасни дека било иронија и сарказам кон ЕУ и Бугарија, но дури и од македонската влада знаат дека немаат зад што да застанат.

Професорката Тања Каракамишева е една од многуте кои не останаа неми на овој колосален срам и национално понижување.

Не знам што виде смешно "нашиот" претседател на Влада ама вакво спрдачење и играње дрндупки на јавна сцена нема доживеано НИТУ ЕДЕН политичар!
И нормално нема никаква реакција од неговиот кабинет, ОД КОЈ БИЛО!!!
Ако ова не е страшно за Ковачевски не знам што е пострашно!, коментира Каракамишева.

The post Каракамишева: Ако ова не е страшно за Ковачевски, не знам што е пострашно appeared first on Република.

]]>

Јавноста е револтирана од очигледно лошиот хумот на Рама и Ковачевски. Додека Рама ја Наремува Македонија Западна Бугарија, Ковачевски се смее. Секако, Кабинетот на албанскиот премиер застана зад несолената шега и објасни дека било иронија и сарказам кон ЕУ и Бугарија, но дури и од македонската влада знаат дека немаат зад што да застанат. Професорката Тања Каракамишева е една од многуте кои не останаа неми на овој колосален срам и национално понижување.
Не знам што виде смешно "нашиот" претседател на Влада ама вакво спрдачење и играње дрндупки на јавна сцена нема доживеано НИТУ ЕДЕН политичар! И нормално нема никаква реакција од неговиот кабинет, ОД КОЈ БИЛО!!! Ако ова не е страшно за Ковачевски не знам што е пострашно!, коментира Каракамишева.

The post Каракамишева: Ако ова не е страшно за Ковачевски, не знам што е пострашно appeared first on Република.

]]>
Каракамишева до Пендаровски: Во Законот за амнестија во ниту една одредба не се вели дека статусот на македонските бранители и статусот на припадниците на ОНА е изедначен https://republika.mk/vesti/makedonija/karakamisheva-do-pendarovski-vo-zakonot-za-amnestija-vo-nitu-edna-odredba-ne-se-veli-deka-statusot-na-makedonskite-braniteli-i-statusot-na-pripadnicite-na-ona-e-izednachen/ Fri, 06 May 2022 12:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=498588

Професорката Тања Каракамишева ја коментира вчерашната изјава на претседателот дека со Законот за амнестија бранителите и борците на ОНА-УЧК се изедначени. Таа вели дека во тој закон никаде, во ниту една одредба не се вели дека статусот на македонските бранители и статусот на припадниците на ОНА е изедначен.

Ваквото толкување на Законот за амнестија од страна на претседателот не е соодветно и може да нанесе штета по статусот на бранителите во некои идни правни постапки. Дадената амнестија значи ослободување од натамошен кривичен прогон на сите инволвирани во конфликтот во даден временски период, иако самата амнестија беше исклучително контроверзен политичко-правен процес, во кој сите знаеме, институциите во земјата, од политички причини, го извртеа правото и потклекнаа пред правдата – вели Каракамишева за „Слободен печат“.

The post Каракамишева до Пендаровски: Во Законот за амнестија во ниту една одредба не се вели дека статусот на македонските бранители и статусот на припадниците на ОНА е изедначен appeared first on Република.

Каракамишева: Со Преспанскиот повредени се моите лични права, македонските судови тоа не го гледаат https://republika.mk/vesti/makedonija/karakamisheva-so-prespanskiot-povredeni-se-moite-lichni-prava-makedonskite-sudovi-toa-ne-go-gledaat/ Wed, 02 Feb 2022 15:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=453126

Откако Уставниот суд експресното го отфрли Барањето за заштита на лични права повредени со Договорот од Преспа, професорката Тања Каракамишева на својот фејсбук-профил најави дека случајот ќе го продолжи пред Судот во Стразбур затоа што овие права не може да си ги заштити пред македонските судови.

