СЗО за Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/szo-za-evropa/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Feb 2022 14:22:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СЗО за Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/szo-za-evropa/ 32 32 Состанок на министерот за здравство и регионалниот директор на СЗО за Европа https://republika.mk/zivot/zdravje/sostanok-na-ministerot-za-zdravstvo-i-regionalniot-direktor-na-szo-za-evropa/ Wed, 16 Feb 2022 14:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=459431

Министерот за здравство, Беким Сали, денеска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која посебнa благодарност изрази за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата и СЗО во заедничката подготовка на „Патоказот со земјите од Западен Балкан“.

Македонија е посветена на натамошно инвестирање во здравствените реформи и продолжување на напредокот постигнат претходно, со цел постигнување на стандардите на ЕУ. Нашата земја покажува значително подобрување на показателите за перинатална грижа. Во последните неколку години, благодарение на поддршката од СЗО - стапката на неонатална смртност се намали од 6,3 во 2019 година на 4,2 во 2020 година. Континуирано вложуваме напори за зајакнување на здравствените човечки ресурси и на другите капацитети во клучните болници на регионално ниво, посочи на состанокот министерот Сали.

Во рамки на средбата, посебен фокус беше ставен на успешното справување со пандемијата со КОВИД-19, имајќи предвид дека справувањето со вирусот претставува заеднички предизвик за сите земји, за кој е потребно единство, солидарност и партнерство.

Воедно, министерот изрази посебна благодарност до СЗО за поддршката обезбедена при спроведување на студиите поврзани со здравствената финансиска заштита, КОВИД–19 и здравствената правичност, кои се од исклучително значење за државата со цел поуспешна подготовка на политики засновани на докази.

Исто така, на состанокот стана збор за планираните активности во насока на спречување на факторите на ризик за непреносливи болести и зајакнување на скринингот за незаразни болести, примарната здравствена заштита, унапредување на мајчиното, како и перинаталното здравје и менталното здравје.

The post Состанок на министерот за здравство и регионалниот директор на СЗО за Европа appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Беким Сали, денеска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која посебнa благодарност изрази за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата и СЗО во заедничката подготовка на „Патоказот со земјите од Западен Балкан“.
Македонија е посветена на натамошно инвестирање во здравствените реформи и продолжување на напредокот постигнат претходно, со цел постигнување на стандардите на ЕУ. Нашата земја покажува значително подобрување на показателите за перинатална грижа. Во последните неколку години, благодарение на поддршката од СЗО - стапката на неонатална смртност се намали од 6,3 во 2019 година на 4,2 во 2020 година. Континуирано вложуваме напори за зајакнување на здравствените човечки ресурси и на другите капацитети во клучните болници на регионално ниво, посочи на состанокот министерот Сали.
Во рамки на средбата, посебен фокус беше ставен на успешното справување со пандемијата со КОВИД-19, имајќи предвид дека справувањето со вирусот претставува заеднички предизвик за сите земји, за кој е потребно единство, солидарност и партнерство. Воедно, министерот изрази посебна благодарност до СЗО за поддршката обезбедена при спроведување на студиите поврзани со здравствената финансиска заштита, КОВИД–19 и здравствената правичност, кои се од исклучително значење за државата со цел поуспешна подготовка на политики засновани на докази. Исто така, на состанокот стана збор за планираните активности во насока на спречување на факторите на ризик за непреносливи болести и зајакнување на скринингот за незаразни болести, примарната здравствена заштита, унапредување на мајчиното, како и перинаталното здравје и менталното здравје.

The post Состанок на министерот за здравство и регионалниот директор на СЗО за Европа appeared first on Република.

]]>