СВП Archives - Република https://republika.mk/tema/svp/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 06:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СВП Archives - Република https://republika.mk/tema/svp/ 32 32 Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-megunaroden-poetski-miting-vo-msu-zavrshija-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Tue, 27 Aug 2024 06:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=810420

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.

Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина - рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

The post Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.
Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина - рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.
Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“. Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

The post Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Жан Пјер Симеон: Треба да се бориме за илузиите на модерниот свет да не ги задушат поетските сили https://republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-treba-da-se-borime-za-iluziite-na-moderniot-svet-da-ne-gi-zadushat-poetskite-sili/ Mon, 26 Aug 2024 11:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=810247

Поезијата е местото каде што можеме сите да се обединиме, каде веќе не постои религија, филозофија и ништо друго. Едноставно каде и да ги соберете поетите се друго исчезнува и ние стануваме заедништво. Историјата постојано не раздвојува, а поезијата постојано не потсетува дека, пред се, сме луѓе.

Би сакал и да ја изразам мојата благодарност, која сметам дека не доволно сум ја искажал и второ дека не постои мала земја и оти насекаде има големи поети. Тука од секогаш го има тоа присуство почнувајќи од Браќата Миладиновци се до денешен ден. И треба да се борите или сите да се бориме за илузиите на модерниот свет на некој начин да не ги задушат тие поетски сили, вели во интервју за МИА, годинешниот лауреат на Златен венец на СВП, францускиот поет Жан Пјер Симеон.

Добитник сте на највисокото признание на СВП и се вброивте во низата светските поетски великани. Што значи за вас „Златниот венец“ и какво е чувството да сте носител на највисокото признание на Меѓународниот поетски фестивал?

Признанието многу ми значи. Покрај бројните награди кои имам добиено, од кои повеќето во Франција, „Златниот венец“ го носи престижот во себе. Сите поети што претходно ја добиле наградата ги имам прочитано уште во мојата младост, вклучувајќи го и Влада Урошевиќ кој исто така е голем поет. Тука се и Јанис Рицос, Пабло Неруда Јосиф Бродски, Ален Гинзберг.

Никогаш не замислував дека еден ден ќе бидам до сите тие големи луѓе, великани. Еден поет и пошироко, еден писател или уметник никогаш не знае тоа што ќе го напише, направи, дали навистина вреди. Од тие причини многу се важни надворешните луѓе, кои можат да донесат признанија. Можат да му кажат дали тоа што го напишал е вредно и каква е вредноста.

Трет пат сте тука, кои се вашите импресии за македонската поезија, историја, традиција, за Македонија и Струга?

Земјава ја запознав благодарение на Јордан Плевнеш, кога беше амбасадор во Париз. Тој со многу жар проговори за неговата држава. Непознавајќи ја станав љубопитен затоа што тој ми говореше со многу жар во однос на целата земја и така добив желба да дојдам да ја запознаам. Многу научив за историјата. Има многу работи кои не ги познавав од македонската историја. Трет пат доаѓам во Струга, на Струшките вечери на поезијата. Двапати сум бил како поет гостин, а сега и како лауреат.

Дојдовме со возило. Се шетавме посетивме доста предели. Она што секогаш ме фрапираше тоа е силниот карактер на убавината на природата. Исклучително фрапантно е кога одите од Скопје кон Струга поминувате низ планини, шуми, реки и наеднаш доаѓате пред отвореноста и убавината на езерото и тоа е навистина исклучително.Мноштво култури се присутни тука. Сметам дека тоа е големо богатство, тоа мешање на културите, но притоа може да има и тешкотии понекогаш.

извор: МИА

The post Жан Пјер Симеон: Треба да се бориме за илузиите на модерниот свет да не ги задушат поетските сили appeared first on Република.

]]>

Поезијата е местото каде што можеме сите да се обединиме, каде веќе не постои религија, филозофија и ништо друго. Едноставно каде и да ги соберете поетите се друго исчезнува и ние стануваме заедништво. Историјата постојано не раздвојува, а поезијата постојано не потсетува дека, пред се, сме луѓе. Би сакал и да ја изразам мојата благодарност, која сметам дека не доволно сум ја искажал и второ дека не постои мала земја и оти насекаде има големи поети. Тука од секогаш го има тоа присуство почнувајќи од Браќата Миладиновци се до денешен ден. И треба да се борите или сите да се бориме за илузиите на модерниот свет на некој начин да не ги задушат тие поетски сили, вели во интервју за МИА, годинешниот лауреат на Златен венец на СВП, францускиот поет Жан Пјер Симеон.
Добитник сте на највисокото признание на СВП и се вброивте во низата светските поетски великани. Што значи за вас „Златниот венец“ и какво е чувството да сте носител на највисокото признание на Меѓународниот поетски фестивал?
Признанието многу ми значи. Покрај бројните награди кои имам добиено, од кои повеќето во Франција, „Златниот венец“ го носи престижот во себе. Сите поети што претходно ја добиле наградата ги имам прочитано уште во мојата младост, вклучувајќи го и Влада Урошевиќ кој исто така е голем поет. Тука се и Јанис Рицос, Пабло Неруда Јосиф Бродски, Ален Гинзберг. Никогаш не замислував дека еден ден ќе бидам до сите тие големи луѓе, великани. Еден поет и пошироко, еден писател или уметник никогаш не знае тоа што ќе го напише, направи, дали навистина вреди. Од тие причини многу се важни надворешните луѓе, кои можат да донесат признанија. Можат да му кажат дали тоа што го напишал е вредно и каква е вредноста.
Трет пат сте тука, кои се вашите импресии за македонската поезија, историја, традиција, за Македонија и Струга?
Земјава ја запознав благодарение на Јордан Плевнеш, кога беше амбасадор во Париз. Тој со многу жар проговори за неговата држава. Непознавајќи ја станав љубопитен затоа што тој ми говореше со многу жар во однос на целата земја и така добив желба да дојдам да ја запознаам. Многу научив за историјата. Има многу работи кои не ги познавав од македонската историја. Трет пат доаѓам во Струга, на Струшките вечери на поезијата. Двапати сум бил како поет гостин, а сега и како лауреат. Дојдовме со возило. Се шетавме посетивме доста предели. Она што секогаш ме фрапираше тоа е силниот карактер на убавината на природата. Исклучително фрапантно е кога одите од Скопје кон Струга поминувате низ планини, шуми, реки и наеднаш доаѓате пред отвореноста и убавината на езерото и тоа е навистина исклучително.Мноштво култури се присутни тука. Сметам дека тоа е големо богатство, тоа мешање на културите, но притоа може да има и тешкотии понекогаш.
извор: МИА

The post Жан Пјер Симеон: Треба да се бориме за илузиите на модерниот свет да не ги задушат поетските сили appeared first on Република.

]]>
Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП https://republika.mk/vesti/kultura/so-megunaroden-poetski-miting-pred-msu-zavrshuva-63-izdanie-na-svp/ Mon, 26 Aug 2024 07:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=810133

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје денеска завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата Т`га за југ, прв пат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на Фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

 

The post Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП appeared first on Република.

]]>

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје денеска завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети. Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата Т`га за југ, прв пат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на Фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“. Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.  

The post Со Меѓународен поетски митинг пред МСУ завршува 63. издание на СВП appeared first on Република.

]]>
Со врачување на наградите и поетското читање „Мостови“ свечено се затворија „Струшките вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-vrachuvane-na-nagradite-i-poetskoto-chitane-mostovi-svecheno-se-zatvorija-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Mon, 26 Aug 2024 07:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=810129

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада Струга“ свечено се затворија 63-тите „Струшки вечери на поезијата“.

Свеченото затворање на манифестацијата и годинава традиционално се одржа на Мостот на поезијата и беше проследено со спектакуларен огномет.

Претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, му го врачи „Златниот венец“ на лауреатот, францускиот поет Жан Пјер Симеон.

Ако песната е срцето на животот што бие, Струга, во срцето на милениумската Европа, е срцето на поезијата што бие. И ако треба да изразам благодарност оваа вечер, тоа секако ќе биде за огромната чест што ми е направена, но, исто така и пред сè, во името на сите поети кон оние кои, во оваа природна песна од планини, шуми, езера – во Македонија, ја држат високо крената светилката на поезијата. Затоа, „Струшките вечери на поезијата“ се мугрите на срцето и на духот - изјави лауреатот Жан-Пјер Симеон.