Уставниот суд на денешната седница сосема очекувано го отфрли моето Барање за заштита на лични права повредени со Договорот од Преспа, бидејќи според судијата Осман Кадриу, цитирам: 'Договорот не бил поединечен акт, а преземените дејства не биле индивидуални дејства со кои може да бидат повредени индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица'?!?
Судијата Кадриу дури дал оценка за sпогодбата дека со неа се решавале, цитирам: 'државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно тоа не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање'.
Да појаснам.
Во моето барање за поведување постапка за заштита на моите слободи и права секаде ги спорам преземените дејства со кои се повредуваат моите лични права на самоопределување, самоидентификација, национален и културен идентитет, право на име на држава и слично.
Во барањето ги спорам: дејството потпишување на Договорот од Преспа ('Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција' на 17 јуни 2018 меѓу 'Првата страна', Грција, претставувана од министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, и 'Втората страна', (безимената држава), претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров; dејствата на негово неуставно имплементирање во државата,
дејствата покренување постапка за измена на Уставот во Собранието согласно овој акт, дејството формирање административен Заеднички интердисиплиниарен комитет за цензура и слободата на говорот.
Оттука, не е точно дека поднесеното барање нема деловнички основ врз кој требаше да се поведе постапка.
Во член 51 од Деловникот на Уставниот суд стои дека „секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од пет години од денот на неговото преземање“.
Деловничката одредба повикува на постоење или на поединечен акт или на дејство со чие што извршување била сторена повреда на слободите и правата.
Според мене, сите горенаведени дејствија се дејства со кои се повредуваат моите лични и неприкосновени права, правото на самоидентификација, право на самоопределување, право на свој национален и културен идентитет, право на име на држава.
Очигледно е дека овие права не можам да си ги заштитам пред македонските судови поради што сум решена правдата да продолжам да ја барам пред Судот во Стразбур за што јавноста, како и секогаш, ќе биде благовремено информирана.

The post Каракамишева: Со Преспанскиот повредени се моите лични права, македонските судови тоа не го гледаат appeared first on Република.

]]>

Откако Уставниот суд експресното го отфрли Барањето за заштита на лични права повредени со Договорот од Преспа, професорката Тања Каракамишева на својот фејсбук-профил најави дека случајот ќе го продолжи пред Судот во Стразбур затоа што овие права не може да си ги заштити пред македонските судови.
Уставниот суд на денешната седница сосема очекувано го отфрли моето Барање за заштита на лични права повредени со Договорот од Преспа, бидејќи според судијата Осман Кадриу, цитирам: 'Договорот не бил поединечен акт, а преземените дејства не биле индивидуални дејства со кои може да бидат повредени индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица'?!? Судијата Кадриу дури дал оценка за sпогодбата дека со неа се решавале, цитирам: 'државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно тоа не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање'. Да појаснам. Во моето барање за поведување постапка за заштита на моите слободи и права секаде ги спорам преземените дејства со кои се повредуваат моите лични права на самоопределување, самоидентификација, национален и културен идентитет, право на име на држава и слично. Во барањето ги спорам: дејството потпишување на Договорот од Преспа ('Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција' на 17 јуни 2018 меѓу 'Првата страна', Грција, претставувана од министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, и 'Втората страна', (безимената држава), претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров; dејствата на негово неуставно имплементирање во државата, дејствата покренување постапка за измена на Уставот во Собранието согласно овој акт, дејството формирање административен Заеднички интердисиплиниарен комитет за цензура и слободата на говорот. Оттука, не е точно дека поднесеното барање нема деловнички основ врз кој требаше да се поведе постапка. Во член 51 од Деловникот на Уставниот суд стои дека „секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од пет години од денот на неговото преземање“. Деловничката одредба повикува на постоење или на поединечен акт или на дејство со чие што извршување била сторена повреда на слободите и правата. Според мене, сите горенаведени дејствија се дејства со кои се повредуваат моите лични и неприкосновени права, правото на самоидентификација, право на самоопределување, право на свој национален и културен идентитет, право на име на држава. Очигледно е дека овие права не можам да си ги заштитам пред македонските судови поради што сум решена правдата да продолжам да ја барам пред Судот во Стразбур за што јавноста, како и секогаш, ќе биде благовремено информирана.

