Тања Балаќ Archives - Република https://republika.mk/tema/tanja-balakj/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 09:21:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тања Балаќ Archives - Република https://republika.mk/tema/tanja-balakj/ 32 32 Еднодецениско заокружување на видеоуметноста на Тања Балаќ https://republika.mk/vesti/kultura/ednodetsenisko-zaokruzhuvane-na-videoumetnosta-na-tana-balak/ Thu, 19 Sep 2024 09:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=817716

Проекција на 10 видео-уметнички дела на македонската уметница Тања Балаќ, по повод 10 години создавање на полето на видеоуметноста, ќе биде одржана вечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 наваму.

Како што наведуваат од Кинотека, кон крајот на првата деценија на 21 век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè повеќе почнува да се интересира и за видеоуметноста. Овие дела ги допираат прашањата за односите помеѓу индивидуите и колективитетите, етички разобличувајќи ги прашањата за нееднаквоста, вечната (не)припадност, глобалните политички и империјалистички императиви на големите централизирани дискурси на моќ, преиспитувајќи го општествениот контекст, опсервиран локално и пошироко. Но секогаш во фокусот на нејзината сфера на интерес како уметник е – човекот, кој и` е бескрајна инспирација.

Иако сликарството и` е прва љубов и најсигурно се чувствува во своето ателје, процес што е испреплетен со безброј внатрешни дијалози и преиспитувања, Балаќ ужива и во процесот на создавање на експериментален филм и видео, но е децидна во ставот дека во ерата на сеприсутност на дигиталната слика за визуелните уметници е исклучително важно да не ѝ дозволат на технологијата да ги „заведе“ со сите нејзини можности, се посочува во соопштението од Кинотека.

Тања Балаќ (р. 1968 година, Скопје), во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Членка е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1996 година, а во периодот од 2006-2013 година и негова претседателка.

Покрај сликарството, во последната декада истражува и на полето на нови медиуми, вклучувајќи инсталација, експериментален филм и видео уметност. Остварила повеќе самостојни изложби, а учествувала и на бројни групни изложби во земјава и во странство. Нејзини експериментални филмови имаат добиено меѓународни награди, меѓу кои и на Биеналето во Фиренца за филмот „Меморабилија“, на Филмскиот фестивал во Вест Вирџинија, САД и на „Анархи филм фестивал“ во Манчестер, Велика Британија за филмот „Заглавени заедно“.

 

The post Еднодецениско заокружување на видеоуметноста на Тања Балаќ appeared first on Република.

]]>

Проекција на 10 видео-уметнички дела на македонската уметница Тања Балаќ, по повод 10 години создавање на полето на видеоуметноста, ќе биде одржана вечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 наваму. Како што наведуваат од Кинотека, кон крајот на првата деценија на 21 век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè повеќе почнува да се интересира и за видеоуметноста. Овие дела ги допираат прашањата за односите помеѓу индивидуите и колективитетите, етички разобличувајќи ги прашањата за нееднаквоста, вечната (не)припадност, глобалните политички и империјалистички императиви на големите централизирани дискурси на моќ, преиспитувајќи го општествениот контекст, опсервиран локално и пошироко. Но секогаш во фокусот на нејзината сфера на интерес како уметник е – човекот, кој и` е бескрајна инспирација. Иако сликарството и` е прва љубов и најсигурно се чувствува во своето ателје, процес што е испреплетен со безброј внатрешни дијалози и преиспитувања, Балаќ ужива и во процесот на создавање на експериментален филм и видео, но е децидна во ставот дека во ерата на сеприсутност на дигиталната слика за визуелните уметници е исклучително важно да не ѝ дозволат на технологијата да ги „заведе“ со сите нејзини можности, се посочува во соопштението од Кинотека. Тања Балаќ (р. 1968 година, Скопје), во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Членка е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1996 година, а во периодот од 2006-2013 година и негова претседателка. Покрај сликарството, во последната декада истражува и на полето на нови медиуми, вклучувајќи инсталација, експериментален филм и видео уметност. Остварила повеќе самостојни изложби, а учествувала и на бројни групни изложби во земјава и во странство. Нејзини експериментални филмови имаат добиено меѓународни награди, меѓу кои и на Биеналето во Фиренца за филмот „Меморабилија“, на Филмскиот фестивал во Вест Вирџинија, САД и на „Анархи филм фестивал“ во Манчестер, Велика Британија за филмот „Заглавени заедно“.  