Глигор Стојковски ѝ ја врачи наградата „Браќа Миладиновци“ на поетесата Катица Ќулавкова, за поетската збирка „Небото ми е дом“.

Наградата „Мостови на Струга” за најдобра дебитантска поетска збирка годинава ја понесе поетесата Катрин Пиц од Германија, за збирката „Вакви денови имало отсекогаш“, а наградата ѝ ја врачи директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски.

Наградата „Млада Струга“ ѝ беше врачена на поетасата Филипа Сара Попова за збирката „Скршен терариум“.

Манифестацијата продолжи со меѓународно поетско читање „Мостови“, на кое настапија бројни странски и македонски поети.

Фестивалот продолжува денеска, со настанот „Поезија на пат“, каде што поетите ќе се претстават во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево (12 часот), а официјалното затворање ќе се случи на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје со меѓународен поетски митинг (20:30 часот).

Мотото на годинашниот фестивал е „Допир на убавината“.

The post Со врачување на наградите и поетското читање „Мостови“ свечено се затворија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада Струга“ свечено се затворија 63-тите „Струшки вечери на поезијата“. Свеченото затворање на манифестацијата и годинава традиционално се одржа на Мостот на поезијата и беше проследено со спектакуларен огномет. Претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, му го врачи „Златниот венец“ на лауреатот, францускиот поет Жан Пјер Симеон.
Ако песната е срцето на животот што бие, Струга, во срцето на милениумската Европа, е срцето на поезијата што бие. И ако треба да изразам благодарност оваа вечер, тоа секако ќе биде за огромната чест што ми е направена, но, исто така и пред сè, во името на сите поети кон оние кои, во оваа природна песна од планини, шуми, езера – во Македонија, ја држат високо крената светилката на поезијата. Затоа, „Струшките вечери на поезијата“ се мугрите на срцето и на духот - изјави лауреатот Жан-Пјер Симеон.
Глигор Стојковски ѝ ја врачи наградата „Браќа Миладиновци“ на поетесата Катица Ќулавкова, за поетската збирка „Небото ми е дом“. Наградата „Мостови на Струга” за најдобра дебитантска поетска збирка годинава ја понесе поетесата Катрин Пиц од Германија, за збирката „Вакви денови имало отсекогаш“, а наградата ѝ ја врачи директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски. Наградата „Млада Струга“ ѝ беше врачена на поетасата Филипа Сара Попова за збирката „Скршен терариум“. Манифестацијата продолжи со меѓународно поетско читање „Мостови“, на кое настапија бројни странски и македонски поети. Фестивалот продолжува денеска, со настанот „Поезија на пат“, каде што поетите ќе се претстават во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево (12 часот), а официјалното затворање ќе се случи на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје со меѓународен поетски митинг (20:30 часот). Мотото на годинашниот фестивал е „Допир на убавината“.

The post Со врачување на наградите и поетското читање „Мостови“ свечено се затворија „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Жан Пјер Симеон, добитиник на „Златен венец“ на СВП: Поезијата да се стави во срцето на политичката, економската и социјалната мисла https://republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-dobitinik-na-zlaten-venets-na-svp-poezijata-da-se-stavi-vo-srtseto-na-politichkata-ekonomskata-i-sotsijalnata-misla/ Sun, 25 Aug 2024 11:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=809938

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2024 година, француски поет Жан Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, продолжи 63. издание на меѓународната поетска манифестација.

Годинешниот лауреат во своето обраќање во црквата „Света Софија“ потенцираше дека поезијата мора да се сфати сериозно и да биде дел од сите сфери на живеењето.

 

– Страста за богатство и моќ денес го достигнува врвот на својата смртоносна логика: го уништува светот, го уништува човекот, ја уништува планетата. Верувам дека постои само едно решение: конечно сериозно да се сфатат поетите, поезијата да се стави во срцето на политичката, економската и социјалната мисла и да не се зема таа како упатство за употреба, ами како усогласеност со бескрајот на животот и со желбата за збратименост.

Секоја песна е потсетник на овој бескрај. Постојат јазици, култури, традиции, верувања, а неприкосновено, над сите нив е песната, која секогаш и секаде го преставува зборот на самиот народ, на човештвото, кое секаде и отсекогаш имало исти соништа, исти болки, исти прашања, исти желби и, и покрај сè, секогаш ја имало истата нестивната жед за животот. Поезијата е, очигледно, најуниверзалниот и најпостојан јазик на човештвото, таа е есперанто на човечката душа – рече Жан Пјер Симеон.

 

Лауреатот истакна дека земјава е голем негувател на пишаниот збор.

– Ако песната е срцето на животот што бие, Струга, во срцето на милениумската Европа, е срцето на поезијата што бие. И ако треба да изразам благодарност оваа вечер, тоа секако ќе биде за огромната чест што ми е направена, но, исто така и пред сè, во името на сите поети кон оние кои, во оваа природна песна од планини, шуми, езера – во Македонија, ја држат високо крената светилката на поезијата – констатираше Жан Пјер Симеон.

Претседателката на Управниот одбор, книжевната теоретичарка Елизабета Шелева  во својата беседа потенцираше дека при изборот на нов лауреат годинава сите едногласно се приклониле кон името на Жан Пјер Симеон.

– Во ова турбулентно и непредвидливо време сите сме суштински гладни за автентична и нова етика, а не само поетика. Етика, проткаена со нова надеж, нова верба, на којашто, треба да се потпреме, бидејќи сѐ наоколу оддишува со закана од распад и обезвреднување, еден комплетен и конечен апсурдизам без преседан, наспроти напредокот во науката и во техниката. Никако да се смири или отстапи злокобниот Танатос, нагонот на смртта, на деструкцијата, на поништувањето на сѐ што е благородно. И токму од таа причина, при изборот на нов лауреат годинава, сите едногласно се приклонивме кон името на Жан Пјер Симеон. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и драгоцената закрила на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната – како суверено кралство, во кое трајно живее и опстојува власта на љубовта и убавината – истакна Шелева.

Македонскиот писател, драматург и дипломат, Јордан Плевнеш потенцираше дека целото поетско, театарско и есеистичко дело на Симеон е крунисано во „Света Софија“.

– Вечерва Жан Пјер Симеон, цивилизацијата на љубовта се совпаѓа со вашето бесмртно поетско дело. Вие со вашата поезија направивте интимна поетска револуција, бидејќи ги напишавте вашите книги чие ехо се шири по меридијаните, како што се „Политика на убавината“ и „Теорија на љубовта“ и во време во кое се водат крвави војни од Украина до Газа, ја напишавте бесмртната книга со наслов „Поезијата ќе го спаси светот“, а во една од вашите последни книги која не случајно ја насловивте „Станете од гробовите“, вашата уводна песна е „Поезијата треба да владее со светот!“.   Сега со тој наслов „Станете од гробовите“, ги повикуваме сите бесмртни француски поети да бидат овде со вас во „Света Софија“. И Франсоа Вијон и Шарл Бодлер и Виктор Иго и Рене Шар и Анри Мишо и чудото на француската и светската поезија Артур Рембо за кого пред неколку години еден европски книжевен историчар тврди дека поминал низ Македонија на неговото последно патување без враќање! Сега вие сте блиску до неговите траги – истакна Плевнеш.

Поетскиот портрет заврши со композиции во изведба на македонски тенор Михајло Арсенски, во придружба на македонскиот пијанист Зоран Станишиќ.

The post Жан Пјер Симеон, добитиник на „Златен венец“ на СВП: Поезијата да се стави во срцето на политичката, економската и социјалната мисла appeared first on Република.

