тамара димовска Archives - Република https://republika.mk/tema/tamara-dimovska/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Apr 2022 08:04:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тамара димовска Archives - Република https://republika.mk/tema/tamara-dimovska/ 32 32 Лешинари https://republika.mk/tvitovi/leshinari/ Thu, 21 Apr 2022 08:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=491595

The post Лешинари appeared first on Република.

]]>

The post Лешинари appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара https://republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-obvinitelstvoto-na-skandalozen-nachin-ja-sprechi-pravdata-za-tamara/ Tue, 19 Apr 2022 13:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=490527

Преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот Тамара, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење, ги сруши сите шанси за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, реагираат од Хелсиншки комитет за човекови права.

На денешната јавна расправа, при давање завршни зборови, основниот јавен обвинител Анел Фидовски, направи правна преквалификација, односно промена на обвинителениот предлог, а за тројца обвинети се откажа од кривично гонење. Имено, јавниот обвинител се откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување и претседателката на управниот одбор на Фондот, затоа што смета дека тие немаат кривична одговорност како службени и одговорни лица во правното лице. За останатите обвинети, членови на првостепена и второстепена комисија, обвинителството направи правна преквалификација и наместо член 353 в од Кривичниот закон „Несовесно работење во службата’’, кривичното дело го преквалификува во член 86-б од Законот за здравствено осигурување.

Во овој член предвидено е дека лекар и член на првостепената, односно второстепената комисија на Фондот, кои ќе оневозможат осигуреник да оствари право од здравствено осигурување по основ на болест или неспособност за работа, што според закон или друг пропис му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години. Со ваквата преквалификација произлегува дека е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење во октомври 2020 година, со изминување на 6 години од денот кога е сторено кривичното дело. Согласно ова, обвинителството побара судот да донесе одбивателна пресуда, согласно член 402 од Кривичниот законик.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во изминативе години во повеќе наврати реагираше на постапувањето на обвинителството, но и за честото одложување на рочиштата. Од кривичната пријава која ја поднесе Хелсиншкиот комитет поминати се седум години, а судската постапка започна во 2018 година. Со оглед дека обвинителството одлучи да го преквалификува делото дури во завршната фаза од судењето, а не претходно, легитимен е сомнежот дека постоела намера делото едноставно да застари и никој од обвинетите кривично да не одговара за смртта на малата Тамара. Комитетот оценува дека ваквата одлука на обвинителството е крајно поразителна и значи дополнително зголемување на недовербата во правосудниот систем, кој не испорачува правда за жртвите.

Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе се бори за правда во овој случај и ќе поднесе апликација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, стои во нивното соопштение.

The post Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара appeared first on Република.

]]>

Преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот Тамара, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење, ги сруши сите шанси за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, реагираат од Хелсиншки комитет за човекови права. На денешната јавна расправа, при давање завршни зборови, основниот јавен обвинител Анел Фидовски, направи правна преквалификација, односно промена на обвинителениот предлог, а за тројца обвинети се откажа од кривично гонење. Имено, јавниот обвинител се откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување и претседателката на управниот одбор на Фондот, затоа што смета дека тие немаат кривична одговорност како службени и одговорни лица во правното лице. За останатите обвинети, членови на првостепена и второстепена комисија, обвинителството направи правна преквалификација и наместо член 353 в од Кривичниот закон „Несовесно работење во службата’’, кривичното дело го преквалификува во член 86-б од Законот за здравствено осигурување. Во овој член предвидено е дека лекар и член на првостепената, односно второстепената комисија на Фондот, кои ќе оневозможат осигуреник да оствари право од здравствено осигурување по основ на болест или неспособност за работа, што според закон или друг пропис му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години. Со ваквата преквалификација произлегува дека е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење во октомври 2020 година, со изминување на 6 години од денот кога е сторено кривичното дело. Согласно ова, обвинителството побара судот да донесе одбивателна пресуда, согласно член 402 од Кривичниот законик. Хелсиншкиот комитет за човекови права во изминативе години во повеќе наврати реагираше на постапувањето на обвинителството, но и за честото одложување на рочиштата. Од кривичната пријава која ја поднесе Хелсиншкиот комитет поминати се седум години, а судската постапка започна во 2018 година. Со оглед дека обвинителството одлучи да го преквалификува делото дури во завршната фаза од судењето, а не претходно, легитимен е сомнежот дека постоела намера делото едноставно да застари и никој од обвинетите кривично да не одговара за смртта на малата Тамара. Комитетот оценува дека ваквата одлука на обвинителството е крајно поразителна и значи дополнително зголемување на недовербата во правосудниот систем, кој не испорачува правда за жртвите. Хелсиншкиот комитет и понатаму ќе се бори за правда во овој случај и ќе поднесе апликација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, стои во нивното соопштение.

The post Хелсиншки: Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара appeared first on Република.

]]>
Обвинителството го повлече обвинението за починатата Тамара Димовска https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-go-povleche-obvinenieto-za-pochinatata-tamara-dimovska/ Tue, 19 Apr 2022 10:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=490461

Обвинителството реши да не ги гони поранешните директори на Фондот за здравство за девојчето Тамара Димовска од Велес, објави Телма. Обвинението против директорите од тоа време Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази денеска е повлечено, како и тоа против претседателката на Управниот одбор на фондот во тоа време, Елена Трпковска.

За другите 9 доктори што биле дел од комисии во Фондот кои одлучувале за лекување во странство наместо за несовесно работење во службата, Обвинителството решило да ги гони за дело од член 86 б став 2 во врска со став 1, од Законот за здравствено осигурување. Со ова преиначување, делото застарува и Кривичниот суд има само една опција – да го затвори предметот, пишува Телма.

Осумгодишната Тамара почина во 2015 година додека за неа се водеше процедура да и биде одобрена операција во странство. Операцијата не можеше да се изведе во Македонија и затоа се водеше постапка девојчето да се лекува во некоја странска болница на држвна сметка.

Кривичната пријава по смртта на Тамара ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права со мајката на Тамара, Жаклина Димовска, а со неа опфатен беше и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

The post Обвинителството го повлече обвинението за починатата Тамара Димовска appeared first on Република.

]]>

Обвинителството реши да не ги гони поранешните директори на Фондот за здравство за девојчето Тамара Димовска од Велес, објави Телма. Обвинението против директорите од тоа време Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази денеска е повлечено, како и тоа против претседателката на Управниот одбор на фондот во тоа време, Елена Трпковска. За другите 9 доктори што биле дел од комисии во Фондот кои одлучувале за лекување во странство наместо за несовесно работење во службата, Обвинителството решило да ги гони за дело од член 86 б став 2 во врска со став 1, од Законот за здравствено осигурување. Со ова преиначување, делото застарува и Кривичниот суд има само една опција – да го затвори предметот, пишува Телма. Осумгодишната Тамара почина во 2015 година додека за неа се водеше процедура да и биде одобрена операција во странство. Операцијата не можеше да се изведе во Македонија и затоа се водеше постапка девојчето да се лекува во некоја странска болница на држвна сметка. Кривичната пријава по смртта на Тамара ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права со мајката на Тамара, Жаклина Димовска, а со неа опфатен беше и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

The post Обвинителството го повлече обвинението за починатата Тамара Димовска appeared first on Република.

]]>