The post Еднодецениско заокружување на видеоуметноста на Тања Балаќ appeared first on Република.

]]>
Тања Балаќ лауреат на 20 „ Зимски салон“ на ДЛУМ https://republika.mk/vesti/kultura/tana-balak-laureat-na-20-zimski-salon-na-dlum/ Fri, 23 Feb 2024 11:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=747381

Уметницата Тања Балаќ за видео проектот „ Следна генерација“ , освои Гран при на 20 „ Зимски салон“, што традиционално го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Зад одлуката стои кораторката на „ Зимскиот салон“, Оксана Карповец од Украина. Таа ја соопшти одлуката синоќа на отворањето на изложбата, во Чифте амам.

Тања Балаќ дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје,  на отсекот  за сликарство во 1991 година. Во 2008 година, Балаќ се стекнала со звање магистер на ФЛУ. Член е на ДЛУМ од 1996 година, а во периодот од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото. Во 2003 година Тања Балаќ  посетувала студии во Париз, а учествувала и на бројни конференции и работилници, надвор од Македонија. Покрај сликарството таа работи и инсталации, уметнички видео проекти, и уметнички претстави.

Балаќ е добитничка на повеќе награди : „Жената симбол и инспирација“,  доделена од Културен центар „Кочо Рацин“- Скопје во 1992 година, награда за млади уметници, „Константин Мазев“, освоена на изложбата во КИЦ во 1995 година, „Методија Ивановски Менде“,  исто така од КИЦ во 1996 година,  „Никола Мартиновски“ во 2001 година, „Пејзаж“, ДЛУМ галерија во 2003 година и наградата „Нерешки мајстори“ на ДЛУМ, во 2015 година.

Како лауреат на годинашниот „ Зимски салон“, Тања Балаќ ќе има двомесечен престој во Париз, во атељето „ Cité internationale des arts “.

The post Тања Балаќ лауреат на 20 „ Зимски салон“ на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>

Уметницата Тања Балаќ за видео проектот „ Следна генерација“ , освои Гран при на 20 „ Зимски салон“, што традиционално го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Зад одлуката стои кораторката на „ Зимскиот салон“, Оксана Карповец од Украина. Таа ја соопшти одлуката синоќа на отворањето на изложбата, во Чифте амам. Тања Балаќ дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје,  на отсекот  за сликарство во 1991 година. Во 2008 година, Балаќ се стекнала со звање магистер на ФЛУ. Член е на ДЛУМ од 1996 година, а во периодот од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото. Во 2003 година Тања Балаќ  посетувала студии во Париз, а учествувала и на бројни конференции и работилници, надвор од Македонија. Покрај сликарството таа работи и инсталации, уметнички видео проекти, и уметнички претстави. Балаќ е добитничка на повеќе награди : „Жената симбол и инспирација“,  доделена од Културен центар „Кочо Рацин“- Скопје во 1992 година, награда за млади уметници, „Константин Мазев“, освоена на изложбата во КИЦ во 1995 година, „Методија Ивановски Менде“,  исто така од КИЦ во 1996 година,  „Никола Мартиновски“ во 2001 година, „Пејзаж“, ДЛУМ галерија во 2003 година и наградата „Нерешки мајстори“ на ДЛУМ, во 2015 година. Како лауреат на годинашниот „ Зимски салон“, Тања Балаќ ќе има двомесечен престој во Париз, во атељето „ Cité internationale des arts “.

The post Тања Балаќ лауреат на 20 „ Зимски салон“ на ДЛУМ appeared first on Република.

]]>
Изложбата на Тања Балаќ „Раселени“ поставена во Стразбур https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-na-tana-balak-raseleni-postavena-vo-strazbur/ Fri, 13 Oct 2023 09:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=690791

Самостојната изложба на уметницата Тања Балаќ со наслов „Раселени“, која беше отворена на 5 септември во Музејот на Македонија, деновиве е поставена во Стразбур, во „Арт клуб Амикале“ на Советот на Европа.

Поставката чие официјалното отворање,е закажано за 16 октомври, веќе го предизвикува вниманието на француската публика и критика.