]]>

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2024 година, француски поет Жан Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, продолжи 63. издание на меѓународната поетска манифестација. Годинешниот лауреат во своето обраќање во црквата „Света Софија“ потенцираше дека поезијата мора да се сфати сериозно и да биде дел од сите сфери на живеењето.   – Страста за богатство и моќ денес го достигнува врвот на својата смртоносна логика: го уништува светот, го уништува човекот, ја уништува планетата. Верувам дека постои само едно решение: конечно сериозно да се сфатат поетите, поезијата да се стави во срцето на политичката, економската и социјалната мисла и да не се зема таа како упатство за употреба, ами како усогласеност со бескрајот на животот и со желбата за збратименост. Секоја песна е потсетник на овој бескрај. Постојат јазици, култури, традиции, верувања, а неприкосновено, над сите нив е песната, која секогаш и секаде го преставува зборот на самиот народ, на човештвото, кое секаде и отсекогаш имало исти соништа, исти болки, исти прашања, исти желби и, и покрај сè, секогаш ја имало истата нестивната жед за животот. Поезијата е, очигледно, најуниверзалниот и најпостојан јазик на човештвото, таа е есперанто на човечката душа – рече Жан Пјер Симеон.   Лауреатот истакна дека земјава е голем негувател на пишаниот збор. – Ако песната е срцето на животот што бие, Струга, во срцето на милениумската Европа, е срцето на поезијата што бие. И ако треба да изразам благодарност оваа вечер, тоа секако ќе биде за огромната чест што ми е направена, но, исто така и пред сè, во името на сите поети кон оние кои, во оваа природна песна од планини, шуми, езера – во Македонија, ја држат високо крената светилката на поезијата – констатираше Жан Пјер Симеон. Претседателката на Управниот одбор, книжевната теоретичарка Елизабета Шелева  во својата беседа потенцираше дека при изборот на нов лауреат годинава сите едногласно се приклониле кон името на Жан Пјер Симеон. – Во ова турбулентно и непредвидливо време сите сме суштински гладни за автентична и нова етика, а не само поетика. Етика, проткаена со нова надеж, нова верба, на којашто, треба да се потпреме, бидејќи сѐ наоколу оддишува со закана од распад и обезвреднување, еден комплетен и конечен апсурдизам без преседан, наспроти напредокот во науката и во техниката. Никако да се смири или отстапи злокобниот Танатос, нагонот на смртта, на деструкцијата, на поништувањето на сѐ што е благородно. И токму од таа причина, при изборот на нов лауреат годинава, сите едногласно се приклонивме кон името на Жан Пјер Симеон. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и драгоцената закрила на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната – како суверено кралство, во кое трајно живее и опстојува власта на љубовта и убавината – истакна Шелева. Македонскиот писател, драматург и дипломат, Јордан Плевнеш потенцираше дека целото поетско, театарско и есеистичко дело на Симеон е крунисано во „Света Софија“. – Вечерва Жан Пјер Симеон, цивилизацијата на љубовта се совпаѓа со вашето бесмртно поетско дело. Вие со вашата поезија направивте интимна поетска револуција, бидејќи ги напишавте вашите книги чие ехо се шири по меридијаните, како што се „Политика на убавината“ и „Теорија на љубовта“ и во време во кое се водат крвави војни од Украина до Газа, ја напишавте бесмртната книга со наслов „Поезијата ќе го спаси светот“, а во една од вашите последни книги која не случајно ја насловивте „Станете од гробовите“, вашата уводна песна е „Поезијата треба да владее со светот!“.   Сега со тој наслов „Станете од гробовите“, ги повикуваме сите бесмртни француски поети да бидат овде со вас во „Света Софија“. И Франсоа Вијон и Шарл Бодлер и Виктор Иго и Рене Шар и Анри Мишо и чудото на француската и светската поезија Артур Рембо за кого пред неколку години еден европски книжевен историчар тврди дека поминал низ Македонија на неговото последно патување без враќање! Сега вие сте блиску до неговите траги – истакна Плевнеш. Поетскиот портрет заврши со композиции во изведба на македонски тенор Михајло Арсенски, во придружба на македонскиот пијанист Зоран Станишиќ.

The post Жан Пјер Симеон, добитиник на „Златен венец“ на СВП: Поезијата да се стави во срцето на политичката, економската и социјалната мисла appeared first on Република.

]]>
Владо Јаневски добитник на наградата „Стојан Христов“ https://republika.mk/vesti/kultura/vlado-janevski-dobitnik-na-nagradata-stojan-hristov/ Sat, 24 Aug 2024 14:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=809750

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, а во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.

Жири-комисијата во состав Митко Гогов (претседател), Иван Шопов (член) и Игор Трпески (член) од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На грбот на неповратот“.

Поетската збирка „На грбот на неповратот“ од македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија несомнено се издвојува од останатите по квалитетот, поетскиот пристап, како и естетските вредности со кои се одликува. Јаневски пишува приказно и прецизно, стилски префинето, а стиховите се надоврзуваат ритмично, честопати со наративните тонови балансирајќи помеѓу личното и колективното, интимното и општочовечкото. Песните се испишани со куси, слободни стихови, а тоновите во нив се меланхолични, рефлексивни, на моменти мрачни, но и имплицитно бунтовни. Евидентна е и јасно видлива грижата за структурата на книгата при поделбата на пет тематски кохерентни циклуси, кои сочинуваат цврста заокружена целина - соопшти жири-комисијата.

The post Владо Јаневски добитник на наградата „Стојан Христов“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, а во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Жири-комисијата во состав Митко Гогов (претседател), Иван Шопов (член) и Игор Трпески (член) од пристигнатите пет книги, одлучи ова признание да го додели на Јаневски за поетската збирка „На грбот на неповратот“.
Поетската збирка „На грбот на неповратот“ од македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија несомнено се издвојува од останатите по квалитетот, поетскиот пристап, како и естетските вредности со кои се одликува. Јаневски пишува приказно и прецизно, стилски префинето, а стиховите се надоврзуваат ритмично, честопати со наративните тонови балансирајќи помеѓу личното и колективното, интимното и општочовечкото. Песните се испишани со куси, слободни стихови, а тоновите во нив се меланхолични, рефлексивни, на моменти мрачни, но и имплицитно бунтовни. Евидентна е и јасно видлива грижата за структурата на книгата при поделбата на пет тематски кохерентни циклуси, кои сочинуваат цврста заокружена целина - соопшти жири-комисијата.

The post Владо Јаневски добитник на наградата „Стојан Христов“ appeared first on Република.

]]>
Катица Ќулавкова: Радоста не доаѓа сама, таа може да ја засени тагата https://republika.mk/vesti/kultura/katitsa-kulavkova-radosta-ne-doaga-sama-taa-mozhe-da-ja-zaseni-tagata/ Sat, 24 Aug 2024 13:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=809739

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова продолжи програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.

Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Катица Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но е свесно устроена како целина последниве три години.

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, „Браќа Миладиновци“. Тоа беше мојата книга „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку облици копнеж, ерос или жедба: небото, стварноста, смртта, мечтата, речта и гревот. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата „Браќа Миладиновци“, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин.
Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата - рече академик Катица Ќулавкова.

За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година, за најдобра дебитантска поетска збирка, за германската поетеса Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење.

Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Катрин Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“. Би можело да се каже дека наградата „Мостови на Струга”, меѓу другото, е и еден вид меѓународна потврда на признанието „Леонсе унд Лена Преис“ што Катрин Пиц во 2021 година го има добиено и во германската книжевна средина - потенцираше Мартиновски.

За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, која ја доби Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време.

- Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата. Во неа има „жед за песна“, во нејзиното поетско битие клокотат зборови, се раѓаат здивови и извици што сакаат да го поплават и потоа одново да го изградат овој наш стар и уморен свет - истакна Танчева-Златева.

Вечерта заврши со настанот „Ноќ без интерпункција“, на кој покрај поетските читања, се одржи и поетско музички перформанс на Дино Имери и Тина Иванова, наречен „Дом“. Имери настапи со дела на Бах, Бетовен и Шопен, но и неколку негови композиции, а Иванова со нејзини текстови и со беседа од Џакомо Леопарди. Гостин на перформансот беше италијанскиот поет и писател, Клаудио Поцани.

The post Катица Ќулавкова: Радоста не доаѓа сама, таа може да ја засени тагата appeared first on Република.

