светски поредок Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-poredok/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Apr 2023 08:56:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светски поредок Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-poredok/ 32 32 Г7: Да не се преземаат акции за насилно менување на светскиот поредок https://republika.mk/vesti/svet/g7-da-ne-se-prezemaat-aktsii-za-nasilno-menuvane-na-svetskiot-poredok/ Mon, 17 Apr 2023 08:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=631367

Групата на седмите најразвиени индустриски земји во светот (Г7) предупреди да не се преземаат какви било акции за насилно менување на светскиот поредок.

- Силно ќе се спротивставам на секакви еднострани обиди за насилна промена на „статус кво“. Ќе му ја покажам на светот непоколебливата решителност на Г7 да го зачува светскиот поредок, заснован на владеење на правото, изјави шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши на средбата со неговите колеги од Г-7, посветена на ситуацијата во индо-пацифичкиот регион.

По работната вечера, првите дипломати од Г7 денеска ги продолжуваат консултациите во јапонското летувалиште Каруизава, префектурата Нагано.

Тие ќе разговараат за кинеските притисоци врз Тајван, за дејствувањето на Северна Кореја, како и за насилството во Судан.

Средбата на министрите за надворешни работи се одржува во пресрет на средбата на шефовите на држави и влади на Г7, што треба да се одржи во мај во Хирошима.

Јапонија е ротирачки претседавач на Г7, во која членуваат Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и САД.

The post Г7: Да не се преземаат акции за насилно менување на светскиот поредок appeared first on Република.

]]>

Групата на седмите најразвиени индустриски земји во светот (Г7) предупреди да не се преземаат какви било акции за насилно менување на светскиот поредок. - Силно ќе се спротивставам на секакви еднострани обиди за насилна промена на „статус кво“. Ќе му ја покажам на светот непоколебливата решителност на Г7 да го зачува светскиот поредок, заснован на владеење на правото, изјави шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши на средбата со неговите колеги од Г-7, посветена на ситуацијата во индо-пацифичкиот регион. По работната вечера, првите дипломати од Г7 денеска ги продолжуваат консултациите во јапонското летувалиште Каруизава, префектурата Нагано. Тие ќе разговараат за кинеските притисоци врз Тајван, за дејствувањето на Северна Кореја, како и за насилството во Судан. Средбата на министрите за надворешни работи се одржува во пресрет на средбата на шефовите на држави и влади на Г7, што треба да се одржи во мај во Хирошима. Јапонија е ротирачки претседавач на Г7, во која членуваат Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и САД.

The post Г7: Да не се преземаат акции за насилно менување на светскиот поредок appeared first on Република.

]]>