Изложбата содржи дела создадени во периодот 2020-2023 година. Сликите се своевидно дополнување на нејзиниот претходен циклус започнат во 2017 година под влијание на големата бегалска криза. Дела од овој циклус беа претставени и на нејзините изложби во Скопје, Белград, Загреб…

Навистина ми е чест што сум овде во Стразбур во Советот на Европа за да ја споделам мојата изложба „Раселени“. Во изминатите четири години работев на овие слики, инспирирани од бегалската криза, која можевме да ја посведочиме преку нашите екрани. Уметноста треба да зборува за подобра иднина за сите. „Раселени“ се надоврзува на мојата претходна работа и се занимава со бегалската криза и со негативните информации што често ги добиваме од медиумите. Сакам да проговорам за ова глобално прашање од различни агли и да ги охрабрам сите заедно да најдеме решенија, вели уметницата Балаќ во пресрет на отворањето на изложбата.

Изложбата која ја сочинуваат 27 слики, се фокусира на луѓето заробени во имагинарен свет како одраз на животите на бегалците. Нивните изрази раскажуваат приказни за домот, засолништето, неизвесноста и стравот.

Ја истражувам идејата за поединци и семејства што се соочуваат со општествени и политички предизвици предизвикани од бегалската криза. Целта ми е да ја искористам мојата уметност за да го прикажам хаосот во нашиот свет денес, и тоа да го направам на влијателен начин. Сакам да ги потсетам сите дека бегалците се само луѓе! Јас сум уметник што се бори за слобода и преку мојата уметност се надевам дека ќе го потсетам светот на хуманоста што сите ја споделуваме, порачува Балаќ.

Со оваа изложба авторката се осврнува на ксенофобичната реторика присутна во многу мејнстрим-медиуми.

Акцентот е ставен на концептот жртва, на поединецот и семејството, наспроти социјалните и политичките прашања, но и на индивидуата против колективот, а сето тоа ставено во контекст на глобалните општествено-политички промени, обележани со бегалската криза, се вели во најавата за изложбата на веб-страницата на Советот на Европа.

Тања Балаќ во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Одделот за сликарство. Трасирајќи го својот уметнички и професионален пат низ годините, во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Одделот за сликарство. Покрај сликарството, во последната декада истражува и на полето на нови медиуми, вклучувајќи инсталација, експериментален филм и видео-уметност.

Изложбата „Раселени“ на Балиќ ќе биде достапна за јавноста до 27 октомври, 2023 година.

 

The post Изложбата на Тања Балаќ „Раселени“ поставена во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Самостојната изложба на уметницата Тања Балаќ со наслов „Раселени“, која беше отворена на 5 септември во Музејот на Македонија, деновиве е поставена во Стразбур, во „Арт клуб Амикале“ на Советот на Европа. Поставката чие официјалното отворање,е закажано за 16 октомври, веќе го предизвикува вниманието на француската публика и критика. Изложбата содржи дела создадени во периодот 2020-2023 година. Сликите се своевидно дополнување на нејзиниот претходен циклус започнат во 2017 година под влијание на големата бегалска криза. Дела од овој циклус беа претставени и на нејзините изложби во Скопје, Белград, Загреб…
Навистина ми е чест што сум овде во Стразбур во Советот на Европа за да ја споделам мојата изложба „Раселени“. Во изминатите четири години работев на овие слики, инспирирани од бегалската криза, која можевме да ја посведочиме преку нашите екрани. Уметноста треба да зборува за подобра иднина за сите. „Раселени“ се надоврзува на мојата претходна работа и се занимава со бегалската криза и со негативните информации што често ги добиваме од медиумите. Сакам да проговорам за ова глобално прашање од различни агли и да ги охрабрам сите заедно да најдеме решенија, вели уметницата Балаќ во пресрет на отворањето на изложбата.
Изложбата која ја сочинуваат 27 слики, се фокусира на луѓето заробени во имагинарен свет како одраз на животите на бегалците. Нивните изрази раскажуваат приказни за домот, засолништето, неизвесноста и стравот.
Ја истражувам идејата за поединци и семејства што се соочуваат со општествени и политички предизвици предизвикани од бегалската криза. Целта ми е да ја искористам мојата уметност за да го прикажам хаосот во нашиот свет денес, и тоа да го направам на влијателен начин. Сакам да ги потсетам сите дека бегалците се само луѓе! Јас сум уметник што се бори за слобода и преку мојата уметност се надевам дека ќе го потсетам светот на хуманоста што сите ја споделуваме, порачува Балаќ.
Со оваа изложба авторката се осврнува на ксенофобичната реторика присутна во многу мејнстрим-медиуми.
Акцентот е ставен на концептот жртва, на поединецот и семејството, наспроти социјалните и политичките прашања, но и на индивидуата против колективот, а сето тоа ставено во контекст на глобалните општествено-политички промени, обележани со бегалската криза, се вели во најавата за изложбата на веб-страницата на Советот на Европа.
Тања Балаќ во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Одделот за сликарство. Трасирајќи го својот уметнички и професионален пат низ годините, во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Одделот за сликарство. Покрај сликарството, во последната декада истражува и на полето на нови медиуми, вклучувајќи инсталација, експериментален филм и видео-уметност. Изложбата „Раселени“ на Балиќ ќе биде достапна за јавноста до 27 октомври, 2023 година.  