]]>

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова продолжи програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Катица Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но е свесно устроена како целина последниве три години.
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, „Браќа Миладиновци“. Тоа беше мојата книга „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку облици копнеж, ерос или жедба: небото, стварноста, смртта, мечтата, речта и гревот. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата „Браќа Миладиновци“, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин. Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата - рече академик Катица Ќулавкова.
За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година, за најдобра дебитантска поетска збирка, за германската поетеса Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење.
Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Катрин Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“. Би можело да се каже дека наградата „Мостови на Струга”, меѓу другото, е и еден вид меѓународна потврда на признанието „Леонсе унд Лена Преис“ што Катрин Пиц во 2021 година го има добиено и во германската книжевна средина - потенцираше Мартиновски.
За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, која ја доби Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време.
- Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата. Во неа има „жед за песна“, во нејзиното поетско битие клокотат зборови, се раѓаат здивови и извици што сакаат да го поплават и потоа одново да го изградат овој наш стар и уморен свет - истакна Танчева-Златева.
Вечерта заврши со настанот „Ноќ без интерпункција“, на кој покрај поетските читања, се одржи и поетско музички перформанс на Дино Имери и Тина Иванова, наречен „Дом“. Имери настапи со дела на Бах, Бетовен и Шопен, но и неколку негови композиции, а Иванова со нејзини текстови и со беседа од Џакомо Леопарди. Гостин на перформансот беше италијанскиот поет и писател, Клаудио Поцани.

The post Катица Ќулавкова: Радоста не доаѓа сама, таа може да ја засени тагата appeared first on Република.

]]>
Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/poetski-portret-na-laureatot-na-svp-zhan-pjer-simeon-vecherva-vo-tsrkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ Sat, 24 Aug 2024 11:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=809677

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација.

Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година.

На Струшките вечери на поезијата синоќа беа претставени портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова.

Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но, според неа, е свесно устроена како целина последниве три години.

- Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин. Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата, рече Ќулавкова.

За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење.

- Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски.

За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време.

- Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата, рече Танчева-Златева.

Струшките вечери на поезијата завршуваат утре со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, “,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова.

The post Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација. Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година. На Струшките вечери на поезијата синоќа беа претставени портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова. Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но, според неа, е свесно устроена како целина последниве три години. - Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин. Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата, рече Ќулавкова. За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење. - Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски. За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време. - Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата, рече Танчева-Златева. Струшките вечери на поезијата завршуваат утре со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, “,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова.

The post Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Милован Стефановски, приредувач на Антологијата „Од поети за поети“: Имаме видливо сериозна продукција и на стихови посветени на други колеги поети https://republika.mk/vesti/kultura/milovan-stefanovski-prireduvach-na-antologijata-od-poeti-za-poeti-imame-vidlivo-seriozna-produktsija-i-na-stihovi-posveteni-na-drugi-kolegi-poeti/ Sat, 24 Aug 2024 11:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=809696

Промовирана Антологијата „Од поети за поети“, во избор на македонскиот поет Милован Стефановски на „Струшките вечери на поезијата“.

На летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ беа претставени избор на посветени песни од современите македонски поет, под заеднички наслов „Од поети за поети“. Застапени се претставници на сите генерации, вкупно 53 поети од кои десет се поетеси, со околу три илјади и петстотини избрани стихови.

Во првиот циклус насловен како „А верба кога има и преродба ќе има“ со поднаслов „Стихови за првенците, темелниците“, застапени се шеснаесет поети со вкупно дваесет и пет песни. Македонските поети (од С. Јаневски до С. Ѓ. Димоски) своите стихови им ги имаат дарувано на своите значајни претходници: Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Никола Ј. Вапцаров и Кочо Рацин.

Во вториот циклус се опфатени песни посветени на Блаже Конески. Во неговиот лик и дело инспирација наоѓаат македонските поети од сите генерации, почнувајќи од неговите врсници, од неговата генерација и тие блиску до неа, па сè до најмладите. Така, во овој избор се вклучени четириесет и две песни од дваесет и девет македонски поети.

Третиот и последен циклус на овој избор е најобемен, има триесет и осум застапени поети со вкупно осумдесет и четири песни. Овие поети заедно имаат посветено песни на други триесет и тројца македонски поети (најмногу на Гане Тодоровски, Анте Поповски и на Петре М. Андреевски – по девет песни, на Михаил Ренџов седум, а на Ацо Шопов, Радован Павловски и на Богомил Ѓузел по пет песни).

Во тековите на современата македонска поезија пак, почнувајќи од средината на минатиот век, поточно со појавата на првите книги песни од првата и втората генерација македонски поети, па во сите децении наваму вклучувајќи ги и овие две од новиот милениум, имаме видливо сериозна продукција и на стихови посветени на други поети. На почетокот таков е примерот со поетите Блаже Конески, Славко Јаневски, Србо Ивановски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски кои, во најчест случај, свои стихови им посветуваа на своите претходници односно на преродбениците, за подоцна, особено со профилирањето на претставниците на исклучително талентираната трета поетска генерација во современата македонска поезија, да зачестат објави на песни посветени на свои колеги поети. Тој вид на инспиративна жилка мошне бележито и со видлива полнокрвност, како во периодиката така и во публикувањето на одделни стихозбирки, продолжи да се протега од почетокот на шеесеттите години на минатиот век, па сè до почетокот на третата деценија од новиот милениум, односно до денес - вели  Милован Стефановски осврнувајќи се на Антологијата „Од поети за поети“.

The post Милован Стефановски, приредувач на Антологијата „Од поети за поети“: Имаме видливо сериозна продукција и на стихови посветени на други колеги поети appeared first on Република.

]]>

Промовирана Антологијата „Од поети за поети“, во избор на македонскиот поет Милован Стефановски на „Струшките вечери на поезијата“. На летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ беа претставени избор на посветени песни од современите македонски поет, под заеднички наслов „Од поети за поети“. Застапени се претставници на сите генерации, вкупно 53 поети од кои десет се поетеси, со околу три илјади и петстотини избрани стихови. Во првиот циклус насловен како „А верба кога има и преродба ќе има“ со поднаслов „Стихови за првенците, темелниците“, застапени се шеснаесет поети со вкупно дваесет и пет песни. Македонските поети (од С. Јаневски до С. Ѓ. Димоски) своите стихови им ги имаат дарувано на своите значајни претходници: Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Никола Ј. Вапцаров и Кочо Рацин. Во вториот циклус се опфатени песни посветени на Блаже Конески. Во неговиот лик и дело инспирација наоѓаат македонските поети од сите генерации, почнувајќи од неговите врсници, од неговата генерација и тие блиску до неа, па сè до најмладите. Така, во овој избор се вклучени четириесет и две песни од дваесет и девет македонски поети. Третиот и последен циклус на овој избор е најобемен, има триесет и осум застапени поети со вкупно осумдесет и четири песни. Овие поети заедно имаат посветено песни на други триесет и тројца македонски поети (најмногу на Гане Тодоровски, Анте Поповски и на Петре М. Андреевски – по девет песни, на Михаил Ренџов седум, а на Ацо Шопов, Радован Павловски и на Богомил Ѓузел по пет песни).
Во тековите на современата македонска поезија пак, почнувајќи од средината на минатиот век, поточно со појавата на првите книги песни од првата и втората генерација македонски поети, па во сите децении наваму вклучувајќи ги и овие две од новиот милениум, имаме видливо сериозна продукција и на стихови посветени на други поети. На почетокот таков е примерот со поетите Блаже Конески, Славко Јаневски, Србо Ивановски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски кои, во најчест случај, свои стихови им посветуваа на своите претходници односно на преродбениците, за подоцна, особено со профилирањето на претставниците на исклучително талентираната трета поетска генерација во современата македонска поезија, да зачестат објави на песни посветени на свои колеги поети. Тој вид на инспиративна жилка мошне бележито и со видлива полнокрвност, како во периодиката така и во публикувањето на одделни стихозбирки, продолжи да се протега од почетокот на шеесеттите години на минатиот век, па сè до почетокот на третата деценија од новиот милениум, односно до денес - вели  Милован Стефановски осврнувајќи се на Антологијата „Од поети за поети“.

The post Милован Стефановски, приредувач на Антологијата „Од поети за поети“: Имаме видливо сериозна продукција и на стихови посветени на други колеги поети appeared first on Република.

]]>
Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/muzichko-poetskiot-performans-dom-koj-e-sorabotka-pomegu-maestro-dino-imeri-i-muzikologot-i-pisatelkata-tina-ivanova-vecherva-na-strushki-vecheri-na-poezijata/ Fri, 23 Aug 2024 10:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=809401

Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова ќе се одржи вечерва во рамките на „Струшки вечери на поезијата“.

Станува збор за уникатен, авторски спој од текст (поезија и проза) и музика (авторска и класична), кој носи новитети на музичката и културната сцена во Македонија.

„Дом“ се темели на поетски стихови чија основна нишка е љубовта гледана низ нејзината универзална призма. Односно, моќните пораки коишто таа ги носи со себе, наспроти омразата и злото што го окупираат светот.