The post Каракамишева: Со Преспанскиот повредени се моите лични права, македонските судови тоа не го гледаат appeared first on Република.

]]>
Не размислуваа многу: Уставниот суд eкспресно го одби барањето за Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/ne-razmisluvaa-mnogu-ustavniot-sud-ekspresno-go-odbi-baranjeto-za-dogovorot-od-prespa/ Wed, 02 Feb 2022 11:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=452943

Уставниот суд на денешната седница го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година, во кое таа образложува дека со Договорот од Преспа и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување.

Судијата известител Осман Кадриу, изнесувајќи го барањето на седницата посочи дека Судот може да одлучува за повреда на конкретни слободи и права, за кои повреди според нашиот Устав се пружа уставно судска заштита, но дека мошне важно е овие права да се повредени со поединечен акт или дејствие на орган или институција.

– Врз основа на поединечност, подносителот овде се повикува на конечната спогодба и на начин на кој е елаборирано, спогодбата не претставува индивидуален акт. Спогодбата и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица, образложи Кадриу.

Според него, клучно е тоа што со конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за доброто на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање.

Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, побара од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа и се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе времена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт.

Судијата известител Осман Кадриу, кажа дека времената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка.

The post Не размислуваа многу: Уставниот суд eкспресно го одби барањето за Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година, во кое таа образложува дека со Договорот од Преспа и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување.

Судијата известител Осман Кадриу, изнесувајќи го барањето на седницата посочи дека Судот може да одлучува за повреда на конкретни слободи и права, за кои повреди според нашиот Устав се пружа уставно судска заштита, но дека мошне важно е овие права да се повредени со поединечен акт или дејствие на орган или институција.

– Врз основа на поединечност, подносителот овде се повикува на конечната спогодба и на начин на кој е елаборирано, спогодбата не претставува индивидуален акт. Спогодбата и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица, образложи Кадриу.
Според него, клучно е тоа што со конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за доброто на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање. Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, побара од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа и се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе времена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт. Судијата известител Осман Кадриу, кажа дека времената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка.

The post Не размислуваа многу: Уставниот суд eкспресно го одби барањето за Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Договорот од Преспа денеска на Уставен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/dogovorot-od-prespa-deneska-na-ustaven-sud/ Wed, 02 Feb 2022 08:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=452795

Уставниот суд по подолго време се буди од зимски сон. Иако во намален број денеска уставните судии ќе разговараат за едно прашање кое сите не се засега, а тоа Договорот од Преспа со кој се промени нашето уставно име Република Македонија.

Барањето за кое судот ќе расправа е „Дали  Договорот од Преспа к ги дискриминира македонските граѓани по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување? Иницијативата е поднесена од професорката Тања Каракамишева.

Во образложението таа тврди дека и повредени правата содржани во членот 110 од Уставот а тоа е е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата од член 110 став 1 алинеја 3 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи.

Подносителката смета дека повредата на горенаведените права била направена со дејството потпишување на поединечен акт, односно потпишување на „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации,за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна” Грција претставувана од министерот за надворешни работи Никос Косијас и „Втората страна” (безимена држава) претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

The post Договорот од Преспа денеска на Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд по подолго време се буди од зимски сон. Иако во намален број денеска уставните судии ќе разговараат за едно прашање кое сите не се засега, а тоа Договорот од Преспа со кој се промени нашето уставно име Република Македонија. Барањето за кое судот ќе расправа е „Дали  Договорот од Преспа к ги дискриминира македонските граѓани по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување? Иницијативата е поднесена од професорката Тања Каракамишева.