The post Изложбата на Тања Балаќ „Раселени“ поставена во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ во Чифте амам https://republika.mk/vesti/kultura/samostojno-pretstavuvane-na-video-instalatsija-vkrsteni-izbori-na-tana-balak-vo-chifte-amam/ Mon, 15 May 2023 18:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=641108

Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект - видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео.
Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”), оформен врз основа на ликовната подлошка на сликарските дела на Тања Балаќ и на анимацијата и визуелните ефекти на Никола Дрвошанов.
Филмот е неодамна селектиран од огромниот број пристигнати дела од страна на стручното жири во рамките на 13. издание на Интернационалниот фестивал за видеоарт „Магмарт“ од Неапол, Италија. На тој начин овој седуминутен филм, заедно со уште 31 сродно дело, стана составен дел од постојаната колекција на музејот „ЦАМ“ и на „Магмарт“, меѓународен фестивал на видеоарт на кој во изминатите години учествувале повеќе од 1.400 уметници од над 80 различни земји од светот.
На отворањето на изложбата во „Чифте амам“ ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова, и универзитетскиот професор д-р Ивaн Џепаровски.

На границата и на преминот од сликарството кон ангажираниот документарен филм, но и кон уметничкиот видеоарт, може да се толкува последното остварување на Балаќ филмот „Знаци на вкрстување“  (“Crossing Signs”), дело кое е во непосредна творечка и имагинативна врска и со нејзините претходни документаристички и видеоарт остварувања... А тому овој последен филм на Балаќ како да отвора и едно далеку поинтригантно прашање сврзано за односот меѓу уметноста и стварноста, имено,   што се случува кога се остварува вкрстувањето на брзината и на забрзувањето на светот – со возвишеноста и со бавноста на уметноста и на видеоартот? - пишува Џепаровски.

Според него во филмот „Знаци на вкрстување“ како да се остварува постмодерното чувство на возвишеното што нè воведува во еден свет на негативната дијалектика и на фасцинирачката отуѓеност, свет во кој човештвото како да е распнато на крстот на уништувањето – било да станува збор за глобалното еколошко уништување или, пак, за глокалната (глобална ем локална) општествена аномија и безчувствителност.

Тања Балаќ (Скопје, 1968), од своето дипломирање на одделот за сликарство во 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (ФЛУ) и магистрирањето во 2008 година на истиот факултет, па сè до денес, со иста нестивнувачка енергија се вградува во нашата современа уметничка сцена, постојано стилски и жанровски експериментирајќи, со што успешно го оформува и својот уметнички и својот  професионален статус. Балаќ е активен член на Друштвото на ликовните уметници од 1991 година, а подоцна, во периодот од 2006 до 2013 година, е и негова претседателка. Таа има остварено и многубројни професионални посети надвор од границите на својата земја, а меѓу нив треба да се истакне студиската посета на Париз во 2003 година. Своето професионално и уметничко искуство Балаќ го оформува и постојано го збогатува и надградува и преку учествата на бројни меѓународни фестивали и изложби во Србија, Словенија, Шведска, Бугарија, Германија, Романија, Англија, Австрија, Франција итн., а таму повеќекратно се здобива со низа меѓународни признанија и награди. Покрај своите основни определби во рамките на сликарството, Балаќ, во новиот век, активно истражува и на полето на новите медиуми и на видеоартот, но се пројавува и со свои инсталации и експериментални и документарни филмови.

The post Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај во 20 часот во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект - видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео. Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”), оформен врз основа на ликовната подлошка на сликарските дела на Тања Балаќ и на анимацијата и визуелните ефекти на Никола Дрвошанов. Филмот е неодамна селектиран од огромниот број пристигнати дела од страна на стручното жири во рамките на 13. издание на Интернационалниот фестивал за видеоарт „Магмарт“ од Неапол, Италија. На тој начин овој седуминутен филм, заедно со уште 31 сродно дело, стана составен дел од постојаната колекција на музејот „ЦАМ“ и на „Магмарт“, меѓународен фестивал на видеоарт на кој во изминатите години учествувале повеќе од 1.400 уметници од над 80 различни земји од светот. На отворањето на изложбата во „Чифте амам“ ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова, и универзитетскиот професор д-р Ивaн Џепаровски.