Во рамките на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, ќе бидат изведени неколку авторски песни, како и еден сегмент од беседа на италијанскиот писател и поет Џакомо Леопарди

The post Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова ќе се одржи вечерва во рамките на „Струшки вечери на поезијата“.

Станува збор за уникатен, авторски спој од текст (поезија и проза) и музика (авторска и класична), кој носи новитети на музичката и културната сцена во Македонија.

„Дом“ се темели на поетски стихови чија основна нишка е љубовта гледана низ нејзината универзална призма. Односно, моќните пораки коишто таа ги носи со себе, наспроти омразата и злото што го окупираат светот.

Во рамките на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, ќе бидат изведени неколку авторски песни, како и еден сегмент од беседа на италијанскиот писател и поет Џакомо Леопарди

The post Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ https://republika.mk/vesti/kultura/portreti-na-dobitnitsite-na-nagradite-mostovi-na-struga-braka-miladinovtsi-i-mlada-struga/ Fri, 23 Aug 2024 07:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=809263

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.

Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“.

Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

 

The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.

]]>

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“. Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид. Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.  

The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.

]]>
Жан Пјер Симеон, лауреат на Златниот венец на СВП: Поезијата мора сите да нѐ заинтересира зошто таа не се состои само од песни, таа е начин на живот https://republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-laureat-na-zlatniot-venets-na-svp-poezijata-mora-site-da-n-zainteresira-zoshto-taa-ne-se-sostoi-samo-od-pesni-taa-e-nachin-na-zhivot/ Thu, 22 Aug 2024 23:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=809227

Пред свеченото отворање на годинешното 63. издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, годинешниот лауреат на Златниот венец, францускиот поет Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата, а потоа присуствуваше на традиционалната пред конференција.

Сметам дека не живееме на правилен начин. Нашите животи ни се земаат од рака и поезијата е на некој начин нешто што ни кажува на сите нас дека имаме право апсолутно целосно да го живееме својот живот. Не само да постоиме во некакви улоги, да имаме обврски, ниту, пак, да бидеме робови на општествените барања. Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави апсолутноста на животот. Постојат многу начини на коишто тоа можеме да го направиме. Љубовта е само еден пример, еден од најдобрите примери, изјави добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, на денешната прес-конференција во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.

Симеон посочи дека е почестен што го добива ова големо признание од областа на поезијата, на светско ниво.

Навистина ми е многу мило што сум тука и, како што ќе претпоставите, почестен сум и горд сум што сум дел од овој фестивал како лауреат на оваа позната светска манифестација. Знам дека големите поети, великаните дошле тука токму во Струга за овој фестивал. Малку се срамам кога стојам покрај нив. Навистина ми претставува огромна чест и одговорност затоа што не зборувам само за мојата поезија и за мојот живот, туку зборувам за важноста на поезијата во нашите животи, заедничките животи во општеството. Моето творештво во изминативе години имаше за цел на сите да им покаже дека поезијата мора сите да нѐ заинтересира затоа што таа не се состои само од песни. Поезијата е начин на живот, начин на постоење. Начин на живот кон којшто сите треба да се стремиме. Кон слободата, братството. Сметам дека тоа треба да биде цел на сите нас. Мислам дека тука во Македонија, со овој фестивал, кој е толку добро познат низ целиот свет, исклучително важно е за сите поети низ целиот свет овој фестивал да постои, рече Жан Пјер Симеон.

На средбата со новинарите беше презентиран и дел од излагањето на претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева, која Жан Пјер Симеон го нарече комплексна творечка фигура на светската поетска сцена.

Жан Пјер Симеон е ценет поет, но и автор со широк распон на својот творечки потенцијал, што го прави навистина интригантен и реализиран, во неколку жанровски подрачја. Тој е ценет како поет, признаен и се’стран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на љубовта и убавината, истакнува Шелева.

Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон истакна:

Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет.

Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.

Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар.

Предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки.

Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs).

За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година.

Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература.

The post Жан Пјер Симеон, лауреат на Златниот венец на СВП: Поезијата мора сите да нѐ заинтересира зошто таа не се состои само од песни, таа е начин на живот appeared first on Република.

]]>

Пред свеченото отворање на годинешното 63. издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, годинешниот лауреат на Златниот венец, францускиот поет Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата, а потоа присуствуваше на традиционалната пред конференција.
Сметам дека не живееме на правилен начин. Нашите животи ни се земаат од рака и поезијата е на некој начин нешто што ни кажува на сите нас дека имаме право апсолутно целосно да го живееме својот живот. Не само да постоиме во некакви улоги, да имаме обврски, ниту, пак, да бидеме робови на општествените барања. Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави апсолутноста на животот. Постојат многу начини на коишто тоа можеме да го направиме. Љубовта е само еден пример, еден од најдобрите примери, изјави добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, на денешната прес-конференција во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.
Симеон посочи дека е почестен што го добива ова големо признание од областа на поезијата, на светско ниво.
Навистина ми е многу мило што сум тука и, како што ќе претпоставите, почестен сум и горд сум што сум дел од овој фестивал како лауреат на оваа позната светска манифестација. Знам дека големите поети, великаните дошле тука токму во Струга за овој фестивал. Малку се срамам кога стојам покрај нив. Навистина ми претставува огромна чест и одговорност затоа што не зборувам само за мојата поезија и за мојот живот, туку зборувам за важноста на поезијата во нашите животи, заедничките животи во општеството. Моето творештво во изминативе години имаше за цел на сите да им покаже дека поезијата мора сите да нѐ заинтересира затоа што таа не се состои само од песни. Поезијата е начин на живот, начин на постоење. Начин на живот кон којшто сите треба да се стремиме. Кон слободата, братството. Сметам дека тоа треба да биде цел на сите нас. Мислам дека тука во Македонија, со овој фестивал, кој е толку добро познат низ целиот свет, исклучително важно е за сите поети низ целиот свет овој фестивал да постои, рече Жан Пјер Симеон.
На средбата со новинарите беше презентиран и дел од излагањето на претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева, која Жан Пјер Симеон го нарече комплексна творечка фигура на светската поетска сцена.
Жан Пјер Симеон е ценет поет, но и автор со широк распон на својот творечки потенцијал, што го прави навистина интригантен и реализиран, во неколку жанровски подрачја. Тој е ценет како поет, признаен и се’стран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на љубовта и убавината, истакнува Шелева.
Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш. Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон истакна:
Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет. Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.
Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар. Предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки. Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs). За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година. Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература.

The post Жан Пјер Симеон, лауреат на Златниот венец на СВП: Поезијата мора сите да нѐ заинтересира зошто таа не се состои само од песни, таа е начин на живот appeared first on Република.

]]>
Љутков: 63 години поети од целиот свет од Струга испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури! https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-63-godini-poeti-od-tseliot-svet-od-struga-isprakaat-jasna-poraka-do-svetot-deka-ne-postojat-mali-i-golemi-jazitsi-mali-i-golemi-kulturi/ Thu, 22 Aug 2024 23:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=809222

63. издание на „Струшки вечери на поезијата“ официјално го прогласи за отворено министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека низ годините на фестивалот биле дел најкултните светски, поетски имиња.

