Тахограф Archives - Република https://republika.mk/tema/tahograf/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 18:16:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тахограф Archives - Република https://republika.mk/tema/tahograf/ 32 32 Шоферите во кочански и гостиварски превозник возеле со туѓи картички во тахографите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shoferite-vo-kochanski-i-gostivarski-prevoznik-vozele-so-tugi-kartichki-vo-tahografite/ Sat, 31 Aug 2024 18:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=811862

Сакционирани се две превозни претпријатија поради неправилности при вршење на јавен превоз.

Како што соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи, на автопатот Куманово-Скопје и кај наплатната рампа Романовце при контрола на два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.А. (39) и С. А. (36) констатирано е дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги возеле автобусите.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт и врски изречени се глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица во висина од по 7,500 евра. бак/Фото: МИА архива .

The post Шоферите во кочански и гостиварски превозник возеле со туѓи картички во тахографите appeared first on Република.

]]>

Сакционирани се две превозни претпријатија поради неправилности при вршење на јавен превоз. Како што соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи, на автопатот Куманово-Скопје и кај наплатната рампа Романовце при контрола на два автобуса со кочански и гостиварски таблички управувани од И.А. (39) и С. А. (36) констатирано е дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги возеле автобусите. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт и врски изречени се глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица во висина од по 7,500 евра. бак/Фото: МИА архива .

The post Шоферите во кочански и гостиварски превозник возеле со туѓи картички во тахографите appeared first on Република.

]]>
Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус https://republika.mk/vesti/balkan/prvite-problemi-vo-istragata-unishten-e-tahnografot-i-ne-moze-da-se-prochita-brzinata-na-vozenje-na-polskiot-avtobus/ Sun, 07 Aug 2022 09:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=537618

Уништен е тахографот на полскиот автобус, кој вчера излета од автоптот А4 кај Загреб при што загинаа 12 лица, објави „Јутарњи лист“. Поради тоа не е можно да се извлечат податоците од него.

Тоа значи дека нема да може да се утврди со која брзина возел автобусот во моментот на несреќата, иако таа треба да биде 100 км/ч. Меѓутоа, во тахографот имало две дигитални возачки картички (возачка и совозачка), што покажува дека полскиот превозник правилно ангажирал двајца возачи за толку долго патување. Според податоците од картичките, двајцата возачи до моментот на сообраќајната незгода немале сторени прекршоци во однос на работните активности, а по одреден број часови возење правилно се менувале, изјави машинскиот инженер Зоран Калауз.

Професионалните возачи имаат цела низа правила кои пропишуваат кога можат да започнат со работа или да возат, колку долго можат да работат или да возат континуирано, колку долго можат да работат или возат во една смена, во една седмица итн. Им се пропишуваат задолжителни паузи по одреден број часови возење, пропишани се часови минимален дневен одмор како и часови минимален неделен одмор што секој возач мора да ги има во рок од една календарска недела.

Одредени правила се разликуваат во зависност од тоа дали возачот е сам во возилото или дали во возилото се двајца возачи. Има речиси триесет правила и разни исклучоци од правилата кои секој професионален возач мора добро да ги знае за да не направи прекршок на пат.

Тахографот ги евидентира сите активности и дали возачот ги почитува правилата што важат во ЕУ, но, за жал, вообичаени се и манипулациите со тахографот.

The post Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус appeared first on Република.

]]>

Уништен е тахографот на полскиот автобус, кој вчера излета од автоптот А4 кај Загреб при што загинаа 12 лица, објави „Јутарњи лист“. Поради тоа не е можно да се извлечат податоците од него. Тоа значи дека нема да може да се утврди со која брзина возел автобусот во моментот на несреќата, иако таа треба да биде 100 км/ч. Меѓутоа, во тахографот имало две дигитални возачки картички (возачка и совозачка), што покажува дека полскиот превозник правилно ангажирал двајца возачи за толку долго патување. Според податоците од картичките, двајцата возачи до моментот на сообраќајната незгода немале сторени прекршоци во однос на работните активности, а по одреден број часови возење правилно се менувале, изјави машинскиот инженер Зоран Калауз. Професионалните возачи имаат цела низа правила кои пропишуваат кога можат да започнат со работа или да возат, колку долго можат да работат или да возат континуирано, колку долго можат да работат или возат во една смена, во една седмица итн. Им се пропишуваат задолжителни паузи по одреден број часови возење, пропишани се часови минимален дневен одмор како и часови минимален неделен одмор што секој возач мора да ги има во рок од една календарска недела. Одредени правила се разликуваат во зависност од тоа дали возачот е сам во возилото или дали во возилото се двајца возачи. Има речиси триесет правила и разни исклучоци од правилата кои секој професионален возач мора добро да ги знае за да не направи прекршок на пат. Тахографот ги евидентира сите активности и дали возачот ги почитува правилата што важат во ЕУ, но, за жал, вообичаени се и манипулациите со тахографот.

The post Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус appeared first on Република.

]]>