Талес Archives - Република https://republika.mk/tema/tales/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 10:48:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Талес Archives - Република https://republika.mk/tema/tales/ 32 32 Најголемиот француски производител на воена технологија, „Талес“ го тресат за мито и корупција https://republika.mk/vesti/svet/najgolemiot-frantsuski-proizvoditel-na-voena-tehnologija-tales-go-tresat-za-mito-i-koruptsija/ Sun, 24 Nov 2024 10:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=841238

Компанијата беше обвинета и дека ги прекршила санкциите што Европа ѝ ги наметна на Русија поради инвазијата врз Украина.

Британските и француските власти отворија истрага за мито и корупција во францускиот гигант „Талес“, најголемиот европски производител на одбранбена технологија.

Истрагата ја водат британската Канцеларија за сериозни измами – СФО и француската слуќба ПНФ. Раководството на „Талес“ објави дека ќе целосно ќе соработува со истражителите.

Истрагата е во врска со договори за одбранбена технологија со земји во Азија, изјавиле анонимни извори за Ројтерс. Сомневањата упатуваат на подмитување странски функционер, трговија со влијание, управување со украдена стока и перење пари.

„Талес“ всушност е новото име на компанијата „Томпсон“, формирана во 1968 година. „Талес“ денес има погони со вкупно 81.999 вработени во 56 земји. Со приход од 18,4 милијарди долари во 2023 година „Талес“ бил на осмото место на листата најголеми продавачи на оружје и воена опрема.

Меѓу производите на „Талес“ доминираат радари, системи за контрола на воздушен сообраќај, уреди за електронско попречување, визири и шлемови за пилоти, но и оклопни возила и пушки.

Компанијата беше обвинета дека ги прекршила санкциите што Европа ѝ ги наметна на Русија поради инвазијата врз Украина. Наспроти ембаргото, „Талес“ продолжил да извезува во Русија, вклучувајќи 800 камери за термална визуелизација, како и 60 навигациски системи, проектирани дисплеи за руските борбени авиони „су-30“ и 20 шлемови за пилоти на „миг-29“.

The post Најголемиот француски производител на воена технологија, „Талес“ го тресат за мито и корупција appeared first on Република.

]]>

Компанијата беше обвинета и дека ги прекршила санкциите што Европа ѝ ги наметна на Русија поради инвазијата врз Украина. Британските и француските власти отворија истрага за мито и корупција во францускиот гигант „Талес“, најголемиот европски производител на одбранбена технологија. Истрагата ја водат британската Канцеларија за сериозни измами – СФО и француската слуќба ПНФ. Раководството на „Талес“ објави дека ќе целосно ќе соработува со истражителите. Истрагата е во врска со договори за одбранбена технологија со земји во Азија, изјавиле анонимни извори за Ројтерс. Сомневањата упатуваат на подмитување странски функционер, трговија со влијание, управување со украдена стока и перење пари. „Талес“ всушност е новото име на компанијата „Томпсон“, формирана во 1968 година. „Талес“ денес има погони со вкупно 81.999 вработени во 56 земји. Со приход од 18,4 милијарди долари во 2023 година „Талес“ бил на осмото место на листата најголеми продавачи на оружје и воена опрема. Меѓу производите на „Талес“ доминираат радари, системи за контрола на воздушен сообраќај, уреди за електронско попречување, визири и шлемови за пилоти, но и оклопни возила и пушки. Компанијата беше обвинета дека ги прекршила санкциите што Европа ѝ ги наметна на Русија поради инвазијата врз Украина. Наспроти ембаргото, „Талес“ продолжил да извезува во Русија, вклучувајќи 800 камери за термална визуелизација, како и 60 навигациски системи, проектирани дисплеи за руските борбени авиони „су-30“ и 20 шлемови за пилоти на „миг-29“.

The post Најголемиот француски производител на воена технологија, „Талес“ го тресат за мито и корупција appeared first on Република.

]]>