Момчето Артур има рипка Леона која умира од досада. За да ја спаси, мајка му го советува да ѝ подари песна. Звучи едноставно – но Артур нема поим што е песна, па ги обиколува семејството и познаниците трагајќи по одговорот. Секој што го сретнува песната ја дефинира на некој свој начин. Канаринецот му рекол:
„Песна ти е она
Кога зборовите ќе замавнат со крилјата“
Баба му му вели:
„Кога ќе го навлечеш,
мој Артуре, стариот џемпер наопаку,
тој ти е како нов.
Песната ги извртува и пресвртува зборовите
и оп, светот станува нов.“

Дозволете ми, со сегмент од перцепцијата на поезијата од годинашниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата“, Жан-Пјер Симеон, да ви пожелам топло добредојде во Струга, во Македонија. Вечерва го одбележуваме почетокот на 63-тото издание на оваа престижна манифестација, која благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија. Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани, тие се динамична и жива антологија на светската поезија. Слободно можеме да констатираме дека оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светска културна јавност. Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме.
Во изминатиот период Струшките вечери на поезијата ги овенчаа најзначајните поети на 20 и 21 век, како: Неруда, Бродски, Ружевич, Гинзберг, Амихај, Дарвиш, Хјуз, Ко Ун, а за некои автори токму Златниот венец беше вовед кон најголемото светско книжевно признание – Нобеловата награда за литература. Дозволете ми во оваа пригода да го изразам моето големо задоволство што оваа година на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ ѝ се придружува и добитникот на Златниот венец на поезијата за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, кој: „Го ослободува јазикот од јаловината и пресоздава јазик, наменет да соопшти, да пренесе, зборовен пејзаж богат со резонанции и метафорични споеви.“
За нас е голема чест што г. Жан-Пјер Симеон е вечерва со нас и што Струга и Македонија ќе бидат негов поттик и инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од ова големо срце на Балканот.
Над шест децении познатата песна „Т'га за југ“ од корифејот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов, е светска химна за топлината внатре, во духот на човекот и различните цивилизации. Затоа, вечерва ќе посакам, заеднички да доживееме уште многу успешни изданија на меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската Влада, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности. Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор.
Уште многу години творечкиот дух нека говори од Мостовите на Струга!
Ги прогласувам шеесет и третите „Струшки вечери на поезијата“ за отворени!, рече минисетрот Зоран Љутков.

The post Љутков: 63 години поети од целиот свет од Струга испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури! appeared first on Република.

]]>

63. издание на „Струшки вечери на поезијата“ официјално го прогласи за отворено министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека низ годините на фестивалот биле дел најкултните светски, поетски имиња.
Момчето Артур има рипка Леона која умира од досада. За да ја спаси, мајка му го советува да ѝ подари песна. Звучи едноставно – но Артур нема поим што е песна, па ги обиколува семејството и познаниците трагајќи по одговорот. Секој што го сретнува песната ја дефинира на некој свој начин. Канаринецот му рекол: „Песна ти е она Кога зборовите ќе замавнат со крилјата“ Баба му му вели: „Кога ќе го навлечеш, мој Артуре, стариот џемпер наопаку, тој ти е како нов. Песната ги извртува и пресвртува зборовите и оп, светот станува нов.“ Дозволете ми, со сегмент од перцепцијата на поезијата од годинашниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата“, Жан-Пјер Симеон, да ви пожелам топло добредојде во Струга, во Македонија. Вечерва го одбележуваме почетокот на 63-тото издание на оваа престижна манифестација, која благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија. Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани, тие се динамична и жива антологија на светската поезија. Слободно можеме да констатираме дека оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светска културна јавност. Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме. Во изминатиот период Струшките вечери на поезијата ги овенчаа најзначајните поети на 20 и 21 век, како: Неруда, Бродски, Ружевич, Гинзберг, Амихај, Дарвиш, Хјуз, Ко Ун, а за некои автори токму Златниот венец беше вовед кон најголемото светско книжевно признание – Нобеловата награда за литература. Дозволете ми во оваа пригода да го изразам моето големо задоволство што оваа година на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ ѝ се придружува и добитникот на Златниот венец на поезијата за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, кој: „Го ослободува јазикот од јаловината и пресоздава јазик, наменет да соопшти, да пренесе, зборовен пејзаж богат со резонанции и метафорични споеви.“ За нас е голема чест што г. Жан-Пјер Симеон е вечерва со нас и што Струга и Македонија ќе бидат негов поттик и инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од ова големо срце на Балканот. Над шест децении познатата песна „Т'га за југ“ од корифејот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов, е светска химна за топлината внатре, во духот на човекот и различните цивилизации. Затоа, вечерва ќе посакам, заеднички да доживееме уште многу успешни изданија на меѓународната манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската Влада, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности. Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор. Уште многу години творечкиот дух нека говори од Мостовите на Струга! Ги прогласувам шеесет и третите „Струшки вечери на поезијата“ за отворени!, рече минисетрот Зоран Љутков.

The post Љутков: 63 години поети од целиот свет од Струга испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури! appeared first on Република.

]]>
Веле Смилевски, автор на поетската порака на СВП: Пораките на поетите од сите меридијани ги запознаваат и зближуваат народите, литературите и културите од светот https://republika.mk/vesti/kultura/vele-smilevski-avtor-na-poetskata-poraka-na-svp-porakite-na-poetite-od-site-meridijani-gi-zapoznavaat-i-zblizhuvaat-narodite-literaturite-i-kulturite-od-svetot/ Thu, 22 Aug 2024 23:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=809218

На вечерашното свечено отворање на најстариот поетски фестивал во светот „Струшките вечери на поезијата“, поетската порака ја испрати македонскиот писател Веле Смилевски, кој посебен акцент стави на годинешниот лауреат на „Златниот венец“,  Жан Пјер Симеон.

Почитувано поетско собрание, „Струшките вечери на поезијата“ во изминатите децении одиграа значајна улога во одржувањето на чувството за потреба од пораките на поетите од сите меридијани, во мисија за запознавање и зближување на народите, литературите и културите од светот. Таа мисија ѝ овозможува на поезијата да биде составен дел на животот со улога која, овогодишниот добитник на наградата „Златен венец“, францускиот поет Жан Пјер Симеон, смело ја истакнува во својата песна со наслов „Поезијата треба да владее со светот“. Во својата порака лауреатот вели: „Поезијата е, всушност, одбрана на целото човештво против оние што го поседуваат и владеат со светот. Свет кој секојдневно е исполнет со убиства, масакри, деструкции. Свет кој го уништува оној живот за кој поезијата сонува, во својата потрага по идеалната слобода во кој ќе владее љубовта.“ ,рече Смилевски.

Тој подвлече дека и покрај скептицизмот дека ова не е време за поезија и дека поезијата е потисната во овој бескрупулозен свет одговорен за ужаси, страдања, страв и неизвесност за својата иднина, факт е дека силата на поезијата е во проникливата и истрајна потрага по смислата на животот, а токму во тоа е надежта која е жива и животворна.

Никогаш последна песна. Всушност сите ние ја живееме вечноста на мигот. Богати и пребогати со мислата дека можеби ќе бидат разбрани пораките кои секоја година од овде, од градот на браќата Миладиновци ги испраќаат десетици поети од целиот свет со полни грстови надеж кој совршено се римува со овој волшебен простор крај езерото и реката, со оваа убавина која природата со сета раскош ја растурила, заврши Смилевски.

 

The post Веле Смилевски, автор на поетската порака на СВП: Пораките на поетите од сите меридијани ги запознаваат и зближуваат народите, литературите и културите од светот appeared first on Република.

]]>

На вечерашното свечено отворање на најстариот поетски фестивал во светот „Струшките вечери на поезијата“, поетската порака ја испрати македонскиот писател Веле Смилевски, кој посебен акцент стави на годинешниот лауреат на „Златниот венец“,  Жан Пјер Симеон.
Почитувано поетско собрание, „Струшките вечери на поезијата“ во изминатите децении одиграа значајна улога во одржувањето на чувството за потреба од пораките на поетите од сите меридијани, во мисија за запознавање и зближување на народите, литературите и културите од светот. Таа мисија ѝ овозможува на поезијата да биде составен дел на животот со улога која, овогодишниот добитник на наградата „Златен венец“, францускиот поет Жан Пјер Симеон, смело ја истакнува во својата песна со наслов „Поезијата треба да владее со светот“. Во својата порака лауреатот вели: „Поезијата е, всушност, одбрана на целото човештво против оние што го поседуваат и владеат со светот. Свет кој секојдневно е исполнет со убиства, масакри, деструкции. Свет кој го уништува оној живот за кој поезијата сонува, во својата потрага по идеалната слобода во кој ќе владее љубовта.“ ,рече Смилевски.
Тој подвлече дека и покрај скептицизмот дека ова не е време за поезија и дека поезијата е потисната во овој бескрупулозен свет одговорен за ужаси, страдања, страв и неизвесност за својата иднина, факт е дека силата на поезијата е во проникливата и истрајна потрага по смислата на животот, а токму во тоа е надежта која е жива и животворна.
Никогаш последна песна. Всушност сите ние ја живееме вечноста на мигот. Богати и пребогати со мислата дека можеби ќе бидат разбрани пораките кои секоја година од овде, од градот на браќата Миладиновци ги испраќаат десетици поети од целиот свет со полни грстови надеж кој совршено се римува со овој волшебен простор крај езерото и реката, со оваа убавина која природата со сета раскош ја растурила, заврши Смилевски.
 