На границата и на преминот од сликарството кон ангажираниот документарен филм, но и кон уметничкиот видеоарт, може да се толкува последното остварување на Балаќ филмот „Знаци на вкрстување“  (“Crossing Signs”), дело кое е во непосредна творечка и имагинативна врска и со нејзините претходни документаристички и видеоарт остварувања... А тому овој последен филм на Балаќ како да отвора и едно далеку поинтригантно прашање сврзано за односот меѓу уметноста и стварноста, имено,   што се случува кога се остварува вкрстувањето на брзината и на забрзувањето на светот – со возвишеноста и со бавноста на уметноста и на видеоартот? - пишува Џепаровски.

Според него во филмот „Знаци на вкрстување“ како да се остварува постмодерното чувство на возвишеното што нè воведува во еден свет на негативната дијалектика и на фасцинирачката отуѓеност, свет во кој човештвото како да е распнато на крстот на уништувањето – било да станува збор за глобалното еколошко уништување или, пак, за глокалната (глобална ем локална) општествена аномија и безчувствителност.

Тања Балаќ (Скопје, 1968), од своето дипломирање на одделот за сликарство во 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (ФЛУ) и магистрирањето во 2008 година на истиот факултет, па сè до денес, со иста нестивнувачка енергија се вградува во нашата современа уметничка сцена, постојано стилски и жанровски експериментирајќи, со што успешно го оформува и својот уметнички и својот  професионален статус. Балаќ е активен член на Друштвото на ликовните уметници од 1991 година, а подоцна, во периодот од 2006 до 2013 година, е и негова претседателка. Таа има остварено и многубројни професионални посети надвор од границите на својата земја, а меѓу нив треба да се истакне студиската посета на Париз во 2003 година. Своето професионално и уметничко искуство Балаќ го оформува и постојано го збогатува и надградува и преку учествата на бројни меѓународни фестивали и изложби во Србија, Словенија, Шведска, Бугарија, Германија, Романија, Англија, Австрија, Франција итн., а таму повеќекратно се здобива со низа меѓународни признанија и награди. Покрај своите основни определби во рамките на сликарството, Балаќ, во новиот век, активно истражува и на полето на новите медиуми и на видеоартот, но се пројавува и со свои инсталации и експериментални и документарни филмови.

The post Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Раселени“ на Тања Балаќ од вечерва во македонскиот културен центар во Загреб https://republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-raseleni-na-tanja-balakj-vo-makedonskiot-kulturen-centar-vo-zagreb/ Mon, 19 Sep 2022 15:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=550948

На 19.09.2022 година во Кулурно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб ќе се отвори самостојната изложба насловена „Раселени“ на македонската уметница Тања Балаќ. Изложбата ќе ја отвори реномираната хрватска ликовна критичарка, Бранка Хлевњак, која истовремено ќе даде и осврт кон неодамна издадената монографија по повод 30 години творештво на Тања Балаќ.

[caption id="attachment_550950" align="alignnone" width="291"] Длабочнатане е засекого- Depth is not for everyone (2022, acrilyc on canvas 70x50cm)[/caption]

Новиот проект со наслов „Раселени“ ( Displaced ) е своевидно дополнување, суплемент на трагата на остатокот од претходниот циклус дела на уметницата, кој суптилно се прелева во нејзините нови слики. И во овој проект, Балаќ ја обработува актуелната светска тема на бегалската и мигрантска криза, реферирајќи на ксенофобичната реторика присутна во мејнстрим медиумите. Преку конкретна уметничка пракса авторката се обидува да го разоткрие дискурсот на актуелните миграциски случувања и бегалски кризи, согледани низ еден поширок контекст. Целта е да се добие поопфатна слика на овој глобален проблем, што секако отвора низа други прашања, но и повикува на можни решенија.
Изложбата е составена од петнаесет дела работени во последните две години, како и проекција на наградуваниот експериментален филм со наслов „Заглавени заедно/ Stuck together“.
Всушност и во двата медиуми авторката обработува портрети на неми учесници сместени, или подобро кажано, заглавени во одреден простор, реферирајќи на животот и на судбината на бегалците, а преку нивните експресии ја рефлектира сликата на денешното општество. Во нивните изгубени погледи се вкрстуваат различните пристапи и прашања, минатото и сегашноста, миграциите и егзилот, но и поставувањето на нови стандарди во комуникацијата со современи европски димензии.