The post Веле Смилевски, автор на поетската порака на СВП: Пораките на поетите од сите меридијани ги запознаваат и зближуваат народите, литературите и културите од светот appeared first on Република.

]]>
Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! https://republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-zasadi-drvo-vo-parkot-na-poezijata-vo-struga-nikogash-dosega-ne-sum-sadel-drvja-no-sum-posadil-mnogu-pesni/ Thu, 22 Aug 2024 13:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=809104

Јас досега во мојот живот никогаш не сум садел дрвја до ден денешен, но го познавам тој чин бидејќи сум посадил многу песни во мојот живот и тоа е речиси исто, рече Жан Пјер Симеон, годинашниот лауреат на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезија утринава додека засади дрво во паркот на поезијата во Струга.

Песната, не е ли и таа едно мало дрвце кое го садиме во интимната градина на читателот и кое расте спокојно пред да ги даде своите плодови?

Има исто толку видови на песни колку што има видови на дрвја, повеќето од нив се плодородни дрвја, има песни бонсаи кои служат како украси, песни како дрвото Баобаб како што е Божествената комедија, песни кои се толку обвиени во недоброј лисја за да се засолнат вљубените, песни што се разнесени од бурите, песни без цветови, но гнезда за безброј птици, песни суви и голи кои што можат да им го покажат патот на скитниците.

И на крајот има такви песни кои расцутуваат одеднаш на секоја посета од читателот, токму такви песни какви што ние сите сонуваме да ги напишеме!, рече Симеон.

На ова место се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга.

Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

Струга има свој мост, Дом и Парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива – рече Симеон.

Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија  е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

The post Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! appeared first on Република.

]]>

Јас досега во мојот живот никогаш не сум садел дрвја до ден денешен, но го познавам тој чин бидејќи сум посадил многу песни во мојот живот и тоа е речиси исто, рече Жан Пјер Симеон, годинашниот лауреат на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезија утринава додека засади дрво во паркот на поезијата во Струга.
Песната, не е ли и таа едно мало дрвце кое го садиме во интимната градина на читателот и кое расте спокојно пред да ги даде своите плодови? Има исто толку видови на песни колку што има видови на дрвја, повеќето од нив се плодородни дрвја, има песни бонсаи кои служат како украси, песни како дрвото Баобаб како што е Божествената комедија, песни кои се толку обвиени во недоброј лисја за да се засолнат вљубените, песни што се разнесени од бурите, песни без цветови, но гнезда за безброј птици, песни суви и голи кои што можат да им го покажат патот на скитниците. И на крајот има такви песни кои расцутуваат одеднаш на секоја посета од читателот, токму такви песни какви што ние сите сонуваме да ги напишеме!, рече Симеон.
На ова место се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга. Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.
Струга има свој мост, Дом и Парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива – рече Симеон.
Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија  е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

The post Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Вечната моќ на синиот Тенгер“ на Леетив Намдагжанчивин во пресрет на отворањето на 63. издание на „Струшки вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-vechnata-mok-na-siniot-tenger-na-leetiv-namdagzhanchivin-vo-presret-na-otvoraneto-na-63-izdanie-na-strushki-vecheri-na-poezijata/ Thu, 22 Aug 2024 07:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=808916

Во пресрет на јубилејот, 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Монголија и Република Македонија, љубителите на уметноста и убавиот збор, денеска (22 август), пред свеченото отворањето на 63. Струшки вечери на поезијата, кои ќе траат до 26 август, ќе имаат можност во Струга да ја проследат и самостојната изложба на ликовниот уметник и поет, Леетив Намдагжанчивин

„Вечната моќ на синиот Тенгер“ (Eternal power of blue Тenger) е насловена самостојната изложба на Леетив Намдагжанчивин, архитект, ликовен уметник, поет преведувач и почесен генерален конзул на Монголија во Република Македонија, која ќе биде отворена вечерва во уметничката галерија “Piano Hall” во хотелот „Дрим“ во Струга (17:30 ч.), пред свеченото отворање на 63. издание на Струшките вечери на поезијата.

Пред јавноста ќе бидат изложени 26 дела, изработени претежно со акрилна боја на платно, и дела изработени во чисто калиграфско писмо со туш на специјална хартија наменета за таков тип на сликање. Повеќето од изложените дела се изработени во последните пет години додека калиграфските слики на монголското вертикално писмо според авторот се изработени пред повеќе десетици години.

 

The post Изложбата „Вечната моќ на синиот Тенгер“ на Леетив Намдагжанчивин во пресрет на отворањето на 63. издание на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на јубилејот, 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Монголија и Република Македонија, љубителите на уметноста и убавиот збор, денеска (22 август), пред свеченото отворањето на 63. Струшки вечери на поезијата, кои ќе траат до 26 август, ќе имаат можност во Струга да ја проследат и самостојната изложба на ликовниот уметник и поет, Леетив Намдагжанчивин „Вечната моќ на синиот Тенгер“ (Eternal power of blue Тenger) е насловена самостојната изложба на Леетив Намдагжанчивин, архитект, ликовен уметник, поет преведувач и почесен генерален конзул на Монголија во Република Македонија, која ќе биде отворена вечерва во уметничката галерија “Piano Hall” во хотелот „Дрим“ во Струга (17:30 ч.), пред свеченото отворање на 63. издание на Струшките вечери на поезијата. Пред јавноста ќе бидат изложени 26 дела, изработени претежно со акрилна боја на платно, и дела изработени во чисто калиграфско писмо со туш на специјална хартија наменета за таков тип на сликање. Повеќето од изложените дела се изработени во последните пет години додека калиграфските слики на монголското вертикално писмо според авторот се изработени пред повеќе десетици години.  

The post Изложбата „Вечната моќ на синиот Тенгер“ на Леетив Намдагжанчивин во пресрет на отворањето на 63. издание на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Утревечер свечено отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/svecheno-otvorane-na-63-izdanie-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Wed, 21 Aug 2024 12:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=808676

Утревечер, на 22 август во 20:30 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, ќе се одржи церемонијата на свеченото отворање на годинешното 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое традиционално започнува со поетското читање „Меридијани“.

Оваа година, церемонијата на свеченото отворање ќе се случува во големата сала на Центарот за култура, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години.

Во рамки на церемонијата на отворање е предвиден настап на нашиот познат пијанист Дино Имери, читање на поетската порака од страна на истакнатиот поет Веле Смилевски, а Фестивалот за отворен ќе го прогласи Министерот за култура, Зоран Љутков кој ќе има свое обраќање.

Во рамки на поетското читање „Меридијани“ свои стихови ќе прочитаат: добитникот на Златниот венец, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг,кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети.

Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“. Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата, соопшти организаторот.

The post Утревечер свечено отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Утревечер, на 22 август во 20:30 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, ќе се одржи церемонијата на свеченото отворање на годинешното 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое традиционално започнува со поетското читање „Меридијани“. Оваа година, церемонијата на свеченото отворање ќе се случува во големата сала на Центарот за култура, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин што ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. Со ваквото поврзување се добива импресивен волумен, кој нуди безброј можности за мултимедијални настани од различен вид. Последен пат, ова е направено пред повеќе од 30 години. Во рамки на церемонијата на отворање е предвиден настап на нашиот познат пијанист Дино Имери, читање на поетската порака од страна на истакнатиот поет Веле Смилевски, а Фестивалот за отворен ќе го прогласи Министерот за култура, Зоран Љутков кој ќе има свое обраќање. Во рамки на поетското читање „Меридијани“ свои стихови ќе прочитаат: добитникот на Златниот венец, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, добитничката на „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, добитничката на „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, истакнатиот шведски поет Бенгт Берг,кој годинава ќе биде претставен и во рамки на едицијата „Плејади“, германската поетеса Ана Хофман, турскиот поет Ѓокченур Челебиоглу, монголскиот поет Галсансух Дежидмаа како и многу други странски и домашни поети.
Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“. Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата, соопшти организаторот.