[caption id="attachment_550952" align="alignnone" width="436"] Сведоци на апсурдот - Witnesses of the absurd (2020, Acrylic on canvas, 110x80cm)[/caption]

Тања Балаќ (Скопје, р. 1968) во 1991 г. дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот сликарство. Градејќи го својот уметнички и професионален пат, 2008 г. магистрира на истиот факултет. Членка е на Друштвото на ликовни уметници од 1991 година, а во перодот од 2006-2013 година е и негова претседателка. Од многубројните професионални посети надвор од границите на својата земја значајно е да се идвои студиската посета во Париз 2003 година. Своето професионално и уметничко искуство го збогатува и надградува со учество на многубројни меѓународни фестивали и изложби ( Србија, Словенија, Шведска, Бугарија, Германија, Романија, Англија, Австрија, Франција...) на кои повеќе пати има добиено меѓународни признанија и награди.
Покрај сликарството, последната деценија активно истражува и на полето на новите медиуми. Активно се занимава со сликарство, како и со инсталации и експериментални и документарни филмови (видео арт). Живее и работи во Скопје

The post Изложбата „Раселени“ на Тања Балаќ од вечерва во македонскиот културен центар во Загреб appeared first on Република.

]]>

На 19.09.2022 година во Кулурно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб ќе се отвори самостојната изложба насловена „Раселени“ на македонската уметница Тања Балаќ. Изложбата ќе ја отвори реномираната хрватска ликовна критичарка, Бранка Хлевњак, која истовремено ќе даде и осврт кон неодамна издадената монографија по повод 30 години творештво на Тања Балаќ. [caption id="attachment_550950" align="alignnone" width="291"] Длабочнатане е засекого- Depth is not for everyone (2022, acrilyc on canvas 70x50cm)[/caption] Новиот проект со наслов „Раселени“ ( Displaced ) е своевидно дополнување, суплемент на трагата на остатокот од претходниот циклус дела на уметницата, кој суптилно се прелева во нејзините нови слики. И во овој проект, Балаќ ја обработува актуелната светска тема на бегалската и мигрантска криза, реферирајќи на ксенофобичната реторика присутна во мејнстрим медиумите. Преку конкретна уметничка пракса авторката се обидува да го разоткрие дискурсот на актуелните миграциски случувања и бегалски кризи, согледани низ еден поширок контекст. Целта е да се добие поопфатна слика на овој глобален проблем, што секако отвора низа други прашања, но и повикува на можни решенија. Изложбата е составена од петнаесет дела работени во последните две години, како и проекција на наградуваниот експериментален филм со наслов „Заглавени заедно/ Stuck together“. Всушност и во двата медиуми авторката обработува портрети на неми учесници сместени, или подобро кажано, заглавени во одреден простор, реферирајќи на животот и на судбината на бегалците, а преку нивните експресии ја рефлектира сликата на денешното општество. Во нивните изгубени погледи се вкрстуваат различните пристапи и прашања, минатото и сегашноста, миграциите и егзилот, но и поставувањето на нови стандарди во комуникацијата со современи европски димензии. [caption id="attachment_550952" align="alignnone" width="436"] Сведоци на апсурдот - Witnesses of the absurd (2020, Acrylic on canvas, 110x80cm)[/caption] Тања Балаќ (Скопје, р. 1968) во 1991 г. дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот сликарство. Градејќи го својот уметнички и професионален пат, 2008 г. магистрира на истиот факултет. Членка е на Друштвото на ликовни уметници од 1991 година, а во перодот од 2006-2013 година е и негова претседателка. Од многубројните професионални посети надвор од границите на својата земја значајно е да се идвои студиската посета во Париз 2003 година. Своето професионално и уметничко искуство го збогатува и надградува со учество на многубројни меѓународни фестивали и изложби ( Србија, Словенија, Шведска, Бугарија, Германија, Романија, Англија, Австрија, Франција...) на кои повеќе пати има добиено меѓународни признанија и награди. Покрај сликарството, последната деценија активно истражува и на полето на новите медиуми. Активно се занимава со сликарство, како и со инсталации и експериментални и документарни филмови (видео арт). Живее и работи во Скопје

The post Изложбата „Раселени“ на Тања Балаќ од вечерва во македонскиот културен центар во Загреб appeared first on Република.

]]>