The post Утревечер свечено отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Променет сообраќаен режим во Струга за отворањето на „Струшки вечери на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/promenet-soobrakaen-rezhim-vo-struga-za-otvoraneto-na-strushki-vecheri-na-poezijata/ Tue, 20 Aug 2024 07:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=808115

Согласно законската обврска, ве известуваме дека поради подготвителни работи во врска со сценографијата и протоколот нa НУМ „Струшки вечери на поезијата“:

1.На 22.08. 2024 година во 15 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

2.На 24.8. 2024 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Свеченото затворање е предвидено за 25.8.2024 година со почеток во 20:30 часот.

За овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.

The post Променет сообраќаен режим во Струга за отворањето на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Согласно законската обврска, ве известуваме дека поради подготвителни работи во врска со сценографијата и протоколот нa НУМ „Струшки вечери на поезијата“: 1.На 22.08. 2024 година во 15 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. 2.На 24.8. 2024 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Свеченото затворање е предвидено за 25.8.2024 година со почеток во 20:30 часот. За овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.

The post Променет сообраќаен режим во Струга за отворањето на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
СВП преку мотото „Допир на убавината“ оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо https://republika.mk/vesti/kultura/svp-preku-mototo-dopir-na-ubavinata-oddava-pochit-na-inovatsijata-na-brajovoto-pismo/ Thu, 15 Aug 2024 11:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=806855

Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 22 до 26 август, објавен е плакатот и промотивното видео.

https://www.youtube.com/watch?v=AJgfBgJDCSI

Графичкиот дизајн на плакатот е дело на познатиот графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а музиката е фрагмет од Концертот на Аранхуез.

Плакатот и промотивното видео го илустрираат мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија, ДОПИР НА УБАВИНАТА. Во описот на промотивното видео се истакнува:

Мотото на годинешниот фестивал е ДОПИР НА УБАВИНАТА.Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.

 

The post СВП преку мотото „Допир на убавината“ оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата што ќе се одржи од 22 до 26 август, објавен е плакатот и промотивното видео. https://www.youtube.com/watch?v=AJgfBgJDCSI Графичкиот дизајн на плакатот е дело на познатиот графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а музиката е фрагмет од Концертот на Аранхуез. Плакатот и промотивното видео го илустрираат мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија, ДОПИР НА УБАВИНАТА. Во описот на промотивното видео се истакнува: Мотото на годинешниот фестивал е ДОПИР НА УБАВИНАТА.Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.  

The post СВП преку мотото „Допир на убавината“ оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо appeared first on Република.

]]>
Академик Катица Ќулавкова по втор пат ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП https://republika.mk/vesti/kultura/akademik-katitsa-kulavkova-po-vtor-pat-ja-dobiva-nagradata-braka-miladinovtsi-na-svp/ Thu, 01 Aug 2024 11:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=802332

Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија. Таа е добитничка по втор пат на ова највисоко признание, откако во 1989 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Жедби“
Жирито во состав: : Ефтим Клетников (претседател), Весна Ацевска, Глигор Стојковски, Александра Јуруковска и Дарин Ангеловски (членови) после прочитот на сите 53 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите)
1. „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорго Димоски (издание на ПНВ публикации);
2. „Килибар и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (издание на Макавеј);
3. „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска (издание на Чудна Шума);
4. „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков (издание на ТРИ);
5. „Небото ми е дома“ (духовна поезија) од Катица Ќулавкова (издание на Струмичка православна епархија).
Од овие пет поетски збирки, жири- комисијата едногласно донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Небото ми е дома“ (духовна поезија) на поетесата Катица Ќулавкова

„...Најновата стихозбирка на Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“ се протега во еден специфичен поетски ареал, од авторката определен како простор на духовна поезија, која е заснована на експресивна трансмисија на набожни чувства и мисли во стихови, користејќи притоа низа поетски средства како што се митските слики, симболите, реминисценциите, алегориите, метафорите и метонимиите, па и користење на одломки од најзначајни сакрални интертекстови, поезија која воедно се потпира и на ритамот, алитерации и асонанции и на други јазични игри и фигури кои го зајакнуваат нејзиниот севкупен естетски интензитет. Својот однос спрема духовната поезија Ќулавкова го манифестира во некои свои песни уште од нејзината прва поетска книга „Благовести“, но и во низа други нејзини стихозбирки. Но, овде, во „Небото ми е дома“, станува збор за свесно моделирана концептуална поетичка надградба, за „гледање со душата“, која е во дослух со оној вид поетски говор којшто има „изразен осет за сакралниот ерос“ и копнеж, за возљубеност, карактеристична само за човечкото битие...“
Катица Ќулавкова, поетеса, есеистка, теоретичарка на книжевноста, e редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (од 2003), член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН. Била универзитетски професор по теорија на книжевноста на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено 16 книги поезија на македонски, 18 преводи на нејзината поезија (англиски, француски, турски, италијански, хрватски, романски, португалски, руски, словенечки, бугарски, српски и др.), две збирки куса фикција и една поетска драма, како и над триесет хрестоматии, антологии, критички изданија и др. Има преведено есеи, поезија и книги од француски на македонски јазик (Сафа Фати, Паскал Кињар). Добитник е на најголемите награди за поезија, есеистика и наука во Македонија, вклучително и државната награда за животно дело „11 Октомври“, потоа наградата на Романската асоцијација на писатели и на Албанскиот ПЕН. Од Владата на Република Франција е одликувана со орденот Офицер во Редот на уметноста и книжевноста, се вели во образложението на одлуката на комисијата.

Преостанатите четворица кандидати во потесен избор, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот.
Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 22 до 26 август во своето редовно издание на препознатливите локации.

 

The post Академик Катица Ќулавкова по втор пат ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија. Таа е добитничка по втор пат на ова највисоко признание, откако во 1989 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Жедби“ Жирито во состав: : Ефтим Клетников (претседател), Весна Ацевска, Глигор Стојковски, Александра Јуруковска и Дарин Ангеловски (членови) после прочитот на сите 53 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите) 1. „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорго Димоски (издание на ПНВ публикации); 2. „Килибар и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (издание на Макавеј); 3. „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска (издание на Чудна Шума); 4. „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков (издание на ТРИ); 5. „Небото ми е дома“ (духовна поезија) од Катица Ќулавкова (издание на Струмичка православна епархија). Од овие пет поетски збирки, жири- комисијата едногласно донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Небото ми е дома“ (духовна поезија) на поетесата Катица Ќулавкова
„...Најновата стихозбирка на Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“ се протега во еден специфичен поетски ареал, од авторката определен како простор на духовна поезија, која е заснована на експресивна трансмисија на набожни чувства и мисли во стихови, користејќи притоа низа поетски средства како што се митските слики, симболите, реминисценциите, алегориите, метафорите и метонимиите, па и користење на одломки од најзначајни сакрални интертекстови, поезија која воедно се потпира и на ритамот, алитерации и асонанции и на други јазични игри и фигури кои го зајакнуваат нејзиниот севкупен естетски интензитет. Својот однос спрема духовната поезија Ќулавкова го манифестира во некои свои песни уште од нејзината прва поетска книга „Благовести“, но и во низа други нејзини стихозбирки. Но, овде, во „Небото ми е дома“, станува збор за свесно моделирана концептуална поетичка надградба, за „гледање со душата“, која е во дослух со оној вид поетски говор којшто има „изразен осет за сакралниот ерос“ и копнеж, за возљубеност, карактеристична само за човечкото битие...“ Катица Ќулавкова, поетеса, есеистка, теоретичарка на книжевноста, e редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (од 2003), член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН. Била универзитетски професор по теорија на книжевноста на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено 16 книги поезија на македонски, 18 преводи на нејзината поезија (англиски, француски, турски, италијански, хрватски, романски, португалски, руски, словенечки, бугарски, српски и др.), две збирки куса фикција и една поетска драма, како и над триесет хрестоматии, антологии, критички изданија и др. Има преведено есеи, поезија и книги од француски на македонски јазик (Сафа Фати, Паскал Кињар). Добитник е на најголемите награди за поезија, есеистика и наука во Македонија, вклучително и државната награда за животно дело „11 Октомври“, потоа наградата на Романската асоцијација на писатели и на Албанскиот ПЕН. Од Владата на Република Франција е одликувана со орденот Офицер во Редот на уметноста и книжевноста, се вели во образложението на одлуката на комисијата.
Преостанатите четворица кандидати во потесен избор, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот. Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 22 до 26 август во своето редовно издание на препознатливите локации.  

The post Академик Катица Ќулавкова по втор пат ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>